Американската армија и иранските вооружени сили разменија силен оган доцна синоќа по локално време во областа на Ормускиот Теснец, пренесува Би-би-си. Според соопштението на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ), инцидентот започнал кога американските разорувачи минувале низ меѓународниот воден пат низ Ормускиот Теснец кон Оманскиот Залив. Иранските сили лансирале повеќе ракети, дронови и мали пловила кон американските бродови, но ниту една ...
Борбите се случија додека Вашингтон чекаше одговор од Техеран на својот предлог за прекин на конфликтот, кој започна со заеднички воздушни напади на САД и Израел низ Иран на 28 февруари. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во четврток дека три американски разорувачи биле нападнати додека минувале низ Ормускиот теснец, воден пат за околу една петтина од светската нафта и течен природен гас, кој Иран го затвори речиси целосно од ...
Примирјето меѓу САД и Иран е сериозно нарушено по новата ескалација преку ноќ во Ормускиот теснец, каде што американските и иранските воени бродови разменија оган, додека Обединетите Арапски Емирати соопштија дека повторно биле цел на ракетни и беспилотни напади од Иран. Претседателот на САД, Доналд Трамп, тврди дека примирјето „сè уште важи“, но во исто време му се заканува на Техеран со „многу понасилни“ напади ако не се согласи на ...
Ситуацијата на Блискиот Исток ескалираше по најновата размена на оган меѓу САД и Иран и меѓусебни обвинувања за нападите. Вашингтон тврди дека станува збор за самоодбрана откако бил отворен оган врз нивни бродови. „Американските сили пресретнаа неиспровоцирани ирански напади и одговорија во самоодбрана додека разорувачи со водени ракети на американската морнарица транзитираа низ Ормускиот теснец до Оманскиот Залив“, соопштија од Централната ...
Во објава на социјалната мрежа Икс, еден ден откако двете страни меѓусебно се обвинија за напади во Ормускиот теснец, Арагчи порача дека Иранците „никогаш нема да се покорат на притисок“, пишува Би-би-си. Тој постави прашање: „Дали ова е груба тактика на притисок? Или повторно некој саботер успеал да го вовлече американскиот претседател Доналд Трамп во нова замка?“ И покрај судирите, Трамп изјави дека прекинот на огнот и понатаму е во сила. ...
Во Техеран се разгледува меморандум за разбирање со САД за ставање крај на војната САД и Иран се најблиску до постигнување договор за прекин на војната, како што сугерираат американски претставници, темелејќи го оптимизмот врз меморандумот за разбирање (МОУ) од една страница и 14 точки што иранските власти моментално го разгледуваат, пренесуваат американските медиуми. Документот предвидува прогласување крај на двомесечната војна што ја почнаа ...

