Советот за безбедност на ОН свикува вонредна седница по нападите на САД и Израел врз Иран и возвратните удари на Техеран. Седницата, закажана за 16:00 часот по локално време (22:00 часот по централно европско време), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија од ОН. Според информациите на израелската делегација во светската организација, барањето за нејзино свикување го поднеле Франција и Бахреин. Советот за безбедност ...

Во видео објавено на социјалните мрежи, американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша американската воена кампања во Иран како „масивна и тековна“, предупреди дека може да има американски жртви и ги повика Иранците „да ја преземат својата влада“. „Американската војска спроведува масивна и тековна операција за да спречи оваа многу злобна, радикална диктатура да ѝ се заканува на Америка и на нашите клучни национални безбедносни интереси“, ...