Во петте натпреварувачки категории – планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, e-bike трка и тим-билдинг трка за компании – учесниците покажаа спортски дух, издржливост и силна мотивација, но пред сè испратија моќна порака за заедништво, здрав живот и позитивна енергија. „‘Sparkasser Life Прв до врв’ одамна не е само спортски настан – тој е симбол на заедништво, позитивна енергија и грижа за здрав живот. Горди сме што ...
Под мотото „Сите на Водно!“ викендов се одржа 14-тото издание на спортската манифестација „Прв до врв“, која и оваа година го претвори Водно во најголемата спортско-рекреативна сцена во земјата. Со повеќе од 4.500 учесници од Македонија и од странство, настанот уште еднаш ја потврди својата позиција како најмасовно организирано планинско искачување во регионот и еден од најзначајните спортски настани на отворено кај нас, соопшти ...

