Сообраќајна несреќа се случи кај бензинските пумпи во населбата Три Чешми во Штип, на излезот од градот и во близина на крајот на автопатот Штип–Скопје. На видео снимката што ја објави Мнет телевизија се гледа едно возило кое е целосно уништено. На терен се полициски екипи, а засега не е познато дали во несреќата учествувале и други возила, како и дали има повредени лица. Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден. Видеото на ...
На 15 март 2026 година во 03:48 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионалниот пат 1105, пред граничниот премин „Дојран“, патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки излетало од коловозот. — реклама — Возилото го управувал Г.А. (55) од Нов Дојран, кој во несреќата се здобил со тешки телесни повреди. Повредите му биле констатирани во Медицинскиот центар во Гевгелија. За настанот бил известен јавен обвинител ...

