Вкупно осумнаесет лица се примени синоќа во кочанската Општа болница со повреди во пожарот во фабриката за кандирани производи и вафли „Макпрогрес“ во Виница, дел се задржани во Кочани, дел од нив се препратени на клиниките во Скопје, но сите се во стабилна состојба, изјави за МИА Оливера Цимбаљевиќ, анестезиолог, раководителка на Одделението за анестезиологија и реанимација во кочанската Општа болница. „Петмина од нив се наоѓаат на хирургија, ...

„Петмина од нив се наоѓаат на хирургија, од нив четворица се со изгореници на нозете од прв и втор степен. Петтиот што е задржан на хируруршкото одделение е со инхалациони (токсиколошки) повреди. Други петмина повредени во пожарот во ‘Макпрогрес’ се згрижени на интерното одделение во Општата болница во Кочани. Сите се со инхалациони повреди (вдишување чад), односно со токсиколошки наод. Шест други лица веднаш се препратени на Клиника во Скопје, ...