Грчката Цивилна заштита издаде предупредување за екстремна опасност поради шумски пожар во областа Касандра, во регионалната единица Халкидики. Предупредувањето е испратено денеска во 14:40 часот, со апел до граѓаните и туристите да бидат особено внимателни, да останат информирани и да ги следат инструкциите на надлежните служби. Од властите се упатува и апел за почитување на мерките за самозаштита поради опасноста од брзо ширење на огнот. ...

Пожарот што денеска избувна на Халкидики предизвика евакуација на туристи и жители од погодените подрачја, а меѓу оние кои побарале информации и помош има и македонски државјани. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за МИА информираат дека до дипломатско-конзуларното претставништво во Солун телефонски се обратиле македонски граѓани кои се наоѓаат во подрачјата погодени од пожарот. На граѓаните им биле пренесени ...

Вкупно 446 туристи, жители и други лица кои попладнево се наоѓале во приморското место Сивири на првиот крак на Халкидики се евакуирани по морски пат поради големиот пожар што избувна во областа, јави дописничката на МИА од Атина. Во евакуацијата биле вклучени чамци и бродови на крајбрежната и противпожарната служба, приватни и рибарски чамци, како и траектот „Спидранер“, кој сообраќа на релација меѓу Солун и островите од групата Споради. ...