Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Превртувањето на судбината до крајот на летото им носи големо олеснување на трите знаци, бидејќи конечно ќе се ослободат од сè што ги мачело и ќе продолжат напред. Превртувањето на судбината ретко започнува со голем настан. Понекогаш е доволен еден потпис, важен повик или разговор што го одложувате долго време. До крајот на летото, трите хороскопски знаци конечно добиваат шанса да го решат она што им висеше над главите со месеци. Не мора сè ...
ЕУ е подготвена значително да ги прошири санкциите против Русија во наредните месеци, изјави шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, за германски весник. „Санкциите на ЕУ веќе скапо ја чинеа Русија, лишувајќи ја нејзината воена машинерија од повеќе од еден билион евра, а за есен предлагам најдалекусежни санкции и додавање нови поединци и субјекти на списокот на санкционирани од почетокот на војната“, изјави таа за германскиот ...
Истрага на „Би-би-си“ откри сериозни пропусти во контролата на инфекциите во болница во Пакистан, каде што биле регистрирани стотици деца со ХИВ. Според истрагата, медицинскиот персонал повторно користел шприцови при давање лекови, што претставува ризик од пренесување на вирусот. Во градот Таунса, во покраината Пенџаб, меѓу ноември 2024 и октомври 2025 година биле идентификувани 331 дете позитивно на ХИВ, покажуваат податоците што „Би-би-си ...
Поплави на Пелопонез и голем пожар на островот Скирос ги ставија грчките служби за цивилна заштита пред сериозен предизвик за време на викендот. Силно летно невреме во саботата го погоди регионот Мани, во југозападниот дел на Пелопонез, предизвикувајќи поплави и проблеми на патиштата и инфраструктурата. За околу два часа наврнале 140 литри дожд на квадратен метар во источниот дел на Мани. Една жена била повредена откако гром удрил во ...
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир еден од најесктремните десничарски политичари во владејачката коалиција на Бенјамин Нетанјаху, јавно заговара убивање 30 до 40 луѓе во Газа секој ден. Тој тоа го изјави во подкаст-разговор со Ром Браславски, поранешен заробеник во Газа. Двајцата разговараа за опоравувањето на Израел по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Бен-Гвир критикуваше и намален интензитет на нападите ...
Повеќе од 700 камиони натоварени со меѓународна хуманитарна помош пристигнаа во Авганистан преку Пакистан и покрај речиси целосното затворање на границата меѓу двете земји, кои се во конфликт една со друга, соопштија денеска ОН. Конвојот е натоварен со „храна и основни хуманитарни производи“, изјави Олга Черевко, портпаролка на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни работи (OCHA) во Авганистан. „724 камиони натоварени со ...
Ефикасноста на полицискиот хеликоптер во гаснењето на пожарот над селото Драгов Дол, во Општина Македонски Брод, е зголемена со поставување монтажен базен во близина на пожарната линија и реката Треска, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Со поставувањето на базенот, хеликоптерот повеќе нема потреба да лета до езерото Козјак, што претходно траело околу 15 минути. Сега водата ја полни од базенот во ...
Иран нуди награда од 30.000 долари за заробување или убиство на американски војник, изјави денеска командантот на иранската армија, генерал-мајор Амир Хатами. Тој рече дека ќе бидат исплатени 30.000 долари за заробување или убиство на секој американски војник, јавија техеранските медиуми. САД ја означија Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), која официјално е дел од вооружените сили на Исламската Република, како терористичка организација. ...
Повредено лице со скршеници на двете потколеници попладнево е спасено од непристапен терен над Мало Езеро на Пелистер. Лицето е извлечено и транспортирано до Инфоцентарот на Пелистер каде ќе биде преземено од екипа на Итната медицинска помош Битола и транспортирано до Клиничката болница во Битола за понатамошно лекување. Повикот за помош е примен на Единствениот број за итни повици 112 во 12:04 часот по што се активирани надлежните ...
Поранешниот градоначалник на Општина Лозово, Ацо Велковски, преку објава на својот Фејсбук-профил повторно побара одговори од премиерот во врска со наводите за материјал од поранешната топилница во Велес кој, според неговите тврдења, завршува на адреса во Антверпен, Белгија. Во објавата насловена „ПРЕМИЕРЕ, ОДГОВОРЕТЕ ЗА ВЕЛЕС – БЕЛГИЈА“, Велковски потсетува дека уште на 3 август поставил прашање дали премиерот за време на посетата на ...
Пратката со повеќе од 324 килограми марихуана била сокриена во бали со рециклирана хартија, а случајот се поврзува со организирана мрежа која делувала меѓу Македонија, Грција и Турција. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага против едно лице, кое во меѓувреме доби 30-дневен притвор. Според Обвинителството, осомничениот од февруари до 14 август годинава, заедно со уште тројца осомничени ...
Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 16 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило. Од нив, 10 управувале возило под дејство на алкохол. -Возачи од Тетово, Кочани, Кичево, Прилеп и Португалија биле запрени и при извршениот алкотест кај нив било констатирано присуство на алкохол. Возач од Турција, кај кого биле измерени 1,98 промили алкохол во крвта, ...
Состојбата со пожарите на отворен простор во текот на вчерашниот ден беше навистина тешка, имавме 29 пожари. Од нив, 22 се целосно изгаснати благодарение на брзата реакција и силната пожртвуваност на локалните пожарникари, каде што се развиваа овие пожари. Еден е ставен под контрола, додека шест се активни во моментов, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, на видео објавено на Јутјуб. – На пожарот на ...
Четири лица се уапсени под сомнение дека предизвикале пожари на подрачјето на Задарската жупанија во Хрватска, соопшти денеска задарската полиција. Како што е наведено во полициското соопштение, лицата биле уапсени откако граѓани пријавиле сомнително возило и однесување. Четворицата се приведени синоќа на поширокото подрачје на Бенковац, а полицијата спроведува криминалистичка истрага за нивната можна поврзаност со предизвикувањето пожари во ...
Со громогласен аплауз беше проследена изјавата на премиерот Христијан Мицкоски при увидот во градежните активности од првата фаза од изградбата на фекалната канализација во населеното место Идризово во Општина Гази Баба. Мицкоски денеска изврши увид во градежните активности поврзани со изградбата на новата канализациска мрежа, проект кој предвидува изградба на 1.478 метри фекална канализација. Вредноста на договорот изнесува 49.188.012 ...
Паника во текот на ноќта ги вознемирила жителите на Зелениково, откако пожар се приближил до куќите во последниот ред на ридот над населеното место. За драматичната ситуација во текот на ноќта информираше Стојанче Ангелов, кој бил повикан од жителка околу 2 часот по полноќ. Ангелов веднаш го известил дежурниот пожарникар во Скопје, од каде му било потврдено дека за пожарот веќе знаат и дека противпожарно возило од станицата во Драчево е ...
По тешкиот пожар што во изминатите денови ја зафати областа Омиш, состојбата во текот на ноќта била мирна и немало ново разгорување на пожариштата, соопшти главниот пожарникарски командант на Хрватската пожарникарска заедница, Славко Туцаковиќ, пренесуваат локалните медиуми. „Сите пожаришта ноќеска беа мирни, немаше нови разгорувања, а пожарникарите дежураа на сите локации. Во текот на денот ќе продолжи санирањето, особено на пожариштето над ...
Бројот на потврдени случаи на западнонилска треска во Македонија се зголеми на 34, откако се регистрирани уште три нови случаи, соопшти Центарот за јавно здравје. За првпат оваа сезона вирусот е детектиран и кај жител на Арачиново, каде што, според епидемиологот Љуљзиме Бајрами, постојат услови за размножување на комарците поради канали, базени и застојани води. Најголем број случаи досега се регистрирани во општините Кисела Вода и Аеродром, ...
На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи. Од нив, шест пожари се активни, еден е ставен под контрола, додека 22 се целосно изгаснати. Активни пожари има во општините Студеничани, Македонски Брод, Велес и Зелениково, Јегуновце и Сарај, Крушево и Крива Паланка. Најголем дел од активните пожари зафатиле шума, ниска вегетација и ...
Зголемен е интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). На граничниот премин Табановце времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, додека на Богородица се чека околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Текстот На Богородица се чека околу еден час, на Табановце 30 ...
ДСМ преку соопштение упати остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски по неговото враќање од одмор, обвинувајќи го дека наместо конкретни резултати, повторно понудил низа изјави и обвинувања кон опозицијата, земјоделците и други чинители. Од партијата иронично го нарекоа неговото патување „научно-образовна екскурзија“, посочувајќи дека Мицкоски, според нив, се претставува како експерт за економија, туризам, авиосообраќај, технологија, ...
Во Војводина се регистрирани првите три случаи на западнонилска треска во Србија во оваа сезона, потврди епидемиологот Снежана Медиќ од Институтот за јавно здравје на Војводина. Според неа, инфекцијата во најголем број случаи поминува без симптоми. Кај околу 80 отсто од заразените, убодот од заразен комарец не предизвикува никакви тегоби. Кај околу една петтина од заразените може да се појават температура, треска, главоболка, осип и болки во ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималните температури ќе се движат од 7 до 18 Целзиусови степени, а максималните од 28 до 36 Целзиусови степени. Во Скопје и околината слично време со температура од 15 до 35 Целзиусови степени. Во следните денови следува период на стабилно и потопло време, ...
Високите температури, сушата и силниот ветер повторно создаваат сериозни проблеми со пожарите во Србија, каде што во моментов се активни 39 пожари на отворен простор, пренесуваат српските медиуми. Најтешка е состојбата во Делиблатската Песочара, на територијата на општина Ковин, каде што пожарот зафатил површина од околу 3.000 хектари, претежно ниска вегетација и трева. На дел од територијата е прогласена и вонредна состојба. Активен е и ...
Надежите за пронаоѓање преживеани по силниот земјотрес во западна Колумбија згаснуваат, откако спасувачките екипи и петтиот ден по катастрофата продолжуваат да извлекуваат тела од под урнатините. Најмалку 294 лица загинаа, 320 и натаму се водат како исчезнати, а речиси 4.000 се повредени, покажуваат најновите податоци на колумбиската служба за управување со катастрофи. Повеќе од две третини од жртвите се регистрирани во градовите Кали и ...
Автобус со 84 патници, сите државјани на Србија, излетал од коловозот во Бугарија, но во несреќата нема повредени, соопшти Амбасадата на Србија во Бугарија. Несреќата се случила кај исклучувањето за Панѓуриште, во правец кон Софија. Двокатниот автобус ја пробил заштитната ограда и завршил на блиската нива. По несреќата, сите патници безбедно го напуштиле автобусот и биле пренесени до блиската бензинска станица „Инса оил“. Таму се очекува да ...
Доволна е искра за вистинска катастрофа, предупреди денеска во видео порака од опжарен терен, каде се гледа само пепел и прашина, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, повикувајќи на поголема внимателност. Ангелов, претходно денеска информираше дека активни се шест пожари низ државата, но предупреди дека состојбата е се уште алармантна, ако се земе предвид дека во текот на вчерашниот ден имало 27 пожари на ...
Најмалку 47 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени и десетиците последователни потреси што денеска ја погодија источна Индонезија. Спасувачките екипи сè уште не стигнале до областа Нагекео, која се наоѓа најблиску до епицентарот, откако свлечишта ги блокираa патиштата и ја нарушиja комуникацијата, соопштија официјалните власти. По земјотресот, кој се случи рано утринава, во неколку крајбрежни области на земјата бea ...
Пожари се активни во пет општини во Црна Гора, а најкритична е состојбата во Херцег Нови и Улцињ, каде пожарникарите се обидуваат да ги заштитат објектите и инфраструктурата од огнената стихија. Според црногорското Министерство за внатрешни работи, во Херцег Нови најкритично е над Ѓеновиќи, на потегот од Бијела до Зеленика, додека пожар повторно се активирал и над Драгаљ, во општина Котор. Во Улцињ активни се пожарите во Владимир, Клезна, ...
Врз пожарот на Жеден, во Општина Јажинце, денеска дејствуваат трите „ер трактори” на Дирекцијата за заштита и спасување, информираше директорот на ДЗС Стојанче Ангелов. Во видеоизјава од самото место, Ангелов информира дека пожарот е пламнат на исклучително стрмен терен со густи грмушки, низ кои движењето е тешко. -Од тие причини пожарникарите не може да дејствуваат, затоа денес работат трите „Ер трактори“ со концентрирано дејство на неколку ...