Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Обвинителството да постапи дали бомбата кај вработениот во МВР врзан со кумот на Мицкоски води до провизии од 300.000 евра за тендери, побара Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ. „Свиркачи до нас доставија шокантно видео кое го објавивме. Бомба е фрлена во домот на Милко Бошковски во Бардовци. Настанот се случил пред два дена, во недела, на 16 август. Кој е Милко Бошковски? Вработен во МВР, во отсек за организиран ...
Поранешниот свршеник на Хајден Панетиер и татко на нивната ќерка Каја, украинскиот боксер Владимир Кличко, проговори по смртта на американската актерка на 36-годишна возраст. Кличко се збогува со својата поранешна партнерка со емотивна порака и истакна дека ќе се погрижи нивната ќерка засекогаш да се сеќава каква била нејзината мајка. Украинскиот боксер објави нивна заедничка семејна фотографија на социјалните мрежи и напиша емотивна порака ...
Украинскиот парламент денес се враќа од летниот одмор, а министерствата за одбрана и надворешни работи сè уште немаат постојани раководители. Помина еден месец откако украинскиот претседател Володимир Зеленски одеднаш го разреши министерот за одбрана Михајл Федоров, во време на сè поинтензивни руски балистички ракетни напади, пишува Euronews. Кога новата влада на премиерот Серги Корецки беше потврдена на 16 јули, сите кандидати беа назначени ...
Градот Скопје соопшти дека продолжува со системско и континуирано спроведување на мерките за сузбивање на комарците и заштита на јавното здравје. Вечерва на подрачјето на градот Скопје ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против комарци за оваа сезона, со теренски третман против возрасните форми на комарци. „Активностите продолжуваат и во наредните денови. Согласно издадените налози, на 20 август ќе се спроведе теренска дезинсекција против ...
Месеци пред нејзината смрт, актерката Хајден Панетиер се борела со сериозни здравствени проблеми, открил извор близок до актерката. Нејзиниот пријател и фризер Ерик Орелана потврдил дека таа имала сериозни проблеми со грбот на почетокот на годината, до тој степен што имала тешкотии со движењето. „Знам дека имаше сериозни проблеми со грбот на почетокот на годината“, изјавил Орелана за Page Six. Тој ја опишал болката како „екстремно силна“ и ...
Повторно се изведуваат градежни работи на објектот на улицата „Ќемал Сејфула“, кој минатата година беше јавно пријавен како дивоградба на државно земјиште, велат од ДУИ. „Во мај 2025 година, поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, излезе на терен и јавно објави дека објектот се гради без проект и без одобрение за градба, на само еден метар од постојната станбена зграда, непосредно пред прозорците и балконите на ...
Понекогаш е важно родителот да го остави детето само да одлучува, да каже што мисли или јасно да покаже што сака, а токму таквите мали слободи можат да му помогнат да стане посигурно во себе и понезависно. Родителството е полно со ситуации каде што треба да поставите граница и да останете доследни, дури и кога детето не е среќно со тоа. Сепак, има моменти кога не е потребно да инсистирате дека родителот е во право. Некои родителски битки ...
Јубилејната година на Фолтин продолжува да се движи низ градовите, низ музиката и низ луѓето со кои три децении ја споделуваат својата приказна. Изминатиов викенд Охрид беше една од станиците на Фолтин. Во KULT културен центар се одржа слушачка промоција на FOLTIN LIVE, двојниот винил со кој концертната енергија на Фолтин продолжува да живее и надвор од сцената. Албумот се слушаше на врвен звук обезбеден од инженерингот на „ТЕОХАРОВ”, во ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. ...
Министерот за здравство Клековски самиот призна дека анализите на водата се прават секојдневно. Сега вели дека сака транспарентно да ја информира јавноста ама ќе ги објави дневните анализи за водата во Гостивар дури по два месеци, велат од СДСМ. „Во Гостивар, од почетокот на кризата, од моментот кога 5.000 граѓани се отруја, па по пет недели, нема ниту еден единствен објавен документ. Сега министерот најавува дека ќе објави резултати и од ...
Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 3.200 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје. Во истиот период се отстранети 675 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнат во општината Чаир, каде што се расчистени ...
35 потврдени случаи од западнонилска треска. 3 починати. 6 лица во критична состојба на интензивна нега. А во општина Кисела Вода, токму во Драчево, каде што е прогласена епидемија – организираат кино на отворено, велат од СДСМ. „Потполн аматеризам и непрофесионализам во водењето на епидемијата од страна на Мицкоски и Клековски. Истата шема како и со водата во Гостивар: нема навремена превенција, нема систем, нема одговорност, само ...
Москва ѝ се закани на Обединетото Кралство со „последици“ по извештаите дека британски беспилотни летала биле употребени за прв пат во украински напад врз цели длабоко на руска територија. Украина користела беспилотни летала од две британски компании како дел од таканаречената кампања за длабок удар, објави „Сандеј Тајмс“. Киев ги засили нападите врз Русија оваа година, при што ракетите со долг дострел и роевите беспилотни летала сè повеќе ...
Украина изврши масовен напад со беспилотни летала врз Москва и нејзината околина преку ноќ. Според извештаите од руските канали на Телеграм, кои се повикуваат на изјави од жители, нападот го оштетил магацинот на најголемата онлајн продавница во Русија „Вајлдберис“, која се нарекува и „руски Амазон“. Ова ги продолжува украинските напади врз компанијата, пишува „Киев Индепендент“. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека ...
Принцезата Јуџин и нејзиниот сопруг Џек Бруксбанк го објавија името на нивната ќерка, која се роди пред две недели. Девојчето, нивното трето дете и помлада сестра на петгодишниот Август и тригодишниот Ернест, се вика Аделаида Елизабет Анина Бруксбанк. Јуџин го откри името на Инстаграм, каде што сподели и неколку нови фотографии од девојчето. „Нашето мало девојче пристигна пред точно две недели. Оттогаш уживаме во мирни семејни моменти ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Иран сака да постигне договор со САД за неговата нуклеарна програма, но сè уште не е подготвен да прифати услови што, според мислењето на Трамп, би го спречиле да развива нуклеарно оружје. На прашањето дали двете страни се поблиску до конечно решение по принципиелниот договор во јуни, Трамп потврди дека Иран е подготвен да преговара, но не и да се согласи со условите на САД. „Тие ...
Утре без вода ќе останат делови од Општина Центар. „Од ЈП Водовод и канализација известени сме дека на ден 18.08.2026 година (вторник) без водоснабдување ќе останат: -поради уличен дефект од ф -2“ на ул. РАДЕ ЈОВЧЕВСКИ – КОРЧАГИН бр.18 . со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населба Маџир Маало (Центар). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности, и -поради водоводен приклучок од ф ...
Британскиот јавен радиодифузен сервис Би-Би-Си побара од судот во Флорида да издаде судски покани за членовите на семејството на Доналд Трамп. Овој потег е дел од правната одбрана во тужбата што Трамп ја поднесе против Би-Би-Си барајќи 10 милијарди долари отштета за клевета, според судскиот поднесок објавен во петок, објави CBS News. Правниот тим на Би-Би-Си побара од Окружниот суд во Јужниот округ на Флорида да одобри доставување судски ...
Кражбата на четири слики од ренесансниот мајстор Антонело да Месина може да биде поврзана со организиран криминал и ја доведува во прашање безбедноста на музејот во родниот град на уметникот, изјави во понеделник локален службеник, објави „Ројтерс“. Енцо Карузо, советник за култура во Месина, верува дека е тешко да се разбере како крадците успеале да ги отстранат делата за само неколку минути без да го знаат деталниот распоред на музејот. ...
Чешкиот премиер Андреј Бабиш вчера се извини за берењето цвеќиња во заштитено подрачје на планината Лиса Хора во источна Чешка, велејќи дека ќе плати казна доколку е потребно. Во видео објавено на Фејсбук, Бабиш рече дека ги берел цвеќињата во спомен на починат колега од неговото движење АНО, со кого претходно се искачил на планината. „Можеби сум прекршил некој закон, за што се извинувам и сигурно ќе платам казна доколку е потребно“, рече ...
Иран одлучи да ја промени својата политика од дефанзивна во целосна офанзивна поради застојот во напорите за постигнување траен крај на војната со Соединетите Американски Држави, изјави денес за „Ројтерс“ висок ирански функционер. Напредокот кон мировните преговори и продолжувањето на сообраќајот на танкери за нафта низ стратешкиот Ормутски теснец е целосно запрен, без индикации дека завојуваните страни се приближуваат кон завршување на ...
Поранешниот градоначалник на Општина Лозово, Ацо Велковски, преку објава на својот Фејсбук профил упати јавен повик за политичко и општествено обединување, без разлика на партиската припадност. Велковски ги повикува поранешните градоначалници, министри, заменици, пратеници, директори, функционери, но и сите чесни и одговорни граѓани, како што наведува, да ги надминат поделбите на „наши“ и „ваши“ и да се обединат околу заедничка цел – ...
Владата на Венецуела и дел од опозицијата постигнаа договор за заедничко барање за враќање на 31 тон злато во вредност од 4 милијарди долари, кое се наоѓа во трезорите на британската централна банка од 2018 година. Средствата се наменети за обнова на земјата по катастрофалните земјотреси во јуни. Реткиот консензус дојде по две недели преговори со посредство на САД, а целта е да се деблокираат средствата до кои Венецуела нема пристап откако ...
Синоќа полицијата казни 63 возачи за возење под дејство на алкохол на територија на цела држава, уапсени се осум возаччи. „Во текот на измината вечер (16/17.08.2026) во периодот од 23:00 до 05:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол на територијата на целата држава, при што санкционирани се 63 возачи. Од ...
Министерот за правда Јетон Шасивари одржа работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото, на која беа разгледани досегашната соработка и договорени идните активности. „Во изминатиот период проектот обезбеди значајна експертска и финансиска поддршка во клучни реформски процеси, вклучително и во подготовката на законите за Академијата за судии и јавни обвинители, Судскиот совет и Законот за судовите, како ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска потпиша договори за грант доделени преку Првиот јавен повик за развој на социјални услуги на локално ниво, во рамки на Вториот проект за подобрување на социјалните услуги. На потпишувањето присуствуваа градоначалници и претставници на граѓански организации – партнери во реализацијата на грантовите, преку кои во повеќе општини низ државата ќе се воспостават и ...
Министерот за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ, денеска се сретна со постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбиа, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан и Калинка Габер, проектен менаџер – УНОПС. На средбата, која се одржа во конструктивна атмосфера, беше разговарано за актуелните и идните проекти, како и за можностите за унапредување на соработката во насока на поддршка на општините, поттикнување ...
Русија издаде налог за апсење на Конор Кенеди, син на американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор, за неговото учество во борбите во Украина во 2022 година. Конор Кенеди, кој е правнук на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, се приклучи на Украинската меѓународна легија на самиот почеток на руската инвазија. Неговиот татко, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, ја презеде функцијата како 26-ти министер за здравство во ...
Холивудската актерка Хајден Панетиер, позната по своите улоги во сериите „Херои“ и „Нешвил“, почина на 36-годишна возраст. Полицијата објави дека нема знаци на насилство. Детективите потврдија за „Дејли Меил“ дека интервенирале вчера попладне по повик до службите за итни случаи. Повикот го упатил познаник на актерката, кој пријавил дека таа не покажува знаци на живот. Полицијата и болничарите пристигнале во станбениот комплекс во Гринвил, ...
Американски турист почина откако бил погоден од гром додека планинарел на планината Етна на Сицилија. Мажот (30), чие име не е објавено од властите, бил на активниот вулкан вчера кога почнале грмотевици, објавија италијанските медиуми. Пожарникарите и службите за итни случаи го пронашле починатиот околу 20 часот по локално време. Тој бил во ограничена зона која повремено се користи за пристапување до врвот на вулканот. Тој бил однесен со ...