Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Министерот Агон Ферати оствари средба со амбасадорот на Австрија во Северна Македонија, Мартин Памер, на која се разговараше за процесот на европска интеграција на земјата и значењето на децентрализацијата за зајакнување на локалните институции. Беше истакната поддршката на Австрија за европскиот пат на Северна Македонија и потребата од натамошни реформи. На средбата се разговараше и за значењето на градењето доверба во едно мултиетничко и ...
Граѓаните не сакаат избори, граѓаните сакаат реформи и континуитет на процесите коишто ги води оваа Влада, рече денес премиерот Христијан Мицкоски пред почетокот на Амбасадорскиот совет, но сепак остави можност да одговорат на предизвикот за предвремени избори ако опозицијата инсистира на тоа. „Доколку опозицијата мисли дека се потребни предвремени избори, се разбира дека ние како кукавици нема да седиме настрана, туку ќе одговориме на тоа ...
Во пресрет на новата учебна година, Општина Кисела Вода обезбеди бесплатни училишни униформи за секој ученик во сите основни училишта на територија на општината, опфаќајќи 5500 ученици. Дополнително, секое прваче кое оваа есен за првпат ќе седне во училишните клупи, од Општина Кисела Вода ќе добие бесплатно ранче опремено со неопходниот училишен прибор. Овие мерки, велат од општината, претставуваат директна институционална поддршка за ...
Центар за управување информира за состојбата со пожари на отворен простор до 13:00 часот. Според ЦУК, регистрирани се вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни, а 4 се изгаснати. Активни пожари – 8: Општините Прилеп, Новаци и Могила: с. Чаниште – крак кон с. Крушевица – с. Лопатица, крак кон Црна Река, крак кон с. Орле во Општина Новаци и крак кон с. Мојно во Општина Могила (ниска вегетација). Општина Крушево: с. Белушино и с. ...
Филипче се врати од Паљури, откако фатил боичка сончајќи се на луксузната скапа јахта на Заев и се појави на прес-конференција да лаже и да манипулира, велат од владејачката партија. „Човекот кој е директно виновен за не поставување на минимум техничка спецификација за модуларната болница која се запали во Тетово и во која загинаа 14 лица, треба да одговара, а не да држи прес-конференции. Но, бидејќи се уште се најголема опозициска партија ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) реагира на, како што велат, обидите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија да го доведе постапувањето на Агенцијата во конкретни предмети во контекст на дневно-политички интереси. АВМУ, потенцираат од таму, постапува исклучиво врз основа на надлежностите и во рамките на постапките утврдени со закон. „Пред секоја промена на сопственичка структура на радиодифузер, тој е должен да ...
По извршената ревизија во студенсткиот дом „Пелагонија“, Државниот завод за ревизија утврдил низа неправилности и неусогласености во работењето на домот. Со ревизијата, како што е соопштено од страна на ДЗР, било утврдено дека во материјалната и сметководствената евиденција на студентскиот дом не се евидентирани одредени постојани средства и не е извршено усогласување на сметководствената и материјалната евиденција, ниту се преземени ...
Русија се соочува со продлабочен недостиг на гориво како директен резултат на нападите со беспилотни летала на Украина врз енергетската инфраструктура. Руските власти повторно одобрија употреба на гориво со низок квалитет за да се покрие недостигот, а во исто време ги апсат граѓаните кои јавно се жалат на ситуацијата, пишува „Euronews“. Бензинот вчера беше достапен само на 28 проценти од бензинските пумпи низ Русија, што е намалување од 41 ...
Речиси секој барем еднаш на интернет наишол на слика од жена со збунет израз на лицето опкружена со математички равенки. Мемето познато како „Math Lady“ се користи со години за да прикаже ситуации кои се збунувачки, комплицирани или бараат премногу размислување. Зад ова вирално лице стои бразилската актерка Рената Сора, а кадарот доаѓа од бразилската теленовела „Senhora do Destino“ од 2004 година, во која таа ја играше една од најпознатите ...
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски информира дека утре ќе има ново авионско прскање против комарци, а од 23 до 26 август се најавува и терестична дезинсекција. „Утрово, на подрачјето на градот Скопје, беше спроведен уште еден авионски третман против комарци, вкупно 14-та дезинсекција во текот на оваа сезона. Со засилено темпо продолжуваме и во наредните денови. Активностите продолжуваат и утре во раните утрински часови со нов авионски ...
После високите температури кои се очекуваат викендов, од недела ќе има локален пороен дожд и пад на температурите. Утре и во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени. Во недела и следните неколку денови во поладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и ...
Претседателот Мицкоски спомна предвремени избори, СДС се исплашија и ги снема, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Откако претседателот Мицкоски јасно кажа дека доколку СДС и Филипче побараат предвремени избори, истите ќе ги добијат, во СДС молк и повлекување. До вчера гласни со секојдневни прес-конференции, обвинувања и повици кон ВМРО-ДПМНЕ, денес одеднаш ги снема“, велат од партијата. Според ВМРО-ДПМНЕ, очигледно е дека едно е да се биде гласен пред ...
Според Националниот индекс за сајбер-безбедност, кој го подготвува естонската Академија за е-управување, Македонија е рангирана на 30 место во светот, од вкупно 155. Со 84,17 поени, ова е напредок од 29 позиции во однос на претходното рангирање, кога бевме на 59 место во 2023 година, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска. „Овој резултат е показател дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гради сериозен и поорганизиран пристап ...
Преку системот за рана детекција на шумски пожари со смарт-камери, инсталиран во Центарот за управување со кризи, навреме е детектиран пожар во атарот на село Никуштак, Општина Липково, велат од ЦУК. По детектирањето на пожарот, веднаш биле известени Територијалната противпожарна единица Куманово и Подружницата на Национални шуми – Куманово, со цел преземање соодветни мерки и интервенција на терен. „Системот за рана детекција овозможува ...
Португалија донесе закон со кој се забрануваат прекривките за лице на јавни места, со казни од 150 до 3.000 евра за прекршоци. Новите прописи, наречени „закон за бурка“ од локалните медиуми, забрануваат носење облека што го крие лицето или спречува идентификација, објавува „Euronews“. Законот, исто така, забранува принудување на другите да ги покријат своите лица врз основа на пол, религија, возраст или потекло. „Лицето мора да се смета за ...
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес изјави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја влече Турција во она што го нарече „опасни авантури во Сирија“, откако Израелските одбранбени сили (ИДФ) оваа недела бомбардираа сириска воздухопловна база поради, како што велат, натрупувањето на турски воени сили на таа локација. „Израел нема да дозволи ниту еден ентитет да ја загрози неговата безбедност“, рече Кац во објава на ...
Демократската унија за интеграција ја поздравува подготвеноста што ја изрази премиерот Христијан Мицкоски за одржување предвремени парламентарни избори, доколку тоа го побара опозицијата, соопштија од партијата. „Го бараме тоа. Конечно и премиерот разбра дека оваа состојба е неодржлива и дека на државата ѝ е потребен нов политички мандат. Владата го загуби легитимитетот да продолжи со европската изолација, влошувањето на меѓуетничките ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека 950 деца на возраст од 7 до 12 години ова лето се пријавија во Бесплатната школа за пливање, која за првпат се организира во Чаир. Големиот интерес ја потврдува потребата од организирани, квалитетни и достапни спортски активности за секое дете, без оглед на финансиските можности на семејството. До 1 септември, децата ќе продолжат со бесплатните часови по пливање со професионални ...
Домашни диџеи ќе го отворат второто издание на електронскиот музички фестивал „Скопје се Лади“ кој на 5 септември ќе го претвори Стадионот на АРМ во вистинска музичка оаза. Потоа, на сцената ќе настапи светски познатиот турски DJ и продуцент Burak Yeter, еден од највлијателните имиња на глобалната електронска денс сцена. Авторот на мегахитовите „Tuesday“ и „My Life Is Going On“(главната тема од серијата „Money Heist“) ќе донесе незаборавен ...
Во понеделник, 24 август, во Собранието, со почеток од 10:45 часот, во Сала „Борис Трајковски“, ќе се одржи Сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа по повод одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина. Настанот ќе го отвори потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, а предвидено е обраќање на членови на Интерпартиската парламентарна група, како и на амбасадорката на Украина, ...
Герасимовски од џебот на центарци платил 6,6 милиони денари за мобилна апликација за која добиле само една понуда на тендерот, изјави Лазар Банов, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Центар. „Мобилната апликација која Герасимовски ја нарачал, очигледно веќе претходно договорена со добитниците на јавната набавка, центарци ќе ги чини годишно 6,6 милиони денари. Оттука, логично е дека во следните 3 години, наместо нови паркови, чисти улици, ...
Во последната недела, 47 лица се разболеле од западнонилска треска во Грција, со што вкупниот број на заболени лица достигна 157, објави Грчката Национална здравствена организација (ЕОДИ), додавајќи дека од почетокот на годината починале 13 лица од вирусот. Најголем број случаи е регистриран во источна Атика. Починатите лица биле претежно постари од 65 години, а од вкупниот број случаи, 116 се манифестирале со заболувања на централниот ...
Актерката Џесика Алба и нејзината ќерка Онор решија да ја одбележат својата блискост со идентични тетоважи. Тие ги направија тетоважите пред големата промена во животот на Онор – таа се сели на другата страна од САД оваа есен за да студира на Јеил, објави Hello!. Џесика (45) и Онор го посетија познатиот уметник за тетоважи од Лос Анџелес, Даниел Винтер, познат како Винтерстоун, кратко откако Онор го прослави својот 18-ти роденден во јуни. ...
Венко Филипче уште не е вратен од годишниот одмор, а сè уште од јахтата на Зоран Заев повикува на хистерија, најпрво за водата во Гостивар, потоа за водата во Скопје, а сега и за нилската треска, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Нели е сосема чудно што ова лето нема пожари како што имаше минатото лето во Вардариште и Дрисла? Единствената крупна разлика е што оваа година нема локални избори, па СДС пироманска се претвори во СДС хистерична. Така, ...
Емоционалната манипулација често е тешко да се препознае бидејќи ретко изгледа како манипулација. Обично се чини дека лицето само има лош ден, дека е ладно, дека му треба простор или дека е само брутално искрено. Додека таквото однесување не се препознае како шема, жртвата веројатно поминува месеци измислувајќи изговори за манипулаторот. Според студија на Американската психолошка асоцијација (APA), повеќе од една третина од возрасните ...
Кинески суд денес го осуди основачот на „Евергранде“, симбол на кризата со недвижностите што продолжува да ја оптоварува националната економија, на доживотен затвор, а групата и нејзината дивизија за недвижности ги казни со парична казна од речиси две милијарди евра. „Евергранде“ некогаш беше водечки инвеститор во недвижности во Кина, јавајќи го бранот на една деценија брза урбанизација и зголемување на животниот стандард низ целата земја. ...
Во ДУИ веќе не се знае кој ја води партијата. Али Ахмети пушта пробни балони за повлекување, Бујар Османи се загрева за лидерската фотелја, а луѓето на Артан Груби испраќаат пораки и ги потсетуваат сите кој до вчера бил главен во партијата. Три приказни и една голема паника, велат од ВЛЕН. „Ахмети глуми дека ја држи ситуацијата под контрола, но есапот никако не му излегува. Ако го брани Артан, го зема на свој грб целиот негов политички ...
Христијан Мицкоски синоќа повторно излезе со „сопствена анализа“. Платите растеле 70% побрзо, пензиите 325% побрзо, инфлацијата била седум и пол пати помала, долгот два и пол пати помал. Самиот си ги споредил 23 месеци со 84 месеци и заклучил дека победил. Тоа не е економија. Тоа е трик со калкулатор, велат од СДСМ. „Го споредува врвот на светската инфлација од јули 2022 – војна, енергетски удар, скок на храна насекаде, со Јули 2026 година. ...
Сандра Булок за прв пат јавно проговори за својот покоен партнер Брајан Рендал, кој почина во август 2023 година. Рендал имаше 57 години и почина од амиотрофична латерална склероза (АЛС), три години откако беше дијагностицирана. Американската актерка ја потврди трагичната вест во изјава во тоа време, но до сега не зборуваше подетално за загубата. Двојката, која беше во врска осум години, одлучи да ја чува неговата болест во тајност. Булок ...
Принцот Хари и Меган Маркл се враќаат во Обединетото Кралство на крајот од месецот, каде што ќе останат подолг временски период, а нивните деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет, ќе одат на училиште таму, објави „Пејџ сикс“. Извор потврди за „Пејџ сикс“ дека палатата е свесна за нивниот план и дека кралот Чарлс III бил информиран во неделата дека војводата и војвотката од Сасекс се враќаат во Велика Британија. Друг извор тврди дека Чарлс е ...