Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Португалија забрани носење прекривка за лице на јавни места, откако претседателот Антонио Хозе Сегуро потпиша закон првично предложен од десничарската партија Чега. Сегуро ја одобри мерката, велејќи дека таа се однесува на прашање од „голема социјална и културна чувствителност“, според белешка од Белемската палата, претседателската резиденција во Лисабон. Тој рече дека промените направени за време на парламентарниот процес го убедиле да го ...
Дрските лаги и манипулации на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат. Како и многупати досега, кога немаат што суштински да им понудат на граѓаните, се обидуваат да создадат афера со измислени бројки и целосно неточни информации, реагираат од Општина Центар. „Последната во низата невистини е тврдењето на Лазар Банов дека Општина Центар платила 6,6 милиони денари за новата мобилна апликација. Тоа е целосна лага. Мобилната апликација на Општина Центар е ...
Привремен споменик на Националниот мол во Вашингтон им оддава почит на генерации американска воена служба со прикажување на имињата на повеќе од 41 милион припадници на вооружените сили, ветерани и сегашни членови на вооружените сили. Националниот воен споменик, кој се наоѓа на скалите од Споменикот на Линколн, има две огромни американски знамиња, на кои по екранот се прикажуваат имињата на оние кои служеле. Имињата опфаќаат воена служба од ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по извршени проверки и анализа на прибраната документација, оцени дека не постојат основи на сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, ниту за друго кривично дело кое се гони по службена должност, во врска со јавните набавки за изградба на 19 модуларни болници. Предметот беше оформен на 10 ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, нагласи дека ексалирањето на кризата со вирусот западно-нилска треска во Скопје е директна последица на импровизаторското и неспособно менаџирање на кризата од страна на власта на ВМРО. Филипче посочи дека има низа недоследности и некоординираност со кризата, како и ненавремено преземање на соодветни мерки за заштита на граѓаните. „Кој ја менаџира кризата со проблемот тука во Скопје? Излегува ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека СДСМ ќе побара зголемување на платите во повеќе сектори, со посебен фокус на здравството и образованието. Филипче порача дека основните плати на специјалистите и лекарите во здравството треба да се зголемат за 40 проценти, по примерот на мерките што СДСМ ги реализираше во првите две години од своето владеење. „Ќе побараме, а согласно тоа што ние го работевме и го ...
Неколку стотини метри длабоко во шумата, мажите слегуваат од велосипедите и – соблекуваат речиси сè. Ралф, Стефан, Даниел и Томас пикаат маички, панталони и долни гаќи во ранците. Кацигата останува на главата, чевлите и чорапите на нозете, но помеѓу нив членовите на „ Групата за голи планински велосипеди во Таунус “ се токму тоа – голи. Секој четврток попладне, од мај до септември, до 12 учесници се собираат за да возат, без облека, по ...
Минатата недела, лекарите во болница во Тринкомали, во источна Шри Ланка, хируршки отстранија камен во мочниот меур од 3,1 килограм од 55-годишен пациент. Пациентот бил примен во болница по мозочен удар , а за време на третманот лекарите забележале дека има тешкотии при мокрењето. Подоцнежните прегледи откриле присуство на камен во мочниот меур , по што била извршена операција. Каменот тежел колку новороденче родено во полно време и бил ...
Општина Бутел продолжува со интензивни градежни активности во населбата Скопје Север, каде во тек е изградба на нови пристапни и пешачки патеки, како и уредување на нов паркинг простор, информираат од општината. Со реализацијата на овие активности, како што оценуваат, се создаваат побезбедни, поуредни и полесно достапни простори за граѓаните и се подобрува инфраструктурата во овој дел од општината. Во рамки на градежните активности се ...
СДСМ е подготвен за избори кога и да бидат распишани, со тим, програма и нов Мастер план за Македонија, но нема да биде алиби на Христијан Мицкоски за избори, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одогор на новинарско прашање на денешната прес-конференција. „Не, нема да бидеме алиби. Избори ќе има кога ќе им снема пари за коруптивни тендери. Тоа нив ги интересира, ништо друго“, рече Филипче. Претседателот на СДСМ потенцираше ...
Граѓаните не сакаат избори, граѓаните сакаат реформи и континуитет на процесите коишто ги води оваа Влада, рече денес премиерот Христијан Мицкоски пред почетокот на Амбасадорскиот совет, но сепак остави можност да одговорат на предизвикот за предвремени избори ако опозицијата инсистира на тоа. „Доколку опозицијата мисли дека се потребни предвремени избори, се разбира дека ние како кукавици нема да седиме настрана, туку ќе одговориме на тоа ...
Министерот Агон Ферати оствари средба со амбасадорот на Австрија во Северна Македонија, Мартин Памер, на која се разговараше за процесот на европска интеграција на земјата и значењето на децентрализацијата за зајакнување на локалните институции. Беше истакната поддршката на Австрија за европскиот пат на Северна Македонија и потребата од натамошни реформи. На средбата се разговараше и за значењето на градењето доверба во едно мултиетничко и ...
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани денеска престојува во Охрид, во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата. Во Охрид Сулејмани ги посети Центарот за култура и библиотеката „Григор Прличев“, како и Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид. Директорите на установите го информираа министерот за тековното работење, но и за состојбите и проблемите со кои се ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје се обрати на отворањето на Амбасадорскиот совет, на кој присуствуваа шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на државата. На отворањето се обрати и министерот за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка. Во своето обраќање, Муцунски нагласи дека брзите промени во меѓународното опкружување ја потврдуваат потребата од натамошно ...
Археолози во Перу пронајдоа скелетни остатоци од возрасен човек за кој веруваат дека бил погребан пред околу 1.400 години откако бил жртвуван во ритуал, соопшти Министерството за култура на земјата. Остатоците се пронајдени во близина на основата на Хуака Пуклијан, древна пирамида од ќерпич во главниот град Лима, а откритието е прелиминарно датирано од околу 650 година од нашата ера. Археологот Гледис Паз, која го водеше ископувањето, изјави ...
Во Македонија со години се плаќаат авиони, препарати, оператори и тендери за борба против комарците, но институциите упорно го прескокнуваат единственото нешто што би покажало дали тие милиони воопшто купиле нешто повеќе од прелет над градот – мерлив резултат, реагираат од Левица. Според оваа партија, само договорите за Скопје за 2020–2021 тежеле околу 1,1 милион евра, за 2022–2023 уште над еден милион, а годинашната зделка повторно се ...
Владата на Христијан Мицкоски ја започна третата година од мандатот без резултати во клучните области, додека премиерот се обидува со статистички бројки само од неговиот личен свет да ги убеди граѓаните дека живеат подобро граѓаните живеат со празни паричници и празни фрижидери, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. „Не гледаме резултати на полето на економијата, во здравството, во образованието, во ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) реагира на, како што велат, обидите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија да го доведе постапувањето на Агенцијата во конкретни предмети во контекст на дневно-политички интереси. АВМУ, потенцираат од таму, постапува исклучиво врз основа на надлежностите и во рамките на постапките утврдени со закон. „Пред секоја промена на сопственичка структура на радиодифузер, тој е должен да ...
Францускиот претседател Емануел Макрон го објави законот со кој се воведува правото на асистирано умирање, по години политичка и социјална дебата. Законот беше објавен денес во Службен весник, кој формално стапи на сила, додека неговата практична примена ќе започне дури откако владата ќе ги донесе потребните прописи, објави Фигаро. Законот, кој минатата недела Уставниот совет го оцени како уставен со одредени резерви, им дозволува на одредени ...
Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот Флорес во Индонезија, соопшти денес Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Како што објави Ројтерс, земјотресот се случил на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за повредени или за причинетата штета. На 15 август, Индонезија беше погодена од катастрофален земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во ...
Донесувањето одлуки бара деликатна рамнотежа – треба да се размислува за да се избегне импулсивност, но не толку многу што сè ќе заврши во прекумерна анализа што често води до жалење. Способноста за рамнотежа е силно под влијание на искуствата од детството . Некои жени се учат уште од детството да се сомневаат во себе и да ги преиспитуваат сопствените инстинкти поради речениците што им ги даваат возрасните, пишува YourTango. 1. „Престани да ...
Колку вода да пиете секој ден е едноставно прашање на кое нема лесен одговор. Иако истражувањата низ годините дале различни препораки, вистинските потреби за вода се индивидуални и зависат од голем број фактори , вклучувајќи ја здравствената состојба , возраста, нивото на физичка активност и климатските услови во местото каде што живеете. Сепак, општите упатства можат да ви помогнат да процените дали внесувате доволно течности, пишува ...
Во пресрет на новата учебна година, Општина Кисела Вода обезбеди бесплатни училишни униформи за секој ученик во сите основни училишта на територија на општината, опфаќајќи 5500 ученици. Дополнително, секое прваче кое оваа есен за првпат ќе седне во училишните клупи, од Општина Кисела Вода ќе добие бесплатно ранче опремено со неопходниот училишен прибор. Овие мерки, велат од општината, претставуваат директна институционална поддршка за ...
Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со амбасадорот на Република Франција во Северна Македонија, Кристоф Ле Риголер, на која беа потврдени одличната соработка и заедничката посветеност кон унапредување на владеењето на правото и европската интеграција на земјата. Шасивари ја истакна целосната подготвеност на Министерството за правда за забрзано спроведување на реформите согласно препораките на Европската комисија и обврските ...
Филипче се врати од Паљури, откако фатил боичка сончајќи се на луксузната скапа јахта на Заев и се појави на прес-конференција да лаже и да манипулира, велат од владејачката партија. „Човекот кој е директно виновен за не поставување на минимум техничка спецификација за модуларната болница која се запали во Тетово и во која загинаа 14 лица, треба да одговара, а не да држи прес-конференции. Но, бидејќи се уште се најголема опозициска партија на ...
Центар за управување информира за состојбата со пожари на отворен простор до 13:00 часот. Според ЦУК, регистрирани се вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни, а 4 се изгаснати. Активни пожари – 8: Општините Прилеп, Новаци и Могила: с. Чаниште – крак кон с. Крушевица – с. Лопатица, крак кон Црна Река, крак кон с. Орле во Општина Новаци и крак кон с. Мојно во Општина Могила (ниска вегетација). Општина Крушево: с. Белушино и с. ...
Долго време се сметаше дека брзината на одење е само одраз на физичка подготвеност или нетрпеливост, но денес научниците ја сметаат за важен индикатор за здравјето на мозокот и долговечноста. Група луѓе што истражувачите ги нарекоа „супер одачи“ привлекува внимание со години, а нова студија објавена во списанието „Неврологија“ дава убедливи докази: луѓето во осумдесеттите години кои одат со брзина на просечна педесетгодишна возраст се побавни ...
По извршената ревизија во студенсткиот дом „Пелагонија“, Државниот завод за ревизија утврдил низа неправилности и неусогласености во работењето на домот. Со ревизијата, како што е соопштено од страна на ДЗР, било утврдено дека во материјалната и сметководствената евиденција на студентскиот дом не се евидентирани одредени постојани средства и не е извршено усогласување на сметководствената и материјалната евиденција, ниту се преземени ...
Војводата и војвотката од Сасекс ќе се вратат во Велика Британија на крајот од овој месец, според британските медиуми. „Скај њуз“ дознава дека кралот Чарлс првпат бил информиран за плановите на Хари и Меган во неделата и ја поздравува можноста почесто да го гледа семејството на приватен и личен начин. Разбирливо е дека нема да има промена во статусот на војводата и војвотката како неофицијални членови на кралското семејство. Семејството ќе ...
Единствената словенечка нуклеарна централа, Кршко, повторно почна да работи со полн капацитет, откако се подобрија временските услови, а нивото на реката Сава, која ја користи за ладење, се зголеми, соопшти денес електраната. Системот на ладилна кула останува во употреба за да се обезбеди усогласеност со еколошките ограничувања, известува STA. Поради продолжениот топлотен бран и суша, нуклеарната централа го намали своето производство на ...