Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос туристичката сезона која е во полн ек и резултатите од истата, изјави дека владините мерки и владината иницијатива за привлекување на туристи, носат резултати. „Имаме голем скок кај доаѓањата на нашите аеродроми. И тоа, впрочем го нотира Светска Банка во „Tourism watch“ во последната едиција од овој извештај, објавено во јуни 2026 година. Во ...
Премиерот Христијан Мицкоски, при посетата на Општина Илинден, истакна дека низ државата во моментов се реализираат повеќе од 1.200 проекти финансирани преку средствата пренасочени од централниот буџет кон општините. „Добро е што се гради. Со овој проект на реалокација од централниот буџет кон општините имаме повеќе од 1.200 проекти коишто се градат и добро е што Македонија е едно големо градилиште. Дел од проектите се завршуваат, дел се во ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, се обрати на отворањето на Програмата за обука за управување со проектен циклус во рамките на иницијативата IPABRIDGE, која се одржува во Скопје од 28 до 31 јули 2026 година. Во своето обраќање, Сали изрази благодарност до Владата на Република Турција, Директоратот за прашања на Европската Унија и турските партнери за континуираната поддршка, искрената соработка ...
Видео објавено во Иран, кое оттогаш е широко споделувано на социјалните мрежи, предизвика силни реакции бидејќи прикажува хипотетички сценарија за тоа како би можела да биде убиена првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп. Видеото , кое се припишува на иранската новинска агенција Тасним, содржи референци за нејзините движења, предлози за можни напади , но и директни закани упатени до нејзиниот син, Барон Трамп . Според ...
Хотелските објекти во Струга ќе можат да работат еден час подолго од вообичаеното во текот на летната сезона, а за претстојниот долг празничен викенд ќе им биде дозволено да работат до 3 часот наутро. Одлуката ја донесе Советот на општина Струга на последната седница, со цел да се овозможи непречено одржување на културни, туристички и други јавни настани. Според одлуката, за време на викендите и јавните настани, хотелските објекти ќе работат ...
Мицкоски вчера ги повика граѓаните да пријавуваат корупција и најави бесплатна линија. Ова е директна копија на кампањата што токму сега се води во Србија, обвини Кети Штерјова од СДСМ. „СДСМ уште претходно најави дека Мицкоски, по углед на постариот брат од сестринската партија, ќе ја препише и оваа мерка. Сè е copy-paste. Само со неколку дена задоцнување. Во Србија половина од граѓаните на порталот за пријава го пријавија токму Вучиќ. ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во градежните активности во рамки на претпоследната фаза од реконструкцијата на улицата „Ленинова“. Во тек е поставување на втор слој асфалт на потегот од булеварот „Партизански одреди“ до крстосницата со улицата „Илинденска“, во должина од 412 метри. Се асфалтира и кружниот тек на крстосницата со улицата „Орце Николов“. Ова сообраќајно решение останува како трајно, бидејќи се ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со спроведување на реформите во областа на животната средина, со фокус на подобрување на управувањето со отпад, зајакнување на транспарентноста, усогласување на националното законодавство со европските стандарди и обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните, истакна на прес-конференција Бисерка Златеска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Во рамки на Реформската агенда, презентирани се активностите што ...
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче во предизборието на повторените локални избори во Гостивар. Филипче во повикот за поддршка на Валбон Лимани вели дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локална власт, со цел да се обезбеди поддршка за сите граѓани на Гостивар, кажа на денешната прес-конференција, Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Ако Филипче ...
Два месеци по неговиот изборен пораз во април, поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан се отвори за унгарските медиуми и зборуваше за своите мисли за изборниот пораз и како се справува со него. Во интервју за унгарскиот „Блик“, Орбан дискутираше за тоа дали сегашната унгарска влада е отуѓена од реалноста. „Луѓето кои гласаат за сегашната влада живеат во свет на соништата. Од анкетите и анализите можам да видам дали самата влада знае што е ...
Јавното претпријатие „Државни патишта“ ќе биде финансиски потпомогнато, меѓу другото, со кредити од други државни компании за отплата на дел од ратата од кредитот кон кинеската компанија кредитор. Со други зборови, додека чека на преглед на буџетот, Владата се задолжува за да ги врати долговите. Пред две недели, на седница, Владата одлучи да земе бескаматен кредит од 7 милиони евра од М-Нав. Или со други зборови, за да го плати автопатот ...
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, вели дека уставните измени нема да се случат во формата во која се бараат во моментов. „Ајде да разговараме. Подготвен сум да разговарам со секого и каде било. Не сум јас тој што треба да ви каже колку долго ќе траат. Ќе продолжат колку што е потребно за да се најде решение кое ќе биде одржливо и кое ќе нè води кон конечната цел. Во меѓувреме, ќе продолжиме да ја спроведуваме Реформската ...
За првпат, сите ученици во прва година од средните училишта во Скопје ќе добијат бесплатни униформи. „Училиштето треба да биде место каде што младите ќе се натпреваруваат во знаење, труд и успех а не во тоа кој носи поскапа облека и чии родители имаат поголема финансиска моќ. Социјалните разлики неретко стануваат причина за поделби, дискриминација, па дури и булинг и затоа воведуваме мерка со која создаваме порамноправна, побезбедна и ...
Администрацијата на градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, презентираше план за отворање продавници за храна во градот со цел да им се олесни на работничките семејства да набават основни прехранбени производи. Според оваа иницијатива, цените на основната кошничка производи ќе бидат намалени за 30 проценти, додека другите артикли ќе се продаваат по стандардни пазарни цени. Се проценува дека оваа мерка ќе му заштеди на просечното ...
Силно торнадо во понеделникот опустоши делови од источен Висконсин, оштетувајќи илјадници згради и оставајќи многу домаќинства без електрична енергија. Снимките од дрон покажуваат сериозно оштетена инфраструктура, искоренети дрвја и превртени возила во градот Менаша, кој остана зад себе од бурата. Властите на Менаша прогласија локална состојба на катастрофа, додека екипите за итни случаи ја проценуваат штетата и ги отстрануваат остатоците. На ...
Девојката на аргентинскиот репрезентативец Маркос Сенесио ги покажа персонализираните подароци што Лионел Меси им ги подготви на своите соиграчи по завршувањето на Светското првенство. Секој член на националниот тим доби торба со напишано неговото име, персонализирано шише за вода и додатоци за „мате“, традиционален аргентински пијалок, како потсетник на историскиот успех на „гаучосите“, објави Келси Роуз. „Морав да го споделам ова бидејќи ми ...
Новата геотермална централа почна да снабдува електрична енергија со националната електроенергетска мрежа на Иран, со што официјално влегува во секторот за геотермална енергија на земјата. Првата геотермална електрана во Иран, со производствен капацитет од пет мегавати (MW), е поврзана со националната електроенергетска мрежа, објави во четврток министерот за енергетика Абас Алиабади. Тој изјави дека пуштањето во употреба на проектот вреден 10 ...
Во 2022 година, Мицкоски тврдеше дека поскапувањето на парното е пљачка на граѓаните, дека е последица на лоповлук и дека семејствата ќе плаќаат и до 120 евра повеќе годишно. Денес, кога Мицкоски е премиер, за само осум месеци им приреди на скопјани две последователни поскапувања – 5,9% од декември 2025 година и нови 5,96% од август 2026 година, односно кумулативно зголемување од приближно 12,2%, обвинија од Левица. „Додека беше во опозиција, ...
Кира Казинс, 23, од Шкотска, се најде во центарот на вниманието откако беше откриено дека ги завела своето момче и членовите на семејството, тврдејќи дека е бремена и дека се породила. Подоцна се покажа дека покажала пластична кукла наместо бебе. Таа објасни дека на овој начин се обидела да го скрие фактот дека доживеала спонтан абортус, бидејќи немала сила да им каже на роднините за тоа. Според неа, ја користела куклата за да создаде ...
Вчера (27.07.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот, полицијата спроведе акциска контрола на подрачјето на Кочани и Виница, насочена кон санкционирање на возачи на мотоцикли и електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Во контролата биле изречени вкупно 59 санкции, од кои една за возач на лесно електрично возило (тротинет), 34 за управување мотоцикл без заштитен шлем (кацига), една за истечена полиса за ...
Меркур, планетата на комуникацијата, го напушта Ракот на 9 август и влегува во Лав, каде што ќе донесе одличен период за Лавовите, Стрелците и Овните. Меркур влегува во Лав и носи сосема поинаква енергија во комуникацијата. Зборовите стануваат посилни, самодовербата расте и многумина конечно ќе соберат храброст да го кажат она што го мислат и чувствуваат долго време. Ова е периодот во кој се искажуваат идеи, креативноста доаѓа до израз, а ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...
Еден од најголемите македонски актери, Гоце Тодоровски, почина на 75-годишна возраст, оставајќи зад себе богато актерско наследство, незаборавни улоги и генерации гледачи кои пораснаа со неговите ликови. Македонската култура остана без еден од своите најголеми амбасадори. По повеќе од пет децении посветени на театарот, телевизијата и филмот, почина легендарниот актер Гоце Тодоровски, чиј талент, харизма и препознатлив хумор оставија ...
Од сезоната 2026/27 официјално стапи на сила забраната за прикажување на логото на обложувалниците на предната страна од дресовите на клубовите од англиската Премиер лига. За првпат по долга низа години, ниту еден од 20-те клубови од Премиер лигата нема да го носи логото на главниот спонзор на компанија од индустријата за спортско обложување на своите натпревари. Оваа одлука претставува една од најголемите промени во комерцијалните операции ...
Босанската пејачка Џејла Рамовиќ и хрватскиот пејач Јаков Јозиновиќ ги подгреаја гласините дека се во врска откако беше објавено дека во исто време престојуваат во Котор. Имено, едно девојче објави фотографии на ТикТок на кои позира со Јаков, Џејла и нејзината мајка. Напиша: „Еден ден, две легенди“ и додаде „Ист ден, исто време“ во описот. Набрзо имаше бројни реакции од корисниците на TikTok, кои поради овие фотографии мислат дека Џејла и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД моментално преговараат со Иран и дека ќе се вратат во војна доколку тие разговори не успеат, изјави тој во интервју за „Аксиос“ во понеделникот. „Водиме многу сериозни преговори со Иран. Доколку не успеат, ќе се вратиме на многу силна воена акција“, изјави Трамп за „Аксиос“. Трамп рече дека ги паузирал нападите на САД врз Иран за да им даде уште една шанса на преговорите, објави „Аксиос“, ...
Голем шумски пожар во францускиот регион Жиронд се приближи на 15 километри од Бордо, додека властите во Франција и Шпанија евакуираат стотици илјади луѓе поради пожарот. Градоначалникот на Бордо, Томас Казенав, изјави дека градот се подготвува за сите сценарија и за сместување на повеќе луѓе доколку се наредат нови евакуации. Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, ја опиша ситуацијата во Жиронда како „невидена ситуација“, ...
Сѐ се зголемува, освен платите, реагираат од СДСМ. „Зголемување на цената на парното. Зголемување на цената на струјата. Зголемување на цената на нафтата. Зголемување на данокот на имот“. Во буџето, додаваат од оваа партија нема пари. Наскоро, како што велат, нема да има ниту за пензии. „Потрошувачката кошничка се зголеми за 10.000 денари. Земјоделците се без субвенции. Нема ИПАРД затоа што го уапсија директорот од ВМРО поради корупција. ...
Лубеницата не е само освежително летно овошје. Истражувањата покажуваат дека може да придонесе за здравјето на срцето, намалување на крвниот притисок, побрзо закрепнување по вежбање и контрола на телесната тежина. Лубеницата е една од омилените летни намирници, а покрај тоа што го освежува и хидрира телото, сè повеќе истражувања покажуваат дека би можела да има и значајни здравствени придобивки. Богата е со ликопен, L-цитрулин, витамини Ц и ...
Времето утре, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе ...