Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес синоќа спречила проширување на пожар што избувнал во дневна соба од семејна куќа на улицата „Глигор Прличев“ број 8 во Велес. Како што информираат од ТППЕ Велес, дојавата за пожарот била примена во 19:08 часот, по што веднаш на терен биле упатени едно противпожарно возило и тројца пожарникари. По пристигнувањето на местото на настанот, пожарот бил затекнат во развиена фаза во дневната соба од ...
До 13:00 часот попладнево се регистрирани 17 пожари на отворен простор од кои 11 се активни, три се под контрола и три се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во: Општините Студеничани и Зелениково: село Моране – село Вртекица – село Рамни Габер, со крак кон село Палиград и над село Вражале, Општина Зелениково – мешана шума, Општина Студеничани: село Цветово, стариот пат кон село Елово – ниска ...
Преговорите меѓу Канада и Соединетите Американски Држави (САД) пропаднаа во петокот навечер пред крајниот рок на полноќ, по што стапија во сила американските царини од 50 проценти за некои канадски стоки. Во текот на неделата, двете страни испратија оптимистички пораки дека може да се постигне договор и со тоа да се спречи активирање на нови американски мерки. Сепак, преговорите заглавија во последен момент, а канадскиот премиер Марк Карни ...
Неверојатниот Кристијано Роналдо (41) се врати на теренот и веднаш ја затресе мрежата, докажувајќи дека дури и на 41 година нема намера да забави. Португалскиот напаѓач постигна гол во убедливата победа на Ал-Наср од 4-0 над Ал-Ријад, што беше неговиот 977-ми гол во неговата професионална кариера. Роналдо ги пропушти првите натпревари од сезоната бидејќи се приклучи на тимот малку подоцна поради меѓународните обврски на Светското првенство, ...
По усвојувањето на новиот Закон за игрите на среќа, продолжува неговата имплементација со донесување на потребните подзаконски акти. Министерството за финансии го донесе Правилникот за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа, информира министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Со Правилникот детално се пропишува документацијата со која правните и физичките лица што ќе ...
Левица го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека прикажува нереална слика за економската состојба во државата, тврдејќи дека и покрај изјавите за висок економски раст, две минимални плати не се доволни ниту за покривање на минималната синдикална кошничка. Од партијата велат дека Мицкоски ја претставува Македонија како една од водечките економии во регионот, но без, според нив, јасно да наведе на кој регион и на кои споредливи показатели се ...
Некои луѓе претпочитаат да се држат подалеку од рефлекторите и да избегнуваат привлекување внимание, додека други едноставно уживаат кога сите очи се вперени во нив. Тие се самоуверени, гласни кога сакаат и ретко се грижат што другите мислат за нив. Затоа лесно оставаат силен впечаток каде и да одат. Според астролошките толкувања, одредени хороскопски знаци се издвојуваат по својата изразена самодоверба и треба да бидат забележани. Тие не се ...
Членките на НАТО од Источна Европа се подготвени да ги преземат поголемиот дел од трошоците за американските трупи стационирани на нивна територија. Главната цел е јасна, да се одврати администрацијата на Доналд Трамп од намалување на американското воено присуство во овој дел од Европа, според добро информирани извори. Оваа финансиска понуда интензивно се подготвува пред состанокот на алијансата со американскиот потсекретар за одбрана за ...
Македонската армија поминува низ интензивен период на модернизација, што вклучува снабдување со модерна воена опрема, системски реформи и нов Колективен договор, подобрени услови за работа и повисок стандард за сите нејзини припадници. Ова го истакна министерот за одбрана Владо Мисајловски, нагласувајќи дека сите овие системи што се набавуваат, целата набавка, модернизација, но и обука и вежби „се на високо ниво, рамо до рамо со сите ...
Според анализата на владини податоци од страна на списанието за надворешна политика „Политико“, во текот на 2024 година грчките земјоделци побарале субвенции од Европската Унија за десетици илјади грла добиток повеќе отколку што биле евидентирани во државните регистри. Ова сознание се заканува дополнително да го прошири постоечкиот скандал со земјоделските субвенции во оваа земја. Анализата откри драстични несовпаѓања помеѓу податоците за ...
Министрите за надворешни работи на осум влијателни земји остро ја осудија политиката на Израел за населување на Западниот Брег. Во заедничка изјава, тие категорично го отфрлија планираното проширување на населбите во контроверзната област позната како „Е1“, предупредувајќи дека таков потег претставува опасна ескалација. Дипломатските претставници на Турција, Египет, Индонезија, Јордан, Пакистан, Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски ...
Пред речиси 100 дена, африканските здравствени агенции пријавија епидемија на ебола во Демократска Република Конго. Со близу 5.000 заразени и повеќе од 2.000 смртни случаи, ова е веќе најсмртоносната епидемија во историјата на оваа земја. Подолу даваме одговори на пет клучни прашања за моменталната криза што му се заканува на африканскиот континент. 1. Зошто бројот на заразени и починати лица продолжува да расте? Светската здравствена ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ направи значаен чекор напред во зајакнувањето на сајбер-безбедноста на државата. Како резултат на преземените мерки, Македонија се искачи од 59. на 30. место во светот според Националниот индекс за сајбер-безбедност, со 84,17 поени, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, кое МИА го објавува интегрално. Од партијата посочуваат дека Владата донела нов Закон за безбедност на мрежни и информациски системи, ја ...
Централниот дел на Медитеранот е под влијание на циклон над Џеновскиот Залив, кој носи бури и обилни врнежи од дожд на Апенинскиот Полуостров, Алпите и северозападниот дел од нашиот регион. Италија е веќе погодена од многу обилни дождови и силни грмотевици. Делови од Италија се исто така погодени од бури од суперклеточни елементи. Бурите и обилните дождови од северна Италија сега се движат кон југ, а Рим исто така ќе биде погоден од бурата. ...
Додека Христијан Мицкоски секојдневно презентира „весела математика“ дека платите се покачени за 72 отсто, а пензиите за 325 отсто, просечната нето-плата се намали за 1.163 денари, обвинува СДСМ. Државниот завод за статистика објави дека за само еден месец просечната плата се намалила за 1.163 денари, односно за 2,3 отсто, се наведува во соопштението од СДСМ, кое МИА го објавува интегрално. „За падот на животниот стандард на граѓаните не им ...
На граничните премини Табановце, за влез и излез од државата, и Богородица, за излез од државата, времето на чекање е од 40 минути до еден час, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Од АМСМ додаваат дека е зголемен и интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини. Возачите се повикуваат на внимателно управување и почитување на сообраќајните правила. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...
Скопската полиција синоќа санкционирала 262 возачи во рамки на засилена акциска контрола во сообраќајот, со посебен акцент на мотоцикли, мопеди, трицикли и четирицикли. Од нив, 102 санкции се изречени на возачи на мопеди и мотоцикли, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во периодот од 18:00 до 01:00 часот, припадници на Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици од општа надлежност при СВР Скопје ...
Почетокот на новата учебна година носи радост за учениците, но и дополнителни трошоци за семејствата. Со цел да се намали финансискиот товар за родителите, Влен, преку министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, предложи повторно воведување на мерката „училишна кошничка“, со која се предвидуваат попусти до 15 отсто за училишниот прибор, се наведува во соопштението од Влен, кое МИА го објавува интегрално. Во „училишната кошничка“ ќе бидат ...
Обично го поврзуваме викендот со релаксација, дружење и бегство од секојдневните обврски, но за еден хороскопски знак, следните два дена можеби нема да бидат толку опуштени. Плановите би можеле да се променат во последен момент, обврските би можеле да се натрупаат, а трпението би можело сериозно да биде тестирано. Зборуваме за Девица. Девица Девиците сакаат да ги имаат работите под контрола, и токму тоа може да биде најтешката работа за нив ...
Во обид да го ублажи и избегне растечкиот економски притисок од САД, Иран успешно го финализираше преференцијалниот трговски договор со Оман. Овој потег доаѓа во време кога Техеран активно бара економски алтернативи и ги зајакнува врските со своите соседи. Се очекува овој трговски договор да биде доставен во парламентарна постапка за разгледување и одобрување веќе следниот месец, потврди за државната новинска агенција ИРНА Абдоламир Рабихави, ...
Германските безбедносни служби дојдоа до важно откритие во близина на главниот град. Во градската шума во Берлин, на границата со Бранденбург, службениците пронајдоа тајна магацин за оружје . Службата за заштита на уставниот поредок се сомнева дека зад сè стојат руските разузнавачки служби. Во магацинот имало две кратки огнени оружја, или пиштоли. Ова го објавија NDR, WDR и Süddeutsche Zeitung. Во меѓувреме, истрагата ја презеде Федералното ...
Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои девет се активни, два се под контрола, а 16 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Студеничани – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, во Општина Македонски Брод – кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и Локвица, во Општина Кичево – село Тајмиште и месноста Дарда, во Општина Липково – кај селото ...
Силната бура предизвика хаос во Њујорк и Лонг Ајленд, каде што две ретки торнада дојдоа од океанот. Две ретки торнада ги погодија Њујорк и Лонг Ајленд во четвртокот додека силна бура зафати делови од средноатлантскиот регион на Соединетите Американски Држави и предизвика големи проблеми во сообраќајот на некои важни автопати. „Две водни пијавици, или колони од воздух и влага што ротираат над водата, се појавија по должината на јужниот брег на ...
Тетовските противпожарни екипи во текот ноќта водеа битка за локализирање на пожарот кај Церово во Општина Желино, со цел да се спречи негово натамошно ширење кон околината. Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али и командантот на Територијалната противпожарна единица Тетово, Авни Ахмети, беа на терен и директно ја координираа состојбата. Екипите на ТППЕ Тетово беа распоредени на критичните точки околу селото Церово. ...
Сончево и многу топло време со температури до 41 степен Целзиусов се очекува денеска во Македонија. Во текот на денот ќе има мала до умерена локална облачност, а попладне, особено во планинските региони, ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 13 до 21 степен, додека максималните ќе достигнат од 35 до 41 степен Целзиусов. Во Скопје ...
Од древните набљудувања на небото до денешните хороскопи, приказната за 12-те хороскопски знаци се протега илјадници години. Сè започна со набљудување на небото Идејата за хороскопските знаци се развила од потребата на древните цивилизации да ги разберат и евидентираат движењата на небесните тела. Дури и Вавилонците систематски ги набљудувале Сонцето, Месечината и планетите и ја поделувале површината на небото низ која Сонцето очигледно се ...
Лесли Фогел, мајка на актерката Хајден Панетиер, се огласи по бројните реакции предизвикани од нејзините претходни коментари за смртта на нејзината ќерка. Таа рече дека сака да ги разјасни своите зборови и побара од јавноста разбирање додека семејството минува низ тежок период на жалост. Ѕвездата од сериите „Херои“ и „Нешвил“ почина претходно оваа недела на 36-годишна возраст во Гринвил, Јужна Каролина. Веста за нејзината смрт привлече широко ...
Првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп, вчера се пошегува за своето долго отсуство од јавноста, велејќи на почетокот на настанот во градината со рози на Белата куќа дека слушнала дека е барана и дека е тука. Меланија Трамп се појави во градината со рози на Белата куќа со американскиот претседател Доналд Трамп по повод претставувањето на иницијативата „Поддршка на иднината“, која има за цел да ги поддржи младите луѓе кои ...
Венко Филипче се врати од одмор на милионската јахта во Паљури со неговиот ментор, Зоран Заев. И во Скопје, како по договор неговиот, на Заев и на Али Ахмети аргат, Ислам Абази го затвори предметот за 19 модуларни болници набавени за време на ковид кризата, од кои во тетовската избувна пожар што за две минути ја проголта цела со 14 македонски граѓани, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Но, Филипче да не се грижи, тоа што нивниот слуга во ...
Директорот на Атлетико Мадрид, Мигел Анхел Хил, дефинитивно стави крај на евентуалното заминување на аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез во Барселона. Тој рече дека оваа тема била затворена пред нешто повеќе од еден месец. „Атлетико Мадрид, како и сите големи клубови, е изграден со одлични играчи и ми е јасно дека Хулијан е тоа, покрај тоа што е одличен професионалец. Мораме да се натпреваруваме со нашите вредности, со локалното население и ...