Три месеци откако група пратенички ги поднесе измените за заштита од насилство врз жените и семејно насилство, тие сè уште се без собраниска расправа. Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека чека мислење од Владата. Собранискиот деловник предвидува разгледување и без него, а две министерства биле вклучени уште во подготовката на измените. „Штом добиеме мислење од Владата, законот ќе го пуштиме во собраниска процедура“, изјави денеска ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, изјави дека веднаш ќе постапи по барањето за итна седница посветена на насилството врз жените и семејното насилство, откако беше прозван дека ги кочи законските измени. Гаши денеска соопшти дека до неговиот кабинет или собраниската служба сè уште не е доставено официјално барање за свикување итна седница. Тој рече дека Собранието ќе реагира веднаш штом документот ќе пристигне. „Штом го добиеме тоа ...

