Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
На 29.06.2026 во 13:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населба Бардовци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Х.(34) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Ѓ.(59) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани на Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е ...
На 29.06.2026 во СВР Скопје е пријавено дека околу 05:30 часот на автопатот „Пријателство“, на сервисната улица која го поврзува со Меѓународен аеродром Скопје, патничко возило „нисан“ со српски национални ознаки, управувано од Н.Ѓ.(33) од Србија, удрило во метална ограда и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка А.Ѓ.(26) од Србија, додека со телесни повреди се здобило нивното двегодишно ...
На 29.06.2026 околу 12:40 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Доне Божинов“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат ибица“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А.(64) од Куманово и мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.С.(49) од Куманово. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а лекар констатирал смрт. Извршен е увид од јавен обвинител и ...
На 29.06.2026 во 20:00 часот во с.Визбегово, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.Ш.(29) од Скопје. Претходно, во Центарот за азил во Визбегово, тој агресивно се однесувал и се заканувал со остар предмет на едно женско лице, по што со такси возило го напуштил местото. Набргу, по преземени мерки, возилото е запрено, лицето е лишено од слобода и кај него е пронајден и одземен ...
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за краткотрајно невреме со појава на град. Температурите и понатаму ќе бидат високи. Утринските ќе се движат од 12 до 18 степени, додека дневните ќе се искачат од 28 до 39 степени. Најтопло ќе биде во југоисточните и јужните делови од земјата, каде ...
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, кој беше дел од работната група за подготовка на новиот Изборен законик во Министерството за правда, преку објава на социјалните мрежи изнесе серија забелешки за начинот на кој се одвивал процесот на подготовка на законските измени. Тој напиша дека јавноста се доведува во заблуда со тврдењата дека постоел широк политички консензус, наведувајќи дека во конечниот текст се нашле решенија за кои никогаш не ...
Прес конференција на Веаљановски од ВМРО ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на безбедноста на граѓаните и на спроведување политики кои даваат резултати. ВМРО-ДПМНЕ и надлежните ќе продолжат со проширување на системот „Безбеден град”, чија главна цел е намалување на бројот на тешки сообраќајни незгоди и преполовување на смртните случаи и сериозни повреди на патиштата до 2030 година. Дека системот функционира, тоа го ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, утрово, го посети реконструираниот објект на Здравствен дом Куманово во населбата „Тоде Мендов“, каде што е извршена целосна реконструкција на приземјето на објектот со вкупна површина од 250 квадратни метри. Објектот има значајна улога во системот на превентивна здравствена заштита и служи како центар за спроведување на училишна вакцинација за подрачјето на општината. За реализација на оваа инвестиција се ...
Прес конференција на Валентин Манасиевски: СДС и Левица во коалиција го блокираат Изборниот законик, ниските рејтинзи на двете партии го вклучија алармот. СДС и Левица здружено, ќе го блокираат Изборниот законик, оној кој со месеци го договараа. Истиот Закон во кој ВМРО-ДПМНЕ прифати се што тие предложија. Единствено нешто што побаравме е по електронски пат нашата дијаспората да може да гласа уште на следните претседателски избори. Прво го ...
Изјава, Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор: За две години Мицкоски и ВМРО го доведоа здравството до колапс. Сред лето, на пеколни температури, хируршките сали, овде во Клиничкиот центар не работат – системот е во дефект. Се откажуваат однапред закажаните операции и оние за кои е проценето дека не се итни. Откажани се операции на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ...
На 29.06.2026 во 11:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Т.А.(39) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“. Претходно, на 22.06.2026 К.Б.(26) од Турција, со привремен престој во Штип, студент на Универзитетот „Гоце Делчев“, пријавил дека А.Т. му побарала 300 евра за да положи испит кој дополнително ќе го полагал на 29.06.2026. Преземени се мерки во координација ...
На 29.06.2026 во 11:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Т.А.(39) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“. Претходно, на 22.06.2026 К.Б.(26) од Турција, со привремен престој во Штип, студент на Универзитетот „Гоце Делчев“, пријавил дека А.Т. му побарала 300 евра за да положи испит кој дополнително ќе го полагал на 29.06.2026. Преземени се мерки во координација ...
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, учествуваше на 67. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), што се одржува на 30 јуни и 1 јули 2026 година во Тбилиси, Грузија. На свеченото отворање на Генералното собрание, претседателот Гаши се обрати со говор пред делегациите на земјите членки на ПАБСЕК, изразувајќи го посветувањето на Република ...
Во рамките на Форумот на балканските уставни судови, со кој претседава Уставниот суд на Република Северна Македонија, од 24 до 26 јуни 2026 година во Охрид се одржа тркалезна маса на ниво на генералните секретари на уставните судови. Настанот беше организиран од Уставниот суд на Република Северна Македонија, со поддршка на Делегацијата на Европската Унија, во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите на Уставниот суд за оценување на ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на ефектите на субвенциите во авио сообраќајот, последните информации од страна на вицепремиерот дека се очекува 3,5 милиони патници во Македонија годинава, дали овој фонд ќе се зголеми и дали се разговара со „Визер“ за продолжување на оние сезонски летови до Сардинија и Сицилија, за коишто има голем интерес ова ...
Престедателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, нагласи дека реконструкцијата на Владата не носи никаква суштинска промена ниту пак каков било бенефит за граѓаните. Филипче посочи дека станува збор за формална замена на имиња, без промена на политиките што изминатите две години доведоа до осиромашување, изолација и влошување на квалитетот на живот. „Замената на луѓе во ресорите, замената на различни имиња е нешто ...
На 28.06.2026 околу 08:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионален пат Скопје-Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(75) од Скопје и мопед „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.Т.(54) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ во ...
На 28.06.2026 во 13:30 часот на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода О.С.(45) од Украина, со престој во Скопје, затоа што при гранична контрола и проверки во оперативна евиденција било констатирано дека евидира со мерка „стоп“ по барање на Основен кривичен суд Скопје. Имено, тој допатувал со патничко возило „хјундаи“ со бугарски национални ознаки, а имал активна забрана за управување на ...
На 28.06.2026 околу 19:00 часот во СВР Скопје, П.П.(48) од Скопје пријави дека на игралиште на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од П.„Н“.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 28.06.2026 околу 18:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.И.(26) и С.Ј.(22), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конферениција, порача дека СДСМ ќе го блокира предложениот Изборен законик, оценувајќи дека тој содржи сериозни решенија кои не се ниту европски ниту демократски и кои отвораат простор за злоупотреба на изборниот процес. „Ваков закон не смее ова Собрание да донесе. Ќе го блокираме затоа што граѓаните заслужуваат да имаат фер, демократски изборен процес, а не вака контролиран како ...
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на денешната прес-конференција порача дека не е постигнат консензус за предложените измени на Изборниот законик. „Во ниту еден момент не се постигна консензус за ваков Изборен законик“, истакна Апасиев, додавајќи дека останале пет клучни прашања кои не биле затворени по работните состаноци: условите за независните кандидати по одлуката на Уставниот суд, електронското гласање на дијаспората, државното ...
Кога горивата поскапуваат, објаснувањето секогаш стигнува брзо: поскапа нафта, повисоки транспортни трошоци, поскапа струја, поголеми трошоци за производство, увоз, достава и складирање. Тогаш граѓаните слушаат дека сè е поврзано и дека повисоката цена на енергенсите мора да се прелее врз храната и производите, анализира Centar.mk. Но кога горивата почнуваат да поевтинуваат, кога цените на нафтата се стабилизираат, кога пазарот се смирува — ...
Соопштение на СДСМ: ЗНАМ се распаѓа и веќе не постои ниту во анкетите ниту во гласови. Последните двајца што останаа, Максим Димитриевски и Горан Минчев се тепаат за фотелји и ги делат последните тендери за да ја наплатат својата улога на последните избори, кога ја предадоа својата партија, а потоа и своите гласачи. Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на нов инструмент, нов сателит- ЗНАМ 2.0, кој треба да му послужи за разбивање на ...
Прес конференција на Миле Лефков од ВМРО ДПМНЕ: Државното раководство на Македонија има многу јасно зацртано како државата треба да се вклучи во ЕУ и тоа јасно го кажува. А тоа значи, намерата на Македонија не е само да почне преговори со Брисел и да се соочи со нова блокада како актуелната од официјална Софија, туку процесот да почне и успешно да заврши со целосно исполнување на европските стандарди. Ова им е јасно и на многу истакнати ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постојано работи да ја зајакне меѓународната позиција на Македонија, работи на развој на економијата и на подобрување на животниот стандард на граѓаните. Од друга страна, од СДС и од опозицијата се трудат да и штетат на Македонија. Кога во прашање се доведуваат државни интереси, без разлика дали станува збор за власт или опозиција, треба да се бранат истите. Дипломатскиот преседан ...
Прес конференција на СДММ – Петар Огњеновиќ: Во среда, на 1 јули, во 12:05 часот, овде, во хотелот, ќе се одржи настан насловен како „Разговори за иднината во 12:05“. Ние, младите, велиме: ова не се разговори за нашата иднина. Ова е обид на Христијан Мицкоски да создаде ЗНАМ 2.0 – нов сателит кој ќе му послужи да ги раздели гласовите на опозицијата на следните избори, исто како што го направи и со ЗНАМ пред последните парламентарни избори. ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Во 2024 и 2025 година беа направени значајни чекори во спроведувањето на Реформската агенда, кои се дел од процесот на усогласување со европските стандарди и исполнување на обврските од Планот за раст на ЕУ. Европските институции го препознаваат напредокот на Македонија и затоа и оваа година Македонија ќе биде лидер во регионот по Планот за раст. СДС не гласаше ниту за едно од законските решенија што се дел од ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 22.06.2026 до 26.06.2026 зема 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Градот Скопје. ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги ...
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Најниските утрински температури ќе се движат од 10 до 19 степени, додека максималните дневни ќе бидат од 30 до 39 степени. Во западните делови температурите ќе се движат околу 30 до 31 степен, во јужните и централните делови околу 33 ...