На 14.07.2026 во Полициската станица Струмица е пријавено дека настанал пожар во атар на село Мокриево, струмичко. Од страна на ТППЕ Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. На 15.07.2026 бил извршен увид од страна на инспектор од Дирекција за заштита и спасување и екипа на СВР Струмица, при што било утврдено дека од пожарот се опожарени ниви засадени со јапонски јаболка, круши и костени. На 14.07.2026 во Полициската станица ...

Прес конференција на Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ: Провидна е играта на опозицијата. СДС, Левица и ДУИ на следниот изборен циклус сакаат да се претстават како жртви и оштетени, затоа и не се донесе Изборниот законик. Стравот од поразот на изборите кој е повеќе од евидентен, направи овие три политички партии да се здружат и да го блокираат еден од најважните закони за политичките партии. Иако како никогаш досега имаше простор за ...

Прес конференција на Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ: Во тек е јавниот повик на Владата за „Поддршка за креирање на нови работни места“, кој е насочен кон македонските компании кои сакаат да го прошират и развијат бизнисот, преку отворање нови работни места. Првата подмерка од овој повик е „Вработување и раст на правни субјекти“ преку која финансиски ќе се поддржат компании за вработување на вкупно 1385 лица со по 160.000 до ...

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор: Има ли поголем доказ за она што СДСМ го говори со месеци за смислената партизација, за постепено, чекор по чекор преземање контрола од страна на власта. Има ли поголем доказ зошто не се спроведувата реформи во правосудството? Се потврди сѐ. Зад игрите со предметот „Талир 2“ стои сценарио за да се спречи конфискацијата на криминално стекнатиот имот на ВМРО ...

На 15.07.2026 во 22:00 часот во Полициската станица Валандово е пријавено дека на општински пат кон село Чалакли, валандовско, настанал пожар на патничко возило „голф“ со валандовски регистарски ознаки, во движење, управувано од лице(30) од село Башибос, валандовско. Од пожарот била зафатена и нива засадена со тутун, лоцирана покрај патот. По интервенција на ТППЕ Валандово пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. На 15.07.2026 во 22:00 ...

Соопштение на СДСМ: Горивата повторно поскапеа, дизелот за 5,5 денари по литар. Ова е продолжение на кризата, за што СДСМ со месеци зборува, алармира и бара владата да воведе мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Владата на Христијан Мицкоски не направи ништо и не воведе мерки кои би го ублажиле ударот врз граѓаните. Без разлика дали тоа е поради неспособност или намерно – граѓаните сепак ја плаќаат цената. За 10 илјади денари е ...

Соопштение на СДСМ: ВМРО-ОКГ повторно плаши дека граѓаните ќе изгубат 4,2 милиони евра од ЕУ поради Изборниот законик. Заради политиката на изолација држава, ВМРО-ОКГ, Македонија не губи 4 милиони, туку милијарди евра. Со блокирање на реформите и европскиот пат, граѓаните се лишуваат од огромни европски фондови и инвестиции кои би ја подобриле економијата и животниот стандард. За споредба, Црна Гора веќе си обезбеди над 3,2 милијарди евра од ...

На 15.07.2026 во 02:15 часот, полициски службеници од СВР Велес приведоа лице (26) од Велес, затоа што на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, агресивно се однесувал кон полициските службеници кои извршувале службени задачи, а при преглед кај него бил пронајден и одземен нож. Исто така, утврдено е дека приведениот бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,00 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен е ...

На 14.07.2026 околу 23:00 часот во СВР Скопје, Ф.В.(34) од Чешка пријави дека во угостителски објект на подрачјето на Центар, во кој бил заедно со 28-годишната П.А. од Индија, со престој во Чешка, бил физички нападнат од едно лице, за кое претпоставува дека е сопственик на објектот. Потоа П.А. искршила неколку чаши, по што е приведена во полициска станица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 14.07.2026 околу 23:00 часот во ...

На 14.07.2026 во 14:30 часот во ОВР Прилеп, жена од Прилеп пријави дека во февруари оваа година почнала комуникација со лице преку социјални мрежа, по што тоа и побарало пари, наводно за лечење на неговото болно дете. Пријавителката во неколку наврати му дала вкупно околу 700.000 денари, но подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 14.07.2026 во 14:30 часот во ОВР Прилеп, жена од Прилеп пријави ...

На 14.07.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Тетово- Скопје, во близина на наплатна рампа Глумово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(33) од Скопје и возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 39-годишната Л.А. од с.Патишка Река, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од ...

Полициски службеници од СВР Куманово денеска (15.07.2026) ги лишија од слобода А.С.Д. (22) и М.В. (34), двете од Куманово, и против нив СВР Куманово поднесе кривична пријава и тоа, против А.С.Д. поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама“ по чл.247 ст.4 од КЗ и „злоупотреба на лични податоци“ по чл. 149 ст.1 од КЗ и против М.В. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ по чл.24 од КЗ. ...

Полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.В.(65) и неговата сопруга С.В. (59), двајцата од Скопје, поради основи на сомнение дека на 21.03.2024 на паркинг во скопската населба Автокоманда, М.В. го убил А.Т., а С.В. му помогнала прикривајќи ги трагите. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, а врз основа на повеќе наредби издадени од јавен обвинител, обезбедени се докази и поднесена е кривична ...

На 14.07.2026 по добиени оперативни информации за лице за кое од страна на МВР е распишана централна и меѓународна потерница, од страна на полициски службеници од СВР Скопје-Потраги од слобода е лишен Александар Лазаров (41) од Кочани. За Александар Лазаров беше распишана потерница по барање на Основен суд Кочани осомничен за сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Полициска станица Кисела Вода ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ е разобличен, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов Изборен законик и дека свесно го блокираат. Пред очите на целокупната јавност излезе вистината дека СДС, Левица и ДУИ се координирани и имаат една единствена цел, а тоа е да не се донесе нов Изборен законик. Лошиот политички театар на СДС, ДУИ, и Левица е разоткриен. Едните јавно повикуваа на разговори, ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од Венко Филипче дека нѐ очекува тешка есен на енергетски план и дека се очекува повисока цена на струја, изјави: „Видете, претпоставувам дека тие ќе продолжат на ваков начин да водат политика. Вие се сеќавате, тие зборуваа дека ќе сме банкротирале 2024, па не банкротиравме. Потоа велеа ќе ...

Прес конференција на Валентин МанасиевскиЧ Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога ќе имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата. Изборниот законик освен што треба да се донесе поради барање на политичките партии треба да се донесе и поради вметнување на препораките и забелешките од ОБСЕ и ОДИХР, но тој треба да се донесе и затоа што е дел од Реформската агенда, во која ние како држава ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од СДСМ за тоа дека се лаже за изборниот законик дека е европски услов, иако е јасно дека е дел од Планот за раст, изјави: „Па видете, сега јас често пати велам и не знам дали понекогаш СДСМ и треба да ја коментираме, но ова прашање заслужува коментар, бидејќи е значајно за граѓаните и за државата. ...

По спроведена истрага, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против поранешен директор на владината Служба за општи и заеднички работи за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1, како и Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во периодот од 03.07.2021 до март 2024 година го ...

Соопштение на СДСМ: Судството и обвинителството под контрола на Мицкоски го спаси Никола Груевски од одговорност за предметот Талир 2 и го одмрзна криминалниот имот на ВМРО. “Белата палата“, вредна 14 милиони евра и останатиот партиски имот во вредност од 2 милиони евра се повторно во рацете на ВМРО. Така изгледа кога криминална организација е на власт и го контролира судството, таа се грижи само за себе и да ги спаси своите од одговорност. ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Ја поздравуваме брзата акција на македонската полиција и приведувањето на бегалецот од правдата, Александар Лазаров – Цуна. МВР покажува високо ниво на професионално постапување и бескомпромисна борба против криминалот, при што постапува подеднакво кон секој кој се огрешил пред законот. Со приведувањето на Цуна, паднаа во вода обвинувањата на СДС дека Панче Тошковски сакал да го пушти на слобода. Впрочем, оваа е ...

Соопштение на СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на сателитска партија на ВМРО-ОКГ. Наместо да биде дел од опозицијата, таа продолжува да ја штити власта на Христијан Мицкоски со напади врз СДСМ и со спречување на секој обид за опозициско обединување. Левица не е опозиција. Тоа е партија за ништо. -Партија против НАТО во земја членка на НАТО. -Партија против ЕУ во земја кандидат за членство во Европската унија. -Проруска партија во земја ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: За само две години, во спортот Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложи над 21 милион евра. Реализирани се и започнати 60 капитални спортски проекти. Се инвестира во нови спортски сали, базени, атлетски патеки, се реконструираат стадиони, мултифункционални игралишта и се создаваат подобри услови за илјадници спортисти низ целата држава. Се градат нови спортски сали во Радовиш, Крушево, спортската сала „Расадник“, ...

Соопштение на СДСМ: Додека четири земји направија нов чекор напред кон Европската унија, Македонија повторно останува заглавена. Ова не е резултат на надворешни околности, туку директна последица од политиката на Христијан Мицкоски и негова криминална организација ВМРО. Европската Унија не е само политички проект. ЕУ значи пари, фондови, подобар живот и отворање на можности за сите граѓани. Тоа значи дека младите ќе можат да останат во ...

Откупната цена за килограм винско грозје од сортата вранец ќе изнесува 21,8 денари, додека за смедеревката ќе изнесува 20 денари, соопшти денеска во Кавадарци министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски. „Овие цени се утврдени врз основа на реалните трошоци на лозарите и законски предвиденото зголемување од 25 отсто. Обезбедуваме фер, транспарентен и предвидлив процес, во кој трудот и вложувањата на лозарите се ...

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Утринските температури ќе се движат од 10 до 18 степени, додека дневните ќе достигнат од 27 до 38 степени. Најтопло ќе биде во југоисточните делови од земјата. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува ...

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар по однос на донесената ослободителна пресуда за случајот Талир, рече дека ВМРО-ДПМНЕ беше предмет на политички прогон и агресија на претходната Влада со измислени случаи како Талир 1 и Талир 2. „Мојот став е многу јасен. ВМРО-ДПМНЕ во тој период кога беше предмет на политички прогон и би рекол еден вид на агресија од страна на ...

На 13/14.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице (49), лице (33), лице (21) и 17-годишник, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. На 13/14.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице ...

На 13.07.2026 околу 16:10 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат во близина на влезот во с. Ростуше, трицикл „јамаха“ со италијански регистарски ознаки, управуван од Ф.Р.М. (66) од Италија, со престојувалиште во с. Велебрдо, излетал од коловозот. При тоа возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од ОВР ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Цинк

3.76