Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Предложениот ребаланс на Буџетот е признание дека Владата потфрли во планирањето и повторно ги товари граѓаните со поголем дефицит, нови задолжувања и неизвесност, обвини пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет. „Овој ребаланс ја открива главната слабост, Владата сака да ја задржи реториката на стабилност, но бара инструмент на нестабилност. Поголем дефицит. Не може истовремено да ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Врвен приоритет на владата на ВМРО ДПМНЕ се младите за кои се создаваат услови да ја градат својата иднина дома. Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво -ИНОВА воспоставуваат стратешка соработка која ќе донесе нов пристап во развојот на општините преку активното учество на младите. Во текот на август и септември започнува програмата „Месеци на ...
– Ми претставува голема чест и задоволство што денеска можеме да отпочнеме еден проект којшто со децении, би рекол, беше најавуван. А за мене како претседател на Владата претставува големо задоволство што наскоро на целата територија на државата ќе се развиваат 6 автопатски делници. Покрај оваа, којашто треба да го поврзе главниот град со границата со Косово, односно Блаце, тука се и делницата којашто треба да ги поврзе Тетово и Гостивар, ...
По иницијатива на пратеничката група на СДСМ и Коалицијата, денеска започна надзорната расправа за примената на Законот за употреба на македонскиот јазик, со цел да се утврдат причините за неговото нефункционирање и институционалните пропусти во неговата имплементација. Пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната прес-конференција посочи дека иницијативата беше поднесена уште на 23 март, но поради одолговлекување од ...
Прес конференција на Валентин Манасиевски: Коалицијата на СДС и Левица заеднички го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик, во кој се вметнати забелешките на ОБСЕ и ОДИХР, како и барањата на двете политички партии кои со месеци беа усогласувани на работните средби за ИЗ. Венко Заев и СДС се спротивставуваат на решението македонската дијаспора да гласа во што поголем број. Како ВМРО-ДПМНЕ предложивме тоа да биде по електронски пат ...
Прес конференција на Конески од ВМРО ДПМНЕ: Програмата „Месеци на практикантство“ ќе се реализира во текот на август и септември во соработка со државните универзитети. Преку оваа програма студентите ќе добијат можност своето академско знаење да го применат во пракса, работејќи директно во општините. Со реализацијата на овие активности спроведуваме една од мерките предвидени во Стратегијата за регионален развој на Република Македонија ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги ...
Делегацијата на Собранието во состав: Моника Зајкова, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ, Никола Мицевски и Бобан Карапејовски, членови на Делегацијата, учествува на 33. Годишна сесија на ПС на ОБСЕ, што се одржува од 4 до 8 јули 2026 година во Хаг, Холандија. Главна тема за дискусија на Годишната сесија, на која учествуваат повеќе од 250 парламентарци од земјите учеснички во ОБСЕ, е: „Меѓународното право и заедничките ...
На 05.07.2026 година во 09:45 часот во Тетово, на улица „Илинденска“, полициски службеници од СВР Тетово при вршење на сообраќајна контрола запреле патничко моторно возило „Ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од лице (26) од село Брвеница. По извршеното алкотестирање, кај лицето било констатирано присуство на 1.68 промили алкохол во крвта. Во 10:00 часот лицето е лишено од слобода поради сторено кривично дело по член 297-а од ...
На 05.07.2026 година во 23:35 часот во СВР Тетово, С.А. (41) и неговиот брат А.С. (42), двајцата од село Пршовце, пријавиле дека околу 21:00 часот додека С.А. престојувал во угостителски објект, телефонски му се јавило лицето Д.И. и му побарало пари во износ од 100.000 евра упатувајќи му закани. Потоа, С.А. и пријавениот се сретнале на улица „120“ пред маркет, каде Д.И. дошол со мотор и започнал со вербална расправија и закани. По кратка ...
На 05.07.2026 година во 13:20 часот во Тетово, на улица „Илинденска“, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 16 годишен малолетник од Тетово, поради сомневање за претходно пријавени кривични дела „Кражби“ и ,,Тешки кражби“ извршени во текот на изминатиот месец во црквата во с.Брвеница и во неколку џамии во градското тетовско подрачје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 05.07.2026 ...
Вчера (05.07.2026), полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ во содејство со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад и инспектори од Капетанија на пристаништа Охрид, реализираа координирани акциски контроли кон пловните објекти во водите на Охридското Езеро. Мерките беа преземени согласно одредбите од Законот за внатрешна пловидба, при што е извршена контрола на вкупно 63 ...
Сончево време со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утрото ќе биде свежо во поголем дел од земјата. Минималните температури ќе се движат од околу 8 до 19 степени. Најсвежо ќе биде во источните и западните предели, каде се очекуваат утрински температури од 8 до 9 степени. Во југозападниот дел утрото ќе биде ...
На 04.07.2026 во 12:50 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош Скопје е пријавено дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, починал М.Ц.(24) од Скопје, кој, според пријавеното, имал здравствени проблеми. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. На 04.07.2026 во 12:50 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош Скопје е пријавено ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека е сè помалку оптимист дека ќе се постигне договор за Изборниот законик. Изјавата следува по средбата во Собранието и продолжените несогласувања меѓу партиите. Според објавените информации, ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да прифати една изборна единица и зголемување на средствата за помалите партии, доколку се постигне поширок договор за новите изборни правила. Главниот спор и натаму е поврзан со ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, 11 управувале возило без возачка дозвола (пет во Скопје, три во Гостивар и по едно лице во Тетово, Кичево и Прилеп). Под дејство на алкохол возеле шест лица (по едно во Скопје, Кочани, Пробиштип, Велес, Радовиш и тетовско), а едно лице во Кочани возело иако имало активна забрана ...
На 04.07.2026 полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, по претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена наредба од Основен суд Гостивар, извршија претрес во објект на С.Б. (63) во с. Здуње, гостиварско. При претресот, во дворот е пронајдена кеса со околу 116 грама хашиш. С.Б. е лишен од слобода и по целосно документирање ...
На 04.07.2026, во периодот од 17:00 до 23:00 часот, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведоа акциска контрола на подрачјето на Штип, со цел санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата изречени се вкупно 55 мерки за сторени сообраќајни прекршоци и ...
На 04.07.2026 во 15:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода лице (21) од Скопје. Истиот ден во 13:20 часот, жена од Скопје пријави дека на 03.07.2026 на подрачјето на Шуто Оризари, приведениот се обидел да изврши обљуба врз нејзината 16-годишна ќерка, а пред шест месеци, пријавениот извршил обљуба врз малолетничката, а негов пријател снимал со мобилен телефон. По целосно документирање на случајот, ќе ...
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец со брзина од 50 km/h. Утринските температури ќе бидат релативно свежи и ќе се движат од околу 8 до 20 степени. Најсвежо ќе биде во западните, североисточните и источните делови, каде минималните температури ќе се спуштат до околу 8 степени. Во јужните и југоисточните предели утрото ќе биде потопло, со температури до околу ...
Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат проодни сите патни правци. Сите патни правци во државата се ...
На 04.07.2026 во 22:45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека маж(49) од Охрид, починал во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Тој, според пријавеното, претходно бил донесен со тешки телесни повреди, со кои се здобил при пад од кров на куќа, која ја градел на сопствена парцела лоцирана во близина на стариот пат Охрид-Струга. Полициски службеници извршија увид на местото на настанот. На 04.07.2026 во 22:45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека ...
На 04.07.2026 во СВР Велес, полициски службеници, во присуство на родител и социјален работник од Центар за социјални работи Велес, извршија службен разговор со 15-годишник, кој истиот ден на ул. „Алексо Демниевски“ во Велес го одзел возилото „опел“ со велешки регистарски ознаки“, сопственост на О.Т.(63) од Велес и со возилото удрил во бетонски ѕид, по што го напуштил местото на настанот. Набргу, малолетникот бил пронајден и спроведен во ...
Изјава на премиерот Христијан Мицкоски при посетатата на Кавадарци: „Добар ден и од мене. Јас немам што да додадам на тоа што го кажаа и градоначалникот и министерот. Би сакал само да ја искористам оваа можност да се заблагодарам на градоначалникот за посветената работа, на советниците од советот коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата во Општина Кавадарци, се разбира тука се и пратениците коишто доаѓаат од ...
Во летните месеци, високите температури и засиленото потење доведуваат до губење на вода и важни електролити. Освен натриумот и калиумот, се губи и магнезиумот, кој учествува во повеќе од 300 биохемиски процеси во организмот и е неопходен за нормална функција на мускулите, нервниот систем и срцето. Недостатокот на магнезиум може да се манифестира со мускулни грчеви, замор, слабост, раздразливост, главоболка и намалена физичка издржливост. ...
ТППЕ Штип во период од 17:35 до 20:10 часот, имала интервенција на запалена борова шума и сува трева на потегот од филтер станицата кај населбата Баби до м.в. Мирјанина Црква во Штип. Во гаснењето на пожарот учествувале 12 пожарникари со 5 ПП возила, 20 доброволци од ДПД-Штип со 4 теренски возила и 2 квадрицикли, 20 луѓе од месното население, 2 трактора, 2 скип машини и подршка од 2 авиона „Ер трактори“ на ДЗС. Пожарот е локализиран и на ...
На 04.07.2026 околу 00:10 часот во ОВР Кратово е пријавено дека на магистралниот пат А-2, кај село Страцин, кратовско, патничко возило „опел астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Н.С. (28) од Крива Паланка, излетало од патот и удрило во бетонски заштитен sид. При тоа, на местото на настанот починал Н.С., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на Институтот ...
На 03.07.2026 околу 20:00 часот во водите на реката Вардар, во неготинско, пронајдено е телото на Ј.К. (66) од Неготино. На 03.07.2026 во 15:55 часот во ОВР Неготино, Ѓ.К.(42) од Неготино пријави дека се сомнева дека неговиот татко Ј.К.(66) од Неготино, кој заминал на риболов, паднал во реката Вардар, кај село Црвени Брегови, неготинско, затоа што бил недостапен, а кога тргнал да го бара дел од опремата за риболов пронашол во реката. Веднаш ...
Изјава на премиерот Христијан Мицкоски: „Добар ден и од мене. Убав ден денес, сабота овде во Бутел се почнува нешто ново, базен, се довршува нешто што веќе е започнато, доградбата на училиштето „Ацо Шопов“ и мислам дека сето ова ќе додаде вредност во квалитетот на животот на луѓето од Општина Бутел од овој дел од Радишани. Чувствувам дека со овие проекти успеваме полека но сигурно да обезбедиме подобри услови за живот на граѓаните во сите ...
Соопштение на СДСМ: Министерката Гордана Димитриеска-Кочоска денеска се фали дека со ребалансот на Буџетот обезбедуваат „рекордни“ 46 милијарди денари за капитални инвестиции. Ова е уште една пропагандна изјава која нема допир со реалноста. Фактите се следи: • Ребалансот не е направен затоа што „одговорно управуваат со јавните финансии“, туку затоа што приходите значително заостануваат зад планираното. • Капиталните инвестиции во реалноста ...