Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Во академската 2025/2026 година се запишале 55 036 студенти, што претставува зголемување за 2.8 % во однос на претходната 2024/2025 година. Запишани студентки се 32 957 или 59.9 %, соопшти ДЗС. Најголем број студенти, 77.8 %, се запишале на државните високообразовни установи, додека 22.2 % се запишале на приватните високообразовни установи. Во прва година на студии, во оваа академска година, се запишале 16 212 студенти или 29.5 % од вкупниот ...
На 02.07.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје В.К.(19) од Скопје пријави дека околу 20:30 часот на подрачјето на Бит Пазар додека бил со неговиот брат и другар со цел да се видат со друго лице, дошол А.Б. со уште едно лице и со огнено оружје-пиштол им упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 02.07.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје В.К.(19) од Скопје пријави дека околу 20:30 часот на подрачјето на Бит Пазар додека ...
На 01.07.2026 во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода лице(35), лице(59), лице(65), лице(38), сите од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека на улица „Павел Шатев“ во Велес, по кратка расправија настанала физичка пресметка помеѓу нив, при што бил употребен и дрвен предмет. Предметот бил пронајден и одземен, а тие биле задржани во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес учествуваше на панел-дискусијата „Институционална и правна рамка што поддржува одржливи корпоративни практики“, во рамки на Бизнис форумот „Претворање на одржливоста во конкурентност: Градење отпорни бизниси во неизвесен свет“, организиран од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Стопанската комора и Канцеларијата на постојаниот ...
Ребалансот на Буџетот е директно признание дека економските политики на Владата на Христијан Мицкоски доживеаја целосен неуспех и дека граѓаните ги очекува уште потежок период, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција. „Ребалансот на буџетот од една страна е практично признание за целокупниот дебакл на економските политики на премиерот Мицкоски, а од друга страна, повторно, не носи ништо добро за граѓаните. ...
Во рамки на Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница во Приштина, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари билатерална средба со министерката за економија на Косово Артане Ризваноли, на која беше потврдена заедничката определба за продлабочување на енергетската соработка меѓу двете земји. Во фокусот на разговорите беа регионалното енергетско поврзување, сигурноста во снабдувањето, ...
Унапредување на граничното управување на граничните премини со Албанија преку поефикасни контроли и олеснување на трговијата, ќе овозможи забрзување на регионалната интеграција во ЕУ и оттука во фокусот на Царинските управи ќе биде унапредување на царинските процедури што ќе бидат дефинирани со новиот Протокол за спроведување на меѓудржавниот Договор за заеднички гранични премини. Делегации од двете Царински управи предводени од директорот ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, порача дека Владата нема никакво право да зборува за реформски успеси, кога државата е целосно закочена на европскиот пат, а граѓаните ги трпат последиците од антиевропските политики на ВМРО. Филипче посочи дека е жално што Владата се фали со 50 милиони евра, а Црна Гора доби 3,2 милијарди евра, додавајќи дека вистински успех е отворањето на преговарачките поглавја и ...
Следниот неработен ден за граѓаните е втори август, кој се паѓа во понеделник што значи уште еден продолжен викенд. Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2026 година неработни денови се: За сите граѓани на РСМ • 8 септември (вторник), Ден на независноста, • 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден, • 23 октомври (петок), Ден ...
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на невреме со град. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен ветер од ...
Изјава на премиерот Христијан Мицкоски: „Добар ден и од мене, Јас немам што да додадам околу спецификацијата на опремата и обемот на опремата којашто е добиена како донација од страна на Европската Унија. Ми останува само да се заблагодарам на амбасадорот за неговата лична посетеност, на Европската Унија што, еве, донира и препознава во македонската Армија квалитет, посветеност, како Армија којашто е составен дел на НАТО Алијансата. Исто ...
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во гостувањето во емисијата „24 Анализа“ рече дека СДСМ нема да дозволи изборен грабеж и нема да поддржи измени на Изборниот законик без јасни законски и безбедносни гаранции. Таа истакна дека предложените измени не смеат да ги загрозат демократските стандарди и интегритетот на изборниот процес. „За еден ваков реформски закон, којшто требаше да биде по европски модел, треба да се разговара и за вакви ...
Соопштение на СДСМ: Мицкоски зборува за крај на врските и влијанијата и за економија базирана на знаење. Прашуваме: Дали тоа значи дека фирмата на генералниот секретар на ВМРО, чиј татко не му е татко, победила со знаење? Дали фирмата „Ленди Груп“, која во две години добила 74 тендери во вредност од 17,6 милиони евра, победила со знаење, а не поради ВМРО? Дали фирмата на советникот од ЗНАМ која победила на тендер во Пошта победила со знаење, ...
Со 81 глас за, 9 против и ниту еден воздржан ,Собранието го донесе новиот Закон за парнична постапка, кој претставува еден од клучните реформски чекори во насока на унапредување на правосудниот систем и негово усогласување со современите европски стандарди. Со новите законски решенија се создаваат услови за побрзи, поефикасни и поквалитетни судски постапки, како и за поголема правна сигурност и подобра заштита на правата на граѓаните и ...
Прес конференција на Валентин Манассиевски: СДС и Левица, предводени од Венко Заев и Апасиев, настапуваат синхронизирано во обидот да го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик. Со поднесување на десетици илјади амандмани тие го кочат законското решение кое со месеци беше усогласувано со учество на сите политички партии. Стравот од уште поголем пораз на Венко Заев и СДС, ги притисна да се противат на електронско гласање на ...
Прес конференција на Антонио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ: Според последните анализи на Европската комисија, уште еднаш се потврдува дека Македонија заедно со Албанија и со Црна Гора во нашиот регион е признаена како фронтранер по однос на постигнатите реформи согласно Реформската агенда. Според правилата на планот за раст на Европската комисија, финансиската поддршка којашто се насочува кон земјите кандидати е условена од степенот на постигнати ...
Обраќање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче: Вие сте оние кои секој ден размислувате дали да останете во својата земја или да заминете. Вие сте оние кои не сакате да градите иднина врз лаги и врз систем во кој правдата важи само за некои. Затоа сме тука. Затоа се бориме. Не сме тука за да чекаме подобри времиња. Туку за да ги создадеме. Не сме тука за да се помириме со тоа дека организирана криминална група управува со државата. Туку за ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва во интервју на Тема на денот во централниот дневник на телевизија Сител нагласи дека нема амбиција да се кандидира за претседател на државата, но дека како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе предводи уште една голема победа над СДС на следните парламентарни избори. „Кога ќе завршам со овој дел од мојот живот како претседател на Владата ќе се вратам на факултет кај студентите, јас никогаш не кажав ...
Врсничкото насилство може да запре само ако сите, и институции и наставници и целата заедницата, се ангажираме со целосна сериозност. Но, посебно важна е улогата на родителите. Недостасува поголема грижа и посветеност од многу семејства кон своите деца. Не од сите, но од многу семејства недостасува токму таа воспитна компонента, што е основа за здраво растење. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на едукативниот ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше и се обрати на свеченото пуштање во употреба на новоуредените простории за разговор со деца во Секторот за внатрешни работи Струмица, активност што се реализира во рамките на проектот „Шведска поддршка на полициските реформи во Република Северна Македонија“. На настанот присуствуваа амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, шефот на ...
– Министерката за финансии Гордана Димитриеска -Кочоска, денеска одржа прес -конференција на која ги соопшти реализираните активности на Министерството за финансии во изминатите две години. Во продолжение интегрален говор од обраќањето на министерката: Поминаа две години од управувањето со јавните финансии. Две години, во тешки економски услови, глобални неизвесности и огромни фискалани предизвици. Но и две години во кои направивме свесен ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на растот на пензиите, изјави: „Ние кога бевме опозиција, јасно дадовме ветување дека ќе направиме сѐ што можеме, да во нашиот мандат обезбедиме на почеток линеарно зголемување од 5.000 денари за сите пензионери. Ние отидовме чекор понапред, обезбедивме 7.000 денари линеарно зголемување. Знаете дека лица блиски до ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Н.Е. Ола Солстром, на која беше потврдена одличната билатерална соработка и заедничката определба за нејзино натамошно продлабочување, со посебен акцент на енергетиката, инфраструктурните проекти и зелената транзиција. Во фокусот на разговорите беа можностите за ...
Прес конференција на Бојковска од ВМРО ДПМНЕ: ВМРО-ДПМНЕ покажа дека реформите доаѓаат со многу труд, работа и одговорност, и носат конкретни резултати. Еден од најважните приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е Реформската агенда. Нејзиното спроведување е доказ дека Македонија конечно има јасен план, институционална дисциплина и политичка волја да испорачува резултати. Особено значаен дел од Реформската агенда е дигиталната ...
Соопштение на СДСМ: СДСМ Аеродром најостро го осудува бруталното врсничко насилство врз малолетно девојче во Аеродром. Сцените на тепање, понижување и снимање на насилството од страна на други малолетници се срам за општеството и доказ дека институциите сериозно потфрлаат во заштитата на децата. Го повикуваме Министерството за внатрешни работи итно да го расчисти случајот и да ја утврди одговорноста на сите учесници и итно да истражи дали се ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: СДС и Левица по месеци разговори усогласувања и прифатени забелешки, денес го блокираат донесувањето на Изборниот законик и ги кочат реформските процеси. СДС и Левица учествуваа во креирањето на текстот, но денес поднесуваат десетици илјади амандмани со единствена цел да го блокираат донесувањето на Изборниот законик и да ги закочат реформските процеси. Изборниот законик е усогласен со препораките на ОБСЕ и ОДИХР и ...
На 02.07.2026 година во 00:20 часот во Полициското одделение Групчин, Р.С. од с. Сараќино пријавила дека претходниот ден околу 22:30 часот, додека нејзиниот 11-годишем малолетен син се шетал низ с. Сараќино, пред куќа., бил нападнат и каснат во пределот на десната потколеница од нејзиното куче кој не бил врзан и обезбеден. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот. На 02.07.2026 година во 00:20 часот во Полициското ...
На 01.07..2026 година во 16:20 часот, на автопатскиот патен потег Охрид-Подмолје, кај клучката „Св. Еразмо“, патнички автомобил „Опел“ со струшки регистарски ознаки, управуван од С.М.(70) од струшкото село Подгорци, излетал надвор од коловозот и удрил во метален електричен столб. Тој, како и две малолетни лица на 14 и 16 годишна возраст од селото Подгорци, се префрлени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде им биле констатирани тешки ...
На 01.07.2026 година во СВР Тетово, Е.Д. (48) од с. Равен, Гостивар, пријавил дека на ул. „Јане Сандански“ во Тетово забележал оштетување во вид на дупка на предната хауба на неговото паркирано возило „Рено Каптур“. Од страна на увидна екипа на СВР Тетово извршен е увид на местото на настанот, при што под моторот, односно на заштитната маска, бил пронајден и подигнат еден проектил од непознат калибар. Се преземаат мерки за расчистување на ...
Прес конференција на Валентин Манасиевски: Иако со месеци се работеше на консензус на сите политички партии за носење на нов Изборен законик, коалицијата на Венко Заев и Апасиев излезе повторно на виделина и со над 10 илјади амандмани здружено го блокираат реформскиот закон, односно Изборниот законик. Венко Заев и СДС свесни дека поддршката ја губат се повеќе и повеќе, директно се спротивставуваат за тоа македонската дијаспора да гласа по ...