Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Соопштение на СДСМ: По насилното укинување на техничката Влада, Христијан Мицкоски сака со сила да воведува автократски модели. Сега сака изборен закон со кој никој нема да контролира околу 200.000 гласови. Сака гласовите на дијаспората што ќе пристигнуваат преку интернет да немаат никаква контрола. Додека нашите граѓани кои гласаат во татковината минуваат сериозна контрола пред гласање – дури и отпечаток од прст, проверка на документи, ...
Претпладне променливо облачно со можна појава на утринска магла по одредени котлинии, попладне нестабилно со повремен локален дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град. Утринските температури ќе се движат од 11 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат од 23 до 35 степени. Најсвежо ќе биде во источните и повисоките ...
Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишна жителка на Кочани осомничена за кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничената како лице кое врши работи од јавен интерес, односно доцент на Универзитетот „Гоце Делчев’’ во Штип, директно за себе побарала корист – парични средства за да изврши дејствие што не би смеела да го изврши. ...
Природниот прираст е негативен и во градските и во селските подрачја. Во 2025 година, во градските подрачја се живородени 9 535 деца, што е 60.2 % од вкупниот број на живородените деца, додека 6 315 деца или 39.8 % се живородени во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот Регион со 41.6 %, а најмало Источниот Регион со 6.1 %. Во градските подрачја умреле 12 902 лица или 63.6 %, а 7 385 лица или 36.4 ...
На 30.06.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 13:00 часот во близина на село Мрежичко, кавадаречко, при истовар на земја од товарно возило „ман“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.К.(56) од Кавадарци, возилото се превртело и паднало во провалија. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал И.К., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци. Од страна на алпинистички тим од Специјалната ...
На 30.06.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 18:30 часот на ул. „Сараевска“ во Велес, трактор „имт“ со приколка, со велешки регистарски ознаки, управуван од С.И.(50) од село Бузалково, велешко, излетал од улицата и удрил во ѕид од куќа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес. На 30.06.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 18:30 ...
На 01.07.2026 околу 03:45 часот во СВР Скопје, 20-годишна девојка. од Скопје пријави дека во Градскиот парк во Скопје, откако ѝ бил одземен мобилниот телефон од лице(37) и лице(34), таа ги повикала нејзините пријатели лице(27) и лице(23). Тогаш И.А. го скршил телефонот, по што настанала физичка пресметка помеѓу двете лица од една страна и другите две од друга страна, сите од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На ...
Силно невреме со пороен дожд, ветер и град попладнево зафати повеќе делови од Скопје. За кратко време, дел од улиците се наполнија со вода, а граѓаните на социјалните мрежи објавуваа снимки од интензивните врнежи. Според првичните информации, засега нема пријави за посериозни штети. Невремето дојде по најавите за локална нестабилност со дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Силно невреме со пороен дожд, ветер и град ...
СВР Скопје поднесе кривична пријава против лице (31) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 28.04.2026 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин. СВР Скопје поднесе кривична пријава против лице (31) од Скопје, поради постоење основи на ...
СВР Скопје поднесе кривична пријава против маж (68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 21.03.2026 во атар на с.Батинци, скопско, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило управувано од пријавениот, при што биле пронајдени и одземени револвер и муниција. СВР Скопје поднесе кривична пријава ...
На 30.06.2026 во 17:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на кружен тек од бул. „8 Септември“ и ул. „Скупи“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.П.(46) од Скопје и велосипед управуван од Б.Ј.(33) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“- Скопје. ...
Соопштение на Град Скопје: По години чекање и застој, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ конечно влегува во завршна фаза пред неговото целосно ставање во функција. Проектот, кој долго време беше симбол на недовршени инфраструктурни зафати, наскоро ќе стане важна сообраќајна врска што ќе придонесе за побрз и поефикасен сообраќај во главниот град. Со решавањето на еден од најголемите предизвици – процесот на експропријација – се создадоа ...
Работиме на изградба на огромен проект во село Просениково, проект за атмосферска канализација која треба да го реши проблемот за околу 1700 жители во Просениково. Дополнително се работи и на други комунални проекти во Босилово и Василево, финансирани од буџетот на Министерството за транспорт, истанка денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, при работната посета на Струмица. Тој заедно со ...
Изборниот законик вака како што е предложен не е ниту европски, ниту демократски, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на денешната прес-конферениција. Филипче посочи дека сегашното предложено законско решение, особено во делот на гласањето на дијаспората по електронски пат, отвора сериозни сомнежи за регуларноста и легитимноста на изборниот процес. „Денеска, премиерот го слушнавме сите, рече би прифатил измени во поднесениот ...
Соопштение на СДСМ: Сотир Лукровски од вчера соопшти дека повторно е градоначалник на Општина Карпош. По речиси два месеци отсуство, се врати на функцијата. Според сите информации што излегоа во јавноста, Лукровски сакаше да поднесе оставка. Сакаше да си замине. Но, организираната криминална група ВМРО и нејзиниот шеф Христијан Мицкоски не му дозволија. Партијата вложи огромни напори и пари за да го освои Карпош, па сега не може да си ...
Јавната администрација не се менува со најави, туку со конкретни решенија, системски промени и работа на терен. По две години работа, Министерот за јавна администрација Горан Минчев ги презентираше резултатите од реформскиот процес насочен кон создавање професионална, ефикасна и модерна администрација, која ќе биде поблиска до граѓаните и подобро подготвена да одговори на нивните потреби. „Не ветувавме реформи, туку работевме на нивно ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот Горан Ангеловски, денеска на граничниот премин Табановце, со министерот за внатрешни работи на Република Србија Ивица Дачиќ и вршителот на должност директор на Агенцијата за безбедност во сообраќајот на Република Србија Бранко Стаматовиќ, официјално ја означија првата заедничка превентивна акција „Вози одморен“. ...
По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Примање поткуп. Според обвинението, обвинетиот, како службено лице – директор на Државниот инспекторат за земјоделство, во март годинава директно побарал и прибавил значителна имотна корист за себе за да изврши службено ...
Работењето на Лидл во Македонија ќе значи мапирање на државата, подобрување на бизнис климата, но и нови искуства во малопродажбата. Најголем бенефит од инвестицијата на Лидл ќе имаат домашните земјоделци, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на поставувањето на камен темелник на новиот маркет на Лидл во Струмица. “Навистина ми е драго што денеска сме тука и означуваме почеток на еден огромен објект за ...
На 30.06.2026 во 16:10 часот во Полициската станица Гостивар, Н.Д. (28) од Гостивар, пријави дека околу 14:05 часот на улица „Беличица“ во Гостивар, додека како вработен во продавница за бела техника доставувал производ, бил физички нападнат од лицето на кое требало да му го достави производот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 30.06.2026 во 16:10 часот во Полициската станица Гостивар, Н.Д. (28) од Гостивар, пријави дека ...
Соопштение на Левица: Политичката партија Левица изразува сериозна загриженост поради жалбите на пациенти со трансплантиран бубрег и пациенти на дијализа дека во здравствениот систем постои недостиг од еритропоетинска терапија (EPO), вклучително и препаратите Recormon и други еквивалентни лекови, кои претставуваат незаменлив дел од третманот за контрола на анемијата кај пациентите со хронични бубрежни заболувања. Лекот веќе извесен период не ...
Соопштение на СДСМ: Под власта на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО, македонската економија доживува тотален колапс, додека премиерот продолжува да лаже дека сме “трета економа во Европа“. Фактите се непобитни: * Странските директни инвестиции во 2025 година паднаа за 61% – од 1,2 милијарди евра во 2024 на само 468 милиони евра во 2025 година. Ова е еден од најлошите резултати во регионот. * Индустриското производство ...
Соопштение на СДСМ: Христијан Мицкоски денес во Кисела Вода ќе врши увид во проекти кои, според него, се финансирани од унгарскиот кредит. Класичен потег: кога парите од Орбановиот заем, т.н. унгарски кредит и кинеските средства исчезнаа во магла, а јавноста почна да прашува каде завршија една милијарда евра, тогаш одеднаш се појавуваат „проекти“ кои наводно се финансирани со тие пари. Ова е постхумна легитимација на сомнителна зделка. ...
Соопштение на ВМРО ДПМНE: Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема намера да се кандидира за претседател на државата во 2029 година и дека по завршувањето на мандатот планира да се врати на факултет. Значи, откако ќе ја ограби Македонија, ќе ја изолира од европскиот пат, ќе го постави своето судство и обвинителство, и ќе ја доведе државата до економски и институционален колапс, сака мирно да си замине и да се врати во академска кариера? ...
Изјава на премиерот Христијан Мицкоски од Кисела Вода: „Би сакал да истакнам дека можеби ова речно корито и овој канал навидум делуваат скромно, но во суштина се од огромно значење за жителите од овој дел на Градот Скопје и Кисела Вода, бидејќи на овој начин се прифаќаат сите оние води коишто во услови кога можат да надојдат тие прават многу големи проблеми на домовите на жителите на ова населено место и тоа се случувало во минатото. Затоа ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Со реконструкцијата на Владата се слуша гласот на граѓаните и се потврдува определбата за одговорно, ефикасно и отчетно управување со државата. Оваа реконструкција е резултат на внимателна анализа на досегашните резултати, но и на јасно искажаните очекувања на граѓаните за побрзи реформи, поголема ефикасност и повисоки стандарди во работењето на институциите. Сашо Клековски ќе биде нов министер за здравство, додека ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: СДС и Левица уште еднаш покажаа дека кога треба да избираат меѓу државниот и партискиот интерес, секогаш го избираат партискиот. Паниката и стравот од пораз ги обедини СДС и Левица против Изборниот законик. Со месеци учествуваа во изработката на Изборниот законик, даваа предлози, а ВМРО-ДПМНЕ ги прифати речиси сите нивни забелешки. Единственото барање на кое инсистиравме беше македонската дијаспора да добие можност ...
На 30.06.2026 во 09:50 часот во СВР Тетово, 65-годишна жена од Тетово пријави дека од непознато лице и била злоупотребена платежната картичка, односно во периодот од 31.05.2026 до 26.06.2026 година, биле извршени пет неовластени трансакции, при што и е нанесена материјална штета од 9.263 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 30.06.2026 во 09:50 часот во СВР Тетово, 65-годишна жена од Тетово пријави дека од непознато ...
– Штотуку заврши седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, каде зборувавме за новите кадровски решенија, кадровски решенија нови во партијата, но и кадровски решенија нови во Владата, изјави премиерот Христијан Мицкоски по вечерашниот извршен комитет на ВМРО ДПМНЕ. – Пред да прејдам на решенијата, сакам да соопштам дека оваа реконструкција на Владата означува почеток на нова фаза по изминати две години, од работата на оваа Влада, исполнети со сериозни ...
Христијан Мицкоски се претвори во обвинител и судија. Денеска, по кој знае кој пат, повторно преку медиумите испраќа закани до политичките противници. Вакво нешто го нема ниту во Северна Кореја. Од собраниска говорница, преку медиуми и јавни настапи, тој најавува апсења на „поранешни функционери“ и им наредува на институциите што треба да се случува. Ова не е владеење на правото. Ова е политички прогон. Мицкоски нема ниту еден позитивен ...