Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на УЕФА, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ја повлече својата поддршка за кандидатурата на Џани Инфантино за реизбор за претседател на ФИФА за периодот 2027–2031 година. За одлуката, ФФМ испрати и официјално писмено известување. „Одлуката е донесена по внимателно разгледување на неодамнешните случувања и начинот на кој се води ФИФА, ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер води трка со времето за да биде подготвен за последниот гренд слем турнир во сезоната, САД Опен. Најдобриот светски тенисер се врати во Торино, каде што ја продолжи рехабилитацијата по проблемите со десното колено. Последниот меч го одигра на Вимблдон, каде што ја одбрани титулата, а потоа, поради повредата, го пропушти турнирот во Синсинати. Тој реши да не ризикува и целосно да му се посвети на ...
Еден од најдобрите српски кошаркари, Никола Калиниќ (34), стави крај на професионалната кариера. Србинот првпат проговори по изненадувачката одлука и објасни дека, по 17 години, дојде моментот да каже „доста“. Калиниќ истакна дека имал неверојатна среќа да го оствари речиси сè што посакувал – да патува низ светот, да стекне пријателства, да освојува титули и да ужива во натпреварувањето. Во емотивната порака тој им се заблагодари на ...
Стихозбирката „Ако не се отвори фиоката, мачката ќе биде жива“ од Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на наградата „Антево перо“ за 2026 година, соопшти жири-комисијата на меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“. Одлуката била донесена едногласно од жири-комисијата во состав проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, како претседател, и членовите д-р Атина Цветаноска и Виолета Танчева-Златева, по ...
Прекрасен концерт за кларинет и пијано се одржа вчеравечер во рамки на Унгарската вечер на фестивалот „Охридско лето“ што се организира со поддршка од Амбасадата на Унгарија во Скопје. Во црквата „Света Софија“ настапија младите унгарски уметници со плодни меѓународни кариери, кларинетистката Ноеми Салаи и пијанистката Александра Балог. Александра Балог се вбројува помеѓу највозбудливите пијанисти на нејзината генерација. Таа е добитничка на ...
Драмскиот театар – Скопје со претставата „Животот на провинциските плејбоји по Втората светска војна или туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во режија на Иван Пеновиќ, по текст на Душан Јовановиќ, вечерва и утревечер ќе учествува на 40. „Град театар“ во Будва, најголемиот сценско-музички фестивал во Црна Гора што се одржува од 30 јуни до 23 август. Претставите ќе бидат изведени во Стариот град на летната сцена „Помеѓу црквите“ со почеток ...
Почина од дијабетес во комбинација со тежок запек. Елвис Присли големата светска музичка ѕвезда имаше само 42 години кога почина, во далечната 1977 година. Светот занеме, остана во шок. Но имаше богато исполнет живот како ретко кој. Беше еден од музички феномени на 20 век, човек чиј глас, движења на сцената и харизма предизвикуваа воодушевување кај милиони обожаватели, особено кај жените и девојките. Но, како што бива со така мегапопуларните, ...
Вечерва (19 август), во 20.00 часот, во Галеријата при МКЦ ќе се отвори изложбата „Technoneolith“ на Слободан Живковски. -Серијата на расклопени картонски амбалажи, пресликани со акрил, претставува не само естетско истражување, туку е и моќна онтолошка и философска изјава. Самиот чин на користење расклопена амбалажа—објект чија единствена цел е да заштити и да биде фрлен—како уметничка подлога, ја предизвикува традиционалната хиерархија на ...
Вечерва (19 август), со почеток во 21:00 часот, на Малата сцена во Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес ќе се одржи концертен перформанс на „Пијан Славеј“ триото насловен „Нудист“. На сцената ќе настапат Бранислав Николов – глас, гитара; Пеце Брада Трајковски – електрична гитара, синтисајзер и Славчо Јовев – тапани. „Пијан Славеј“ е авторски музичко-поетски формат на Николов, заедно со Трајковски и Јовев (тројцата членови на ...
Цените на храната во светот би можеле значително да се зголемат оваа година. Според „Еуроњуз“, најголемо зголемување се очекува кај пченицата, што би можело да доведе и до повисоки цени на лебот и тестенините. Британската фирма за економски анализи „Оксфорд економикс“ проценува дека глобалните цени на храната ќе се зголемат за 11,8 проценти во 2026 година и за уште 4,8 проценти во 2027 година. Се очекува најмногу да се зголемат цените на ...
Пратениците во македонското Собрание наскоро ќе добијат уреден паркинг непосредно до собраниската зграда, а со што се очекува да се реши долгогодишниот проблем со паркирањето на нивните и на службените возила. Паркингот, чиоја градба е во тек, се гради на просторот на кој што порано беше планирано да се гради катна гаража но која одлука потоа беше сменета за да се направи површински паркинг во сопственост на Собранието. Претседателот на ...
Климатските промени предизвикани од човекот доведоа до масовно ширење на морските топлотни бранови во европските мориња ова лето, со температури на водата во некои области до шест степени Целзиусови над нормалата, покажа нова анализа од меѓународна група научници. Анализата на World Weather Attribution (WWA), објавена од Гардијан, покажа дека најтоплите двонеделни периоди регистрирани оваа година во три од четирите анализирани морски региони ...
Продолжената суша што ја погоди Западна Европа ги доведе нивоата на водата во многу италијански реки на екстремно ниски нивоа. Во Рим, повлекувањето на Тибер откри остатоци од антички мост од времето на царот Нерон, изграден пред речиси две илјади години. Остатоци од таканаречениот Неронов мост, Понс Неронианус, се појавија од водата во близина на Кастел Сант’Анџело, недалеку од сегашниот мост Виторио Емануеле II. Мостот е изграден за време ...
Едно лице загина, а осум се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи ноќеска околу полноќ, во Младеновац, при судир на Ауди А4 и автобус. Возачот на автомобилот, М. Ј. (42), загина, додека возачот на автобусот, С. Ѓ. (41), и седум млади патници, од кои повеќето биле малолетници, се повредени. Според првичните информации од истрагата, М. Ј. возел Ауди А4 од Белград кон Младеновац кога, од сè уште непознати причини, преминал во ...
Регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор изминатото деноноќие, а од нив, три се сѐ уште активни, еден е под контрола, останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи. Од активните пожари, мешана шума гори во општина Студеничани, во регионот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер. Ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки горат во општина Македонски Брод, место викано „Видуш“, кај село Драгов Дол и кај ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Т.Д.(55) и З.Д.(54) од Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Пријавените, во континуитет, од 2019 до 2026 година, со закани присилиле 66-годишен жител на Гостивар и неговиот 41-годишен син да им предадат изработено злато со вкупна тежина од 43 килограми и 800 грама, при што незаконски, противправно и своеволно им ...
Ова е најновиот во низата договори што администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги постигна со африканските влади за депортирање на луѓе кои не можат законски да бидат вратени во нивните матични земји, а првите 20 депортирани лица се очекува да пристигнат во четврток, објави Ројтерс. Во повеќето случаи, на овие луѓе им е дадена правна заштита од враќање во нивните матични земји откако американските имиграциски власти ...
Еден брод беше погоден од ракета во Ормускиот теснец, при што му беше оштетена машинската просторија и загина еден член на екипажот. Цената на суровата нафта Брент се искачи на повеќе од 91 долар, бидејќи повторно се појавуваат стравувања од глобални прекини во снабдувањето со нафта. Во исто време, Иран и Оман работат на договор за безбедна рута за бродовите што ќе минуваат низ Ормускиот теснец. Техеран вели дека се договорени и географските ...
Исак Њутн, човекот кој ги формулирал законите за движење и универзална гравитација, пресметал на хартија во седумнаесеттиот век кога ќе заврши светот каков што го знаеме. Тој ја добил годината 2060. Стивен Снобелен, директор на Канадскиот проект Њутн, вели дека тоа е едноставна аритметика. За да го разберете ова, треба да знаете како Њутн ја гледал Библијата. „Њутн верувал и во Бог и дека Библијата е Божјо откровение“, напишал Снобелен. Тој ...
Православните верници денеска го слават Преображението Господово, еден од дванаесетте големи христијански празници. Овој ден паѓа во текот на Великиот пост, а во црковната и народната традиција е поврзан со осветувањето на грозјето, молитвата, постот и симболична промена што го најавува крајот на летото. Преображението се слави во спомен на настанот на планината Тавор, кога Исус Христос ја покажал својата божествена слава на тројца свои ...
Неодамна разрешениот украински министер за одбрана Михајло Федоров повика на одржување избори дури и за време на војна, тврдејќи дека Украина се соочува со „системска криза на управување“. Неговата изјава претставува еден од најсериозните домашни политички предизвици за претседателот Володимир Зеленски од почетокот на руската инвазија во 2022 година. Федоров го изнесе барањето во видео порака објавена на YouTube во вторникот вечерта. Според ...
Американскиот функционер Родни Мимс Кук помладиот ја посетил Русија ова лето на дискретна дипломатска мисија, каде што разговарал со претставниците на Кремљ за можностите за надминување на застојот во односите меѓу Вашингтон и Москва. Според „Фајненшл тајмс“, Кук, кој раководи со Комисијата за ликовни уметности и ја надгледува изградбата на балската сала во Белата куќа, добил дипломатски пасош и детални брифинзи пред неговото патување во ...
Компанијата Мета се соочува со една од најважните тужби во својата историја, која би можела фундаментално да го промени начинот на кој младите луѓе ги користат Инстаграм и Фејсбук. По неколку судски порази поради обвинувањата дека нејзините платформи се штетни за децата и тинејџерите, компанијата сега се соочува со судење пред порота кое започнува во вторник, а кое би можело да има далекусежни последици за нејзиното работење. Спорот е ...
Заканата што климатските промени ја претставуваат за здравјето на постарите луѓе е значително потценета, покажува ново американско истражување објавено во списанието The Lancet Planetary Health. Студијата е објавена во период на исклучително топло лето, одбележано со рекордни температури и сè почести топлотни бранови. Истражувачкиот тим, предводен од научници од Универзитетот Стенфорд, анализирал колку често глобалното затоплување ...
Британската влада започна консултации за можно олеснување на обврските на производителите на автомобили за продажба на електрични возила, па сегашната цел од 80% нови автомобили до 2030 година треба да биде со нулта емисија, а може да се намали на само 50%, по притисокот од автомобилската индустрија. Според сегашниот мандат на ZEV, уделот на нови автомобили со нулта емисија што производителите мора да ги продаваат се зголемува од 22% во 2024 ...
Два хороскопски знаци поминаа низ исцрпувачки период на пречки во последните две години, но астролозите најавуваат дека тоа е завршено. Според астролошките толкувања, од 2024 година, Девицата и Рибите се на оската на лунарните јазли, што означи период на големи промени и преиспитување за нив. Сега доаѓа важна пресвртница – лунарните јазли ги менуваат знаците, па овие два хороскопски знака го напуштаат центарот на овие моќни астролошки ...
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денес изјави дека Русија има право да го смета учеството на британските ракетни сили во нападите на нејзина територија како директно учество во конфликтот во Украина, со сите последици што произлегуваат од тоа. „Жал ми е за Велика Британија ако таа стои покрај Украина до самиот крај“, рече Лавров, пренесе ТАСС. Според него, рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Русија има ...
Од четврток (20 август) па сѐ до крајот на неделава, територијата на Македонија ќе биде под влијание на нов изразен топол бран од југ, односно од Африка, а времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, освен во сабота на 22 август кога во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на краткотрајно невреме проследено со појава на град и на ...
Преображение Господово е еден од големите православни празници кој се слави на 19 август. Овој ден во црковниот календар има длабоко духовно значење, но низ вековите стекнал и бројни народни верувања. Според традицијата, Преображение е моментот кога природата се „преобразува“, летото полека почнува да ѝ отстапува место на есента, а луѓето го дочекуваат овој ден со посебни обичаи и молитви. Преображение го најавува менувањето на годишните ...
Една од најпознатите модели на денешницата повторно покажа зошто нејзините летни објави привлекуваат огромно внимание. Емили Ратајковски сподели серија фотографии од нејзиниот одмор, а сцените од Грција брзо станаа тема на разговор меѓу нејзините следбеници. Ова лето, таа остана верна на својот препознатлив стил. Наместо класични костими за капење, таа избра екстремно минималистички модели со тенки прерамки што се обвиткуваат околу телото. ...