Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Европа не може да си дозволи да ја пропушти револуцијата на вештачката интелигенција откако во голема мера ги пропушти комерцијалните придобивки од првата дигитална револуција, изјави претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард. Зборувајќи на Меѓународниот бизнис совет на Светскиот економски форум во Женева, Лагард рече дека повоениот модел на раст на Европа, базиран на проширување на глобалната трговија, силно ...
Украинските антикорупциски агенции почнаа истрага за неколку пратеници и претседателски советници, зголемувајќи го притисокот врз претседателот Володимир Зеленски. Истовремено, разрешениот украински министер за одбрана, Михаил Федоров, повика на воени претседателски избори, што се смета за најголем предизвик за украинскиот претседател од целосната инвазија на Русија пред четири и пол години Антикорупциските агенции НАБУ и САПО не дадоа ...
Имаше ли настапот на црковниот хор „Козна Пречистански“ и на игроорците од Кичево на прославата на празникот Успение на Пресвета Богородица на Имврос, Турција, во организација на Вселенската патријаршија, и други димензии, освен збогатување на празничните содржини? Настапот на македонските пејачи што пееле македонски песни, на игроорците облечени во македонски народни носии, кои играле македонски ора пред вселенскиот патријарх, Вартоломеј, и ...
Пожарот кај селото Чаниште, Прилепско, и понатаму создава тешкотии, но според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, селото е безбедно. Тој истакна дека нема активен крак кон селото Крушевица. – Има еден активен крак кон селото Орле – Битолско, со кој се борат битолските пожарникари. Таму е ангажиран булдожер кој прави противпожарна пресека. Од страната на селата Чаниште и Крушевица работат прилепските ...
Имаше посебна причина за славење! Популарната македонска поп-пејачка Биба Додева (и, претседателка на здружението „Борка“), која, пред сè, ја знаеме по многу хитови, и која живее на релацијата Охрид – Загреб – Скопје – Охрид и обратно, завчера имаше посебна причина за славење и добро расположение. Биба, која во меѓувреме стана и баба, го прослави роденденот на ќерка си, Емануела, со песна, вино и торта. – Најмило на мама, порача Биба, а потоа ...
Апликацијата е наменета за секој човек што сака да вози велосипед, без разлика на тоа колку често го користи. Според креаторот Бојан Манески, апликацијата има главно три цели: велосипедистите да си помогнат едни на други; да се мотивираат сите оние што имаат велосипед, но не се осмелуваат да го користат доволно често, да почнат да го користат како превозно средство за своите секојдневни потреби – за одење на работа, училиште, до продавница ...
Од први септември ќе може да се користат трите нови училници што се доградуваат во основното училиште „Александар Македонски“ во Реонски центар. Тие треба да овозможат едносменска настава за сите. Инвестицијата е поддржана од Министерството за образование и наука, во вредност од 2,2 милиони денари. Увид во градежните работи денеска извршија министерката за образование и наука, Весна Јаневска, и градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан ...
Во Скопје се воведува нова автобуска линија. Станува збор за линијата со број „37“, која повторно се враќа на улиците во градот. Претседателот на Советот на Град Скопје, Даме Димитровски, информираше на „Фејсбук“ дека е направен ваквиот чекор во координација со скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски. – Ја враќаме линијата со број „37“ на улиците, но овој пат по сосема нова траса, која првпат го става во функција булеварот „Словенечка“ и ги ...
Општина Центар ја пушти во употреба својата официјална мобилна апликација, преку која граѓаните на едно место ќе имаат пристап до најважните информации, услуги и дигитални алатки на Општината. Апликацијата во моментов е достапна за преземање на „Ап стор“ за корисниците на iOS, а во следните неколку дена ќе биде достапна и за андроид-корисниците, преку „Гугл плеј“. Од локалната самоуправа велат дека новата апликација е уште еден чекор во ...
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, заедно со директорката на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства при ЈУ Детски дом „11 Октомври“, Павлина Трајановска, денеска, на Светскиот ден на хуманоста, посетија дел од дечињата без родителска грижа кои се сместени во згрижувачки семејства на територијата на општината. За време на посетата, на дечињата им беа поделени ваучери за набавка на училиштен прибор и ...
Од вчера започна бесплатниот наставно-научен едукативен камп во Охрид, наменет за ученици од средните училишта во Скопје. Од Град Скопје информираа дека првата смена, составена од 115 ученици, вчера утрината заминала за Охрид. -Во текот на престојот ќе имаат можност да стекнат нови знаења и вештини, да истражуваат, да развиваат нови интереси и да создаваат нови пријателства – наведуваат од Град Скопје. Оттаму додаваат дека целта на кампот е ...
Општина Илинден целосно ги реконструираше спортските терени во рамки на мултинаменското спортско игралиште во населеното место Марино, со што жителите добија современ, функционален и безбеден простор за спорт, рекреација и дружење. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски истакна дека во рамки на проектот се реконструирани фудбалскиот и кошаркарскиот терен, а реализирани се и низа дополнителни активности за уредување и ...
– Поетските ноќи во Велестово се просветление што му одолева на ова, за поезијата, скудно време и ја враќа вербата во потрагата по дообјаснување на светот и на животот, а среде тој ѕвезден раскош се негува „романтичниот“ шарм, за (најискрено и најнаивно) да се сфати (и прифати) поезијата. И поетот – истакнува за весникот ВЕЧЕР Славе Ѓорѓо Димоски, основачот и долгогодишен организатор на манифестацијата „Поетската ноќ во Велестово“ – ...
Нов бран поскапување на храната се очекува во следните месеци, а најголем притисок може да има врз производите што секојдневно ги купуваме, како лебот, тестенините, овошјето, зеленчукот и млечните производи. Според најновата анализа на „Оксфорд економикс“, глобалните цени на храната се очекува годинава да пораснат за 11,8 отсто, а растот да продолжи и во 2027 година, со дополнителни 4,8 отсто. Причините се повеќе. Екстремните горештини и ...
Бројот на случаи на банкрот во Европската Унија во вториот квартал од 2026 година се зголемил за 5,7 отсто во споредба со првите три месеци од годината, додека бројот на новорегистрирани компании се намалил за 0,5 отсто, покажуваат најновите податоци на „Евростат“. Пад на регистрацијата на нови компании е забележан во пет од осумте анализирани сектори. Најголемо намалување има во индустријата, од 3,6 отсто, по што следуваат сместувањето и ...
Францускиот претседател, Емануел Макрон, го прогласи законот со кој се воведува правото на асистирано умирање, по години политичка и социјална дебата. Законот беше објавен во средат,а во службениот весник и формално стапи во сила, а неговата практична примена ќе почне дури кога ќе ги донесе Владата потребните прописи, објави „Фигаро“. Тој закон овозможува одредени пациенти, под строго дефинирани услови, сами да си вбризгаат смртоносна ...
Најмалку девет луѓе го загубија животот, а шестмина се повредени во голем пожар што избувна во хотел во градот Патна, во источна Индија. Специјалните противпожарни екипи успеаја да спасат повеќе од триесет луѓе блокирани во објектот. Повредените итно се пренесени во најблиската болница со изгореници и знаци на труење од чад. Пожарот избувнал во утринските часови и брзо го зафатил четирикатниот објект. Хотелот, сместен во густо населен дел од ...
Според извори запознаени со иранските кругови за донесување одлуки, Техеран ја разгледува можноста за напад врз американските воени објекти во Југоисточна Европа, вклучувајќи ја и Бугарија, пишува „Фајненшел тајмс“. Особено загрижува процената на еден од изворите на весникот дека иранскиот напад врз американската база во Јордан минатиот месец, кој бил најточниот напад со долг дострел што Иран го извршил досега, би можел да биде еден вид ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја разреши Ирина Мудра од нејзината позиција заменик-шеф на Канцеларијата на претседателот. Одлуката дојде откако беше објавено дека Националното биро за борба против корупцијата (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САПО) ги претресле просториите што ги користела, објави „Украинска правда“. Разрешувањето беше потврдено со претседателски декрет, во кој се наведува дека ...
Македонија е мала земја, ама местоположбата ни е злато вредна. Со тоа што сме во срцето на Балканот, на крстопатот на Коридорите 8 и 10, а токму таа позиција, според пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ангелинка Петкова, треба да ја искористиме за да станеме важна енергетска и инфраструктурна крстосница во регионот. Петкова вели дека инвестициите во енергетската инфраструктура не се само големи проекти на хартија, туку услов за поголема сигурност, ...
На земјоделците годинава не им цветаат рози. Трошоците за производство (горивото, машините, храната, ѓубривото и ветеринарните услуги) одат нагоре, а кога ќе дојде време да се продаде родот, цените наместо да фатат нагоре, паѓаат. Токму ова го покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во јули годинава, трошоците за земјоделското производство биле 4,4 % повисоки во споредба со тој месец лани. Од друга страна, цените на ...
Повеќе од 17 илјади македонски возачи може да удрат во ѕид со правилото 90 дена во 180 дена, иако секојдневно во Европа одат по работа. Системот ги брои деновите како за обични патници, па кога ќе го потрошат лимитот, им се затвора вратата и за нова тура, но и за приватно патување. Од „Макам-транс“ велат дека ваквата ситуација веќе им прави сериозни проблеми на превозниците, додека Владата најавува дека со билатерални договори со европските ...
Родителите на 13 ученици од прво до петто одделение во подрачното училиште во село Долни Балван, Општина Карбинци, се против затворањето на училиштето и од 1 септември нивните деца да ја следат наставата во соседното село Таринци. Тие вчера доцна попладнето присуствувале на седницата на Советот на Општина Карбинци на која се усвојувал Планот и програмата за работа на општинското основно училиште „Страшо Пинџур“ во Карбинци, под кое се сите ...
Наместо мир и тишина, во храмот „Свети Наум“ на брегот од Охридското Езеро, според сведоштвото на посетителот, настанала вистинска мешаница: се ваделе мобилните, се правело селфи и се допирале фреските и иконите. – Луѓе, катастрофа! – вели тој, револтиран што никој не реагирал и не ги опоменал туристите. Случката крена прашина и на социјалните мрежи, каде што граѓани велат дека мора да се знае редот кога се влегува во Божји храм Бурни ...
ПРАГА СЕ ЗАЛАГА ЗА ПРИНЦИПОТ НА КОНСЕНЗУС, НО И ЗА ВРЕДНУВАЊЕ НА ОТСТАПКИТЕ ШТО ГИ НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА Чешка е подготвена да помогне во надминувањето на спорот меѓу Скопје и Софија, кој го гледа како европско, а не само билатерално прашање. Од Охрид, чешкиот министер за надворешни работи, Петр Мацинка, порача дека Прага го поддржува членството на Македонија во ЕУ и е подготвена да придонесе за решение прифатливо за двете страни. Притоа, тој ...
Влошувањето на здравствената состојба било причината поради која пациентот Д. Н. од Охрид, кој повеќе години чека на трансплантација на срце, денеска со владиниот авион е транспортиран во Универзитетскиот клинички центар во Берлин, Германија. Владините извори, на денешниот брифинг, информираа дека во случајот бил потребен итен третман. – Пациентот претходно подолго време се лекувал на Клиниката за кардиохирургија и бил квалификуван за ...
Со мјузиклот „Као какао“, вечерва (20 август), свечено ќе биде затворено 66. издание на најголемата културна манифестација во државата, „Охридско лето“. „Као какао“ е современ македонски мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановски, во режија на Дејан Пројковски, по текст на Венко Андоновски. Станува збор за мелодрамска љубовна приказна сместена во седумдесеттите години на минатиот век, каде што љубовта и амбицијата растат паралелно ...
Кошаркарските клубови Соколи и Работнички продолжуваат со амбициозното градење на своите тимови за новата сезона. Соколи, кој ќе конкурира за „вајлд карта“ од КФМ за настап во Суперлигата, во еден ден потврди две засилувања: Јован Александровски и многу позвучното име, поранешниот македонски репрезентативец Александар Костоски. Искусниот плејмејкер носи големо искуство, лидерство и победнички менталитет, а има настапувано и во Франција и во ...
Дваесеттите Медитерански игри во Таранто, Италија, официјално започнуваат на 21 август и ќе траат сè до 3 септември. Претстојниот спортски настан носи рекордна македонска делегација којa брои вкупно 130 членови. На Игрите ќе учествуваат вкупно 3.854 спортисти од 26 земји. Во индивидуалните спортови ќе се натпреваруваат во атлетика, бадминтон, бокс, велосипедизам, коњички спортови, мечување, ритмичка гимнастика, џудо, карате, стрелаштво, ...
По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на УЕФА, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ја повлече својата поддршка за кандидатурата на Џани Инфантино за реизбор за претседател на ФИФА за периодот 2027–2031 година. За одлуката, ФФМ испрати и официјално писмено известување. „Одлуката е донесена по внимателно разгледување на неодамнешните случувања и начинот на кој се води ФИФА, ...