Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Србија се соочува со нов огнен бран, со 29 активни пожари на отворен простор низ земјата. Само во август досега се регистрирани 3.926 пожари, а во гаснењето се вклучени сите расположливи сили, вклучително и меѓународни тимови. Меѓу најактивните жаришта се оние на планината Столови, кај селото Луково во близина на Врање и на Златибор. Началникот на Противпожарно-спасувачката единица на српското МВР, Недељко Гагиќ, изјави дека пожарот на ...
Вооружена банда ноќеска нападна населба во близина на Порт о Пренс, главниот град на Хаити, при што уби најмалку 47 луѓе, а рани 22 други, објави „Ројтерс“. Нападот предизвика гнев кај жителите на населбата Кенскоф поради недостигот од заштита од повторливите смртоносни напади. Обединетите нации соопштија дека бројот на жртви може да се зголеми. Кенскоф се наоѓа на стратешка позиција над патиштата што водат кон главниот град. Населбата од ...
Најмалку 47 лица се убиени во крвав ноќен напад на вооружени банди врз населба во ридовите над главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс. Според градоначалникот Жан Масилон, нападот повторно го стави во фокус алармантното ниво на насилство во земјата, каде што населението со месеци е изложено на напади од вооружени групи. Нападот во населбата Кенскоф започнал околу 22:30 часот по локално време. Според хаитската организација за човекови права ...
Иран испрати остар одговор до Вашингтон по најавата за проширување на американските економски санкции, уверувајќи дека земјата е подготвена да се справи со новиот притисок. Министерот за економија Али Маданизаде порача дека Техеран очекува санкциите да завршат со „уште еден пораз“ за САД, додека Вашингтон со мерките се обидува дополнително да го изолира Иран од глобалната економија. Најавувајќи низа нови мерки, американскиот секретар за ...
Овој потег првично беше најавен претходно оваа година, под услов да биде одобрен од Конгресот, објави Ројтерс. Означувањето наметнува ограничувања за странската помош на САД, извозот на одбрана и одредени финансиски трансакции. Одлуката, исто така, ја отстрани ознаката на Фронтот Нусра, екстремистичка исламска милитантна група која се бореше против режимот на поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад, како „специјално означена глобална ...
Снажно торнадо го погоди југозападниот дел на Франција во понеделникот (24 август), оставајќи зад себе најмалку 41 повредено лице и стотици оштетени домови, соопштија локалните власти, пренесува „Le Monde“. Невремето предизвика масовни прекини во снабдувањето со електрична енергија и сообраќаен колапс низ целиот регион. Француската метеоролошка служба претходно имаше издадено портокалов аларм за поголемиот дел од овој регион. Најтешко ...
Нови детали ја осветлуваат трагичната приказна зад убиството на 45-годишната Лулјета Обзова во атинската населба Неа Смирни. Таа била застрелана од 48-годишниот Алтин Алмуча, кој потоа си го одзел животот, а грчката полиција сега преку снимки од безбедносните камери, сведоштва и анализи на мобилните телефони се обидува да открие што се случувало меѓу двајцата пред крвавиот чин. Снимките од камерите покажуваат дека Алмуча ја чекал жената пред ...
На владина седница ќе се носи одлука за „училишна кошничка“. Со мерката треба да се спречи поскапување на школскиот прибор, пред стартот на учебната година. Министерството за економија и трговците се договорија за намалување на цените до 15 проценти. На списокот повторно најпотребните работи, од ранци и тетратки, до пенкала, моливи, боички и фломастери. За разлика од претходните две, годинава ќе се применува различен модел. Секоја ...
Модуларните болници за време на ковид кризата во земјава биле поставени спротивно на низа предупредувања и без исполнување на сите законски и технички услови. Поконкретно за модуларната болница во Тетово, каде во пожарот трагично загинаа 14 лица, тогашниот економски директор на болницата, Артан Етеми, до последен момент одбивал да ја прими и пушти во употреба болницата. Подоцна тој беше осуден на една и пол година затвор, обвини ВМРО-ДПМНЕ. ...
Модуларните болници повторно се најдоа во фокусот на политичките обвинувања, откако ВМРО-ДПМНЕ тврди дека за време на ковид-кризата биле поставувани и покрај институционалните предупредувања. Од партијата велат дека во дел од случаите не биле исполнети ниту сите законски и тех Од партијата особено го посочуваат случајот со модуларната болница во Тетово, каде што во пожарот во 2021 година загинаа 14 лица. Според ВМРО-ДПМНЕ, тогашниот ...
„Тероризмот станува последно средство на Киев во обид да ја промени ситуацијата што се развива на негова штета“, рече Небензја. Небензја вели дека Украина, со најактивно учество на Западот, е претворена во „концентрационен логор на Зеленски“. „Со најактивно учество на земјите од колективниот Запад, кои тврдат дека се цивилизирани и демократски, Украина е претворена во „концентрационен логор на Зеленски“, во кој е воведена целосна забрана за ...
Засилените полициски и инспекциски контроли на Охридското Езеро открија вистински хаос во водниот сообраќај среде екот на туристичката сезона. Во само една акција на граничната полиција и Капетанијата беа констатирани дури 52 прекршоци, при што деветмина возачи биле фатени како управуваат глисери и чамци под дејство на алкохол. Најчестите дивеења на вода вклучуваат возење со истечени дозволи, неносење појаси, претовар на објектите, ноќно ...
43-годишен државјанин на Северна Македонија, З. А., е уапсен во Србија под сомнение дека се обидел да поткупи сообраќаен полицаец. Случајот се случил откако на Македонецот му била побарана казна за сторен сообраќаен прекршок, по што, според сомнежите на полицијата, тој понудил поткуп за да ја избегне санкцијата. Како осомничен, во понеделник тој им понудил на полицајците од Управата за сообраќајна полиција подарок во форма на пари, за да не ...
Фудбалерите на Барселона ја отворија сезоната со победа, го декласираа Елче на гости (5:0), но Ламин Јамал не учествуваше во ниту еден од головите на Каталонците. Во натпреварот од второто коло на Примера, кој беше и прв натпревар на Барса во сезоната, бидејќи натпреварот од првото коло против Атлетик Билбао беше одложен, Барселона постигна дури пет гола и конечно го победи Елче на гостински терен. Рафиња и Фермин играа танцувајќи, Карим ...
Археолошките ископувања во Рансхофен, Австрија, завршија, а новите лабораториски анализи од Виена откриваат сè повеќе детали за мистериозната масовна гробница која случајно беше откриена напролет. Од локалитетот се ископани останки на 120 млади мажи, на возраст од 15 до 25 години. Антрополошките анализи покажале дека кај повеќе од починатите постоеле знаци на сериозен недостиг на витамин Ц, што упатува на хронична неухранетост. Таквите ...
Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Берово и Виница, каде се измерени по 6 литри на метар квадратен, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според утринската информација на УХМР, 4 литри на метар квадратен се измерени на Попова Шапка, а по 2 литри во Струмица и Гевгелија. Од Управата посочуваат дека количините на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР и дека поради локалниот карактер на ...
Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. На минатото рочиште градежните вештаци одговараа на вкрстени прашања од одбраната. Наодите во врска со материјалите ...
Во изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Најсериозна е состојбата на подрачјето меѓу општините Студеничани и Зелениково, каде огнот се шири на потегот од Моране, Вртекица и Рамни Габер кон Палиград, како и над селото Вражале. Зафатена е мешана шума. ...
Младите вработени сè помалку се стремат кон менаџерските позиции, а доколку компаниите не успеат да развијат нови лидери, би можело да им биде сè потешко да ја одржат организациската ефикасност. За генерацијата Z, успехот во кариерата повеќе не се дефинира со напредување, а многумина од нив приоритет даваат на рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот отколку на поголемата одговорност и подолгото работно време. Овој тренд станува сè ...
Чаби Алонсо може да биде задоволен. Вечерва на гости кај Фулам, неговиот Челзи успеа да слави со 2:3 и со тоа Шпанецот да тргне победнички на клупата во новата сезона на некогашниот европски првак. Интересно е тоа што “сините“ успеаја да поведат уште во 32 секунда со голот на Жоао Педро, и потоа им беше полесно да ги контролираат настаните на теренот. Сепак домашните преку Кинг во 23.минута израмнија на 1:1, за да Роџерс во самиот финиш на ...
Поранешниот светски шампион во снукер, Грем Дот, е осуден за сексуално злоупотребување деца, што предизвика големо внимание во јавноста. Грем Дот (49) беше изведен пред суд под обвиненија за блудни, бесрамни и похотливи дејства и однесување кон две деца. Обвиненијата опфаќаа период меѓу 1993 и 1996 година во врска со едно девојче, како и период од 2006 до 2010 година во врска со едно момче. Во тоа време, двете деца биле на возраст за основно ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се сретна во Белград со познатиот холивудски актер Жан-Клод Ван Дам, кој е во Србија за да учествува на Филмскиот фестивал во Ниш. Вучиќ извести за средбата на својот Инстаграм профил. Тој објави дека за него е големо задоволство да биде домаќин на „човек со чии филмови пораснаа генерации и кој ни покажа дека со доволно дисциплина и упорност, понекогаш може да се победи дури и кога сите мислат дека ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека САД ќе ги зголемат царините за канадски автомобили, камиони, автоделови и челик на 50 проценти почнувајќи од 1 јануари 2027 година. Тој додаде дека производите од тие категории ќе бидат ослободени од царински давачки доколку се произведени во Соединетите Американски Држави. Американскиот претседател ја обвини Канада дека со години наметнува „апсурдно високи“ царини за американски ...
Рускиот претседател Владимир Путин ѝ нареди на армијата да го заземе целиот регион Донецк до 31 декември, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Аналитичарите на Американскиот институт за проучување на војната (ISV) проценуваат дека новиот рок покажува колку се далеку целите на Кремљ од фактичката ситуација на бојното поле. Според Зеленски, главните оперативни цели на Русија остануваат Константиновка, Славјанск и Краматорск, ...
Неверојатно отворање на сезоната во Серија А за Рома, поточно за Дониел Мален кој запиша хет-трик уште во 1.коло. Рома – Фиорентина 4:0 а три голови беа дело на Мален. Серијата беше отворена во 27.минута, потоа продолжи во 52.минута, а во 60.минута Мален го постигна својот трет гол. Интересно, во сите три голови како асистент учествуваше Паоло Дибала. Во 86.минута Писили ги постави конечните 4:0. Овој меч на “Олимпико“ во Рим се играше пред ...
Голем пожар избувна вечерва долж екпресниот пат Штип-Кочани, а сообраќајот е во прекин, јави Радио Кочани. Надлежните ги повикуваат возачите да го избегнуваат овој пат и да ги користат околните, локални патни правци. Во моментов трае интервенција на голем број пожарникарски возила, кои гаснат од самиот пат. Голем пожар избувна вечерва долж екпресниот пат Штип-Кочани, а сообраќајот е во прекин, јави Радио Кочани. Надлежните ги повикуваат ...
Во рамките на работната посета на Израел, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со министерот за надворешни работи, Гидеон Саар, на која биле потврдени одличните билатерални односи и заедничката подготвеност за нивно натамошно продлабочување. „Посетата е можност силните политички односи да ги преточиме во поконкретна соработка, особено во економијата, одбраната и одбранбената индустрија, ...
Актерката се осврна на еден од неговите каскадерски трикови од филмот „Mission: Impossible - Fallout“ од 2025 година. Стоејќи на крилото на авион за време на лет Ѕвездата од серијата „Еуфорија“ сподели видео од GoPro камера на Инстаграм во понеделникот на кое стои на горното крило на биплан додека авионот е во воздух. Таа беше прицврстена за структурата на авионот со безбедносна опрема, а носеше црвен елек и заштитни очила. Видеото го ...
Пратеници Албанци го бојкотираа одбележувањето на 35 години од независноста на Украина и ниту еден од десетте пратеници – членови на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, не присуствуваше на сесијата во македонското Собрание. - Во истиот момент кога украинскиот претседател Зеленски се изјасни дека Косово е во составот на Србија, не може да ја има нашата поддршка. Во знак на протест решив да не дојдам на ...
Видео од група американски туристи во ресторан во Рим предизвика контроверзии на социјалните мрежи откако се обидоа да ја платат сметката со американски долари. Видеото го сними друг Американец кој исто така бил во ресторанот во тој момент и го оценил нивното однесување како арогантно. Сепак, некои корисници понудија различно објаснување за настанот и предупредија дека можеби има нешто повеќе зад целата ситуација од едноставно непознавање на ...