Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
- Ноќва околу 2 часот по полноќ на телефон ми се јави женско лице со силно вознемирен глас. Најпрво ми се претстави а потоа во паника, со викање, ме извести дека пожарот се приближува кон нејзината куќа која се наоѓа во последниот ред, на ридот над Зелениково, поради што панично бараше помош, откри денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. - Според паниката во нејзиниот глас претпоставив дека пријавата е ...
Додека институциите работат и ги решаваат проблемите, СДС се обидува политички да профитира преку ширење страв и паника меѓу граѓаните. Последен пример е ширењето на лаги и манипулации за наводна загадена вода во Скопје. Прво пласираат обвинувања, а кога ќе бидат демантирани со факти, нема ниту извинување ниту одговорност, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. -Исто беше и со водата во Гостивар. Надлежните институции ги направија ...
Илјадници обожаватели на Бони Тајлер се собраа на улиците на нејзиниот роден град на југот од Велс за да ѝ оддадат почит на пејачката. Бони, чие право име беше Гејнор Саливан, неочекувано почина на 8 јули во Португалија во 75-тата година од животот, а сега нејзиниот ковчег е вратен во домот во кој некогаш живееше. Поворката што минуваше долж „Њутан Роуд“ во Мамблс ја испратија бројни обожаватели. Ковчегот на пејачката беше прекриен со ...
Ноќва околу 2 часот по полноќ избил пожар на отворен простор веднаш над последните куќи во Зелениково, кој благодарение на локалното население и нивната брза превентивна реакција, како и брзата реакција на градоначалникот на Општина Зелениково и пожарникарите спречена е катастрофа и огнот е сопрен на неколку метри од последните куќи, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Ангелов, во видео од терен, ...
Беспилотното летало било уништено од пилотите на авионите Ф-18 на шпанското воено воздухопловство, распоредени во Романија, пренесува порталот Digi24.ro. „Во текот на ноќта меѓу 15 и 16 август, во 4:44 часот наутро, системите за надзор на воздушниот простор на романското Министерство за одбрана регистрираа навлегување на воздушна цел во националниот воздушен простор од правец на Република Молдавија, на околу 24 километри северно од Галац“, ...
Предавничката СДС изгуби компас, не знае кај тера, целосно е дезориентирана, закажува настани, потоа ги презакажува, за на крај целосно да ги откаже. Тоа веројатно е последица на долгата изложеност на јакото сонце од елитните плажи и скапи јахти по Егејското море во Грција, велат од ВМРО-ДПМНЕ. ‒ Друго објаснување нема нивната дезориентираност која, како на дугме, ја раководи ова партиско раководство на чело со Венко Филипче, поставено од ...
Ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“, во соработка со СВР Битола, спровела повеќечасовна акција за пронаоѓање лица вооружени со огнено оружје, кои навлегле длабоко во територијата на паркот. Се претпоставува дека станува збор за ловокрадци. Од паркот„ Пелистер“ соопштија дека на 12.08.2026 (среда) некаде после 19 часот, после прибрани информации од различни извори од терен, од страна на ренџерската служба на ЈУНП Пелистер ...
Централната команда на САД (CENTCOM) објави фотографии од носачот на авиони „УСС Џорџ Х.В. Буш“ во Арапското Море, со што се потврдува замената на екипажот на носачот „УСС Абрахам Линколн“ по неколкумесечни поплаки за тешките услови и продолженото времетраење на мисијата. Претседателот Доналд Трамп најави дека „Линколн“ ќе биде повлечен од Блискиот Исток, пренесува „Анадолу“. Одлуката за повлекување на бродот уследи по загриженоста изразена ...
Интер Мајами беше поразен од Нешвил со 4-1 во МЛС. Првата ѕвезда на тимот од Флорида, Лео Меси, беше стартер за прв пат по смртта на неговиот татко и не направи ништо – промаши пенал со Нешвил што водеше со 1-0. Тоа беше момент што многу влијаеше на конечниот исход на натпреварот. Во 23-тата минута, Аргентинецот се најде лице в лице со голманот на домашниот тим, шутираше во долниот десен агол, но голманот на противникот скокна токму таму. ...
Мароканските безбедносни сили во саботата спречија обид на стотици мигранти, претежно од Субсахарска Африка, нерегуларно да ја преминат границата кон шпанската енклава Сеута. За време на интервенцијата беа употребени солзавец, хеликоптери, беспилотни летала и полициски кучиња, објави агенцијата EFE повикувајќи се на безбедносни извори. Немирите избувнаа во ридско подрачје на околу три километри од границата со Сеута, на периферијата на ...
Камерите што самостојно го следат корисникот веќе не се новина. Дроновите се користат како лични видеографи со години, но на многу луѓе не им се допаѓа зуењето на пропелерите над глава, а во многу градови и паркови нивната употреба е ограничена со прописи. Тука на сцената стапува Бени, симпатичен робот на тркала што цврсто стои на земја, но сепак успешно го следи секој потег на сопственикот. За разлика од дронот, нема опасност од паѓање од ...
Постојат производи кои звучат речиси премногу добро за да бидат вистинити на хартија. Еден од нив е овој преклоплив соларен панел од Temu, кој ветува моќност до 150 W, монокристални соларни ќелии и брзо полнење USB-C, а воедно може да се преклопи и да се носи практично насекаде. На прв поглед, изгледа како идеален додаток за кампување, патување, планинарење или ситуации кога едноставно немате пристап до електрична енергија. Но, тоа е само на ...
Сензационално или не, сепак Драган Стојковиќ Пикси, има шанси да биде селектор на Ј.Кореја. Оваа информација ја потврди самиот Стојковиќ во интервју за јужнокорејскиот портал „KBS“, кој постави само еден услов пред фудбалската асоцијација на оваа земја, а тоа е долгорочен договор. „Вистина е дека сум заинтересиран да ја преземам репрезентацијата на Јужна Кореја, но тоа ме интересира само ако добијам долгорочен ангажман, а не да бидам ...
На социјалните мрежи таа објави фотографии во костим за капење и ја покажа својата фигура, а нејзиниот изглед веднаш го привлече вниманието на следбениците. Брзо пристигнаа коментари и комплименти, при што многумина забележаа дека пејачката изгледа задоволно и самоуверено. Во последните месеци, Тијана сè почесто покажува промени во својот изглед и се чини дека е особено задоволна од резултатите на својот труд. Покрај нејзиниот изглед, ...
Со вечерашниот меч Алавес – Хетафе стартуваше новата сезона во Ла Лига, и веднап убедлив триумф на домашните и тоа со 3:0. Интересно, до 73.минута резултатот беше 0:0 за да Тенаља стрела за 1:0 со што се запиша како стрелец на првиот гол во сезоната 2026/27 во една од најсилните лиги во светот. И така беше 1:0 се до 90+2.минута кога Диаз зголеми на 2:0, а Родригез две минути подоцна ги постави конечните 3:0. Да кажеме и тоа дека гостите ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека членството во Европската Унија (ЕУ) повеќе не е приоритет за Турција, објави Ал Џезира. Во ексклузивно интервју за Ал Џезира, кое ќе се емитува во недела, Ердоган оцени дека ЕУ не е подготвена да ја прифати Турција и дека Европа ќе биде губитник како резултат на тоа. Во интервју за емисијата „Ал Мукабала“, турскиот претседател рече дека добил ветување од американскиот претседател Доналд ...
Источна Германија е изложена на ризик од понатамошни масовни загуби на работна сила доколку продолжи егзодусот на вработените, покажуваат резултатите од анкетата. Имено, од 2023 до 2025 година, источните покраини изгубиле околу 141.000 работници со германско државјанство, додека уделот на вработени без германски пасош се зголемил за 90.000, се наведува во краток извештај на Институтот за германска економија (IW), до кој dpa имаше пристап, ...
Етаблираните партии, оние кои сега се власт плус Социјалдемократите кои ја загубија власта во Германија, досега не беа во можност да го спречат порастот на десничарската AfD (Алтернатива за Германија) во анкетите последните месеци. Ова е потврдено и со најновото истражување на ARD-Deutschlandtrend спроведено од агенцијата за анкети infratest-dimap. Илјада и триста подобни гласачи беа прашани за која партија би гласале доколку следната недела ...
Една од најголемите словенечки компании и најпознатите трговски групи во регионот, Меркатор, започна голема продажба на недвижности. На пазарот се најдоа дури 50 деловни простории и други недвижности, чија вкупна рекламирана вредност надминува 36 милиони евра, објавува Бизнис инфо. Меркатор минатиот месец објави нов повик за продажба на недвижности, а станува збор главно за згради што компанијата повеќе не ѝ се потребни за вршење на својата ...
Готово е, најавите се остварија. Попладнево, Интер официјализираше уште едно потпишување во тековниот преоден рок. Новиот фудбалер на шампионот на Италија е англискиот репрезентативец Џед Спенс, кој потпиша петгодишен договор со „нераѕурите“, до јуни 2031 година. Италијанските медиуми објавуваат дека вредноста на трансферот на 26-годишниот англиски дефанзивец и поранешен член на Тотенхем е 35 милиони евра, вклучувајќи ги и дополнителните ...
Аналитичарите се особено загрижени за големиот одлив на лекари, инженери и други вработени во технолошкиот сектор. Трета година по ред, рекорден број негови граѓани го напуштаат Израел. Универзитетот во Тел Авив објави дека во 2025 година, речиси 50.000 граѓани ја напуштиле земјата од 10 милиони жители. Во исто време, најбогатите заминуваат најмногу. Лекарите, инженерите и другите барани експерти брзо го напуштаат Израел, речиси двојно ...
Фудбалерот на Баерн Минхен, Џамал Мусиала, колабираше на теренот на крајот од пријателскиот натпревар против РБ Лајпциг. Германскиот репрезентативец, кој беше еден од стрелците за домашниот тим, ги загрижи сите на стадионот во тој момент. Падна, во еден момент дури и ја изгуби свеста, а сè изгледаше крајно драматично. За среќа, брзо се освести благодарение на експресната интервенција на медицинскиот тим на Баварците. Мусиала, очигледно, не ...
Две кози се впуштиле во необична авантура во Портланд, Орегон, откако залутале без надзор до автобуска станица, па дури и накратко се качиле во автобус на јавниот превоз. Оваа необична глетка е забележана на станицата FX2, во близина на крстосницата меѓу Авенијата „Саутист 162“ (Southeast 162nd Avenue) и улицата „Дивижн“ (Division Street), каде што животните слободно се движеа. „ТрајМет“ (TriMet), агенцијата што управува со јавниот превоз во ...
Не така успешно деби за Мохамед Салах во дресот на Трабзонспор во Суперлигата на Турција. „Фараонот“ влезе во ира во 58.минута, ама не успеа да му донесе победа на својот тим на гостувањето кај Касимпаша во меч кој заврши 1:1. Мега – ѕвездта имаше една голема шанса, но сепак не постигна гол на своето деби за Трабзон. За нас поинтересно беше на средбата Коњаспор – Ризеспор во ова 1.коло во елитната лига на Турција. Меч кој заврши без победник ...
Два земјотреси се регистрирани во Македонија во период пократок од 24 часа. По синоќешниот потрес во Охридскиот Регион, со магнитуда од 2 степени, попладнево, 15 август, земјотрес со јачина од 2,5 степени е регистриран во Полошкиот Регион, во близина на Гостивар. Меѓу двата потреси поминале нешто повеќе од 22 часа. Последниот земјотрес е регистриран денеска во 16:10 часот. Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при ...
Путин истакна дека односите меѓу Москва и Пјонгјанг достигнале ниво на сеопфатно стратешко партнерство без преседан. Во телеграмата, тој посочи дека празникот што го одбележува Пјонгјанг е симбол на храброста и издржливоста на севернокорејскиот народ, пренесува „Спутник“. Според него, токму тогаш биле поставени темелите на цврста традиција на борбено братство и заемна помош, што претставувало основа за развој на пријателски и добрососедски ...
Таа објави фотографии на Инстаграм на кои позира во црн топ без прерамки, танга и крзнени штитници за нозе, додека преку комбинацијата носи зелена јакна од флис. Објавата брзо привлече огромно внимание и собра повеќе од милион лајкови. Сепак, покрај бројните позитивни реакции, имаше и коментари од оние што го критикуваа нејзиниот изглед и начинот на кој се претставува. Еден корисник ѝ порача дека „никој не сака да гледа речиси гола ...
Викендов стартува новата сезона во Ла Лига. Шпанија влегува во новата сезона како светски шампион, а ова ќе влијае и на првите недели од лигашкото натпреварување. Фудбалерите на репрезентациите кои стигнаа до финалето на Светското првенство мораа да одмараат, па Ла Лига им дозволи на некои тимови да го започнат редовното натпреварување подоцна. Затоа, на почетокот, натпреварите ќе се играат речиси секој ден, до 31 август, а понекогаш нема да ...
Бриџит Фонда била забележана неделава во Лос Анџелес, за време на едно од своите ретки појавувања во јавноста. Пензионираната 62-годишна актерка е фотографирана како излегува од ресторан во друштво на асистентката . Бриџит на себе има обична маица на риги и црни панталони и воопшто не неликува на онаа русокоса убавица од деведесетите година на минатиот век. Фонда ретко се појавува во јавноста откако го напушти Холивуд пред повеќе од дваесет ...
Една италијанска банка го прифаќа кашкавалот „Пармиџано Реџано“ како залог за кредити и однапред им исплаќа на производителите меѓу 60 и 80 проценти од вредноста. Кашкавалот кој се произведува во големи бакарни казани, и на крајот завршува како големо тркало. Секое од нив тежи околу 40 килограми, а за неговото производство се потребни приближно 550 литри млеко. По солењето во саламура, тркалата се редат на дрвени полици, каде што зреат ...