Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Соопштение на Демократски сојуз: Демократскиот сојуз, по повод најновиот Извештај на Европската Унија за состојбите во судството, оценува дека реформите во правосудниот систем мора да продолжат со засилено темпо, бидејќи независно, ефикасно и одговорно судство е клучен предуслов за владеење на правото и за напредокот на државата во процесот на европската интеграција. Демократскиот сојуз се залага за ограничување на мандатот на судиите и нивен ...
Скопскиот Кривичен суд за една година успеал дури за половина да го намали бројот на стари предмети што им заостанувале на судиите, покажува најновиот Извештај за работата на овој суд објавен во интерниот електронски билтен од 2 јули. Според објавените податоци, пред една година, на 30 јуни 2025 биле евидентирани 873 активни стари случаи во Судот. Заклучно со 30 јуни оваа година пак, вакви се 410 предмети што е намалување за 53 отсто. Како ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во делови од ...
Соопштение на СДСМ: Пораките од експертите се јасни – епидемија на гастроентеритис во Гостивар постои, без оглед дали официјално ќе биде прогласена или не. Со прогласување на епидемија се овозможува побрза и поефикасна координација на институциите и спроведување мерки за спречување на понатамошното ширење на заразата. Во Гостивар заболени се илјадници граѓани, а состојбата бара сериозна и одговорна реакција од надлежните институции. ...
Контроверзните инфлуенсери Ендру и Тристан Тејт вчера беа уапсени од страна на федералните власти во Мајами, соопшти Американската маршалска служба. Тие се уапсени откако британските власти објавија дека поднесуваат нови обвиненија против нив, јави Би-Би-Си. Портпаролот на службата Брејди Меккарон изјави дека судските документи и останатите материјали поврзани со случајот засега нема да бидат објавени во јавноста. Кралската служба за ...
Францускиот фудбалер Килијан Мбапе постигна два гола против Англија ноќва во натпреварот за третото место на Светското првенство 2026 и испиша историја на Светските првенства. Со 22 погодоци на мундијалите стана најдобар стрелец во историјата на ова натпреварување. Мбапе до рекордот стигна на 27-годишна возраст, а на актуелното Светско првенство постигна 10 голови. Воедно, стана првиот фудбалер по Герд Милер во 1970 година што постигнал ...
Соединетите Американски Држави вчера извршија нови воздушни напади врз цели во Иран, соопшти Централната команда на американските вооружени сили (ЦЕНТКОМ). Според соопштението, нападите имале цел веднаш да го казнат иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) по загинувањето на двајца американски војници во Јордан при ирански напад во петокот. Од ЦЕНТКОМ наведоа дека ударите биле насочени и кон дополнително намалување на ...
Англиската репрезентација ја победи Франција со 6:4 во спектакуларен натпревар за 3-то место на СП и го освои бронзениот медал. Англија водеше со 4:0 на полувреме, но Франција се врати на 4:3 и пропушти неколку чисти шанси за целосен пресврт. Херој на натпреварот беше Букајо Сака, кој постигна три гола за Англичаните. Освен него, стрелци беа и Деклан Рајс, Џуд Белингам и Езри Конса. Килијан Мбапе постигна два гола за Французите и стана ...
Двајца американски војници се убиени, а еден е исчезнат по иранските напади во Јордан, потврди Централната команда на САД (CENTCOM). Ова се првите американски воени жртви во конфликтот со Иран од март, а доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу двете земји. Во објава на социјалните мрежи, ЦЕНТКОМ ги детализира инцидентот. „Двајца припадници на американската војска беа убиени во борба во Јордан на 17 јули, кога Централната команда и ...
Родителите на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“, заедно со граѓани на Кочани, денеска го одржаа 47. протестен „Марш за ангелите“, испраќајќи силни пораки дека борбата за правда нема да запре сè додека не се утврди одговорноста за трагедијата во која животот го загубија 63 лица, а 218 беа повредени. Маршот започна од Паркот на револуцијата, а учесниците поминаа покрај Општина Кочани, Државниот пазарен инспекторат, Државниот ...
Повременото повторно полнење на пластично шише не претставува сериозен ризик доколку шишето е чисто и не е изложено на високи температури. Сепак, пластичните шишиња за еднократна употреба не се дизајнирани за долгорочно користење, па со текот на времето може да се појават микропукнатини во кои се задржуваат бактерии. Експертите советуваат ваквите шишиња да не се оставаат во автомобил, на директно сонце или да се полнат со топли напитоци. ...
Шпанија се подготвува за третиот топлотен бран ова лето, кој ќе започне во вторник, а се очекува температурите да надминат 40 степени Целзиусови во поголемиот дел од земјата, соопшти шпанската метеоролошка агенција АЕМЕТ. Топлотниот бран ќе биде засилен од антициклон кој ќе го зароби сувиот воздух од Северна Африка над Шпанија неколку дена, зголемувајќи ги температурите на исклучително високи нивоа, соопшти АЕМЕТ. Се очекува топлотниот бран ...
Администрацијата на градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, ја разгледува можноста за издавање налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доколку ја посети метрополата за Генералното собрание на Обединетите нации во септември, објавува „Њујорк тајмс“. Во интервју за подкастот „Интервјуто“ на авторитативното издание, Мамдани го изрази својот категоричен став, опишувајќи го израелскиот премиер како „воен злосторник“ кој е ...
Професорот и микробиолог д-р Никола Пановски алармира дека состојбата во Гостивар ги исполнува сите елементи на епидемија на гастроентеритис и ги повика надлежните епидемиолошки служби да реагираат. Според него, досега се регистрирани околу 1.500 лица со исти симптоми, додека најмалку уште 5.000 граѓани не побарале лекарска помош. Пановски посочува дека станува збор за масовно заболување кое зафатило значителен дел од населението во градот. ...
Хрватска може привремено да ја суспендира примената на Системот за влез/излез (EES) на Европската унија во случај на големи толпи на границите, објави денес Хрватската радиотелевизија (HRT). Во итни ситуации, кога се очекува чекање повеќе од 45 минути , граничната полиција може делумно да го суспендира процесот на внесување биометриски податоци, што значи дека на патниците не им се земаат отпечатоци од прсти и не им се прават фотографии на ...
Иранската влада соопшти дека рамковниот договор меѓу Иран и Соединетите Американски Држави повеќе не важи, јави иранската новинска агенција Fars. Заменик-министерот за надворешни работи Казем Харибабади изјави дека Иран го суспендирал договорот, обвинувајќи ги САД дека со своите потези ги прекршиле обврските преземени со документот. „Зафатени сме со одбрана на земјата“, изјави Харибабади во телевизиско интервју. Тој додаде дека, според ...
Соопштение за јавност на ВЛЕН: Опозициската ДУИ, во својата борба за враќање на власта, очигледно целосно го изгуби националниот компас. Вчера се пофалија дека го блокирале Законот за правична и соодветна застапеност – историско достигнување што го унапредува Охридскиот рамковен договор, а денес излегуваат и против патот Тетово–Призрен! Водена од очај и нихилизам, партијата на Али Ахмети веќе отворено се спротивставува на секое достигнување ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес пречека делегација составена од претставници од политиката, бизнисот и меѓународните институции, предводена од д-р Дастин Плантхолт. Делегацијата престојува во регионот во рамки на иницијативите за економска соработка со Соединетите Американски Држави. За време на средбата, Меџити ги презентираше приоритетите и развојните проекти на Општина Чаир, со посебен акцент на локалното управување, ...
Финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина стана најскапото во историјата на Светските првенства, при што просечната цена на билетите на пазарот за препродажба достигна околу 9.900 евра. Официјалните билети за натпреварот што ќе се игра во недела на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси повеќе не се достапни на веб-страницата на ФИФА, но билетите сè уште може да се најдат преку платформите за препродажба, објави RTVE . На еден од ...
Франција и Англија ќе се сретнат во Мајами во натпреварот за третото место на Светското првенство, барајќи утеха по болните порази во полуфиналето и шанса да го завршат турнирот со победа. Откако нивните соништа за светска титула останаа неостварени во последната фаза од големото финале, фудбалските гиганти Франција и Англија ќе се соочат на стадионот „Хард Рок“. Французите беа поразени со 2-0 од Шпанија во полуфиналето во натпревар каде што ...
Повеќе Полјаци се противат на прифаќањето бегалци од Украина отколку што го поддржуваат, за прв пат од 2014 година, покажа ново истражување. Анкета спроведена од истражувачкиот институт CBOS, објавена во петок, покажа дека 52 проценти од испитаниците веруваат дека Полска не треба да прифаќа бегалци од деловите на Украина разурнати од војната, додека 42 проценти рекле дека земјата треба да продолжи да го прави тоа. Ова е прв пат противниците ...
Соопштение за јавност на Левица: Најновиот Извештај на Европската комисија за владеењето на правото претставува тешко обвинение против начинот на кој Мицкоски и ДПМНЕ управуваат со државата. Комисијата не опишува неколку изолирани слабости, туку систем во кој корупцијата останува широко распространета, високопрофилните предмети ретко завршуваат со правосилни пресуди, измените на Кривичниот законик го стеснуваат просторот за гонење, а ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Христијан Мицкоски денеска најавува намалување на акцизите поради растот на цената на нафтата. Ова е уште еден пример како ВМРО-ОКГ реагира дури кога е веќе предоцна, а не кога проблемот може да се спречи. Месеци наназад СДСM повикуваа на конкретни мерки за заштита на граѓаните од поскапувањето на цените. Владата на Мицкоски или намерно одбиваше да реагира, или од незнаење и неспособност не преземаше ништо. ...
На 17.07.2026 во 22:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат за с. Требош, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Г. (25) од с. Требош, кој возилото го управувал без возачка дозвола односно сторил кривично дело по член 297-а од КЗ и е лишен од слобода, и патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (80) од с. ...
Руските сили извршија двоен напад врз локомотива и патнички вагони во регионот Запорожје. Според првичните информации објавени од министерот за обнова, инфраструктура и транспорт, Николај Калашников, во нападот нема повредени. Калашников изјави дека сите патници и персонал се безбедни благодарение на интервенцијата на групата за мониторинг и брзата реакција на железничкиот оператор. Министерот истакна дека Русија продолжува намерно да ја ...
На 16.07.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје 20-годишна жена пријави дека околу 14:30 часот во продавница во трговски центар на подрачјето на Ѓорче Петров, додека пробувала облека во гардероба, забележала дека има човек качен на скала, кој ја гледал додека се пресоблекувала. Во врска со настанот во полициска станица бил извршен службен разговор со Љ.С.(43) од Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 16.07.2026 во 17:30 ...
Институтот за јавно здравје, по добивање на барање од страна на Јавното обвинителство, веднаш излезе на терен на посочените локации и зема примероци за микробиолошки и физичко-хемиски анализи. По враќањето на екипата на ИЈЗ од терен, во раните утрински часови во четврток, веднаш се отпочна постапката за анализа на примероците. Согласно известувањето од ЈЗУ Општа болница „Д-р Ферид Мурад“ – Гостивар за нагло зголемен број пациенти со ...
Соопштение за јавност на ЛДП: Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро ги осудува заканите и повиците за насилство упатени кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски. Заканите кон новинари не се личен конфликт, туку директен напад врз слободата на медиумите и демократскиот поредок. Политичката комуникација мора да биде пример за достоинство и одговорност, затоа што кога носителите на јавни функции го нормализираат говорот на ...
Изјава за медиуми на Дритон Сулејмани од ВЛЕН: Почитувани граѓани, Почитувани претставници на медиумите, Откако беше обелоденет скандалот со канализацијата во Кичево, од ДУИ не слушнавме ниту еден збор. Три мандати по ред оваа партија ја имаше Општина Кичево во свои раце. Токму за време на нејзиното владеење, проектот вреден повеќе од девет милиони евра, финансиран со средства од Европската Унија, требаше да биде завршен во 2024 година. Како ...
Истрагата за причините за масовните стомачни тегоби кај жителите на Гостивар е во завршна фаза, а резултатите од проверките и анализите наскоро ќе бидат објавени, најави премиерот Христијан Мицкоски. При денешната посета на Општина Дебарца, Мицкоски изјави дека сите надлежни институции се вклучени во расчистување на случајот, при што се вршат детални проверки и анализи на земените мостри, вклучително и од водата. Тој посочи дека со случајот ...