На два дена до одигрувањето на финалето меѓу Шпанија и Аргентина организаторите и локалните власти имаат нов неочекуван проблем, а тоа е квалитетот на воздухот во Њујорк. Големите шумски пожари во Канада и чадот од нив предизвикаа проблем на поширокото градски подрачје. Здравствените служби издадоа и предупредување да не се излегува на отворено (без потреба) и да се намалат физичките активности односно по потреба да се носат и маски. ...

Големи облаци чад од шумските пожари што беснеат низ Канада предизвикуваат влошување на квалитетот на воздухот во големи делови од Канада и во североисточниот дел на Соединетите Американски Држави, покажуваат податоците на Службата за следење на атмосферата „Коперник“ . Како што соопштуваат од Центарот за односи со јавност на „Коперник“, предупредувања за исклучително лош квалитет на воздухот се издадени во градови како Њујорк и Филаделфија, ...

Големи колони возила и подолго чекање се забележани попладнево на патарините на излезот од Скопје, откако голем број граѓани го искористија почетокот на викендот за да заминат надвор од главниот град. Според сведоци кои се наоѓаат на лице место, возачите чекаат меѓу 20 и 30 минути за да ја поминат патарината, а колоните се протегаат на неколку стотици метри. Зголемената фреквенција на возила е вообичаена за викендите во летниот период, кога ...

Повеќе од 12.000 пораки со навредлива содржина биле испратени до тенисерки на социјалните медиуми минатата година, објавија ВТА и Светскиот тенис во својот заеднички годишен извештај за онлајн злоупотреба и закани. Во 2025 година биле анализирани повеќе од 1,2 милиони објави и коментари на социјалните мрежи. Повеќе од 12.000 објави на платформите биле категоризирани како навредливи, а 3.726 објави како сериозни злоупотреби, вклучувајќи ...

Црна Гора се подготвува да го укине безвизниот режим за руските граѓани од 1 октомври, со што ќе се стави крај на политиката што е во сила речиси 18 години. Според подгоричкиот „Дан“, кој го цитираат и други медиуми, мерката е дел од хармонизирањето на визната политика на Црна Гора со правилата на Европската унија пред евентуалното членство на Црна Гора во Унијата. Амбасадата на Црна Гора претходно изјави дека земјата мора да ја хармонизира ...

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави денеска дека Словенецот Славко Винчиќ ќе биде главен судија на финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина. Неделното финале ќе биде четврти натпревар на овогодишното Светско првенство за словенечкиот арбитер кој ги судеше дуелите од групната фаза меѓу Бразил и Мароко (1-1) и Јордан – Алжир (1-2), а беше главен судија и во шеснаесетфиналето меѓу Мексико и Еквадор (2-0). Винчиќ ...

Вештачењето нарачано од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во рамки на предметот „Мазут“ утврдува дека испорачаниот мазут ги исполнувал пропишаните стандарди за квалитет и технички карактеристики. Предметот во моментов е на одлучување во Вишото јавно обвинителство, откако јавната обвинителка Вилма Коларевиќ ја запре истрагата поради недостиг на докази. Прашањето за квалитетот на мазутот беше ...

Турското обвинителство побара доживотни и и дополнителни казни затвор во времетраење до 37 години за 14 лица обвинети за априлскиот оружен напад пред Израелскиот конзулат во Истанбул. Според вчера објавеното обвинение, учесниците во инцидентот се товарат за извршени кривични дела обид за убиство, обид за уривање на уставниот поредок, членство во вооружена терористичка организација и нелегално поседување огнено оружје и муниција. ...

Од прогласувањето на прекинот на огнот меѓу Иран, САД и Израел, на Иранците постојано им се кажува дека војната е завршена. Но, во исто време, нападите, заканите и дипломатските преговори продолжуваат. Иранските власти еден ден зборуваат за преговори, напредок, па дури и за ублажување на санкциите, само за следниот да предупредат за одмазда, понатамошни напади и закани за критичната инфраструктура на Иран. Тоа постојано осцилирање помеѓу ...

Финалето на Светското фудбалско првенство во кое в недела во Њу Џерси ќе играат Аргентина и Шпанија ќе биде само втор официјален натпревар меѓу двете репрезентации во историјата. Единствениот натпревар досега беше одигран во Бирмингем во групната фаза на Светското првенство во 1966 година, кога Аргентина победи со 2-1. Аргентинците и Шпанците одиграа 13 пријателски натпревари, на кои Аргентина победи шест пати, Шпанија пет пати, а два ...

Бројот на ученици и студенти што се сместени во домовите за основното, средното образование и во студентските домови во 2025/2026 година изнесува 5.232, што претставува зголемување за 7 проценти во однос на претходната 2024/2025 година, објави денеска Државниот завод за статистика. Во 2025/2026 година во државава имало 9 студентски и 19 домови за ученици во основните, средните и средните верски училишта. Во нив е обезбедено сместување за ...

Ова суеверие датира од Светското првенство во 1990 година, кога тогашниот претседател Карлос Менем ја посети фудбалската репрезентација на Аргентина кратко пред да претрпи шокантен пораз од Камерун (0-1) на отворањето на мундијалскиот турнир во Италија. Менем подоцна во јавност беше прогласен за „муфу“, аргентински жаргон за човек кој носи голема несреќа, и колку што е познато, оттогаш ниту еден аргентински претседател не присуствувал на ...

Кина денеска ги отфрли како „чисти измислици“ изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во своето последно обраќање до нацијата повторно ги покрена обвинувањата за мешање во претседателските избори во САД во 2020 година. Трамп синоќа го обвини Пекинг за нелегално добивање на 220 милиони записи од гласачи во САД, вклучувајќи имиња, адреси и други информации што се користат за регистрација за гласање, и за обид за „местење“ на ...

Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека синоќа во 19.50 часот евидентирале пријава за напад на ресенец од мечка. Од СВР Битола посочуваат дека во ресенското село Курбиново, Н. И. (41), жител на истото село, додека собирал печурки, бил нападнат од мечка. Веднаш по нападот, Н. И. бил однесен во Битола по што му била укажана лекарска помош во Клиничката болница. Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира ...

Идниот британски премиер Енди Барнам денеска беше официјално прогласен за нов лидер на Лабуристичката партија откако беше единствен кандидат што ги исполни условите за избор и ја доби поддршката од пратениците и придружните организации на партијата – објави „Скај њуз“. Претседателката на Националниот извршен комитет на лабуристите, Шабана Махмуд, рече дека Барнам е легитимно избран лидер на партијата. Тој доби 379 номинации од пратениците на ...

Денеска (17.07.2026) околу 08:00 часот, полициските службеници од РЦГР Север, постапувајќи согласно Оперативниот план за спречување на криумчарење преку државната граница, на подрачјето на с. Танушевци, поточно на граничната линија помеѓу с. Танушевци и с. Мијак, забележале лица како вршат претовар и размена на стока во товарно возило „фолксваген“ со косовски национални ознаки и товарно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки. Веднаш се ...

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против едно лице за спречување службено лице во вршење службено дејствие. На 16 јули, на локалитетот “Камени Кукли” во селото Куклица, Кратово, осомничениот 41-годишен британски државјанин го спречил постапувањето на двајца даночни контролори кои вршеле службени дејствија на контрола во однос на претходно поставени обележја за привремена забрана за вршење дејност. Тој фрлал со камења кон ...

По повеќе од 24 часа непрекината работа на терен, целосно е отстранет дефектот на главната водоводна линија во Делчево, а водоснабдувањето во градот постепено се враќа во нормала. Информацијата ја соопшти градоначалникот Иван Гоцевски преку објава на социјалните мрежи. Според него, водата повторно е пуштена во водоводната мрежа по полноќ, откако надлежните служби успешно го санирале сериозниот дефект на главниот доводен цевковод. „По 24 часа ...

На 16.07.2026 во 20:00 часот во СВР Битола е пријавено дека во атар на с. Подмол, прилепско, бил пронајден превртен трактор, претходно управуван од М.Т.(54) од с.Канатларци. Од здобиените повреди, М.Т. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција, а увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп. На 16.07.2026 во 20:00 часот во СВР ...

Основниот суд во Гевгелија му изрече доживотна казна затвор на 40-годишниот Петар Станковски од Богданци, кој беше обвинет за свирепото убиство на својата мајка, извршено во јануари годинава. Трагичниот настан се случил на 11 јануари во стан во Богданци, каде што мајката и синот живееле како потстанари. Според обвинението, по расправија поврзана со неговото лекување, Станковски ја нападнал својата мајка со нож и ножици, нанесувајќи ѝ повеќе ...

Пишува: Мирослав Трлин, дипломиран економист во пензија Секои неколку години во Македонија се менуваат влади, министри, директори, партиски слогани и политички ветувања. Секој нов политички циклус започнува со надеж дека конечно доаѓа време на правда, реформи, економски развој и подобар живот за граѓаните. Но кога ќе помине првичната еуфорија, граѓаните повторно се соочуваат со истите проблеми: ниски плати, партизација, корупција, иселување ...

На 16.07.2026 на место викано „Мрзенско поле”, во атар на село Мрзенци, гевгелиско, бил пронајден починат мигрант А.М.. Според пријавеното, околу 11:52 часот, мигранти од Пакистан преку мобилен телефон побарале помош, а по пристигнувањето на местото, полициските службеници затекнале тројца мигранти кои не поседувале лични документи, но кажале дека се од Пакистан и едно починато лице, за кое изјавиле дека е на возраст од 36 години и било ...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) соопшти дека при редовните проверки утврдила неправилности поврзани со извршувањето на јавни функции и исполнувањето на законските обврски за поднесување изјави за имотна состојба и интереси. Од ДКСК информираат дека по последната проверка на електронскиот систем за поднесување изјави за имотна состојба и интереси било утврдено дека пет лица истовремено извршуваат по две функции. За сите ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе времена забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради сомневање дека е загадена и небезбедна за граѓаните. Одлуката е донесена по спроведен вонреден инспекциски надзор во пречистителната станица за вода во селото Вруток, кој бил инициран по известување од Основното јавно обвинителство Гостивар, поплаки од граѓани и пријава од Министерството за внатрешни работи ...

На 17.07.2026 во 00:40 часот на улица „Хаџи Косте“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.Ќ.(23) од Велес, постапувајќи по претходна пријава и објавено видео на социјалните мрежи дека на игралиште во Велес управувал мотоцикл без регистарски ознаки. По преземени мерки и извршени проверки, констатирано е и дека мотоциклот го управувал пред да се стекне со право на управување. За настанот е известен јавен обвинител, ...

Мрежата за заштита од дискриминација најостро го осудува засилувањето на навредливиот и насилнички говор, како и насилството врз жените во политиката во Собранието. Во време кога јавноста речиси секојдневно сведочи на булинг, физичко насилство, понижување и суровост меѓу децата и младите, секој што ја користи собраниската говорница мора да биде свесен за тежината на својата функција. Пратениците, министрите и другите носители на јавни функции ...

Општина Центар континуирано работи на одржување на јавните површини, зеленилото и инфраструктурата за вода, со посебен фокус на летниот период. Од вкупно 11 јавни чешмички кои се под надлежност на општината, девет се целосно функционални, додека на преостанатите две се санираат дефекти. Во рамки на овие активности, се поставува нова чешмичка на улицата „Орце Николов”, која претходно не беше во функција поради дефект и беше исклучена поради ...

Помеѓу 150 и 1000 лица во Гостивар деновиве се пожалиле на цревни проблеми, дијареа и повраќање, со што се вклучи алармот за вонредна проверка на квалитетот на водата за пиење. Вчера околу 18:20 часот, инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, постапувајќи по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, презедоа итни мерки и активности на терен во село Вруток, поради сомневање за ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Животниот стандард на граѓаните е целосно урнат за само две години владеење на ВМРО, нагласи членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветановски. Според податоците од Управата за јавни приходи, најголем дел од работниците дури 50%, земаат плата меѓу 24.000 и 36.000 денари што е под просечната плата во државата. На прес-конференција, Цветановски посочи дека официјалните податоци на УЈП за 2025 година всушност ...

Пишува: Салим Кадри Керими, историчар – дипломат во пензија Во деновиве кога Република Албанија бележи значаен напредок на европскиот пат, со затворањето на три преговарачки поглавја со Европската Унија, Заводот за статистика на ЕУ (EUROSTAT) објави податоци што предупредуваат на еден сосема поинаков предизвик – драматичното иселување на албанските граѓани во изминатите 35 години. Имено, според најновите статистички податоци на EUROSTAT, кои ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
4.0
35%
1014
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
2.68
41%
1016
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
3.11
51%
1018
weather icon

Софија

34ᴼ / 29ᴼ
4.32
37%
1015
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
2.57
27%
1014
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
0.89
69%
1018
weather icon

Атина

37ᴼ / 34ᴼ
4.47
42%
1013
weather icon

Тирана

38ᴼ / 38ᴼ
4.83
20%
1013
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
5.8
28%
1013
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 28ᴼ
2.24
50%
1016
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 24ᴼ
4.02
31%
1017
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
2.84
100%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.9512

Currency

72.4604

Currency

37.8462

Currency

38.2992

Currency

66.4566

Currency

7.95223

Currency

0.68551

Currency

0.33139

Currency

0.52362

Currency

1.14158

Currency

0.55849

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Платина

51151.84

Паладиум

40124.13

Кобалт

56.29

Бакар

12.77

Калај

52.26

Родиум

265243.66

Злато

128914.85

Алуминиум

3.14

Сребро

1825.76

Цинк

0.00