Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска беше во посета на Гостивар, од каде што порача дека во време кога институциите потфрлаат, СДСМ е меѓу граѓаните за да им помогне на оние на кои помошта сега им е најпотребна. Во изјавата за медиуми, Филипче нагласи дека она што денес се случува во Гостивар е последица на неодговорното управување на власта и на целосниот институционален хаос. „Очигледно е дека со оваа власт на Христијан ...
На 19.07.2026 во 21:15 часот во ОВР Кичево било пријавено дека во двор од куќа на улица „Прилепска” во Кичево, коњ -сопственост на Б.Д.(58) од Кичево, удрил малолетно девојче. Таа е пренесена во Општата болница во Кичево а поради сериозноста на повредите била префрлена во Клиничка болница Скопје. По целосно расчистување на настанот, ќе следува соодветна пријава. На 19.07.2026 во 21:15 часот во ОВР Кичево било пријавено дека во двор од ...
Воведувањето на 7- от авион во базата на Визер во Скопје е огромно достигнување во развојот на ависообраќајот во Македонија. Веќе имаме преку 2 милиони патници во првите шест месеци, многу нови дестинации и оваа визија продолжуваме да ја развиваме заеднички, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на промоцијата на новиот 7-ми авион на Визер во Скопје. „Ова е трета најголема база што Визер ...
Соопштение за јавност на ДУИ: Веќе втор ден по ред, Инспекторатот за употреба на јазиците продолжува да молчи, додека градоначалникот на Град Скопје отворено ги прекршува законските обврски за употреба на албанскиот јазик. Градоначалникот на Скопје не само што не го исправи прекршувањето, туку одлучи целосно да го игнорира револтот на Албанците. Нема одговор, нема образложение, нема извинување и нема никаква подготвеност да се почитува ...
Задутре започнува првото издание на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија”, иницијатива на Општина Чаир чија цел е создавање нова културна традиција во срцето на Старата скопска чаршија. Во текот на четири вечери, Сули ан и Куршумли ан ќе се претворат во сцени на класична музика, опера, фламенко и корчански серенади, обединувајќи уметници и различни култури во еден од најзначајните историски простори на градот. „Нашата цел е Фестивалот ...
На 20.07.2026 во 15:05 часот во Делчево, полициски службеницо од ОВР Делчево го лишија од слобода А.Т.(26) од с.Митрашинци, беровско. При сообраќајна контрола на бул.„Македонија“ во Делчево, полициските службеници сопреле патничко возило „ровер“ со беровски регистарски ознаки, при што било констатирано дека А.Т. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 4,35 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска ...
Водата од гостиварскиот водовод не смее да се користи ниту за пиење, ниту за подготовка на храна, сè додека не завршат лабораториските анализи и не се потврди дека е безбедна за употреба, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов. По денешната прес-конференција посветена на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, Миланов информираше дека инспекциските служби на АХВ веќе спроведуваат засилени контроли ...
Дваесет и шестгодишен жител на беровското село Митрашинци бил лишен од слобода откако бил затекнат како управува патничко возило под дејство на алкохол со дури 4,35 промили алкохол во крвта. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 20 јули 2026 година, околу 15:05 часот, полициски службеници од ОВР Делчево при сообраќајна контрола на булеварот „Македонија“ во Делчево сопреле патничко возило „ровер“ со беровски ...
Во интервју на телевизија 24,членката на Извршниот одбор на СДСМ, Рената Младеновска, посочи дека во услови кога бројката на заболени е голема, кога не се знае и уште колку луѓе дома се лекуваат и кога постои опасност епидемијата дополнително да се прошири, задоцнетите реакции на институциите се недозволиви, бидејќи се работи за јавно здравје. „Зборуваме за јавно здравје. Ако во превентивната здравствена заштита не заштитиме, тогаш веќе не ...
Македонија се соочува со сериозни ризици во управувањето со задолжителните нафтени резерви – стратешки механизам кој треба да обезбеди енергетска стабилност во услови на криза. Иако Државниот завод за ревизија (ДЗР) за финансиските извештаи на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви за 2024 година даде мислење без резерва, ревизорите изразија мислење со резерва за усогласеноста со законите и прописите, укажувајќи на бројни неправилности и ...
Проектот за филтер-станицата на изворот Вруток, која е дел од гостиварскиот водоводен систем, е завршен во 2014 година, по што со записник за примопредавање е предаден на управување на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Гостивар, изјави денеска министерот Муамет Хоџа. На прес-конференција посветена на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, Хоџа одговараше на новинарски прашања поврзани со реализацијата на проектот, кој бил ...
Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 31-годишниот В.З. од Тетово, откако при претрес во неговиот дом и помошните простории била пронајдена и одземена бела прашкаста материја за која постои сомнение дека е наркотична дрога. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, претресот бил извршен на 20 јули 2026 година, во периодот од 20:00 до 20:55 часот, врз основа на судска наредба. При полициската акција била ...
Пентагон соопшти дека речиси 100 американски војници се повредени во изминатите две недели од ескалацијата на нападите врз Иран, додека Техеран започна нов бран одмазда по десеттата ноќ по ред напади. Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, изјави дека огромното мнозинство од повредените претрпеле само „благи потреси на мозокот“ и дека 96 проценти од нив оттогаш се вратиле на должност. Парнел реагираше на извештајот на „Њујорк тајмс“ дека ...
Соопптение за јавност на Левица: Наодите што ги објави Основното јавно обвинителство Гостивар ја соголуваат целата чудовишна димензија на катастрофата! Во системот за вода за пиење со пумпи била внесувана тешко загадена површинска вода од отворен канал, преплавена со фекални бактерии по налог на раководни лица од јавното претпријатие. Имало 48 пати повеќе фекални бактерии од максимум дозволеното. Во примерокот од каптираниот извор, каде што ...
Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) беше домаќин на претставници на Институтот на сметководители и ревизори на Косово (SCAAK), при што се одржа заедничка средба на двете професионални организации. Средбата беше посветена на размена на искуства и добри практики, презентација на тековните активности на двата института, како и разгледување на можностите за развој на заеднички иницијативи во областа на едукацијата, ...
Пречистителната станица за отпадни води е најголемиот и најсовремен еколошки проект во Македонија. Станува збор за комплексен инфраструктурен зафат кој опфаќа изградба на околу 60 објекти и кој ќе донесе историска промена во заштитата на реката Вардар, животната средина и здравјето на граѓаните. По првичниот застој, предизвикан од незавршени административни процедури, неусвоени детални урбанистички планови, нерешена експропријација на ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Органите не работат според чувствата на СДС и Филипче, туку според факти и докази. А фактите говорат тројца приведени за труењето со водата, детална анализа за тоа како и што е загадена, и целосна мобилизација на институциите. А кога последен пат работеа чувствата на Филипче за профит, 14 живи изгореа во модуларната болница, направена од вицепремиерот во неговата влада и десетици илјади умираа од корона, ...
Соопштение за јавност на ДУИ: Поминаа седум дена од незаконското именување на заменик-директорот на Македонската радио-телевизија, а веќе седум дена продолжува молкот на Програмскиот совет на МРТ. Нема образложение. Нема одговор. Нема ниту обид да се оправда одлука која е спротивна на законот и на основните стандарди за управување со јавна институција. Именуваното лице не ги исполнува законските услови за извршување на функцијата. Работното ...
Десетици повеќегодишни дрвја на десеттина локации низ Стар Дојран синоќа беа откорнати при силното невреме со поројни дождови, силен ветер, грмежи и град кои го зафатија овој дел од општината. Паднати јавори и борови, багреми и црници, оштетија настрешници, урбана опрема на плажата, неколку возила, како и кровот на еден од дуќаните на градскиот пазар, информираа општинските власти. Според информациите од Доброволното противпожарно друштво ...
Соопштение за јавност на ВЛЕН: ВЛЕН ја поздравува брзата реакција на надлежните институции и започнувањето на постапките за утврдување одговорност во врска со сериозната состојба во Гостивар. Секој што, со дејствување или недејствување, придонел за овој скандал, мора да одговара пред правдата. Здравјето на илјадници граѓани на Гостивар беше загрозено како последица на негрижата и лошото владеење, а ова не смее да помине без одговорност, како ...
Соопштение за јавност на СДСМ: ВМРО-ОКГ сега знае што значат истрага и доверливост на информациите. Ова доаѓа од партија која секојдневно ја користи доверливоста како изговор за да го заштити својот криминал. Кога Мицкоски сака да му се закани на политичкиот противник, тогаш има „чувство” и јавно наредува истраги од собраниската говорница и преку медиуми. Кога треба да се утврди одговорност за труењето на граѓаните во Гостивар, тогаш одеднаш ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Поради спуштање на ладен атмосферски фронт од север, доцна попладнево и вечерва, како и во текот на ноќта кон среда и во среда 22 јули во утринските и раните претпладневни часови во Македонија на повеќе места ќе дојде до развој на конвективни облачни грмотевични јадра и формирање на фронтални влажни и нестабилни воздушни бранови. Во ваква ситуација, во погоре споменатиот период времето во Македонија ќе биде ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вечерва на Меѓународниот аеродром Скопје ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која пристигна во официјална посета на Македонија. Муцунски преку објава на социјалните мрежи информираше дека во рамките на посетата се предвидени повеќе средби и активности со претставници на државниот врв и на македонските институции. Според министерот, посетата на ...
Епидемиологот Драган Даниловски во обемна стручна анализа на епидемијата на акутен гастроентеритис во Гостивар предупредува дека, иако сè уште недостигаат дел од клучните лабораториски и институционални наоди, досега објавените информации веќе овозможуваат да се извлечат сериозни заклучоци за размерите на настанот, можната улога на водоснабдителниот систем и начинот на кој институциите реагирале. Во објавата на социјалните мрежи, Даниловски ...
Основното јавно обвинителство Гостивар откри шокантни детали за еден од најголемите скандали со водоснабдувањето во Македонија. Според истрагата, три лица од ЈП „Комуналец“ – в.д. директорката, техничкиот раководител и раководителот на Одделението за водовод и канализација, се осомничени дека со свои дејствија овозможиле загадена вода од отворен канал да заврши во системот за водоснабдување на Гостивар и околните села. Според обвинителството, ...
Бројот на случаи во кои интернет-предатори ги принудуваат децата и тинејџерите да создаваат експлицитни фотографии и видеоснимки, како и да се самоповредуваат или да повредуваат други лица, нагло се зголеми низ светот во текот на изминатата година, предупредуваат експерти за заштита на децата и претставници на полициските служби. Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца на САД соопшти дека во текот на 2025 година примил повеќе од ...
Прелиминарните наоди од истрагата за инцидентот во кој српскиот патник Љубиша Каровиќ беше делумно извлечен низ скршениот прозорец на авион „Боинг 737-800“ на компанијата „Рајанер“ упатуваат на оштетување на моторот предизвикано од туѓ предмет – изјави денеска главниот извршен директор на компанијата, Мајкл О’Лири. Таканареченото оштетување од туѓ предмет (Foreign Object Damage – FOD) во пракса може да биде предизвикано од птица, камен или ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој најави дека ќе се кандидира за премиер, денеска изјави дека кампањата за претстојните парламентарни избори ќе ја води со својот личен автомобил, обиколувајќи ја Србија, барајќи поддршка од граѓаните. – Нема тука некоја голема филозофија. Ќе седнам во мојот автомобил, ме чека мојата „шкода“, и ќе ја обиколувам Србија од место до место за да побарам поддршка за мандатот за премиер, доколку биде ...
Европската комисија денеска соопшти дека ја казнила кинеската компанија за е-трговија „Али експрес“ со 550 милиони евра поради тоа што не успеала да го намали ризикот од продажба на нелегални, небезбедни и фалсификувани производи. Во соопштението на ЕК се наведува дека „Али експрес“ е казнет за прекршување на одредбите од Законот за дигитални услуги (ДСА) бидејќи компанијата не успеала соодветно да процени дали има доволно персонал за ...
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, по повод 52-годишнината од турската инвазија врз Кипар во 1974 година, изјави дека Анкара ќе продолжи да ги поддржува кипарските Турци и да им оддава почит на паднатите турски војници. – На 52-годишнината од мировната операција на Кипар, им оддавам почит со љубов на нашите херојски маченици и со благодарност на нашите ветерани. Им упатувам искрени честитки на кипарските Турци за нивниот Ден на ...