„Оган“ е насловена изложбата на слики од Бојана Артиновска што ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Културно-информативниот центар во Скопје. Фокус во поставката има огнот како движење, страст и внатрешна сила. Отворањето на изложбата ќе биде проследено со перформанс на Емил Петро, визуелен уметник, дизајнер и истражувач кој работи со светлина, дигитална анимација и современи сценски визуализации. Тој ќе изведе светлосни проекции и движења ...

Скопје, 18 ноември 2025 (МИА) - Изложба на слики, насловена „Оган“, на ликовниот уметник Бојана Артиновска ќе биде отворена вечер во 20 часот во Културно-информативен центар – Скопје и ќе трае до 3 декември. Како што се наведува во најавата од авторката, „Оган“ е нејзин најнов циклус посветен на еден од најмоќните природни елементи – огнот како движење, страст и внатрешна сила. -Процесот на создавање беше длабоко личен: свесно поврзување со ...