Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Адем Чучуљ. На Претседателот Гаши му беше предадена Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030. Чучуљ ги претстави клучните приоритети и цели на Стратегијата, која се фокусира на седум области и сектори, и тоа: хоризонталните области – јавни набавки и надзор над ...

На денешната, 68-ма седница на Комисијата за финансирање и буџет се одржа – „Јавна расправа по Предлогот на закон за игрите на среќа и за забавните игри“. Седницата ја отвори претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, пратеничката Сања Лукаревска, која ги информираше присутните за начинот на работа и текот на јавната расправа. Таа упати поздрав до сите учесници и им се заблагодари на претставниците на надлежните институции, ...

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поведе истрага против едно лице осомничено за кривичното дело загрозување лица под меѓународна заштита, поврзано со опожарувањето на возила пред Амбасадата на Бугарија во Скопје. Предметот бил преземен од Основното јавно обвинителство Скопје, кое при постапувањето по пријавата за предизвикување општа опасност дошло до сознанија што упатуваат на можни елементи на ...

По завршена истрага Основното јавно обвинителство Куманово денеска поднесе Обвинителен акт против 25-годишен жител на Старо Нагоричане осомничен дека извршил четири кривични дела – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик, како и два обиди за убиство од истиот квалификуван облик. Бидејќи со умисла лишил од живот повеќе лица, согласно член 123 став 3 од Кривичниот законик, му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или ...

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во РС Македонија, Рита Колумбија, регионалната директорка на Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (UNOPS), Микела Талин, претставничката на Канцеларијата на Високиот комесар на ОН за човекови права, Тања Темелкоска, и Марко Вујачиќ, раководител на програмата на (UNOPS) за Југоисточна Европа. Се разговараше за можностите за ...

„Живееме во време кога светот се менува со брзина каква што ретко која генерација претходно искусила. Економските текови се менуваат, технолошките револуции ги трансформираат пазарите на трудот, геополитичките предизвици стануваат сè посложени, а државите кои немаат јасна стратегија и визија ризикуваат да останат на маргините на развојните процеси. Затоа денес повеќе од кога било е потребно да имаме институции кои нема да размислуваат само за ...

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) на јавната расправа пред собраниската Комисија за финансирање и буџет остро се спротивстави на Предлог-законот за игри на среќа. Претседателот на АСОМ, Васко Илијевски, во своето обраќање пред пратениците ги претстави вистинските намери на предложениот закон, потенцирајќи дека тие не се насочени кон заштита на граѓаните, туку кон воспоставување на целосен државен монопол. „Денес не ...

Во периодот од 1 до 19 јуни 2026 година, 24. авиобаза беше домаќин на мултинационалната заедничка летачко-тактичка вежба „Thracian Blade 2026“, јавува инфоцентарот на бугарското Министерство за одбрана. Под покровителство на MHTC и раководство на Военото воздухопловство на Република Бугарија, во текот на три недели заеднички тренираа персонал и воздухопловна техника од Бугарија, Австрија, Белгија, Србија, Словачка, Словенија и Швајцарија. ...

Археолошкиот музеј – Сандански на 25 јуни 2026 година ќе ја одбележи својата 90-годишнина со празнична програма, јавува Пиринско. Дел од програмата ќе биде музејската работилница „Уметноста на древните“, наменета за ученици од 10 до 14 години. Учесниците ќе изработуваат реплики на експонати што се чуваат во музејот, а своите творби ќе можат да ги подигнат истиот ден од 17:15 часот, поради потребното техничко време за нивна завршна обработка. ...

Празник на бугарската роза ќе се одржи на 27 јуни за првпат во Париз, соопштија од Бугарското неделно училиште „Иван Вазов“ во француската престолнина, јавува БНР. Настанот ќе се одржи од 14:00 до 19:00 часот по локално време во балската сала на општината на 13. париски округ, на плоштадот „Италија“ број 1. Пред официјалното отворање, училиштето ќе го одбележи крајот на учебната година. Во рамките на програмата ќе бидат наградени истакнатите ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди граѓаните дека Русија би можела да ги засили нападите со ракети и беспилотни летала врз Украина во наредниот период. Зборувајќи со новинарите, Зеленски тврдеше дека рускиот претседател Владимир Путин ослабува на неколку нивоа и дека токму затоа би можел да прибегне кон уште потешки напади. „Путин станува слаб. Тој е политички слаб, слаб на бојното поле и физички. Затоа би можел да ги ...

Доктор и медицинска сестра сакале да криумчарат вкупно 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари, преку поштенска пратка декларирана како козметички примероци со вкупна вредност од 80 долари. Против лицата е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје за сторени кривични дела, криумчарење и царинска измама, казниви согласно Кривичниот законик, извести Царинската управа. „Случајот е откриен од страна на царински службеници од ...

На предлог на Министерството за здравство, Владата ја усвои информацијата за формирање Центар за итна медицинска помош Скопје, со цел воспоставување поефикасен и поодржлив систем за итен медицински одговор, скратување на времето на интервенција и унапредување на капацитетите за спасување човечки животи. „Одвојувањето на Итната медицинска помош претставува значајна системска реформа насочена кон зајакнување на организациската и оперативната ...

Европската комисија објави дека се приклучува кон новата социјална мрежа „W“, европска алтернатива на постојните платформи. Платформата, првпат претставена во јануари на Светскиот економски форум, се базира на принципите на „верификувани човечки корисници, транспарентност, приватност и слобода на говор“, пишува Euronews. Платформата „W“, со седиште во Шведска, е развиена од претприемачи од светот на медиумите, технологијата и вештачката ...

Никица Корубин “Нормализирањето” на насилството и уште пострашно неговото “оправдување” или игнорирање, е секогаш на директна штета на граѓаните, нормалноста на нашите животи и функционалноста на целото општество во кое егзистираме. И тоа е веројатно една од посакуваните цели на она што го нарекуваме “колективна апатија” – состојба на длабока разочараност и недоверба во “излезно решение” – па, затоа секој индивидуално одлучува, за сопствена ...

Прв меѓународен отворен турнир во шах и дама во чест на бугарскиот кан Кубрат, владетелот кој ја основал Велика Бугарија во VII век, се одржа во украинскиот град Кропивницки, јавува БНР. Настанот, кој ги обедини спортот, културата и меѓузаедничката соработка, собра претставници на бугарската, ерменската, полската и азербејџанската заедница, соопшти претседателот на Кировоградското областно друштво на Бугарите „Нашите луѓе“, Сергиј Осадчиј. ...

„Мечот на надежта“, организиран од Фондацијата „Стилијан Петров“, собра вкупно 348.447 евра за поддршка на болните од онколошки заболувања, јавува БНР. Средствата ќе бидат наменети за помош на лица во Бугарија кои се борат со онколошки заболувања. Дел од сумата ќе биде доделена и на Комплексниот онколошки центар во Бургас, како и за поддршка на поранешните фудбалски репрезентативци Љубослав Пенев и Петар Хубчев. Иницијативата го надградува ...

„Додека СДС и ДУИ оставаа кризи, долгови и блокади, ВМРО-ДПМНЕ донесе стабилност, развој и конкретни резултати кои денес ги чувствуваат граѓаните. За две години ВМРО-ДПМНЕ покажа што значи одговорно и посветено владеење базирано на резултати. Со историски рекордни 1,255 милијарди евра инвестиции и најсилниот инвестициски циклус во поновата историја, Македонија повторно се гради и се развива“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Владата предводена од ...

„Организирната криминална група ВМРО и ЗНАМ, тендер коалиција, ќе одржат средба за реконструкција на Владата. Нова козметичка операција на тендер коалицијата која веќе две години ја држи Македонија во економски и политички колапс. Наместо вистински реформи и одговорност, добиваме само шминка на Владата и мачкање очи на народот“, велат од СДСМ. „ЗНАМ, партија која практично престана да постои, која изгуби пратеник, советници и која се распаѓа ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека одржал средба со бугарскиот премиер Румен Радев, на која двајцата разговарале за развојот на билатералната соработка, енергетската безбедност и можностите за реализација на заеднички проекти, пренесе БГНЕС. Во објава на социјалната мрежа X, Зеленски се заблагодари за „содржајните разговори“ со бугарскиот премиер и посочи дека посебно внимание било посветено на енергетската безбедност, ...

Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје најавува концерт „Филхармонија на отворено“, кој ќе се одржи на 20 јуни, сабота, со почеток во 21:00 часот, во Градски парк. Под диригентство на светски познатиот бугарски диригент маестро Најден Тодоров, на една сцена ќе настапат престижни музички состави од Бугарија, Република Северна Македонија и Грција. Меѓу нив се Софиската филхармонија, Филхармонијата на Република Северна Македонија, ...

Европската Унија ги продолжи економските санкции против Русија за 12 месеци, што е прв пат мерките да бидат продолжени за една година наместо претходните шест месеци, изјави портпаролката на претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста. ЕУ воведе широки санкции врз Москва откако Русија започна целосна инвазија на Украина во 2022 година, насочена кон извозот на фосилни горива на Русија, воената индустрија и финансискиот сектор. Досега, ...

Иднината на Европа зависи од одбраната на Украина, а најдобрата гаранција за неа е забрзаното членство на Киев во Европската Унија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот на ЕУ. Зеленски бара забрзан пат кон ЕУ „Одбраната на Украина е клучна за иднината на Европа како слободен, обединет и мирен простор, што покажува колку е единствена сегашната ситуација“, рече Зеленски. Украинскиот претседател нагласи дека најважниот ...

На 18 јуни 1913 г., за време на Меѓусојузничката војна, од грчка војска била разрушена Солунската бугарска машка гимназија. Бугарскиот револуционер Павел Шатев пишува: „Около 15 000 тома отъ библиотекитѣ на българскитѣ гимназии и училища бидоха разграбени, разхвърляни по улицитѣ, кѫдѣто гръцки тълпи се гаврѣха съ славѣнската и българската писменость, като ги изгарѣха на цѣли купища. Прѣзъ това врѣме ние лично гледахме това варварско зрелище, ...

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе достави предлог-измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои се предвидува заострување на казнената политика и регулативата за користење електрични тротинети, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Според Тошковски, анализите покажуваат дека најголем број сообраќајни несреќи во кои учествуваат електрични тротинети се регистрирани кај младата популација, особено кај ...

Амбасадата на Бугарија во Скопје повика да не се блокираат граничните премини или патиштата меѓу Бугарија и Северна Македонија. Ова станува јасно од објава на официјалната Facebook страница на бугарската амбасада потпишана од амбасадорот Желјазко Радуков. Во продолжение ви ја пренесуваме објавата на бугарската амбасада во целост и без уредничка интервенција: Амбасадата на Бугарија во Скопје им се заблагодарува на сите бугарски институции, ...

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заменик министерот Ѓоко Велковски, претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер, ги изнесоа клучните пораки за системско зајакнување на предучилишното образование и грижа и проширување на опфатот на децата во предучилишно воспитание и образование. На конференцијата насловена – „Ран почеток, трајни придобивки – градинка за секое дете!“, беа презентирани наоди и препораки од ...

Со поддршка на проектот EU4FAST-WB, координиран од програмската канцеларија EMEA за Европа, Блискиот Исток и Африка при Централната дирекција за криминалистичка полиција на Министерството за внатрешни работи на Италија, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, заедно со македонска делегација, во изминатите два дена реализираше работна посета на Италијанската државна полиција. Во рамки на посетата беше спроведена сеопфатна и ...

Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов учествуваше на Тркалезната маса – работна сесија – „Недостигот на работна сила: Од предизвик до можност преку активно стареење и искористување на позитивни искуства“ во организација на Комората на Северна Македонија за приватно обезбедување. Целта на настанот, како што беше речено е актуелизирање на состојбата со работната сила во областа на приватното обезбедување и изнаоѓање на решение за нејзино ...

Денес се одржа деветтата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство, на која продолжи разгледувањето на предлог-измените и дополнувањата на Изборниот законик. Во текот на досегашната работа, Работната група разгледа и усогласи низа клучни прашања, вклучително и препораките на ОБСЕ/ОДИХР, како и предлозите доставени од државните институции и политичките партии. Дел од решенијата беа усогласени со консензус, додека за ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.1
40%
1016
weather icon

Белград

30ᴼ / 30ᴼ
1.07
54%
1014
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
1.51
49%
1015
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
1.18
42%
1018
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
2.62
44%
1015
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
0.45
74%
1017
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
3.58
39%
1013
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.43
60%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.11
46%
1015
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 29ᴼ
2.24
54%
1016
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 32ᴼ
0.45
30%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
4.47
100%
1015
Currency

61.6417

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Иридиум

233896.68

Бакар

12.22

Рутениум

49029.89

Платина

50476.67

Кобалт

56.29

Калај

50.54

Цинк

0.00

Паладиум

38355.84

Сребро

1862.96

Алуминиум

3.11

Злато

129060.56

Родиум

249168.29