Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Анализа на БГНЕС Надворешнополитичката програма на владата на Румен Радев за периодот 2026–2030 година го поставува членството на Бугарија во Европската Унија и НАТО како основоположна рамка, а истовремено предвидува поактивно учество во донесувањето одлуки и појасно застапување на националните интереси. Во текстот е запишано дека целта веќе не е самото членство во европските и евроатлантските структури, туку „ефикасноста со која тоа се ...
Научниот институт „Западни покраини“ преку декларација го изрази својот протест и побара итна дипломатска и политичка реакција од бугарските институции поради одбивањето на српските власти да му дозволат влез во Србија на д-р Валентин Јанев, кој требало да учествува на меѓународна еколошка средба во Босилеград. Институтот оценува дека образложението за „безбедносен ризик“ е неосновано и предупредува дека вистинската закана е загадувањето ...
Бугарскиот национален тим освои четири медали – еден златен, еден сребрен и два бронзени – на Меѓународната олимпијада по информатика во Ташкент, Узбекистан, соопшти Здружението на олимписките тимови по природни науки, пренесува БНР. Златниот медал го освои Андреј Стефанов, ученик во 11-то одделение во Првата приватна математичка гимназија во Софија, кој годинава освои злато и на Меѓународната олимпијада по математика. Сава Делев, ученик во ...
Бруто-домашниот производ на Бугарија во вториот квартал од 2026 година пораснал за 2,7 отсто на годишно ниво и за 0,6 отсто во однос на претходниот квартал, покажуваат прелиминарните податоци на Националниот статистички институт, пренесува БГНЕС. БДП во периодот април–јуни достигнал 29,68 милијарди евра. Главни двигатели на растот биле потрошувачката и инвестициите. Крајната потрошувачка се зголемила за 7,6 отсто на годишно ниво, а ...
Романија мора да го зголеми увозот на електрична енергија, вклучително и од Бугарија, откако сушата и рекордно нискиот водостој на Дунав доведоа до запирање на двата реактора на нуклеарната централа „Црнавода“, јавува БГНЕС. Првиот блок беше исклучен од електроенергетскиот систем на 28 јули, а поради натамошното намалување на нивото на реката е запрен и вториот. Двата реактора имаат моќност од по 700 MW и при нормална работа обезбедуваат ...
Бургас ќе биде домаќин на „Евровизија 2027“, затоа што неговата кандидатура беше оценета како најсилна според инфраструктурата, транспортната поврзаност, хотелските капацитети и подготвеноста на локалната власт, ова го изјави генералната директорка на Бугарската национална телевизија, Милена Милотинова за утринската програма на БНТ. Кандидатурите биле оценувани од меѓународна експертска група со претставници на БНТ, Европската радиодифузна ...
Бугарскиот премиер Румен Радев присуствуваше на свечената церемонија во Плевен за доделување прв офицерски чин и дипломи на питомците од 75-та генерација „Априлски – 2026“ на Високото воено воздухопловно училиште „Георги Бенковски“, јавува БТА. На церемонијата присуствуваше и министерот за одбрана Димитар Стојанов, а началникот на училиштето, бригадниот генерал Јулијан Радојски, им се обрати на дипломците. Радев ја награди најдобрата питомка ...
Ива Михаилова Тука, дури и ако си сведок на нешто што си го видел со сопствени очи, може да се покаже дека ја загрозуваш сопствената слобода. А довербата што граѓаните ја имаат во судскиот систем е едвај 2% — и тоа е многу. Дејвид Крстов е единствениот сведок кого не успеаја да го скршат. Тој излезе и го кажа она што тврди дека го видел — и пред обвинителството пред околу седум месеци, и пред судот и медиумите минатата недела. За време на ...
Бугарската атлетичарка Александра Начева го освои бронзениот медал во трискок на Европското првенство во Бирмингем со резултат од 14,40 метри. Со тоа Бугарија повторно има медалистка во оваа дисциплина по бронзата на Тереза Маринова во 1998 година, јавува БГНЕС. „Се чувствувам прекрасно. Многу подобро отколку во последните шест-седум години. Ова е бронзен медал на Европско првенство за мажи и жени, што беше мојата цел, и ја остварив“, изјави ...
Денеска официјално се отвора новиот, околу три километри долг дел од третата линија на софиското метро, од станицата „Хаџи Димитар“ до населбата „Левски Г“. Редовниот сообраќај со патници ќе започне во 12:00 часот, јавува БГНЕС. Новата делница опфаќа три метростаници – „Стадион Георги Аспарухов“, „Бесарабија“ и „Ген. Владимир Вазов“. Проектот треба да обезбеди побрза транспортна врска за жителите на „Подујане“, „Хаџи Димитар“, „Сувата Река“ и ...
Сите бугарски пратеници во Европскиот парламент упатија заеднички итен апел до раководството на Европската Унија со барање за интервенција во случајот со 22-годишната Ива Михаилова, која има бугарско и македонско државјанство и, според нив, е спречена од властите во Северна Македонија да замине на неопходно лекување во странство, јавува Актуално. Во писмото, за кое информираа европратениците Андреј Ковачев и Ивајло В’лчев, се наведува дека ...
Бугарскиот атлетичар Божидар Сарaбојуков се врати во Софија со бронзен медал во скок во далечина од Европското првенство во Бирмингем, јавува 24 часа. „Многу сум среќен што повторно се враќам со медал. Тоа покажува постојаност“, изјави Сарабојуков, кој пред последниот обид бил четврти и морал да скокне повеќе од 8,18 метри за да стигне до подиумот. Тој оцени дека натпреварот бил особено тежок поради студеното време и силниот спротивен ветер. ...
Бугарскиот пилот Никола Цолов е меѓу најследените млади возачи во Формула 2 во пресрет на пазарот за места во Формула 1 за сезоната 2027, објави PlanetF1, пренесува БГНЕС. Деветнаесетгодишниот Цолов, член на програмата за млади таленти на Red Bull, е лидер во шампионатот во Формула 2 и забележа три последователни победи на „Ред Бул Ринг“ и „Силверстоун“. Неговото име се поврзува со можно место во Racing Bulls, каде што во моментов настапуваат ...
Иван Николов/БГНЕС Министерството за внатрешни работи на Србија – Управата на граничната полиција на граничниот премин „Рибарци“, на 11 август одби да му дозволи влез во Србија на д-р Валентин Јанев. Тој патувал заедно со Димитар Куманов од Здружението „Балканка“ на средба со претставници на Бирото на Бернската конвенција од Стразбур, кои пристигнале во Босилеград за да ги проверат фактите и аргументите наведени во претставките на невладините ...
Софија е на шестото место меѓу најдостапните европски градови за краток одмор, со просечен дневен трошок од околу 77,25 евра по лице, покажува истражување што ги споредува трошоците за сместување, храна и локален превоз во 100 европски градови, пренесе БГНЕС. Истражувањето на „Гетсби“, засновано врз податоци од туристичкиот сајт „Budget Your Trip“, не ги вклучува авионските билети. Пред Софија се пет полски градови, а најевтин е Вроцлав со ...
Претседателката на Бугарија Илијана Јотова го поздрави изборот на Бургас за домаќин на „Евровизија 2027“, оценувајќи дека градот има „неверојатна шанса“ да ги претстави бугарското гостопримство, културно-историските традиции и Црноморието пред европската публика, јавува БТА. „Имаме неверојатна шанса да го покажеме пословичното бугарско гостопримство, да ги запознаеме гостите со културно-историските традиции на градот и земјата и да ги ...
Бургас се најде во фокусот на „Евронјуз“ по повод претстојното домаќинство на „Евровизија 2027“, а медиумот го претставува бугарскиот црноморски град како „сончев морски домаќин“ на натпреварот, јавува БГНЕС. Во туристичкиот водич се истакнува дека изборот на Бургас бил изненадување, бидејќи по победата на Бугарија многумина очекувале настанот во 2027 година да се одржи во Софија. Според „Евронјуз“, конкурсот следниот мај ќе ги стави плажите, ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) соопшти дека е сериозно загрижена поради поднесувањето „политичко обвинение за индивидуална одговорност која произлегува од колективна одлука“. Реакцијата следи откако претдхоно денес Обвинителството покрена обвинение против 8 лица за случајот со злоупотреби во Државна лотарија, меѓу кои и за екс-вицепремиерот од редовите на Интегративците, Артан Груби. „По две години истрага, јавноста заслужува да ...
Скопското обвинителство поднесе обвинение против поранешниот вицепремиер Артан Груби, со барање за продолжување на куќниот притвор како второобвинет за злоупотреби во „Државна лотарија“. Обвинението е поднесено против вкупно 8 лица како соизвршители во кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување. „Обвинетите, во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и ...
Директорот на телевизијата „Алсат-М“, Лирим Хајредини, утрово е пронајден мртов, со повреди на телото, во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје. Местото е обезбедено од полицијата која го потврди случајот. „Денеска (13.08.2026) околу 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред зграда на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје има лице со повреди. Полициски службеници од ПС Бит Пазар излегле на местото на настанот и констатирано е дека ...
Министерството за внатрешни работи утрово извести дека интензивно работи на вчерашното ширење паника и страв дека во скопската вода е пронајдена бактеријата ешерихија коли. „Секторот за компјутерски криминал при МВР презема соодветни мерки и активности. Се утврдуваат профилите на лицата и истите се повикуваат на информативен разговор. По завршување на истражните дејствија соодветно ќе ја информираме јавноста“, кусо извести Министерството за ...
Бугарската влада предлага генерал-мајор проф. д-р Венцислав Мутафчиски, началник на Военомедицинската академија (ВМА), да биде одликуван со орден „Св. св. Кирил и Методиј“ – огрлица, за неговиот долгогодишен придонес во воената медицина, здравството, науката и медицинското образование, јавува бугарското Министерство за одбрана. Во образложението се истакнува неговата улога во воведувањето нови методи и техники во медицинската практика, ...
Специјалисти од Военомедицинската академија (ВМА) во Софија за првпат во Бугарија извршија истовремена трансплантација на црн дроб и бубрег кај еден пациент. Реципиент е 20-годишен маж со вродена фиброза на црниот дроб и полицистична болест на бубрезите, јавува Актуално. Органите се од 20-годишен донор по донорска ситуација во УМБАЛ „Свети Георги“ во Пловдив. Најпрво била извршена трансплантацијата на црниот дроб од тимот на Клиниката за ...
Бургас ќе биде домаќин на музичкиот натпревар „Евровизија“ во 2027 година, соопшти денес Бугарската национална телевизија (БНТ). Полуфиналните вечери ќе се одржат на 11 и 13 мај, а финалето на 15 мај, пренесува БТА. Во трката за домаќинство првично беа Софија, Пловдив, Варна и Бургас, а во завршната фаза останаа Бургас и Софија. На 15 јули претставници на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) го посетија Националниот дворец на културата во ...
Бугарија бележи силен раст на инвестициите во индустриски батерии, поттикнат од слободниот капацитет на електропреносната мрежа и добрата поврзаност со соседните пазари, изјави за БГНЕС енергетскиот експерт Симеон Белорешки. Според него, мрежата од 110 kV има капацитет од околу 16 GW, додека домашната потрошувачка изнесува околу 7-8 GW, што овозможува полесно приклучување на нови соларни и батериски капацитети. Белорешки оцени дека Бугарија ...
Ивон Величковски И гаранција за државотворноста на македонскиот народ кој има и обврска и сила да ја штити граѓанската и етничката рамноправност на сите – заедно со сите во нацијата на Северна Македонија. “Рускиот свет” е проекција на Кремљ за себе како надмоќен и референтен еталон кон народите во своето опкружување (украинскиот, белорускиот, балтичките, кавкаските…). Во неа централно-европските и балканските (словенски) народи ги замислува ...
Една од најталентираните бугарски фудбалерки Катерина-Марија Равначка (18) потпиша договор со Бреша Калчо Феминиле и ќе настапува за италијанскиот клуб во сезоната 2026/2027, јавува Симитли.инфо. Равначка зад себе веќе има искуство во италијанската Серија Б, каде минатата сезона настапуваше за Фридом Кунео. Нејзиниот прв гол во ова натпреварување го постигна токму против Бреша, нејзиниот сегашен клуб. Младата ѕвезда на бугарскиот женски ...
Џелал Хоџиќ, претседател на СДА Македонија, е организатор, модератор и воведничар на дебатата „Северна Македонија помеѓу европската интеграција и ‘српскиот свет’“, што се одржа на 30 јули 2026 година, во Скопје. Настанот отвори прашања што власта упорно ги избегнува. Дали европската интеграција навистина е блокирана однадвор или државата свесно се повлекува од европскиот пат, додека политички, медиумски и економски сè подлабоко се вградува во ...
Бугарската маслодајна роза Дамасцена (Rosa damascena) ќе биде претставена од 20 до 23 август на 103-от Саем на лавандата во францускиот град Дин ле Бен, каде што Бугарија ќе биде почесен гост, соопштија организаторите, пренесува БТА. Розата ќе биде претставена како едно од препознатливите богатства на Бугарија, познато по висококвалитетното етерично масло и традициите во нејзиното одгледување и преработка. На саемот ќе има секојдневна ...
Не може претставник на институција да биде запиран кога ја минува границата за да учествува на настан посветен на прекугранични проблеми. Според мене, тоа не е европско однесување. Ова во интервју за БГНЕС го изјави д-р Валентин Јанев , член на Управниот совет на Научниот институт „Западни покраини“, откако не му беше дозволен влез во Србија. Според него, бугарската држава треба да реагира на дипломатско ниво за да го заштити авторитетот на ...