Палењето на дипломатските автомобили — тоа е сопственост на бугарската држава, јас го доживувам како напад врз Бугарија. Ова го изјави претседателката Илијана Јотова, пренесе БГНЕС. Денес ЕП дебатира за извештајот за напредокот на РС Македонија на патот кон ЕУ. Имам сигнал од европратеници дека во последен момент во пленарната сала ќе се обидат да отстранат еден од текстовите, кој директно се однесува на работата на заедничката комисија ...

Институтот GATE при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ и Центарот за развој на човечките ресурси (ЦРЧР) од Бугарија, започнаа заедничка иницијатива за развој и тестирање на прототип на чатбот, наменет да им помага на кандидатите, бенефициентите и засегнатите страни во програмите „Еразмус+“ и „Европски корпус за солидарност“, јавува БГНЕС. Иницијативата се реализира преку Европскиот дигитален иновациски хаб InnovationAmp и е дел од ...

SpaceX во својата иницијална јавна понуда на акции собра 10 милијарди долари повеќе од првично очекуваното, со што вкупниот износ достигна 85,7 милијарди долари. Со тоа ракетната компанија на Илон Маск, минатиот петок, со излегување на њујоршката берза Nasdaq оствари најголема првична јавна понуда во историјата. Првично собра 75 милијарди долари од инвеститорите, а парите, им рече Маск на вработените, ќе бидат искористени за финансирање на ...

Шведскиот парламент гласаше за заострување на законите за имиграција, поддржувајќи мерки што им овозможуваат на властите да ги поништат дозволите за престој врз основа на нејасни критериуми за несоодветно однесување и ги обврзуваат повеќето вработени во јавниот сектор да пријават секој за кого се сомневаат дека е недокументиран, објавува „Гардијан“. Новото законодавство доаѓа пред парламентарните избори во септември и е дел од политиката на ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделник го нарече договорот меѓу САД и Иран „многу важен чекор“ кон завршување на војната, за која ги обвини израелските провокации на 28 февруари. По состанокот на кабинетот, тој рече дека договорот донесе олеснување за целиот регион, јавува агенцијата Анадолија. „Нашиот регион, кој беше на работ, сега воздивна со олеснување“, рече Ердоган. Тој нагласи дека Турција е „во име на регионот и целото ...

По одржаните средби со бугарската заедница во Мала Преспа, бугарската делегација во состав д-р Андреј Ковачев, Ивајло Киров, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Бугарија во Република Албанија, Димитрина Темелкова, заменик-шеф на дипломатската мисија на Република Бугарија во Албанија, Михаил Михајлов, Елисавета Белобрадова и д-р Милен Врабевски ја продолжи својата посета во Тирана, каде што одржа серија средби со претставници на ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Лондон. Во британскиот Форин офис, министерот Муцунски ќе оствари средба со својот хомолог, државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Ивет Купер. Во насока на унапредување на надворешната трговија и поттикнување на извозот, министерот Муцунски ќе ...

Полска сè уште не испорачала дополнителни борбени авиони МиГ-29 на Украина, бидејќи преговорите за трансфер на украинска воена технологија во Полска сè уште не се завршени, изјави полскиот заменик-министер за одбрана Цезари Томчик. Во разговор за Радио ЗЕТ, Томчик истакна дека Варшава е подготвена да испорача борбени авиони од советско производство штом ќе се постигне договор за технолошка соработка. „Не ги испорачавме МиГ-овите на Украина. ...

„Пискотниците на ДУИ за автопатот Скопје-Блаце имаат само една причина: трасата не поминува таму каде што со години се правеле пресметки и се купувале земјишта со надеж за милионски профити од експропријација. За прв пат добиваат граѓаните, а не партиските интереси“, велат од Влен. „Ова е вистинската причина за нивната врева. Обидот автопатот да служи за индивидуални интереси, а не за интерес на граѓаните, пропадна. Трасата се реализира ...

Либерално-демократската партија (ЛДП) останува на ставот дека секоја правосилна судска одлука мора да се почитува и дека никој не смее да биде над законот. Истовремено, сметаме дека довербата во правосудството и институциите се гради преку еднакви критериуми, правна сигурност и доследност во примената на принципите, велат од ЛДП „Во јавноста неизбежно се отвора прашањето како се толкува поимот „јавен интерес“ и дали за сите важат истите ...

Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени. Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има ...

Во Киев и Кишињев се слави почеток на преговори за членство во ЕУ, во Скопје се палат возила на соседна ЕУ-членка, реагираат од политичкото движење Нова Република во врска со денешното палење на два автомобили со дипломатски таблички пред бугарската амбасада во Скопје. “Држава која не гарантира безбедност за сопствените граѓани, не гарантира безбедност ниту за амбасадите. И обратно. …нападот врз една амбасада (во случајот на Бугарија) го ...

Приведен е потпалувачот на двете дипломатски возила пред амбасадата на Бугарија во Скопје. Информацијата ја објави ТВ 24, од таму цитираат свои извори од МВР. Осомничениот се наоаѓа во полициска станица и кај него се пронајдени и дополнителни докази за делото. Според информациите на ТВ 24 ќе се оди по итна постапка. Станува збор за И.Д. (44) од Скопје, кој е лишен од слобода и задржан во полициска станица, јавува Центар.мк. При преземените ...

Дали и овој потплувач ќе биде прогласен за херој? Бугарија не се плаши! Оваа порака се појави на официјалната страница на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје на социјалната мрежа Facebook. Под краткиот текст е објавен линк од позицијата на бугарското Министерство за надворешни работи во врска со денешното палење на два автомобили на бугарската Амбасада во Скопје. Видео од немилиот настан веќе беше објавено од бугарските медиуми а ...

Шефицата на бугарската дипломатија Велислава Петрова разговараше телефонски со министерот за надворешни работи на РС Македонија, Тимчо Муцунски, јавува БГНЕС. „Очекуваме итна и темелна истрага, утврдување на одговорните лица и брза правда. Бугарија ќе продолжи да ги користи сите расположливи механизми за да се спротивстави на секој обид за ширење страв меѓу Бугарите во Северна Македонија“, напиша Велислава Петрова на социјалната мрежа „X“. ...

Категорично го осудувам палењето на дипломатски автомобили на бугарската амбасада во Скопје. Ова не е обичен криминален акт, туку недозволив напад врз дипломатска мисија, кој ја доведува во прашање способноста на властите во Република Северна Македонија да ја гарантираат безбедноста на странските дипломатски претставништва согласно нивните меѓународни обврски. Ова се вели во позицијата на претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, пренесува ...

Палењето на автомобили на бугарското дипломатско претставништво во Скопје е повеќе од криминален чин. Тоа е директна последица на долгогодишно поттикнување антибугарска омраза, политичка неодговорност и системско демонизирање на Бугарија и Бугарите, стои во реакцијата на Љупчо Ѓорѓиевски, прв човек на забранетиот бугарски културен клуб „Иван Михајлов“ од Битола. „Додека претставници на власта зборуваат за европски вредности, во практика се ...

Андреј Ковачев По години систематска антибугарска пропаганда, наметнувана од политичари, медиуми, самопрогласени „историчари“ и целата мрежа на т.н. длабока држава, денес гледаме уште еден загрижувачки резултат – палење на автомобили на бугарската амбасада во Скопје. Не тврдам дека овој чин е извршен од власта, но таа носи политичка и морална одговорност. За да го одвлече вниманието на јавноста од недостигот на реформи, влошената ...

Уште еден инцидент во Скопје – овојпат со запалени автомобили на бугарската амбасада во центарот на градот – отвора прашања поврзани не само со безбедноста на дипломатските мисии, туку и пошироко со политичката и регионалната состојба, пишува БГНЕС. Случајот не се однесува само на обезбедувањето или на неговото отсуство кај дипломатските објекти, кои според меѓународните норми бараат засилена заштита од страна на државата домаќин. Фактот ...

Стигнуваат реакции од бугарските здруженија по палењето на двата автомобили пред бугарската амбасада во Скопје. ,,Да веруваме во институциите дека ќе го пронајдат виновникот. Да останеме со ладни глави и здрав разум. Да не долеваме масло на огнот . Се надевам дека ова лудило ќе престане, напиша на социјалната мрежа facebook Добре Митрев, прв човек на здружението ,,Балкански коридор” од Кавадарци. Најновиот напад врз бугарската амбасада во ...

На 15 јуни 2026 година, во пладневните часови, непознато лице запалило два од дипломатските автомобили на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, кои се наоѓале пред официјалниот влез на мисијата. Министерството за надворешни работи на Република Бугарија најостро го осудува овој демонстративен чин на агресија, кој ги загрозува здравјето и животот на вработените во нашата амбасада во Скопје. Без навремената интервенција на бугарскиот ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро го осудува инцидентот што се случи денеска, при кој беше извршено опожарување на возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. „Воедно, информираме дека Министерството за внатрешни работи презема соодветни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот“, се наведува во соошштението. Од Министерството за ...

Најостро го осудуваме палењето на возилата на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Ваквите вандалски и насилни дејствија се неприфатливи во едно демократско и европско општество и претставуваат директен удар врз принципите на добрососедството, меѓусебната почит и владеењето на правото, стои во реакцијата на граѓанското здружение Балкански мост, по палењето на двата автомобила со дипломатски ознаки пред бугарската амбасада во Скопје. ...

Меморандумот за разбирање што Техеран и Вашингтон треба да го потпишат во Швајцарија во петок содржи отворање на Ормутскиот теснец, деблокирање на иранските пристаништа, укинување на санкциите за иранската нафта, но и прекин на сите воени активности, вклучително и во Либан, објави „Ројтерс“. Пакистанскиот премиер Шебаз Шариф изјави дека двете страни прогласиле моментален и траен крај на сите воени операции. Сите страни изјавија дека ...

Владата најостро го осуди вандалскиот и недозволив чин на опожарување на возила со дипломатски статус во непосредна близина на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Според Владата, ваквите постапки претставуваат напад врз принципите на безбедноста, дипломатските односи и меѓународното право и не смеат да имаат место во демократска држава. Надлежните институции веќе преземаат интензивни мерки за целосно расчистување на случајот и ...

Премиерот, Христијан Мицкоски, најави дека по 17 јуни, кога е роденденот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се разговара за реконструкција на Владата. Тој истакна дека повеќе ќе се задржи на содржината отколку на големината на реконструкцијата. „Не би навлегувале во големината, повеќе би се посветил на содржината на реконструкцијата. Сега сме посветени на роденденот на партијата што ќе се случи во среда, 17 јуни, на градскиот стадион во Струмица, и веќе ...

Полицијата уапси 28-годишен Норвежанец во касарната „Илинден“. Тој рекол дека следел координати на мапа и случајно залутал во касарната. Според информациите на МВР, вчера во 15:30 часот во касарна „Илинден“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода Е.К.Т.(28) од Норвешка поради сомнение за сторено кривично дело по член 350 од Кривичниот законик – „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и ...

СДСМ денеска објави, како што велат од партијата, нова бомба на антикорупцискиот тим, а станува збор за фирми кои фобивале тендери од власта. „АКТ веќе објави тендерски скандали вредни над 100 милиони евра, како едни исти, омилени фирми на власта добиваат тендери. Три од овие омилени фирми се издвојуваат: Ленди Груп ДООЕЛ Скопје, која добила 74 тендери во вредност од 17,6 милиони евра за период од две години. Пирамид билдинг солушнс, со 51 ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 17 возачи за безобѕирно управување возило. 14 лица возеле без возачка дозвола, од кои пет малолетници, а тројца возеле под дејство на алкохол. Шест лица во Скопје (двајца малолетници), четири лица во Тетово (тројца малолетници) и по едно лице во Куманово, Велес, Охрид и Прилеп возеле без возачка дозвола. По еден возач во Куманово, ...

Непознато лице денеска запалило возила на бугарската амбасада во центарот на Скопје. Според првичните информации напаѓачот полил и запалил едно возило Сузуки Витара по што огнот зафатил и друго возило паркирано во непосредна близина, јавува Рацин. По нападот лицето избегало од местото на настанот. Полициски екипи го обезбедуваат просторот пред амбасадата додека други единици преземаат мерки за пронаоѓање на потпалувачот. Нема информации за ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
0.99
40%
1017
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
0.42
60%
1015
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
1.78
65%
1017
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
0.8
61%
1019
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
1.17
47%
1016
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 22ᴼ
0.28
74%
1018
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
3.13
41%
1013
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.12
43%
1016
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.98
43%
1016
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
1.34
58%
1016
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 29ᴼ
1.34
32%
1016
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 23ᴼ
3.71
100%
1015
Currency

61.6417

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1416

Currency

66.8701

Currency

7.95535

Currency

0.68999

Currency

0.33423

Currency

0.52556

Currency

1.15981

Currency

0.57336

Сребро

1862.96

Алуминиум

3.11

Кобалт

56.29

Платина

50476.67

Цинк

0.00

Злато

129060.56

Рутениум

49029.89

Калај

50.54

Иридиум

233896.68

Бакар

12.22

Паладиум

38355.84

Родиум

249168.29