Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Пламен Димитров/Armymedia 2,5 милиарда евро е износът на българска военна продукция през 2025 г. Европа се събужда в областта на отбраната и това ще бъде отразено в следващата Многогодишна финансова рамка на ЕС за периода 2028-2034 г. Около този извод се обединиха участниците в Индустриалния форум на тема: „Отбранителни способности, индустриален капацитет и мястото на България и българската индустрия в европейската и съюзническата ...
Непознато лице денеска запалило возила на бугарската амбасада во центарот на Скопје. Според првичните информации напаѓачот полил и запалил едно возило Сузуки Витара по што огнот зафатил и друго возило паркирано во непосредна близина. По нападот лицето избегало од местото на настанот. Полициски екипи го обезбедуваат просторот пред амбасадата додека други единици преземаат мерки за пронаоѓање на потпалувачот. Нема информации за повредени лица. ...
Во среда, 17 јуни, ВМРО-ДПМНЕ одбележува 36 години. Генералниот секретар на партијата, Драган Ковачки, изјави дека на големиот народен собир во Струмица, кој почнува во 20 часот на стадионот Младост, добредојдени се сите членови, симпатизери, поддржувачи, сите граѓани кои веруватво напредокот на Македонија. „Точно пред 36 години се создаде идеја која беше, која е, и која ќе биде водилка која неʼ обединува сите нас, сите кои сме за Македонија ...
Бугарска делегација во состав на д-р Андреј Ковачев – член на Европскиот парламент, Михаил Михајлов – пратеник од парламентарната група на „Прогресивна Бугарија“, Елисавета Белобрадова – пратеник од парламентарната група на „Демократска Бугарија“, Илијан Крумов – аташе за култура во Амбасадата на Република Бугарија во Албанија, и претседателот на Фондацијата „Бугарска памет“ д-р Милен Врабевски, го посети регионот на Мала Преспа, Албанија, со ...
Британскиот премиер Кир Стармер денес објави дека на лицата под 16 години ќе им биде забранет пристапот до сите главни апликации на социјалните медиуми. „Водењето земја е секогаш прашање на избор и ми е јасно дека целосната забрана е вистинската“, рече Стармер на прес-конференција, објави Скај њуз. Стармер нагласи дека социјалните медиуми ги прават децата несреќни, отвораат простор за вознемирување и злоупотреба и го оштетуваат нивното ...
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел нема да се повлече од јужен Либан, по објавувањето на прекинот на огнот меѓу САД и Иран, кој наводно вклучува прекин на борбите против Хезболах. „Премиерот Бенјамин Нетанјаху и јас имаме јасна политика дека Израелските одбранбени сили ќе останат во безбедносните зони во Либан, Сирија и Газа, без временско ограничување, за да ја заштитат границата и израелските заедници од ...
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави дека рускиот напад врз Киевско-Печерската лавра е споредлив со бомбардирањето на париската катедрала Нотр Дам. „Ова е место под заштита на УНЕСКО, што за нас во Франција е како бомбардирање на Нотр Дам или базиликата Сен Дени. Сосема неприфатливо“, рече Баро по пристигнувањето во Луксембург за состанок на министрите за надворешни работи на Европската унија. Kyiv-Pechersk Lavra ...
Во тешката поморска несреќа што се случи вчера околу 11:38 часот во Сплитскиот теснец, помеѓу островите Шолта и Брач, загинаа четири лица. Трагедијата се случи кога патнички катамаран на домашна компанија се судри со едрилица што пловеше под француско знаме, која потоа потона. Сите жртви беа чешки државјани, соопшти хрватското Министерство за море, транспорт и инфраструктура. Во моментот на судирот, на едрилицата имало осум чешки државјани, ...
„Мицкоски ги излажаа земјоделците. Во опозиција им ветуваше повеќе пари, поголема поддршка, сигурен откуп…ништо од тоа. После 2 години власт земјоделството е на колена: субвенциите се намалени за 40 милиони евра и постојано каснат, откупот на земјоделски производи е намален за 46 проценти, трошоците за производство се зголемени, буквално нема сегмент во земјоделието каде нема сериозен проблем“, велат од СДСМ. „Најдобар доказ за тоа е ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска е во Париз, Република Франција, каде ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбрана и безбедност „EUROSATORY 2026“, на кој учествуваат повеќе од 400 излагачи на воена опрема. За време на одржување на меѓународниот саем министерот Мисајловски ќе присуствува и на приемот за министрите за одбрана чиј домаќин е министерката за одбрана на француските вооружени сили, Катерине Ваутрин и ...
Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT е примен како полноправна членка на FIRST – Forum of Incident Response and Security Teams, глобална меѓународна мрежа на тимови за одговор на компјутерски безбедносни инциденти, извести Министерството за дигитална трансформација. Приемот на MKD-GOV-CSIRT како нов полноправен член е официјално прифатен од Бордот на директори на FIRST, со што се потврдува напредокот на Македонија во ...
Вчера во периодот од 16:00 до 24:00 часот на подрачјето на Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за полициски станици од општа надлежност при СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во сообраќајот. Притоа, беа преземени вкупно 219 мерки, од кои – 66 мерки за управување мотоцикл без кацига, шест мерки за возење со несоодветна категорија, 15 мерки за возење велосипед со помошен мотор без положен возачки ...
На 13.06.2026 во периодот од 17:00 до 23:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола во сообраќајот на подрачјата на Куманово и Тетово со цел санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, извести МВР. „При контролата во Куманово изречени се вкупно 43 мерки за сторени ...
Заменик-градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски, денеска ги прими најуспешните ученици – првенците на генерацијата 2025/2026 година, од десетте општински основни училишта. Во знак на признание за нивниот исклучителен успех, посветеност и вложен труд, Општина Карпош им додели парична награда во висина од 10.000 денари, како поттик за нивен понатамошен образовен развој. Како дополнително признание за постигнатите резултати, ...
„Кога се чита СДС и неговите првенци предводени од Венко Филипче, човек помислува дека СДС не е оттука, дека до пред две години не биле власт. Како да се нова партија која до сега не учествувала во власта. Наспроти ова реалноста е следна, СДС до пред две години ја предводеа македонската влада и тоа што го оставија зад себе е пустош во сите области, вклучително и во земјоделието“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. „Земјоделците, се ...
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување потпиша Договор за редовна размена на давања и податоци за смртност со институциите за задолжително австриско пензиско осигурување од Република Австрија- Институцијата за пензиско осигурување (PVA), Службата за социјално осигурување на претприемачи (SVS) и Институцијата за осигурување на вработени во јавни служби, железници и рударска индустрија (BVAEB). Договорот го потпишаа директорот на ...
Стратешката цел на Полска е постојано американско воено присуство на нејзина територија, изјави претседателот Карол Навроцки за време на посетата на САД, каде што се очекува да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп. За време на престојот во Вашингтон, Навроцки рече: „Колку повеќе американски војници во Полска, толку подобро“, додавајќи дека постојаното американско воено присуство останува клучна полска цел. Тој тврдеше дека ...
Димитар Русков/БГНЕС Усвојувањето на извештајот за Северна Македонија во Комисијата за надворешни работи (AFET) на 3 јуни, во оваа негова верзија, несомнено беше тежок удар врз амбициите на Скопје за замена на европските услови. Категоричните констатации во документот, од шлаканицата против деструктивната улога на „Српскиот свет“ до изричното инсистирање за отворање на архивите на комунистичките тајни служби УДБА и КОС, јасно докажаа дека ...
Елеонора Каролина Гаспарина Луиза Ројс цу Кјостриц, родена во 1860 година во германско аристократско семејство, останува запаметена како една од најпосветените личности во бугарската историја, пишува Актуално. Воспитана во духот на дисциплина, религиозност и должност, таа уште во младоста се насочила кон хуманитарна работа како милосрдна сестра, инспирирана од примерот на Флоренс Најтингел. Во Бугарија доаѓа по бракот со кнезот Фердинанд I во ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за напорите за ставање крај на војната во Украина, во пресрет на самитот на Г7 во Франција. Зеленски соопшти дека му го честитал 80. роденден на Трамп и му се заблагодарил за американската поддршка во текот на војната. „Разговаравме за тоа што би можело да помогне за побрзо постигнување мир. Имаме некои добри идеи кои би можеле да ...
Бугарската влада предвидува инвестиции од 19 милијарди евра во вооружување до 2035 година, според објавените детали од планот за одбранбени инвестиции, јавува БНР. Финансирањето ќе биде обезбедено главно преку националниот буџет и преку нискокаматниот заем од инструментот на ЕУ – SAFE. Во периодот од 2026 до 2028 година се планираат минимално потребни трошоци за одбрана од 2,15 до 2,65 проценти од БДП, за личен состав, тековно одржување на ...
По објавувањето на договорот меѓу САД и Иран, цените на нафтата на азиските пазари паднаа. Цената на барел нафта од типот Брент падна за 3,8 проценти на 84,02 долари, додека американската нафта падна за 4,1 процент на 81,40 долари. Сепак, аналитичарите предупредуваат дека ќе биде потребно време пред глобалните нафтени залихи и поморскиот сообраќај да се вратат на нивоата од пред војната. Бродските компании веројатно ќе чекаат потврда дека се ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, и претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска телефонски разговарале за повеќе теми, вклучително и дипломатските напори и можностите за постигнување мир во Украина, соопшти советникот на украинскиот претседател за комуникации, Дмитро Литвин. Литвин, пренесува украинската агенција Укринформ, изјавил пред новинарите дека разговорот меѓу двајцата лидери траел меѓу 30 и 35 минути и бил содржаен. „Да, ...
Велика Британија и Јапонија постигнаа договор за инвестиции вредни повеќе милијарди фунти, за кој британскиот премиер Кир Стармер оцени дека ќе означи нова ера на соработка меѓу двете земји. Според британската влада, јапонските компании ќе инвестираат повеќе од 9 милијарди фунти во британската инфраструктура и финансискиот сектор, како и до 9 милијарди фунти во офшор ветерни електрани. Се очекува инвестициите да создадат десетици илјади ...
Три лица загинаа, а едно се води како исчезнато по судир на катамаран и едрилица во морето меѓу островите Шолта и Брач, во близина на Сплит. Несреќата се случила денес околу 11:38 часот во Сплитските врати, кога дошло до директен судир меѓу патнички катамаран и едрилица, која потоа потонала. На катамаранот имало 118 патници и седум членови на екипажот и сите се неповредени. На едрилицата имало осум лица. Дел од нив биле извлечени од морето и ...
„Наша примарна цел е да ги излечиме болните, но онаму каде што веќе медицината е немоќна, каде што настапува мозочна смрт, следен законски, медицински, хуман чин, е да се побараат органите за трансплантација“, порачува проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација во видео обраќање во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“ „Пред сѐ, ...
Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов со стручна делегација од фондот учествуваше на 16-та средба на директорите на фондовите и заводите на пензиското и инвалидското осигурување од државите на просторот на поранешна Југославија и на Република Австрија, што се одржа во Марибор, Република Словенија. Годинава главни теми на конференцијата беа активностите за спречување на грешки, измами и злоупотреби на системите во фондовите и заводите за ...
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој во западните делови ќе биде од западен правец, а долж Повардарието и во источните региони од југоисток. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 27 и 34 степени. Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала облачност и слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од ...
Иран се согласи дека нема да произведува или да набавува нуклеарно оружје, според нацрт-меморандумот за разбирање постигнат меѓу иранските лидери и Соединетите Американски Држави, открива висок ирански функционер за новинската агенција Ројтерс. Според изворот, деталите за тоа што ќе се прави со постојниот збогатен ураниум на Иран ќе се решаваат во следните 60 дена по официјализирањето на почетниот договор. Техеран инсистира самиот да го ...
Големиот шумски пожар кој избувна во петокот во Ербон, на северот на Шпанија, и понатаму е активен и надвор од контрола. Огнената стихија досега проголта околу 330 хектари шума, а поради директна опасност евакуирани се десетина куќи и прогласен е втор степен на приправност, јавува Еуроњуз. Пожарот започнал во попладневните часови во петокот и продолжува забрзано да се шири, а противпожарните служби сè уште не успеваат да го стават под ...