Зелен Хуман Град реагира на информацијата дека во рамките на стратешкиот дијалог со САД е договорена помош за ископување на антимон. „ВМРО повторно во рударска мисија. Малку е што сме втора најзагадена земја во Европа па Мицкоски поданички сака да дозволи ново труење во име на ,,стратешки дијалог”. Мицкоски сака да дозволи на американска компанија да ископува антимон во стариот рудник Крстов Дол, каде што во 60-тите и 70-тите години од ...

Во однос на минатогодишната ситуација и „картелското здружување“ на повеќе маркети во државата, Николоски потсети дека тоа на крајот го потврдила и Комисијата за заштита од конкуренцијата, нагласувајќи дека „лани јасно беше дека се работи за шпекулативно однесување“. -Оваа година веќе е внесена, односно е од надвор целата оваа криза, но повторно има шпекулативно однесување. Повторувам, конфликтот таму траеше нецели четири недели, а од ден за ...

Демократската унија за интеграција ја информира јавноста дека претседателот на партијата, Али Ахмети го испратил своето отворено писмо до локалната и меѓународната јавност од 3 април, до меѓународните пријатели и партнери акредитирани во Македонија, како и до светските лидери и истакнати меѓународни личности. Во својот вовед, Ахмети ја нагласува континуираната посветеност на ДУИ за целосно спроведување на Охридскиот договор, изградбата на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп очекува сојузниците во НАТО да преземат „конкретни“ обврски за да помогнат во обезбедувањето на Ормуската Теснина по разговорите со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти портпаролката на НАТО. Портпаролката на НАТО, Алисон Харт, изјави дека Руте ги информирал партнерите за разговорите во Вашингтон. – Јасно е дека САД очекуваат конкретни обврски и дејствија за да се обезбеди слободна пловидба ...

Иранските медиуми, повикувајќи се на директорот на државната организација за судска медицина, Абас Масџеди Арани, објавија дека од почетокот на конфликтот на 28 февруари, во Иран загинале повеќе од 3.000 луѓе. Додека според податоци на американската организација Активисти за човекови права во Иран (ХРАНА) до 7 април загинале 1.701 цивили, од кои најмалку 254 деца, 1.221 војници и 714 лица чиј статус е непознат. Податоците не можат независно ...

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња“ во нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата – истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња“, што се одржа во ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на ВТА 125 турнирот во Мадрид, откако попладнево нејзината ривалка Алина Корнеева од Русија ѝ го предаде дуелот во вториот сет по 50 минути игра. Противничката го доби првиот сет со 6:3 во гемови, а притоа успеа да направи два брејка во третиот и во деветтиот гем, искористувајќи ја третата сет топка. На стартот на вториот сет Ѓорческа направи брејк и потоа руската тенисерка ...

Светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз, се осврна на неговата борба со Јаник Синер за тронот на АТП ранг-листата. Во моментов Алкараз е лидер со 12.690 поени, додека Синер има 12.500. – Јаник има неколку големи турнири пред себе каде што може да освои многу поени. Додека јас тешко да ги одбранам моите. Ќе биде тешко, но тоа е убавината на нашето соперништво. Тој повторно ќе стане број 1 во светот и ќе се залагам колку што можам за да ја врати ...

Косуке Јасухира е нов ракометар на ГРК Охрид. Јапонецот доаѓа на позајмица до крајот на оваа сезона да и помогне на екипата во остварување на што подобри резултати во историската сезона на клубот. – Пресреќен сум што се враќам во Македонија, во тимот има добри мои пријатели од Вардар, едвај чекам да заиграм за Охрид утре против Тиквеш, па потоа да можам да им помогнам на моите соиграчи за поуспешна сезона. Среќен сум за ваквиот пречек од ...

Собранието на Македонија ги изгласа измените во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со што се воведува долгоочекуваната новина за возачите. Со оваа законска измена, секој што поседува возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може легално да управува мотоцикл со зафатнина до 125 см³, без потреба од целосно полагање за „А“ категорија. Сепак, за да го искористат ова право, возачите ќе мора да исполнат неколку клучни критериуми: – Да ...

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископоот охридски и македонски, г.г. Стефан, и членовите на Светиот архијерејски синод, упатија пасхално послание по повод велигденските празнувања: „Возљубени празникољупци, Еве, и оваа година милостивиот Бог нè удостои да го дочекаме празникот над празниците – Велигден! Исполнети со веселие, кое извира од серадосниот восклик „Христос воскресе!“, ја исповедаме ...

Вицегувернерите на Народната банка, Ана Митреска и Игор Величковски, денеска дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши, со што официјално стапија на функциите. Собранието вчера ги избра Митреска и Величковски за вицегувернери на Народната банка со мандат од седум години, по предлог на гувернерот Трајко Славески. Ана Митреска е реизбрана за втор мандат на функцијата вицегувернер, откако првпат беше именувана во октомври ...

Израел го изврши најжестокиот бран воздушни напади врз Либан од почетокот на тековната војна, а според податоците на либанските служби за цивилна заштита, повеќе од 250 луѓе беа убиени, додека повеќе од 1.100 беа ранети, во текот на вчерашниот ден Нападите се случија само неколку часа откако беше објавено двонеделно примирје меѓу САД и Иран, што накратко разбуди надежи во Либан дека борбите би можеле да завршат. Израелската војска соопшти ...

Собранието, попладнево, во рамките на 97. седница, со 68 гласа „за“ и 15 „против“ го избра Ацо Ристов за претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). – Ацо Ристов е дипломиран електроинженер со долгогодишно работно и проектно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи. Искусен менаџер со докажана ...

Владите на Македонија и на САД објавија заедничка изјава по одржувањето на втората сесија на Стратешкиот дијалог во Вашингтон, предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и заменик-државниот секретар Кристофер Ландау. Заедничката изјава е достапна на веб-страницата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Според неа, договорот вклучува купување течен природен гас од САД, ...

Европската унија де факто ги смени критериумите за членство, оцени денес поранешниот претседател Стево Пендаровски во своето обраќање на дебатата „Навигација на европскиот пат: Можности и предизвици “, организирана во Скопје од претседателскиот кабинет и меѓународни организации. Според него од мировен ЕУ се обидува да стане безбедносен проект, аргументирајќи го тоа со актуелниот „моментум“ за проширувањето и фактот дека оддеднаш Украина и ...

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс денеска изјави дека по постигнатото примирје со Иран, судирот во Украина е „најтешката војна која треба да се реши“ и упати критика кон европските лидери дека „не прават доволно“ за тоа прашање. Венс, на предавањето пред студентите во Будимпешта, истакна дека примирјето со Иран е успех на „американската решителност“ и оти САД 14 месеци работат на постигнување на мировен договор помеѓу Москва и Киев и оти е ...

Полицијата уапси 11 лица во врска со пукањето пред израелскиот конзулат во Истанбул. Пукањето се случи вчера попладне во населбата Бешикташ кога тројца вооружени лица, за кои се верува дека имаат врски со Исламска држава, се судрија со полицијата пред израелскиот конзулат, објави НТВ. Еден напаѓач е убиен, а двајца други се ранети и уапсени. Во последователна операција на екипи од Одделот за борба против тероризмот на Полициската управа во ...

Во првиот квартал годинава становите во Скопје поскапеле за 16,7 проценти на годишно ниво, а за 0,1 процент на квартално, покажува индексот на цени на недвижности што го објавува Народната банка, врз основа на податоци кои се однесуваат на огласени станови за продажба на територијата на главниот град. Минатата година, во првиот квартал становите забележаа годишно поскапување за 19,5 проценти, во вториот за 19,9 проценти, во третиот од 25,1 ...

Австралијанец со потекло од Македонија е сопственикот на фирмата кој нашата делегација го однесе на стратешкиот дијалог со САД, за да потпише договор за финансиска поддршка во износ од пет милиони долари за истражување критични минерали во Македонија. Станува збор за Ник Јовановски, извршен директор на „Пела глобал лимитед“, фирма чија главна стратшка цел е наоѓање злато, сребро и антимон во Македонија, која веќе е инсталирана тука и длабоко ...

Цените на европскиот природен гас нагло паднаа во денес, намслувајќи се за речиси 20% од претходната сесија, бидејќи привременото прекинување на огнот меѓу САД и Иран ги намали стравувањата за снабдување поврзани со Ормутскиот теснец. Референтните цени во холандскиот центар за пренос на титули (TTF), најликвидниот гасен центар во Европа, се отворија на 42,9 евра (50,13 долари) за мегават-час, што е намалување од претходното затворање од 53,2 ...

Сериозни сомнежи за злоупотреба на видеонадзор и нарушување на приватноста се отвораат во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), каде што вработени протестираат дека директорот Оливер Миланов воспоставил систем за постојано следење на нивното движење – во живо, од својата канцеларија, објави порталот „А1он“. Како што пишува порталот, повикувајќи се на сведоштва од вработени, во Агенцијата е поставена мрежа од најмалку осум камери ...

Советот на јавните обвинители на денешната седница го усвои барањето на Ленче Ристоска за престанок на функцијата јавен обвинител во ОЈО Скопје. На 42-та седница на Советот на јавни обвинители, беше усвоено барањето на Ленче Ристоска за престанок на функцијата јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје, кое таа го поднела на 2 април 2026 година по сопствено барање. Претседателот на Советот, Башким Бесими, истакна дека Советот ...

Неколку арапски држави денеска го пофалија двонеделниот прекин на огнот помеѓу САД и Иран и го поздравија повторното отворање на Ормуската Теснина. Шефот на оманската дипломатија Бадр бин Хамад ал-Бусаидина, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави привремено примирје, на „Икс“ објави дека „важноста од интензивирање на напорите за наоѓање решенија сега може да ја завршат кризата“. Министерството за надворешни работи на Египет ...

На предлог на гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески, Собранието ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка, коишто ќе ја извршуваат оваа функција во наредните седум години. Ана Митреска е реизбрана за втор мандат на функцијата вицегувернер, откако првпат беше именувана во октомври 2018 година. Таа е магистер по монетарна економија и искусен професионалец во централнобанкарското работење со дваесет ...

Утре е Велики четврток, ден кога се вапсаат велигденските јајца. Сега се наоѓаме во средината на Страдалната седмица, седмица која е полна со важни настани за спасението на човекот. Главен обичај што се изведува на овој ден и со посебно внимание е вапцувањето на велигденските јајца. Според обичајот најпрвин се вапсувале три јајца, а потоа и другите. Се верува дека првото јајце било наменето на Господ и се викало Господово јајце, второто на ...

Глобалните пазари денеска добија силен здив на олеснување, откако цената на нафтата забележа најголем еднодневен пад од 2020 година, а берзанските индекси тргнаа нагоре. Повод за пресвртот беше договорениот двонеделен прекин на огнот меѓу САД и Иран, поврзан со отворање на Ормутскиот теснец за нафтен и гасен сообраќај. По деновите на паника, токму тој сигнал беше доволен пазарите нагло да ја сменат насоката. Брент нафтата падна за околу 16 ...

Иранските државни медиуми објавија соопштение од Револуционерната гарда во кое се вели дека гардата нема да се двоуми да одговори на ист начин доколку САД нападнат цивилни цели. Одговорот следеше по изјавата на американскиот претседател, кој се закани дека ќе ги нападне иранските електрани и мостови во рок од неколку часа доколку Иран не се согласи да го отвори Ормутскиот теснец. „Ќе им направиме на инфраструктурата на Америка и нејзините ...

Црвена Ѕвезда во Белград оствари важна победа совладувајќи го Париз со 94:81 во натпреварот од 36-то коло од Евролигата. Со овој триумф, црвено-белите ги задржаа шансите за пласман во плеј-инот а потенцијално и за директно учество во плејофот од елитното натпреварување. Најефикасен играч во редовите на Црвена Ѕвезда беше Чима Монеке со 21 поен, додека Огњен Добриќ додаде 19 поени, погодувајќи дури пет тројки. Коди Милер Мекинтајр се истакна ...

Оклахома Сити рано утрово ги победи Лос Анџелес лејкерс со 123:87 на гостински терен во натпревар од регуларната сезона на НБА. Најдобар стрелец на натпреварот беше гостинскиот плејмејкер Шеј Гилџус-Александар, кој постигна 25 поени и имаше осум асистенции. За Лејкерс не настапија Лука Дончиќ, Остин Ривс и Леброн Џејмс. Претходно беше објавено дека поради повреди, Дончиќ и Ривс веројатно ќе го пропуштат остатокот од регуларната сезона. ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.45
43%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
65%
1018
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.56
60%
1020
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
1.2
57%
1017
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
2.47
68%
1017
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 24ᴼ
0.71
72%
1020
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
5.81
38%
1015
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
1.63
43%
1015
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
0.38
41%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
1.33
59%
1016
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 27ᴼ
0.89
55%
1019
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
5.44
65%
1016
Currency

61.635

Currency

53.9427

Currency

71.4348

Currency

37.7584

Currency

38.0841

Currency

66.7142

Currency

7.96045

Currency

0.72632

Currency

0.33383

Currency

0.52497

Currency

1.16039

Currency

0.57024

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Бакар

12.75

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Паладиум

40284.89

Злато

134937.98

Алуминиум

3.39

Платина

53756.05

Калај

53.40

Сребро

2121.92