Хрватската полиција соопшти дека во Загреб е приведена 25-годишна државјанка на Македонија, откако таа, во соработка со уште двајца измамници, зела 40.000 евра од 87-годишна жена, преправајќи се дека е нејзина ќерка преку телефон. Се сомнева дека првоосомничената, 25-годишната жена, ја довела оштетената во заблуда, согласно претходен договор со второсомничениот, маж, и третоосомничената, жена, кои засега се непознати, со цел незаконски да ја ...

Владата на канцеларот Фридрих Мерц мора да преземе итни мерки за да го олесни товарот врз земјоделците кои се соочуваат со зголемување на трошоците за гориво и ѓубрива, изјави во неделата за ДПА Јоаким Руквид, раководител на Германското здружение на земјоделци. „Овие огромни трошоци ги задушуваат нашите земјоделски економии. Доколку не се донесе брза одлука, обемот на жетвата би можел да се намали, а цените на храната би можеле значително да ...

Празни или полупразни бензински пумпи во Виена предизвикаа загриженост, додека и во Горна Австрија многу возачи се прашуваат дали наскоро би можело да дојде до недостиг на гориво. Многу возачи во Австрија во моментов се нервозни. Причината се неодамнешните прекини во снабдувањето на помалите бензински станици во Виена. „Повеќе не ме снабдуваат. Можеби малите бензински пумпи наскоро ќе мора да се затворат бидејќи не добиваат ново гориво“, ...

Пилотите на германскиот авиопревозник „Луфтханза“ стапија во дводневен протест, кој предизвика значителни прекини во воздушната комуникација. Протестот, кој ги опфаќа пилотите на основната компанија, како и на „Луфтханза карго“ (Lufthansa Cargo) и „Луфтханза ситилајн“ (Lufthansa CityLine), започна непосредно по полноќ и ќе продолжи во наредните 48 часа. Во рамките на авиокомпанијата „Евровингс“ (Eurowings), сите полетувања од германски ...

Иранските вооружени сили ги оценија американските ограничувања за бродовите во меѓународните води како „пиратство“, по заканата на Доналд Трамп за блокада на пловилата што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа. Портпарол на армијата изјави дека Иран ќе воведе „траен механизам“ за контрола на Ормуска Теснина, додавајќи дека пристаништата во Персискиот Залив треба да бидат достапни „или за сите или за никого“. Тој предупреди дека ...

Шеснаесет годишниот мандат на Виктор Орбан во Унгарија заврши во неделата, со изборниот пораз на неговата партија Фидес. Неочекувано високата излезност на изборниот ден, која достигна малку под 80 проценти, на крајот излезе во полза на новоформираната партија Тиса на Петар Маѓар, која убедливо победи на изборите. Со обработени 97 проценти од гласовите, Тиса освои 138 места во унгарскиот Парламент, додека Фидес има само 55 (шест места ќе освои ...

Цената на нафтата забележа значителен раст во раното тргување на пазарите, откако Соединетите Американски Држави соопштија дека од денеска воведуваат блокада на иранските пристаништа. Котирањето на американската сурова нафта пораснаа за осум отсто, на 104,24 долари за барел, додека нафтата од типот „брент“ поскапе за седум проценти и достигна цена од 102,29 долари. Во текот на војната со Иран, цената на нафтата „брент“ варираше драстично, ...

Православните верници денес го слават вториот ден од најголемиот христијански празник Велигден, познат и како Светол понеделник. Воскресението Христово завчера на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква. Бројни верниците ги посетија црквите, запалија свеќи и се помолија за добро здравје, среќа и благосостојба во домот и на своите најблиски. Христовото Воскресение Велигден се смета за најголем христијански ...

Во време кога многу луѓе се соочуваат со неизвесност, кризи и брзи промени, без разлика дали станува збор за големи животни настани, лични пресвртници или професионален притисок, чувството на преоптовареност и стрес е вообичаено. Според тоа, стресот е во суштина начин на телото и умот да одговорат на барањата што ги надминуваат нашите моментални способности лесно да ги обработуваме или контролираме овие барања, но не е непремостлив. Еден ...

Виктор Орбан се обрати пред јавноста откако беа пребројани најголемиот дел од гласовите на изборите. Тој го призна поразот на изборите. Во своето обраќање пред поддржувачите во изборниот штаб на Фидес, Орбан не остави простор за сомнеж околу исходот на изборите Резултатот е јасен. Веќе ѝ честитав на победничката партија“, изјави Орбан, признавајќи дека ваквиот исход е исклучително болен за неговата коалиција Фидес-КДНП. Лидерот на Тиса, Петер ...

Во завршната фаза од интензивните преговори меѓу САД и Иран во Исламабад останале неколку клучни и нерешени прашања кои го блокирале постигнувањето договор, пишува Њујорк Тајмс, повикувајќи се на ирански извори. Меѓу најважните спорни точки се статусот на Ормускиот теснец, судбината на повеќе од 400 килограми високо збогатен ураниум и деблокирањето на околу 27 милијарди долари ирански средства во странство. Најголемото несогласување се ...

Русија е подготвена да продолжи да испорачува гас на ЕУ „доколку останат количини по испораките на алтернативните пазари“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков , цитиран од Ројтерс. Сепак, според него, Европа ќе најде начин да купува гас дури и ако Русија не го испорачува. Потсетуваме дека конфликтот на Блискиот Исток, што доведе до затворање на Ормутскиот теснец од страна на Иран, ги наруши испораките на гориво за европските земји и ...

Женската македонска ракометна репрезентација и покрај поразот попладнево од Словенија со 27:18 во последното коло од квалификациите за ЕХФ ЕУРО 2026 избори пласман Европското првенство што ќе се игра во Полска, Турција, Чешка, Словачка и Романија. Македонските ракометарки го освоија третото место во групата 3, зад Германија и Словенија, а пред Белгија, воедно успеаја да се изборат да бидат една од четирите најдобро третопласирани селекции од ...

Големиот христијански празник Велигден денеска се прослави и во затворот ,,Скопје”. -По повод големиот христијански празник Велигден, во КПУ Затвор Скопје се одбележа Воскресението Христово со традиционално вапцани јајца. Иако лишени од слободата и оддалечени од своите најблиски, осудените од православна вероисповед не беа заборавени и имаа можност достојно да го почувствуваат духот и радоста на празникот. Христос воскресе!, информираа од ...

Настапот на српскиот кошаркар Никола Јокиќ на вечерашниот дуел на Денвер против Сан Антонио е наведен како „неизвесен“. Тоа значи ако Јокиќ не настапи на овој последен натпревар од регуларниот дел од сезоната останува без шанси да освојување на МВП наградата. Тимот на Денвер реши втор натпревар последователно најдобрите играчи да добијат одмор во пресрет на плеј офот. Единствено не е позната состојбата на трикратниот освојувач на МВП ...

Еврејската заедница во Македонија вечерва соопшти дека денеска бил извршен обид за опожарување на нејзиниот објект и синагогата. Го осудуваат овој чин и апелираат до надлежните органи за целосно расветлување на случајот и доследна примена на законите, како и за гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. -На 12 април, првпат во поновата историја беше извршен обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон „веднаш ќе почне да ги блокира бродовите што се обидуваат да влезат или излезат од Ормуската Теснина“. Тој додаде дека наредил американската морнарица да забрани премин на бродовите што платиле патарина на Иран. Преговорите меѓу САД и Иран за прекин на огнот, што двете земји ги водеа во Пакистан, завршија синоќа без конкретно решение и одговор на прашањето што ќе се случи по ...

Во Унгарија во 19 часот се затворија гласачките места каде можеше да се гласа на паралментарните избори. Претседателот на државата, Тамаш Шуљок, ќе даде изјава за медиумите во зградата на Националната изборна канцеларија. Организаторите најавија дека нема да има прашања. По 19:00 часот ќе започне броењето на гласовите пристигнати по пошта, а потоа се очекува прес-конференција на раководителот на Националната изборна канцеларија и Изборната ...

Светската економија се соочува со нов потенцијален шок, а клучните финансиски актери веќе се подготвуваат за сценарио со послаб раст и повисока инфлација. Следната недела, министрите за финансии и гувернерите на централните банки ќе се соберат во Вашингтон на пролетното заседание на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, каде главна тема ќе бидат економските последици од конфликтот на Блискиот Исток. Contents Според анализите, ...

Државниот пазарен инспекторат го доставил извештајот од извршените инспекции до Министерството за економија од кој ќе зависи дали по Велигден ќе има нови мерки против поскапувањата како намалување на ДДВ и ограничување на профитната маржа на трговците. Од пазарниот инспекторат потврдија за Телма дека извештајот до адресата на министерството е испратен минатата недела, кое треба да ги обработи податоците и да ги испрати до Владата која ќе ги ...

Женската македонска ракометна репрезентација попладнево во „Рдеча дворана“ во Велење од 18 часот го игра последниот натпревар од квалификациите за Европско првенство 2026. Домаќин ни е селекцијата на Словенија која важи и за фаворит во овој дуел. Македонските ракометарки се наоѓаат на третото место на табелата во група 3, позиција која овозможува и пласман на ЕХФ ЕУРО 2026. Но, затоа ќе треба да се гледаат и резултатите на третопласираните ...

Светлината на Христа воскреснатиот нека нè просвети, та со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост, па во братољубие, оттука, па до сите краишта на светот, до каде што нè има како народ и како Црква, да објавиме на нашиот мајчин македонски јазик: Христос воскресна!, истакнува во велигденското послание поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и ...

Ниеден патриот денеска не смее да остане дома – порача актуелниот премиер на Унгарија и лидер на десничарската и конзервативна партија Фидес, Виктор Орбан, кој се бори за петти последователен мандат. Унгарскиот премиер рече дека мирот и безбеноста на Унгарија можат да зависат од само еден глас. Откако утринава гласаше во Будимпешта заедно со својата сопруга, Орбан во изјава за медиумите порача дека дошол за да победи на изборите. Унгарците ...

Разговараа 21 час. Тоа беше состанок на највисоко ниво меѓу САД и Иран од доаѓањето на власт на револуционерната влада во 70-тите години. Но, на крајот, тоа не беше доволно. – Иранците не сакаа да се откажат од својата амбиција да направат бомба и од барањето средства за тоа, изјави американскиот потпретседател Џеј Ди Венс. Од друга страна, Иранците велат дека Американците барале да им го предадат збогатениот ураниум, но истовремено одбиле да ...

Така, во Матеј (28, 8-10) се вели дека “Марија Магдалена и другата Марија излегоа брзо од гробот, тие со страв и голема радост отрчаа да им соопштат на учениците Негови“ (дека гробот е празен). “И кога одеа да им јават на Неговите ученици, Исус ги пресретна и рече: „Радувајте се!” А тие се приближија, ги опфатија нозете Негови и Му се поклонија. Тогаш Исус им кажа: „Не бојте се; одете и соопштете им на браќата Мои, да отидат во Галилеја, и ...

Дилемите околу точниот час во кој починал Исус Христос кога бил распнат на крстот кои ги предизвикуваат различните наводи во четирите Евангелиа не се единствените во овие свети христијански дела. Евангелистите Матеј, Марко, Лука и Јован даваат и различни податоци за она што се случувало откако Исус бил погребан и за сведочењата за неговото воскреснување кое се случило во неделата. Од овие записи, кои настанувале во периодот од 30 до 60 години ...

Цените на јајцата пред Велигден растат низ Европа, а Македонија е меѓу земјите каде поскапувањето е најизразено. Според податоците што ги објави Euronews, повикувајќи се на Eurostat, најголем годишен раст на потрошувачките цени на јајцата е регистриран во Шпанија со 31,3 отсто, а веднаш зад неа е Македонија со 26,3 отсто. На третото место е Португалија со 20,9 отсто. Ова значи дека Македонија влегува во велигденскиот период како една од ...

Инфлацијата во Соединетите Американски Држави се забрза до највисоката стапка за речиси две години минатиот месец, поттикната од зголемувањето на цените на нафтата поради американско-израелската војна во Иран. Потрошувачките цени се зголемија за 3,3 проценти на годишно ниво во март, што е скок од 2,4 проценти регистрирани во февруари, објави Министерството за труд. Ова очекувано зголемување претставува најголема месечна промена од 2022 ...

Во пакистанската престолнина денеска започнаа преговори на високо ниво меѓу Иран и САД, прва ваква билатерална средба од 1979 година, при што Техеран ги изложи своите услови за можен договор. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека стабилноста во Либан и во регионот ќе влијае врз исходот од разговорите што се одвиваат со посредство на Пакистан, јави Анадолија. Тој додаде дека иранската ...

Деветгодишно момче е спасено во источна Франција откако било држено заклучено во комбе од 2024 година, соопштија локалните власти. Случајот бил откриен откако сосед пријавил дека слушнал звуци на дете од паркирано комбе во селото Хагенбах, во близина на границата со Швајцарија и Германија. Полицијата насилно го отворила возилото и го пронашла детето во тешка состојба – лежело во фетална положба, без облека, покриено со ќебе, во нехигиенски ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
0.38
49%
1017
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
2.68
71%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
0.46
72%
1021
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.31
53%
1018
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.25
75%
1017
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
0.39
84%
1021
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
5.36
41%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
0.58
52%
1016
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
1.0
45%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
0.7
60%
1016
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
60%
1019
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
4.32
68%
1016
Currency

61.635

Currency

53.9427

Currency

71.4348

Currency

37.7584

Currency

38.0841

Currency

66.7142

Currency

7.96045

Currency

0.72632

Currency

0.33383

Currency

0.52497

Currency

1.16039

Currency

0.57024

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Паладиум

40284.89

Алуминиум

3.39

Родиум

257205.97

Злато

134937.98

Калај

53.40

Рутениум

48965.59

Бакар

12.75

Платина

53756.05

Сребро

2121.92