Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Вевчани порача дека на овие локални избори, Социјалдемократскиот сојуз го очекува уште еден изборен дебакл. Посочи дека лицемерие е кога Венко Филипче вели, дека нема да води негативна кампања, а веќе во наредната реченица ја злоупотребува големата човечка трагедија која се случи во Кочани, а истиот тој, како што дополни Мицксоки, спрема и ново предавство и поклон за нашиот ...
Вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и во друштвата „Флораком“ и „Луна“, фирми-ќерки на ова претпријатие, денеска повторно излегоа на протест бидејќи сѐ уште не им е исплатена платата за август. Од утре најавуваат порадикални протести и блокади на повеќе кртосници во главниот град. – Согласно нашето барање, изнесено на вчерашниот протест од страна на раководството на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, не беше исплатена платата за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека палестинската милитантна група Хамас има околу три или четири дена да одговори на неговиот мировен предлог за Појасот Газа или ќе се соочи со последиците. На заминување од Белата куќа, Трамп им рече на новинарите дека израелските и арапските лидери го прифатиле планот и дека само се чека Хамас. Тој рече дека Хамас има околу „три или четири дена“ да одговори. „Хамас ќе го стори тоа или не, а ако ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, денеска ја претстави новата мерка за менторско учење и дополнителни часови, зацртана во идната програма. Во разговор со група пензионирани наставници, тој посочи дека целта на оваа иницијатива е да се обезбеди поддршка за учениците кои потешко ја совладуваат наставата, како и за надарените ученици кои се подготвуваат за натпревари. Недостигот на наставен кадар ...
Четврти ден владее молк и паника. Нема објаснување за трансакциите со акции меѓу фирмата „АС Сењак“ и компании поврзани со Сашо Мијалков, ниту пак за продажбата на истите акции на Алта Банка во Белград, банка блиска до режимот на Александар Вучиќ, вели Беким Сали од „Вреди“. „Фактите се јасни: „АС Сењак“ е фирма со минимален број вработени и без реална дејност, но врти милиони евра. Приходите речиси целосно се совпаѓаат со тендерите добиени од ...
Овие четири години за Скопје се изгубени, сега на градот му треба силна трансформација и ние како Влада и Министерство за транспорт ќе дадеме силна поддршка во реализација на капиталните проекти за Скопје, градскиот воз, новите еколошки автобуси и инфраструктура, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. ,На Скопје му треба силна трансформација, новиот градоначалник ќе има силен партнер во мене, во премиерот Мицкоски, во ...
Обвинителството води предистражна постапка за вработени во УЈП и други институции за повеќе кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Тој нагласи дека објавените пораки од ИРЛ се само мал дел од доказите што веќе се доставени до одбраната и судот, и дека постапката не е завршена. Според него, Обвинителството располага со уште десетина инкриминирачки дејствија. „Имав ...
На свечената церемонија во Монпелје – Франција, Крушево се стекна со престижното глобално признание Топ 100 Зелени дестинации 2025, влегувајќи во група на светски дестинации кои се препознаени по развојот на одржливиот туризам како главен двигател на локалниот економски развој. Ваквото признание е резултат на долгогодишнниот, заеднички и посветен пристап на сите чинители – општината, локалните бизниси, здруженија, институции и граѓани, кои ...
Некако стана обичај да се видиме на стартот од кампањата, но вие знаете дека јас сум секогаш сум тука и кога не е изборна кампања и кога промовираме проект и кога се случува надалеку познатиот Вевчански карневал. Сакам да знаете дека сум бил и секогаш ќе бидам достапен за ова историско и храбро место, порача во своето воведно обраќање на митингот во Вевчани лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. -Овие избори се повеќе би рекол од едноставна ...
Жена загина, а пет лица се повредени во пукање што се случи околу 14:25 часот во белградската населба Вишњичка бања. Според официјалните информации, повредени се тројца мажи и две жени, а пукањето се случило во угостителски објект. Сведок на настанот во изјава за „Нова.рс“ рекол дека напаѓачите го опколиле кафулето и дека, во моментот кога отвориле оган, настанал општ хаос, бидејќи на улицата се нашле неколку минувачи. Сведокот, со кого ...
Српскиот тренер Душан Алимпијевиќ е новиот селектор на Србија, потврди Кошаркарскиот сојуз на Србија (КСС). Алимпијевиќ се договори со КСС за тригодишна соработка и ќе го замени Светислав Пешиќ на функцијата. „Во тој период, Алимпијевиќ ќе ги преземе сите одговорности поврзани со подготовките на националниот тим за претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство („прозорци“ на ФИБА), како и меѓународните натпреварувања. Алимпијевиќ ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, заедно со генералот Горанчо Котевски, носител на советничката листа за Град Скопје на движењето, денес го промовираа проектот „Сјајна Патека“ во Дебар Маало, иницијатива од младите активисти и љубители на Водно од Скопје. „Младите се движечка сила на градот. Наша обврска е да создадеме услови каде тие ќе можат да се движат слободно, ...
Ако се оди како што треба на двете страни, во 2031, 2032 година треба да може да се патува со воз од Скопје до Бургас, најави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој во одговор на новинарско прашање на промотивен настан на Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје на претстојните Локални избори, потврди дека на 4 ноември, кога ќе завршат сите ограничувања заради изборите, ќе се ...
Денес во македонската Влада се одржа настан Демографски трендови – Заедничка акција за инвестирање и искористување на човечкиот капитал преку петгодишната програма на Владата и Фондот за население на Обединетите нации. Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека оваа програма не е само документ или формалност, туку е план за дејствување, визија и стратегија која ќе се реализира со конкретни активности насочени кон иднината на нашата држава и нашите ...
Од оваа година, Министерството за образование и наука целосно ги покрива трошоците за пат и котизација на учениците и нивните ментори кои ќе се квалификуваат на меѓународна научна олимпијада или натпревар, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска, на конференција организирана од Институтот за хемија при Природно – математичкиот факултет во Скопје, на која беа претставени успесите на македонските ученици и нивните ментори ...
На денешен ден 30 септември во 2018 година се одржа референдум за смена на уставното име на Република Македонија со кое ја доби придавката Северна со прашање: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“. Од вкупно 1.806.336, на референдумот излегоа 666.743 граѓани (останува сомнежот за најголемата гласачка измама во историјата), или 36,91% од гласачкото тело, од кои 609.813 гласаа ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „360 степени“ предупреди на сериозен пад на економските показатели и целосно погрешни политики на власта. -Кога граѓаните не можат да врзат крај со крај поради тоа што власта води лоши економски политики, кога цените не се под контрола, кога има пад на странските инвестиции тогаш тоа е јасен доказ дека економијата тоне. Минатата година, како резултат на нашите политики, странските инвестиции ...
Иранската државна телевизија ги цензурираше голите колена на финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен и шведската министерка за надворешни работи Мари Малмер Стенергард во ТВ-извештајот за дипломатските состаноци на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк. Иранската активистка и новинарка Масих Алинеџад ја сподели снимката на платформата за социјални медиуми X, опишувајќи ја цензурата како симптом на пошироки ...
Од 15 октомври официјално започнува грејната сезона 2025/2026 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ. Согласно регулативата, грејната сезона може да започне и порано, односно од 1 октомври, доколку прогнозата за средна надворешна температура за наредниот ден изнесува 12˚С или пониско, според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи. На веб-страницата на ЕСМ Снабдување ...
Ветувам дека ќе изградиме 3 нови детски градинки. Една нова детска градинка ќе изградиме во населеното место Радишани, каде што се наоѓа старото училиште, вели во изјавата до граѓаните, кандидатот за градоначалник за општина Бутел, Дарко Костовски:. Една нова детска градинка ќе изградиме во Бутел 1, на постоечки стар објект од детска градинка. И една нова детска градинка ќе изградиме во населеното место Визбегово, исто така каде што се наоѓа ...
Невообичаени, остри кругови од радио бранови што се појавуваат во длабоката вселена ги збунуваат астрономите уште од нивното откривање во 2019 година. Сега, тим научници детално го разгледа еден од овие феномени со надеж дека конечно ќе ги отклучи неговите тајни, пишува ScienceAlert. Лансирањето на нови, напредни опсерватории честопати носи можност за откривање на сосема нови феномени во вселената што постојната технологија не можеше да ги сними ...
Суспендирањето на стратешкиот дијалог „е целосно засновано на активностите на косовската влада во нејзиниот технички мандат“, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент во писмен одговор до весникот „Национале“. „Секоја сугестија дека ова има некаква врска со Србија или надворешни актери е неточна и обид да се избегне суштинското прашање“, рече портпаролот на Стејт департментот. Овие загрижености му се пренесени на Албин Курти, додаде ...
Властите на Македонија вложуваат значителни напори, но земјата се уште не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе. Владата покажа генерално зголемени напори во споредба со претходниот период на известување, затоа Македонија остана на Ниво 2, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департментот за трговијата со луѓе во светот за 2025 година. – Овие напори вклучуваа истрага на повеќе сомнителни ...
По 19 години брак, дојде крајот на љубовта за еден од најпознатите холивудски парови, Никол Кидман и Кит Урбан. Извор близок до парот ексклузивно за „Пипл“ откри дека парот не живеел заедно во текот на летото и дека актерката се борела да го спаси својот брак. „Таа не го сакаше тоа. Се бореше да го спаси својот брак“, рече изворот, додавајќи дека „сестрата на Никол била столб на поддршка и целото семејство Кидман се здружило за да се поддржуваат ...
Никола Јокиќ, кошаркар на Денвер Нагетс, уште еднаш ја повтори својата желба да ја помине целата своја НБА кариера во франшизата од Колорадо. Српскиот центар и трикратен МВП се обрати на прес-конференцијата на денот посветен на медиумите пред почетокот на новата сезона. Темата беше и продолжувањето на неговиот договор, што тој одби да го направи пред да оди на Европското првенство. „Не размислувам за тоа. Тоа доаѓа природно. Мојот план е да ...
Кандидатката за градоначалник на општина Кисела Вода, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска, синоќа гостуваше во дебатната емисија 24 анализа, на телевизија 24 пришто истата ги изнесе причините и мотивацијата за нејзината кандидатура за прв човек на општина Кисела Вода и чиј слоган е „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“. -Мотивот е желбата за продолжување на развојот на општина Кисела Вода и ...
Денеска се празнува споменот на познатата Римјанка Софија, која своите ќерки Вера, Нада и Љубов ги воспитала да имаат вера во себеси и во Бога, да имаат надеж во неговата добрина и љубов кон ближните и кон Севишниот. Вера, Надеж и Љубов се пример за чистота, непоколеблива вера и љубов кон Бога, а мајка им Софија е симбол на мудроста и духовната сила која ги воспитала во Христовата вистина. Празникот е посветен на жените и нивните деца, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера одржаа клучна средба во Белата куќа, на која Трамп го претстави својот сеопфатен план за ставање крај на војната во Појасот Газа. По неколкучасовни разговори, израелскиот премиер официјално ја изрази својата поддршка за планот на Трамп, опишувајќи го како важен чекор во поставувањето темели за мир не само во Газа, туку и на целиот Блиски Исток. Планот на Трамп ...
На вчерашниот митинг во Скопје, со кој започна кампањата за претстојните локални избори, имаше свое обраќање Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој истакна дека Скопје е заеднички дом на сите без поделби, посочувајќи ги успешните проекти кои ги има направено за општина Кисела Вода како градоначалник, како и дека тоа искуство, енергија и исполнети ветувања, го водат кон правиот пат, за уште ...
Во текот на изминатите недели, во мојата програма за Град Скопје јавно и транспарентно ги претставив проектите и визијата што го враќаат нашиот град на патот на вистинскиот урбан развој. Еден од клучните проекти е враќањето и модернизацијата на БРТ системот брз, ефикасен и одржлив јавен превоз, којшто Скопје одамна го заслужува, изјави Каја Шукова, кандидат на СДСМ за градоначалничка на Град Скопје. „Синоќа, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан ...