Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Еден од осомничените во случајот „Сараево Сафари“ даде исказ пред истражителите на судот во Милано и негираше дека учествувал во „викенд снајперистството“ на граѓаните на Сараево, и покрај неговите претходни изјави за спротивното. Испитувањето на 64-годишникот од покраината Александрија, поранешен ловџија, еден од четворицата осомничени во случајот „викенд снајперист“, се одржа вчера. Неговиот адвокат, Личија Сардо од Адвокатската комора на ...
Претседателот на словенечкиот парламент, Зоран Стевановиќ, изјави дека неговата партија Ресница ќе инсистира на организирање референдум за излгување на Словенија од НАТО додавајќи дека ќе го исполни ова предизборно ветување, јави националното радио РТВ Сло. Во интервјуто, Стевановиќ најави и можна скорешна посета на Москва со цел, како што рече, „обнова на мостовите меѓу Истокот и Западот“. „Ресница“, чиј лидер е Стевановиќ, има пет ...
Во Шанлиурфа, во јужна Турција, утрово се случи вооружен инцидент во средно стручно училиште во округот Сиверек, а првите детали од местото на настанот ги откри гувернерот Хасам Шилдак, кој потврди дека напаѓачот извршил самоубиство. Напаѓачот е поранешен ученик во училиштето. Тој посетувал само 9-то одделение, по што се префрлил на отворено (воннаставно) образование. Роден е во 2007 година. Откако бил опкружен со интервенција на училиштето и ...
Новоименуваниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов, денеска официјално ја презеде функцијата од досегашниот заменик-претседател Лирим Сулејмани. На чинот на примопредавање, Ристов беше детално информиран за клучните процеси во секторите енергетика, водни услуги и новиот сектор – управување со комунален отпад. На првиот работен состанок со членовите на комисијата, во центарот на вниманието беше справувањето ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше победата на Петар Маѓар во Унгарија, и зборуваше за евентуална екстрадиција на екс премиерот Никола Груевски кој е во Унгарија, а Маѓар најави дека ќе го екстрадира. Најпрво сакам да му честитам на Петар Маѓар. Ние имавме блиска соработка со Орбан, но граѓаните јасно ја дадоа поддршката на Маѓар. Очекувам да води про-европски политики, про-интегративни и очекувам поддршка за членство во ЕУ ...
На југот на Турција, утрово се случи вооружен инцидент во средно стручно училиште во округот Сиверек, кога вооружен маж наводно влегол во училишната зграда и отворил оган со пушка. Според „Дејли меил“, најмалку 18 лица се повредени, вклучувајќи и ученици. #SONDAKİKA | Şanlıurfa’da bir liseye silahlı saldırı düzenlendiği bildirildi. ⚫ Olay sırasında bazı öğrencilerin panik halinde kaçmak için camdan atladığı belirtilirken, yaralanma olduğu da ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска влезе во директен судир со некои медиуми поради нивната уредувачка политика и сопственичка структура тврдејќи дека нивното дејствување е директно поврзано со политички центри во Унгарија и интересите на ВМРО-ДПМНЕ. Одговарајќи на новинарско прашање за етикетирање на медиумите, Филипче истакна дека паниката кај одредени куќи доаѓа по промената на власта во Унгарија и најавите на новиот унгарски ...
По две недели, на 28 април, на единиците во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, од 12 до 14 часот, со тајно гласање, ќе се избира ректор на УКИМ за мандатниот период 16 септември 2026 – 15 септември 2029 година. Во трка се двајца кандидати – актуелната ректорка, проф. д-р Биљана Ангелова, која е редовен професор на Економскиот институт во Скопје, и проф. д-р Дарко Данев, редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје. ...
Со учество на речиси 1.500 припадници на Армијата и поддршка од НАТО-монитори, од 19 до 27 април на воениот полигон Криволак и на повеќе локации во државата ќе се реализира теренската тактичка вежба „Блесок 26“. Како што информира началникот на ГШ на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, на денешниот брифинг со новинарите, „Блесок 26“ претставува клучна фаза во процесот на оценување на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) како ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,73% во однос на одлуката од 6.4.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,703%, кај дизелот за 3,251%, кај екстра ...
Цената на нафтата бележи благ пад и повторно се спушти под 100 долари за барел, во услови на зголемени очекувања за обновување на мировните преговори меѓу САД и Иран. Според податоците на меѓународните пазари, барел сурова нафта тип „Брент“ моментално се тргува околу 98,50 долари, откако претходно достигна над 103 долари поради најавите за американска блокада на клучната рута низ Ормушкиот теснец. Во текот на ноќта цената накратко падна и на ...
ЕУ постави 27 услови за Петер Маѓар, лидерот на партијата Тиса, која победи на парламентарните избори во Унгарија, пишува „Фајненшл тајмс“. Условите вклучуваат, меѓу другото, деблокирање на европскиот заем за Украина, укинување на ветото за санкциите против Русија и „спроведување реформи во земјата“. За возврат, 35 милијарди долари замрзнати субвенции ќе бидат деблокирани за Унгарија. Европската комисија започна „непосредна соработка“ со ...
Комитетот за човекови права при Обединетите нации утврди дека Бугарија го прекршила правото на слобода на здружување, откако домашните судови одбиле да ја регистрираат организацијата за човекови права „Комитет за заштита на правата Толерантност“, основана од етнички Македонец, без валидно и јасно правно образложение. Со тоа, случајот повторно го отвори прашањето за третманот на организациите на Македонците во Бугарија и за начинот на кој ...
„Менса Македонија“ организира тестирање на општата интелигенција со цел прием на нови членови. Тестирањето ќе се одржи в недела (19 април) од 11 часот на Американскиот универзитет на Европа (поранешен ФОН). – Тестирањето се одвива со стандардизирани тестови за интелигенција на Mensa International и резултатите се тајни. Доколку вашиот резултат е во горните 2 отсто од светската популација, стекнувате право да станете член на „Менса ...
По изборната победа на Петер Маѓар, во јавноста повторно се актуелизира неговиот приватен живот, особено разводот со поранешната министерка за правда Јудит Варга, со која има три деца. Двајцата биле во брак од 2006 до 2023 година, а нивниот развод првично поминал без големо медиумско внимание. Сепак, приказната повторно изби во јавноста во 2024 година, кога Маѓар започна политички подем и јавно проговори за односите во власта, но и за својот ...
Македонската православна црква и нејзините верници го слават третиот ден Велигден, а според народното верување тој е најсреќниот ден во годината. Третиот ден на Велигден, Македонците го нарекуваат и светол вторник, а со него се поврзуваат голем број обичаи и верувања, објави 4news.mk Во Неделата на водата, како што се нарекува и првата недела по Велигден, водениот вторник и водената сабота особено се препознаваат и се одликуваат по својата ...
Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, се врати на тренинзите со тимот и е подготвен да учествува во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Баерн, објави новинарот Фабрицио Романо. Претходно беше објавено дека 27-годишниот Французин го пропуштил тренингот поради непријатност од посекотината на веѓата здобиена во ремито 1:1 со Џирона во 31. коло од Ла Лига. Во 89-тата минута, Мбапе беше удрен со лакт во лицето од ...
Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, најави беспоштедна борба на реванш натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. – Ветуваме дека ќе се бориме до самиот крај. Нема да ги оставиме без притисок и трчање ниту минута – ќе дадеме сè од себе, рече играчот на прес-конференцијата пред натпреварот. Реваншот помеѓу Атлетико Мадрид и Барселона ќе се одржи на вечер на „Метрополитано“ во Мадрид, со почеток во 21 часот. ...
– Со цел да се одбележи Меѓународниот ден на растенијата, здружението “Полимат 13” од Богданци овој месец повторно спроведува организирани посети на живеалиштето на ендемичната билка астрагалус која во Македонија расте токму на подрачјето на Општината Богданци. Важноста на растението со латинското име Astragalus physocalyx, како што велат во здружението е во тоа што претставува балкански ендемит, кој се наоѓа на Глобалната црвена листа на ...
Манчестер јунајтед синоќа загуби со 2:1 дома од Лидс во 32. коло од Премиер лигата. Ноа Окафор ги постигна двата гола за гостите. Швајцарскиот напаѓач погоди во 5. и 29. минута. Во 56. минута, домаќините останаа со десет играчи откако Лисандро Мартинез беше исклучен поради кубење противнички играч. Со десет играчи, Јунајтед успеа да врати еден гол, Каземиро реализира во 69. минута. Манчестер јунајтед со 55 бода остана на третото место во ...
Цените на нафтата на меѓународните пазари денес пораснаа и се приближија до 102 долари за барел, поради загриженоста на инвеститорите дека американската поморска блокада на Иран ќе го намали снабдувањето од регионот околу Персискиот Залив. На лондонскиот пазар, со нафта се тргуваше по цена повисока за 6,65 долари во однос на затворањето од минатата недела, при што пазарите беа потресени од најавите за американските мерки против иранската ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на одбележувањето на 34-годишнината од основањето на Царинската управа на Македонија. Како што соопштија од Царинската управа, на свеченоста што ќе се одржи во Македонска филхармонија, најавено е видео обраќање на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска и на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски. Претседателот на Владата Христијан ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека следната недела ќе презентира предлог за намалување на цените на енергијата, кои нагло се зголемија поради војната меѓу САД и Израел со Иран. „Од почетокот на конфликтот пред 44 дена, нашата сметка за увоз на фосилни горива се зголеми за повеќе од 22 милијарди евра“, изјави фон дер Лајен по состанокот на Комисијата на кој се дискутираше за економското влијание на ...
Лидерот на унгарската опозиција, кој победи на парламентарните избори, Петер Маѓар, денес изјави дека народот одлучил да припаѓа на Европската Унија (ЕУ) и НАТО. „Горди сме што ги штитиме границите на Европа стотици години, секој Унгарец е горд на својот европски идентитет, сите знаат дека ЕУ е мировен проект, дизајниран да спречи војна меѓу нејзините земји-основачи“, изјави Унгарецот пред новинарите. Тој додаде дека ЕУ има недостатоци, но ...
Владата на Германија одлучи да ги намали акцизите за бензинот и дизелот за 17 центи по литар со цел да го потисне ефектот од зголемувањето на цените на енергијата, објави владејачката коалиција. Акцизите ќе бидат намалени во период од два месеци, се наведува во соопштението на коалицијата на конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ и социјалдемократите од партијата СПД. По ненадејниот скок на цените предизвикан од војната на Блискиот Исток, владата им ...
Вознемирувачка вест ја потресе јавноста во Велика Горица во Хрватска. Во станбена зграда во самиот центар на градот, во непосредна близина на полициската станица, се случи двојна трагедија – мајка си го одзеде животот скокајќи од шестиот кат, откако претходно ја убила својата 17-годишна ќерка. Полициските екипи и форензичките експерти со часови го обезбедуваа местото на настанот, каде беше поставен и истражен шатор. По извршениот увид во ...
Крајот на продолжениот празничен викенд попладнево донесе гужви на автопатите низ Македонија. Традиционално многу Македонци заминаа во Грција, а истото го направија и граѓаните на Србија, па тоа попладнево резултира со колони за излез од Грција и велз во Македонија. Но како што се чекаше за влез во четвртокот и петокот, така попладнево се чека за излез од Грција. Како што сведочат граѓани на социјалните мрежи, за влез во Македонија на Евзони ...
Воената блокада на целиот сообраќај што влегува и излегува од иранските пристаништа од страна на Соединетите Американски Држави започна денес во 16:00 часот по централноевропско време (10:00 часот по источно време), откако пропаднаа мировните преговори во Пакистан за време на викендот. Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГК) на Иран се закани со одмазда. Цените на нафтата повторно надминаа 100 долари за барел, а берзите паднаа, ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, упати остри критики кон папата Лав, оценувајќи дека тој „не ја извршува добро својата улога“ и дека неговите ставови се штетни, особено во надворешната политика. Трамп јавно изрази незадоволство од поглаварот на Католичката црква преку објава на социјалните мрежи и изјави пред новинарите, нагласувајќи дека не се согласува со неговите позиции за глобалните конфликти. Тој го обвини папата дека покажува ...
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција денес, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на море, на длабочина од шест километри и на 115 километри од Анталија. Нема веднаш извештаи за повредени или штети. Не е издадено предупредување за цунами. Според исказите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот не траел долго, но се почувствувало ...