Со изградбата на овој семакедонски, сеправославен храм се надминавме себе си. Овој нов молитвен дом со неверојатна убавина нека биде уште еден сведок дека нашиот народ продолжува да биде црквоградител и дека Македонија продолжува да биде земја храм, земја манастир и земја крст, рече архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан по денешното осветување на црквата „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје. Церемонијата почна утрово во ...

Сцена што потсетува на сцена од постапокалиптичен филм ги збунува жителите на Амстердам – Porsche 911 Cabriolet од генерацијата 996 стои недопрен на истото паркинг место повеќе од една година, полека прекриен од плевел. Не станува збор за филмски сет, туку за вистински автомобил чија судбина останува непозната, пишува carscoops.com. Оставен на милост и немилост на сè И покрај тоа што ползечката вегетација се обидува да го преземе, црното Porsche ...

Поканата на рускиот претседател Владимир Путин упатена до американскиот претседател Доналд Трамп да ја посети Москва останува во сила, а натамошните одлуки ќе ги донесе американската страна, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Поканата не е на чекање. Тоа е постојана покана. Путин е подготвен и среќен да се сретне со претседателот Трамп. Сè зависи од одлуката на Трамп“, рече Песков. Во август, по разговорите со Трамп во Анкориџ, ...

Ова е местото на кое што кандидатот на СДС, Заев и Филипче – Стевчо Јакимовски, вети дека до 2025 година ќе има катна гаража на четири нивоа, со што ќе се реши проблемот со паркирањето во Карпош 2, изјави Анета Марковска Илиевска, советник во Совет на Град Скопје. Сега сме 2025 година овде катна гаража како што гледате нема. Има само многу дупки, ѓубре и метеж во работни денови затоа што нема каде да се паркира. Кандидатот на СДС, Заев и Филипче ...

Земјотрес со јачина од 5,4 степени ја погоди денеска западна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Земјотресот се случил во 12:59 часот по локално време и бил на длабочина од девет километри, според податоците објавени на веб-страницата на ЕМСЦ. Според податоците од Турската дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), епицентарот на земјотресот бил во областа на градот Симав во округот ...

Џери Наумоф, поранешниот министер без ресор задолжен за странски инвестиции, е добитник на специјалното признание „Македонско наследство во јавната служба“, доделено на гала вечерта по повод 20-годишниот јубилеј на Обединетата македонска дијаспора – ОМД, што се одржа во Детроит, на која присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска – Давкова. -Мораме да бидеме обединети за да преживееме. Постојано се делевме, се расправавме – зошто вака си ...

Санкциите на ОН врз Иран од синоќа повторно стапија во сила откако не успеаја разговорите меѓу Техеран и западните сили за нуклеарната програма на земјата. Десет години санкциите беа укинати. Тие вклучуваат ембарго за оружје и економски ограничувања. И покрај одлуката, САД и европските земји нагласија дека дипломатскиот пат останува отворен. Американскиот државен секретар Марко Рубио го повика Иран да прифати „директни и добронамерни преговори“ ...

Освојувачот на шест НБА титули со Чикаго Булс и најдобар соиграч на Мајкл Џордан, зборуваше за Никола Јокиќ, најдобриот кошаркар на денешницата, кој го носи дресот на Денвер Нагетс. Во текот на 80-тите и 90-тите години се играше пресинг по целиот терен. Дали би можел Јокиќ да игра против таков притисок? Не знам. Тој има одличен преглед на играта и ги дели топките на соиграчите. Но, не сум сигурен дека лесно би дошол во позиција да ги истакне ...

на македонскиот идентитет и интереси со утврдени црвени линии во резолуција изгласана во македонското Собрание, сè додека првин нема одговорност за лицата кои спротивно на резолуцијата изгласана во Македонското Собрание на 3 ноември 2008 година (за спорот со Грција), референдумот од 30 септември 2018 година и резолуцијата изгласана во македонското Собрание на 29 јули 2021 година (за спорот со Бугарија) ги погазија македонскиот идентитет и ...

Најбогатата Македонка во Детроит, 92-годишната Маријан Илич ја доби наградата „Ќерка на Македонија“ на гала вечерта по повод 20-годишниот јубилеј на Обединетата македонска дијаспора – ОМД, што се одржа во Детроит, на која присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска – Давкова. – Ги сакам Македонците, добро го зборувам јазикот, но често имаме забавни случки со нашите деца бидејќи не го знаат македонскиот јазик и многу често ме прашуваат ...

Молдавците денеска излегуваат на парламентарни избори и ќе одлучат дали ќе го продолжат своето патување кон Европската Унија или ќе се приближат кон Русија. На овие многу напнати избори со неизвесен исход, секоја страна ја обвинува другата за манипулација и обид за заплашување. Проевропската претседателка Маја Санду, чија Партија за акција и солидарност (ПАС) води на анкетите, но ја изгуби убедливата победа во 2021 година, го вклучи алармот ...

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркес стана деветкратен светски шампион пет трки пред крајот на овогодинешното Мото ГП првенство благодарение на второто место на Големата награда на Јапонија, каде што триумфираше неговиот тимски партнер Франческо Бањаја. На патеката „Твин Ринг Мотеги“, Италијанецот постигна убедлив триумф, воедно и негова втора победа оваа сезона, со која заврши совршен викенд, по славјето во саботниот спринт. Маркес беше две ...

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето обраќање во Струмица на промоција на кандидатот за градоначалник Петар Јанков, истакна дека ќе се стави крај на сите неправилности во работењето во општина Струмица, посочувајќи дека токму победата во Струмица ќе биде круната на претстојните локални избори, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. На овие локални избори ќе имаме многу победи, енергијата е таква, анкетите се такви, ...

Децении изложеност на високи концентрации на аерозагадување го поткопуваат имунолошкиот систем на жителите, вели професор Драган Ѓорѓев за Радио Слободна Европа. Резултатот е стотици случаи на рак на бели дробови и други видови карциноми, бројки кои се двојно поголеми споредено со светскиот просек. Ѓоргев вели дека еколошките фактори доминираат во причините. Професоре Ѓорѓев, деновиве граѓаните на Скопје се загрозени од загадување од пожари од ...

Каи Трамп, 18-годишната ќерка на Доналд Трамп помладиот, одлучи да ја подигне својата кариера како инфлуенсерка на ново ниво со лансирање на сопствена линија маички, пишува The Cut. Дизајн и висока цена Маиците се достапни во три бои, темно сина, бела и црна, а имаат големо лого KT на градите. На фотографиите на Каи како позира на тревникот на Белата куќа, исто така е видливо дека на задната страна од јаката е отпечатен зборот KAI, додека ...

Една третина од граѓаните сметаат дека владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ води подобра економска политика од СДСМ (9,1%), покажуваат резултатите на истражувањето на МКД.мк спроведено од агенцијата Маркет вижн од 9 до 21 септември. На прашањето како би ја оцениле финансиската состојба на вашето домаќинство, една третина, односно 33,8% од испитаниците позитивно ја оцениле финансиската состојба на своето домаќинство, за разлика од 23,5% кои изјавиле ...

Затворската казна изречена на поранешниот француски претседател Никола Саркози ја подели земјата околу тоа како судиите се справуваат со случаите на политички криминал, додека лидерката на крајната десница Марин Ле Пен се подготвува да се обиде да ја поништи пресудата за проневера и да се кандидира за претседател во 2027 година, објави Ројтерс. Парискиот суд ја шокираше политичката сцена во четвртокот кога на Саркози му изрече казна затвор од ...

Претседателот на Сoцијалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во одговор на новинарски прашања поврзани со најновите анкети кои се појавија во јавноста, а кои наводно укажуваат на слаб резултат на СДСМ, остро ги отфрли ваквите наративи, оценувајќи ги како намерен обид да се искриви реалната слика во општеството. Прво, анкетите сметам дека се обид да се искриви вистинската слика во секојдневниот живот и реалноста, а тоа е дека ...

Фудбалерите на Атлетико Мадрид го одиграа својот најдобар натпревар сезонава во Ла Лига и го победија Реал Мадрид со 5-2 во мадридското дерби. Тимот на Диего Симеоне конечно забележа две победи во низа, додека „кралевите“ доживеаја прв пораз по шесте последовни триумфи. Натпреварот започна со спектакл уште во првото полувреме, со четири гола. Ле Норман ја отвори серијата во 15. минута со гол со глава, а Реал возврати преку Арда Ѓулер и Мбапе, ...

Ми претставуваше чест да присуствувам на приемот што го приредија Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп, по повод 80. Генерално собрание на Обединетите нации. Во овие турбулентни случувања во светот, важно е да не отстапиме од демократските вредности и да се обединиме во зачувување на глобалниот мир и безбедност. САД биле и остануваат наши искрени сојузници на овој пат. Благодарност за ...

Ноќеска Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад врз Киев и други украински градови, користејќи тешки бомбардери. Воздушна тревога беше прогласена низ целата земја, дури и во региони далеку од линијата на фронтот. Украинскиот заменик-министер за надворешни работи Андриј Сибиха објави дека Русија употребила стотици беспилотни летала и ракети во овој напад. Според извештаите на украинските медиуми, пет руски бомбардери Ту-95 полетале од ...

Од денеска на полноќ почнува 20-дневната кампања за Локалните избори 2025 што ќе се одржат на 19 октомври (втор круг на 2 ноември). Локалните избори на 19 октомври годинава ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети со вкупно 10 ...

По 13 години од почетокот на изградбата, денеска ќе биде осветен храмот посветен на светите цар Константин и царица Елена на улица „Македонија“ во центарот на Скопје. Осветувањето ќе го изврши архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со бројни архијереи од МПЦ-ОА со почеток во 08:30 часот. Од МПЦ-ОА ги повикаа верниците на литургиско учество во овој свечен настан. Изградбата на храмот почна во 2012 година и траеше 13 ...

Во свеста на голем број Македонци, вградена е претставата дека Илинденското востание траело десетина дена, колку што траела и Крушевската Република, а главни негови протагонисти се Никола Карев и Питу Гули. Другите како да не постојат, а Илинденското востание како да се случило само горе, над Прилепското Поле, во планинските предели на кое е распослано Крушево. Но, тоа не е така. Царот на Пиринска Македонија со востанието започнал токму на ...

Дали Преспанскиот договор е чедо на корупцијата, прашува во својата анализа „Нова Македонија“ Пред извесно време грчкиот медиум „То вима“ објави анализа на Лефтерис Харалампопулос, кој ја истражуваше поврзаноста на фондацијата „Отворено општество“ на Џорџ Сорос, УСАИД и нивното влијание преку поранешниот македонски премиер Зоран Заев за постигнување на контроверзната Преспанска спогодба меѓу Македонија и Грција. Повеќе на „Нова Македонија.мк“ ...

Институциите во Република Македонија имаат рок до 3 октомври. Нема да има повеќе мирни маршеви, туку протести и блокади. Ова го изјавија родителите на децата што загинаа во пожарот во дискотеката во Кочани од 24-тиот „Марш за ангелите“. Родителите на загинатите во пожарот бараат одговори од судските органи, кои доколку не ги добијат во наредните денови, ќе предизвикаат сериозни протести и блокади низ целата земја. Граѓанското здружение „16 март ...

Поранешниот градоначалник на општина Центар и амбасадор во Романија, екс заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски на социјалните медиуми тврдеше дека претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се фотографирала со восочните фигури на претседателот на САД Доналд Трамп и неговата сопруга, Меланија Трамп. „Зарем е можно, откако подолго време разговарала со првиот човек на САД, да не примети дека се тоа восочните фигури на Доналд и ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на својот Фејсбук-профил објави дека ѝ претставувало чест да присуствува на приемот што го приредија претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и неговата сопруга Меланија Трамп, по повод 80. Генерално собрание на Обединетите нации. Во објавата таа истакна дека во овие турбулентни времиња е важно да не се отстапува од демократските вредности и да се работи заеднички на зачувување на ...

Коефициентот на интелигенција е комбинација од когнитивни перформанси, извршна функција, флуидна интелигенција и реалната применлива страна на интелигенцијата. Но, кога станува збор за психологијата, често како индивидуи сме најголемите непријатели на себеси, односно се фокусираме на практични избори кои или го изоструваат или го затапуваат нашето размислување. Самосаботажата не е ништо ново, а насочувањето кон попаметни навики почнува прво со ...

ПЕНЗИОНИРАНИОТ финансиер од Њујорк, Хауард Рубин, е обвинет за сериозни обвиненија за трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација, а неговата лична асистентка, Џенифер Пауерс, е обвинета заедно со него. Според обвинението на Министерството за правда, двојката го организирала транспортот на жените во таканаречената „секс-тамница“ за брутална злоупотреба, пишува Business Insider. На суд, Рубин се изјаснил за невин по обвиненијата против него. ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1020
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1021
weather icon

Загреб

4ᴼ / -1ᴼ
1.03
87%
1021
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
4.12
81%
1021
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.29
83%
1023
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
0.18
98%
1021
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
7.72
85%
1017
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1017
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
81%
1018
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
93%
1023
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.57
89%
1022
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
6.17
82%
1018
Currency

61.53

Currency

53.5432

Currency

69.8134

Currency

34.869

Currency

37.9335

Currency

66.0382

Currency

7.50983

Currency

0.65819

Currency

0.34762

Currency

0.52431

Currency

0.60463

Currency

1.27209