Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер Александар Николоски заедно со кандидатот за градоначалник на општина Кичево, Александар Јовановски, денеска беа на увид на ново изградениот булевар. Се работи за проект кој го работиме заедно со Светска Банка и се работи за проект со вредност околу 24 милиони денари кои што беа инвестирани, изјави Николоски. Проектот опфаќа поплочување на тротоари, поствување на комплетно нов асфалт, хортикултурно ...
Сарај ќе добие монтажен паркинг кај туристичкиот локалитет Матка, осветлување, реконструкција на главната улица и уште многу други проекти, најави денеска кандидатот за градоначалник на Скопје на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски. – Денес сум помеѓу мојот народ во едно од најубавите места не само во Скопје и Македонија, туку и во целиот свет, Сарај и Матка. Оваа општина нема повеќе да биде заборавена. Ќе ги вложиме сите сили за нејзино целосно ...
Од 12 октомври официјално стапува во сила новиот систем за влез и излез од ЕУ – наречен EEС. Системот ќе се воведува постепено, а треба целосно да се имплементира до 10 април 2026 година. Овој технолошки систем ќе собира биометриски податоци, како што се отпечатоци од прсти, фотографии од лице и основни информации за патување. – ЕЕС ќе го модернизира и подобри управувањето со надворешните граници на ЕУ. Ќе обезбедува сигурни податоци за ...
Со фирмата ИРД Инженеринг, за која велеа дека е епски криминал и сомнителна, владата на Христијан Мицкоски склучила Договор за надзор, рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа кажа дека договорот е склучен на 19 септември годинава, помеѓу македонски Желеници и ИРД Инженеринг и е вреден 55 илјади евра. Кога беа опозиција, Мицкоски, Николовски, Стојановски, цело ВМРО-ДПМНЕ држеше секојдневни прес конференции ...
Рафинерија за нафта во градот Кириши, недалеку од Санкт Петербург, беше нападната со беспилотни летала, соопштија руските власти и локалните медиуми. Сведоците пријавиле силна експлозија и пожар во индустрискиот комплекс. Регионалниот гувернер, Александар Дрозденко, потврди дека нападот се случил и дека противвоздушната одбрана успеала да уништи седум дронови над Кириши. Тој додаде дека пожарот во индустриската зона е изгаснат. The Kirishi oil ...
Златан Ибрахимовиќ вчера го прослави 44-ти роденден, и како и секоја година, ја продолжи традицијата. Се почести со нов луксузен автомобил, а се пофали со својот избор на социјалните мрежи со пораката: „Среќен роденден Златан“, пишува „Aftonbladet“. Неговата гаража е побогата за „Ferrari F80“, најновиот хиперавтомобил од Маранело. Автомобилскиот експерт Матес Нилсон објаснува како ова бил логичен потег за познатиот фудбалер. „Тој е апсолутно во ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на граѓанската трибина во Охрид, порача дека оваа општина заслужува посветена, чесна и одговорна локална власт, со Охрид повторно ќе биде бисер на Македонија. „Сега имаме можност заедно да го направиме Охрид повторно бисер на Македонија. За нас и за нашите поколенија. Сега е време за промени во Охрид, време е општината да добие градоначалник како д-р Шајн”, порача Филипче. ...
Можам да најавам дека веќе во текот на овој месец, доколку временските услови не послужат, започнуваме со целосна реконструкција на улица АСНОМ, инвестиција вредна 170 илјади евра, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски од вчерашниот народен митинг во Могила. Тој додаде дека веќе се работи на водоснабдување на неколку населени места како Беранци, Долно Српци, Ивањевци, Попадинци и други коишто се приклучуваат на регионалниот ...
На годишниот заеднички конгрес на Европската асоцијација на генито-уринарни реконструктивни хирурзи (ESGURS) и Европската асоцијација за андролошка урологија (ESAU), кој се одржа во Торино, Италија, највисокото признание за најдобра видео презентација му беше доделено на д-р Огнен Ивановски од Универзитетската клиника за урологија во Скопје. Во фокусот на наградената презентација е ретка и комплексна хируршка процедура на генитална ...
Американскиот рапер Шон „Диди“ Комбс е осуден на четири години и два месеци затвор по обвинение поврзано со проституција, изјави судијата Арун Субраманијан во петокот. Комбс беше осуден по две точки за доведување платени машки придружници преку државни граници за учество во забави полни со дрога, познати како „Freak Offs“, со девојките на Комбс додека тој снимал видеа и мастурбирал. Обвинителството побара затворска казна од 11 години и три ...
Режисерот Вардан Тозија остро реагира на урбанистичките политики во Скопје и предупредува дека градот се гуши во тивка смрт, предизвикана од неконтролираното градење. „Сметал сообраќајниот метеж. Стрпете се, ова е само почеток. Низ Центар, клучната транзитна точка на Скопје, стотици нови гипс-картонски диво-згради се креваат насекаде. Десетици илјади грла ќе се истоварат во тие бедни кутии. Повеќето без обезбедени паркинг места, секако,“ вели ...
Продолжува растот на цените на становите во земјава. Во третиот квартал, според податоците на Народната банка, недвижностите поскапеле за 25,1 отсто. На месечна основа изнесува 4 отсто. Цените на метар квадратен растат иако трошоците во градежништвото бележат опаѓање за првпат по осум години, но цените на становите се нееластични на ваквите движења, што придонесува кон проширување на оперативните маржи во градежниот сектор, констатираат од ...
Славниот шпански тенисер Рафаел Надал ја доби титулата почесен доктор од Универзитетот во Саламанка, еден од најстарите и најпочитуваните универзитети во Шпанија и Европа. По овој повод, Надал влезе во историјата на оваа институција како прв спортист на кого му е доделена титулата „доктор хонорис кауса“, што уште еднаш го потврди неговиот придонес во спортот и општеството. По церемонијата, Надал се огласи на социјалните мрежи и ги сподели своите ...
Во следниот мандат, една од најголемите заложби ќе биде реализација на многу значаен проект, уредувањето на коритото на реката Драгор, симбол на нашата љубов кон Битола, кон нејзината историја и иднина. Сега е време овој симбол да добие ново лице, со уредување по највисоки светски стандарди, изјави Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на Битола од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. „Со овој проект не само што ја заштитуваме ...
Македонскиот воздушен простор ќе биде целосно затворен за сообраќај на 20 и 24 октомври, поради најавен штрајк на контролорите на летање, објави „24Инфо“, повикувајќи се на извори од синдикатот на Македонска навигација (М-НАВ). Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛМ) повторно ја активира одлуката за штрајк, откако, како што наведуваат, менаџментот на М-НАВ не ги исполнил претходно дадените ветувања. Според нив, состојбата во ...
Во Фондот за здравствено осигурување се пристигнати уште 15 претставки од пациенти за сомнителни кардиохируршки интервенции кои ги препраќаме до Министерството за здравство за натамошно постапување, информираше вчера директор на ФЗО, Сашо Клековски. Пет се индивидуални претставки, а десет се поднесени од установа. Клековски додаде дека досега се пристигнати вкупно 25 претставки од пациенти за сомнителни кардиолошки интервенции. Претставките, ...
Поранешните челници на Ослободителната војска на Косово (ОВК) — Хашим Тачи, Кадри Весељи, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи — ќе останат во притвор на Специјализираните совети во Хаг, поради ризик од влијание врз сведоците и можност за попречување на судската постапка, потврди портпаролот на судот, Мајкл Дојл. „Судиите проценија дека постои реален ризик секој од обвинетите да го наруши текот на постапката или да изврши нови кривични дела, особено ...
Цената на биткоинот вчера значајно порасна, приближувајќи се до своето рекордно ниво, додека блокирањето на работата на американската влада влегува во својот трет ден. Вложувачите се свртуваат кон најпознатата светска криптовалута како сигурно прибежиште среде неизвеснота во САД, пишува „Си-ен-би-си“. Со најстарата светска криптовалута се тргување по цена од 123.874 долари, што претставува раст од приближно 2 отсто на дневно ниво. Со тоа ...
Во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ќе се одржи ревијалниот ракометен спектакл „Легендите на сцена“. Поводот е одбележувањето 20 години од „Спортско радио 90,3 ФМ“. На едно место ќе бидат најголемите македонски ракометни имиња како: Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, Пепи Манасков, Филип Миркуловски, Иван Марковски, Раде Стојановиќ, Аце Станковски, Наумче Мојсоски, Бранко Ангеловски, Ванчо Димовски, Петар Ангелов, ...
Аеродромот во Минхен утрово ја возобнови работата, откако сите полетувања и слетувања беа стопирани во текот на изминатата ноќ поради регистрирани беспилотни летала, пренесе ДПА. Сепак, патниците се известени дека се очекуваат задоцнувања и евентуални повторни прекини во текот на денот. Авиосообраќајот на вториот најголем аеродром во Германија беше суспендиран втора последователна ноќ во петокот вечерта, како мерка на претпазливост откако беа ...
Кандидатот за втор мандат и актуелен градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, во гостувањето во „Тема на денот“ во вестите на ТВ Сител истакна дека фокусот во неговата програма е насочен кон најмладите и највозрасните жители. „За родителите и учениците, во новата програма предвидуваме мерки за значителна заштеда на семејниот буџет. Сите ученици од прво до четврто одделение ќе имаат бесплатен и здрав оброк, а учениците од петто до ...
Во деновите од викендов времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои наместа се очекува да се спуштат под нула степени. Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималните температури ќе бидат до -6 степени, а дневните до максимални 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во Струга, упати критика за економската политика на ВМРО-ДПМНЕ, која, како што рече, доведе до секојдневни негативни економски показатели. Филипче посочи дека Владата на ВМРО ДПМНЕ не исполни ниту едно ветување за подобрување на економијата и на животниот стандард на граѓаните. „Христијан Мицкоски ветуваше дека ...
Мултимедијалнии изведби, изложби, концерти, литературни читања и перформанси ќе бидат организирани вечер во рамки на 21. манифестација „Бела ноќ“ која традиционално се одржува во првата сабота од октомври. Организатори се Универзална сала и Град Скопје кои најавија разновидна културна програма и настани за кои влезот за посетителите е слободен. -Целиот град ќе се претвори во голема уметничка сцена достапна за сите граѓани. „Бела ноќ“ е симбол на ...
Во експлозија во изнајмен стан на улицата Косовска во Белград, вчера загина лице за кое според српските медиуми постојат индиции дека е државјанин на Македонија. Првичните податоци укажуваат дека несреќата се случила додека мажот составувал импровизирана експлозивна направа, наводно наменета за ликвидација на нарко-дилер во главниот град. Официјална потврда за идентитетот на загинатиот сè уште нема; во истрагата се вклучени српската полиција, ...
Првиот човек на Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ денеска информираше дека УЕФА го именувала за член на HatTrick комисијата – тело во европскиот фудбал кое одлучува за инфраструктурни проекти и едукативни програми за националните асоцијации. „Голема чест и одговорност за мене е што УЕФА ме именуваше за член на HatTrick комисијата, едно од најважните тела во европскиот фудбал кое одлучува за инфраструктурни проекти и ...
Хамас објави дека се согласил со некои аспекти од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во Газа, вклучувајќи го ослободувањето на заложниците и предавањето на контролата врз енклавата, но бара преговори за многу други услови, објави Ројтерс. Во соопштението до кое дојде Ројтерс, Хамас го објави својот одговор на планот од 20 точки на Трамп, откако американскиот претседател ѝ даде рок на палестинската ...
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, синоќа со остра реакција на социјалните мрежи обвини дека се навредува интелигенцијата на работниците, тврдејќи дека тие се далеку попродуктивни отколку што се платени за својот труд. Според неговата анализа, македонските работници имаат „мизерни плати“, иако со својата работа создаваат вредност која покрива многу повеќе од нивните лични примања. „Ваквите податоци ...
Пред секои локални избори пишуваме програма во која кажуваме што ќе направиме, во овој случај кај Стевче зборуваше што направил, но и за тоа што планира да направи, пореча од митингот во Новаци претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. И тоа е суштината на локалните избори, да се зборува, за паркови, улици, градинки… но не секогаш локалните избори треба да се фокусираат на локалните проблеми, понекогаш треба да испратите некоја политичка ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ ветува дека во првите 100 дена од мандатот ќе го исчисти Центар. „Се обврзувам дека во првите 100 дена од мандатот ќе го исчистам Центар. Ќе ги измиеме сите улици и тротоари и ќе ја отстраниме непријатната миризба. Ќе ги исчистиме сите паркови, детски игралишта, зелени површини, вели Лабудовиќ. Тој истакна дека сакал центарци да се одморат и да се релаксираат ...