Скопје
34ᴼ /
34ᴼ
Пратеничката Илире Даути од Албанска лига не сакала да се тргне од говорницата додека премиерот Христијан Мицкоски не ѝ одговори на пратеничко прашање од претходната седница и со тоа ја блокира седницата за пратенички прашања. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, прогласи 30-минутна пауза во обид да ја смири тензичната атмосфера во пленарната сала, каде продолжуваат блокадите на седниците од страна на опозициските пратеници од албанскиот ...
Џани Инфантино е под голем притисок во изминатите месец дена поради начинот на кој работи и претседава со ФИФА, а контроверзните потези кои ги повлече за време на Светското првенство кулминираа со информација која ја запали светската спортска јавност. Инфантино како прв човек на ФИФА предложи нов проект во кој ќе се продаде дел од сопственичката структура за организација на Светските првенства на моќни луѓе од Америка кои важат за ...
„Apple“ ѝ го презеде тронот на „Nvidia“ и повторно стана највредната компанија во светот, додека инвеститорите се повлекуваат од еуфоријата околу вештачката интелигенција и бараат посигурни инвестиции. Технолошкиот гигант „Apple“ во понеделникот повторно стана највредната компанија во светот, престигнувајќи ја „Nvidia“ за првпат од април 2025 година. По затворањето на берзата, пазарната капитализација на „Apple“ достигна 4,95 билиони долари, ...
Летото значи и дека тиквичките ги има насекаде, а доколку ви здодеа постојано да ги пржите или немате идеја како да ги подготвите – обидете се да направите уштипци од тиквички. Рецептот за ова јадење го пронајдовме на Инстаграм профилот на блогерката за храна Кристина Петровиќ, а таа наведува дека се одличен избор за појадок. Исто така, можат да бидат и одлична опција за лесен летен ручек. Потребни состојки: • 2 помали тиквички • 1 јајце • 2 ...
Кога сакате оброк кој е освежителен, заситувачки и лесен за подготовка, грчката салата од тестенини е одличен избор. Комбинацијата од крцкав зеленчук, солено фета сирење, маслинки и ароматичен дресинг дава богат медитерански вкус, додека тестенините ја прават салатата доволно хранлива за да биде лесен ручек или вечера. Друга голема предност е што може да се подготви однапред, а по неколку часа во фрижидер станува уште повкусна. Состојки За ...
Длабоко под крошните на амазонската прашума, ласерското снимање откри огромни градби на древна цивилизација, чиј ненадеен пад околу деветтиот век и натаму претставува мистерија за научниците. Денешната Амазонска прашума се смета за едно од најдобро зачуваните диви подрачја на Земјата, но пред речиси две илјади години нејзиниот југозапад изгледал сосема поинаку, покажува најновото истражување. Новото воздушно снимање со „LiDAR“ укажува дека ...
Зендеја на лондонската премиера на новиот „Спајдермен“ уште еднаш го потврди својот статус на модна икона, појавувајќи се во гламурозен фустан, чијшто секој детаљ беше посвета на славниот суперхерој. Зендеја и Том Холанд ја привршија промотивната турнеја за филмот „Spider-Man: Brand New Day“ (Човек-пајак: Нов ден), а нивното појавување на свечената премиера во Лондон беше еден од најочекуваните моменти на вечерта. Славниот брачен пар заедно ...
Во земјата која веќе со години гради некои од најсложените патни тунели во светот, во тек е изградбата на „Rogfast“, подморски тунел долг 27 километри. Кога ќе биде завршен, возачите ќе се движат на длабочина до 392 метри под површината на морето. По завршувањето на работите, тунелот не само што ќе ги замени постојните траектни линии, туку и значително ќе го унапреди сообраќајот меѓу клучните региони на Норвешка. Се очекува да ја подобри ...
Срцевиот удар и мозочниот удар се итни, опасни по живот состојби, но се различни по природа. Д-р Никол Харкин објаснува зошто заштитата на срцето е важна и за здравјето на мозокот. Кардиолог, специјалист за интерна медицина и основач на Центарот за кардиологија „Цело срце“, ги објаснува клучните разлики помеѓу срцев удар и мозочен удар. Што е срцев удар? Клиниката „Мајо“ го опишува срцевиот удар, или миокарден инфаркт, како состојба што се ...
Љубовната приказна на Арсен Дедиќ и Габи Новак не започнала филмски, со еден поглед и ненадејна страст. Со години биле пријатели и соработници, си се доверувале еден на друг и граделе блискост, сè додека не сфатиле дека повеќе не можат да си го замислат животот еден без друг. Кога се запознале, Арсен почнувал да ја гради својата музичка кариера, додека Габи веќе беше голема ѕвезда на југословенската сцена и соработуваше со познати светски ...
Извршниот директор на американската компанија „Palantir“, Алекс Карп, ја предупреди американската администрација дека прекумерното регулирање на вештачката интелигенција би можело да го забави технолошкиот развој на САД во глобалниот натпревар со Кина, при што Европа ја посочи како негативен пример. „Имаме пример за она што не функционира. Се вика Европа“, изјави Карп, тврдејќи дека европската регулаторна рамка го отежнува развојот на ...
Русија изведе голем напад врз повеќе региони во Украина користејќи балистички и крстосувачки ракети и беспилотни летала. Загинаа најмалку осум лица, вклучувајќи деца, а Полска ги активираше своите воздушни сили за заштита на својот простор. Во текот на ноќта, Русија започна голем напад врз Украина со десетици балистички и крстосувачки ракети и стотици беспилотни летала. Киев, Лавов, Криви Рих и Полтавската област беа погодени, а експлозиите ...
Германската влада работи на анализа на економските слабости на Кина што би можеле да се искористат во случај на ескалација на трговскиот конфликт со Пекинг. Официјален Берлин зад затворени врати ги мапира трговските текови, синџирите на снабдување и податоците за компаниите за да утврди во кои области Кина останува зависна од европската технологија, специјализираните компоненти и индустриското знаење, објави „Блумберг“, повикувајќи се на ...
Романија наскоро би можела повторно да излезе на избори, а во центарот на политичката криза се најде лидерот на крајнодесничарската партија Алијанса за обединување на Романците (АУР), Џорџ Симион, кој жестоко го напаѓа Брисел, се залага за предвремени избори и тврди дека Европската Унија „ја уништува Европа“. Како што пишува „Политико“, Симион смета дека Романија треба да се сврти кон моделот на Европа на суверени држави и порачува дека ...
„CXMT“ експлодираше на берзата со раст од 466% и стана новиот кинески хит! Побарувачката поттикната од AI ги турка чиповите до рекордни височини, но технолошкиот јаз со светските гиганти и понатаму останува голем. Кинеската компанија за производство на мемориски чипови „ChangXin Memory Technologies“ (CXMT) оствари неверојатен прв ден на Шангајската берза, откако нејзините акции пораснаа за дури 466 проценти. Овој берзански успех ја ...
Директорот на англиското јавно здравство, Сер Крис Вити, минатата недела предупреди на здравствените ризици од работата од дома, која во Обединетото Кралство ја практикува сè поголем број луѓе. Вити изјави дека хибридниот начин на работа може да доведе до ситуација во која многумина речиси воопшто нема да се движат, за разлика од периодот кога секојдневно патувале до работното место. Затоа се поставува прашањето какво влијание всушност има ...
Браната Три Клисури на кинеската река Јангце задржува езеро долго повеќе стотици километри. Кога толкава количина вода ќе се подигне, се менува распоредот на масата на планетата. Ефектот е реален, но исклучително мал. На реката Јангце, во кинеската покраина Хубеи, е изградена браната Три Клисури, најголемата хидроелектрана во светот. Зад неа е создадено езеро долго повеќе стотици километри, а во него се задржува количина вода што се мери во ...
Многумина посегнуваат по „USB“ кабел и го поврзуваат телефонот со лаптопот кога немаат полнач при рака. Добрата вест е дека ваквиот начин на полнење е целосно безбеден за телефонот, но постои еден недостаток што повеќето корисници веднаш ќе го забележат. Во најголем дел од случаите, телефонот ќе се полни значително побавно отколку преку ѕиден полнач. Причината лежи во начинот на кој функционираат современите „USB“ портови. Кога ќе ги поврзете ...
Одложувањето на менструацијата со хормонска терапија и лекови на своја рака, поради летување или некој важен настан, може да доведе до сериозни последици и компликации, предупредуваат експертите. Гинекологот Вања Милошевиќ за Танјуг изјавил дека користењето лекови за одложување на менструалниот циклус може да предизвика нередовни циклуси по прекинот на терапијата, па дури и да биде вовед во стерилитет. Милошевиќ истакнал дека менструалниот ...
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека САД моментално не дозволуваат напад на иранската енергетска инфраструктура поради опасности за глобалната економија, додека меѓу Израел и САД постојат разлики во пристапот кон стратегијата за Иран. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Соединетите Американски Држави во моментов не му дозволуваат на Израел да ја гаѓа иранската енергетска инфраструктура поради стравувања од ...
Американски претседател Доналд Трамп ги затвори очите неколку пати за време на погребот на републиканскиот сенатор Линдзи Греам во Вашингтон, што доведе до тврдења на социјалните мрежи дека задремал. Снимките од Националната катедрала го покажуваат 80-годишниот Трамп како седи во првиот ред, повремено спуштајќи ја главата и држејќи ги очите затворени подолги периоди. Не е можно со сигурност да се утврди дали спиел, но сликите предизвикаа ...
Клима-уредот е речиси незаменлив за време на топлотните бранови, но повеќечасовниот престој во разладени простории може да остави непријатни последици врз кожата, очите, дишните патишта и целиот организам. Високите температури ова лето не попуштаат, па клима-уредите во домовите, автомобилите, канцелариите и хотелите работат речиси без прекин. Пријатно разладениот простор носи неопходно олеснување, особено во најтоплиот дел од денот, но ...
Доколку барате идеја за колач за кој нема да треба да ја вклучувате рерната во текот на жешките летни денови – овој десерт со кокос е одличен избор. Слоеви бисквити натопени во кокосово млеко, воздушест кокосов крем, потпечен кокос и шлаг се спојуваат во десерт со вкус на вистинска тропска магија. Состојки: За кокосовиот крем: • 340 гр. крем-сирење, ладно • 150 гр. шеќер во прав • 720 мл. слатка павлака за шлаг, ладна • 2 лажички екстракт од ...
Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да отпочне постапка за проверка на над 400 пријави за неквалитетна вода во Гостивар од 2021 година, истакнувајќи дека досега не е преземено ништо за заштита на здравјето на жителите. Очекувам Обвинителството да отпочне постапка за проверка на 400 пријави за неквалитетна вода во 2021 година во Гостивар, а не се преземало ништо за заштита на здравјето на гостиварци, изјави премиерот, ...
Пејачот Сем Смит (34) и модниот дизајнер Кристијан Кован (32) се свршија по три години врска. Среќната вест, за која веќе извесно време се шпекулираше, Смит ја потврдил во интервју за „Њујорк тајмс“. Новиот албум му го посветил на свршеникот Веста за свршувачката пристигна помалку од еден месец пред објавувањето на петтиот студиски албум на Смит, „Hazel Eyes“. Музичарот открил дека албумот го именувал според бојата на очите на својот ...
Франција доби нов селектор, а таа улога му припадна на славниот Зинедин Зидан, кој во следните четири години ќе се обиде да оствари забележителен успех на клупата на оваа репрезентација. Познатиот фудбалер Зинедин Зидан (54) повторно се најде во центарот на светското внимание, но овојпат како селектор на Франција. Со неговото доаѓање на клупата на Французите, повторно во фокусот се најде и неговиот приватен живот, а познато е дека најголема ...
Полицијата поднесе кривична пријава против професор и потпретседател на Стоматолошката комора кој примил поткуп од студентка за полагање стручен испит по стоматологија, додека парите биле пребачени преку банкарска сметка, а пријавените лица се под истрага за криминални дела поврзани со примање и давање поткуп. Полицијата поднесе кривична пријава против професор на Стоматолошкиот факултет кој е и потпретседател на Стоматолошката комора и ...
Оваа навика е длабоко вкоренета во јапонската култура, каде што се цени уреден и пријатен простор. Додека многумина посегнуваат по телефонот или си прават прво кафе веднаш по будењето, во Јапонија се негува многу поинаков пристап кон почетокот на денот. Една едноставна навика, која трае само една минута, е дел од секојдневниот живот на многу луѓе и се смета за добар начин постепено да се разбуди телото. Станува збор за кратко проветрување на ...
Во Македонија се потврдени три нови случаи на западнонилска треска, вклучувајќи лица кои не патувале надвор од државата. Министерот за здравство, Сашо Клековски, информира за мерките кои се преземаат за спречување на ширењето на болеста и моменталната состојба на пациентите. Во земјава се потврдени три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број евидентирани случаи годинава се искачи на 11. Министерот за здраство, Сашо Клековски ...
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) предупредува на ризиците од корупција при донесување закони по скратена процедура кои го заобиколуваат Законот за јавни набавки и други системски закони, нагласувајќи дека ваквите решенија треба да содржат ефикасни механизми за транспарентност и отчетност. Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) соопшти дека секое законско решение со кое се предвидува исклучување или ...