Во Македонија и натаму продолжува трендот на намалување на раѓањата. Најновите податоци на „Еуростат“ покажуваат дека стапката на фертилитет во земјата достигнала рекордно ниско ниво од 1,44 живородени деца по жена во 2024 година. Фертилитетот бележи постепен пад во последната деценија. Стапката изнесувала 1,52 во 2004 и 2014 година, потоа се намалила на 1,49 во 2023, а во 2024 паднала на 1,44 деца по жена. Истовремено, жените во Македонија ...

Царински службеници на граничниот премин Блаце, на влез во државата, спречија обид за криумчарење на вкупно 120 килограми тутун за наргиле, со вредност од 384 илјади денари кои биле наменети за продажба на македонски пазар, извести Царинската управа. Против сторителот, од страна на Одделението за истраги, е поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик. Со ова е спречен обид за нелегална ...

Секој циклус на употреба на антибиотици може да ги оштети корисните бактерии во телото на долг рок, а нова студија на Универзитетот во Упсала покажува дека овие ефекти можат да траат до осум години, се наведува во списанието „Nature Medicine“. Иако антибиотиците имаат клучно значење за лекување на инфекции, покрај вообичаените несакани дејства, тие можат да ги уништат и корисните бактерии во организмот додека истовремено придонесуваат кон ...

Вчера вечер на Меѓународниот аеродром во Приштина пристигна третиот организиран лет со патници кои беа успешно евакуирани од Катар, Кувајт, Кралството Саудиска Арабија и Кралството Бахреин. Патниците претходно со организиран превоз беа транспортирани до Ријад, од каде што со специјален лет безбедно го напуштија регионот, извести преку социјалните мрежи, министерот Тимчо Муцунски. ✅ 🇲🇰 Успешно евакуирана третата група македонски државјани ...

Многу луѓе трошат огромни суми на скапи додатоци во исхраната, додека во продавницата има евтина риба без жива. Сардините растат брзо, живеат кратко и се хранат со планктони. Затоа немаат време да акумулираат тешки метали како туна или лосос. Експертите велат дека тоа е здрава риба за постари лица. Исто така, тоа е најздравата риба за срцето што можете да ја јадете постојано. Дали сардината го зголемува крвниот притисок? Конзервираните ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „не знае“ за одговорноста за американскиот напад врз училиште во Иран. Тој го изјави ова вчера во Белата куќа како одговор на новинарско прашање. Новинарката го праша Трамп дали тој, како врховен командант, ја презема одговорноста за нападот врз училиштето, осврнувајќи се на новиот извештај од воената истрага во кој се покажа дека училиштето било погодено од американска ракета. „Дали вие, ...

Хељдата се смета за едно од најстарите култивирани растенија во Европа и Азија, а нејзината традиција на користење е долга неколку илјади години. Иако денес често е засенета од модерните житарици, во минатото била важен дел од секојдневната исхрана на многу народи. Нашите предци ја ценеле поради нејзината хранливост, достапност и едноставната подготовка. Потеклото на хељдата се врзува за подрачјето на централна Азија, од каде што во текот на ...

Многумина не се свесни за поврзаноста на ракот на грлото со хуманиот папилома вирус (HPV), а токму таа врска јавно ја потврди актерот Мајкл Даглас кога откри дека тој вирус бил причина за неговата болест. Даглас ја добил дијагнозата уште во 2010 година, но дури три години подоцна го открил вистинскиот причинител, што тогаш ја изненади јавноста и дополнително ја подигна свеста за оваа болест. Воспалението на грлото не му поминувало Првиот знак ...

„Бугати“ повеќе не е само за на пат – сега можете и да спиете во него. Познатиот бренд на автомобили одлучи да го освои небото над Дубаи и да изгради облакодер толку луксузен што сè друго до него ќе изгледа како обична нова зграда. Проектот, наречен „Бугати Резиденс“, се гради во соработка со инвеститорот „Бингати Пропертис“, а интересот на пазарот веќе ги надмина сите очекувања. Дека станува збор за сектор наменет исклучиво за светската ...

Британското списание „Time Out“ објави листа на 50-те најдобри градови во 2026 година, а Мелбурн го зазема првото место. Градот доби пофалби за својата гастрономска, културна и уметничка сцена. За да го пронајде победникот, „Тime Out“ анкетираше околу 24.000 луѓе за тоа каде живеат, врз основа на 44 критериуми - од храна, ноќен живот и култура до прифатлива цена, среќа и атмосфера на градот. Учесниците биле случајно избрани врз основа на ...

Истражувачите од Универзитетот во Гранада развиле вештачка рожница направена од крлушки од неколку видови риби кои често можат да се пронајдат на пазарите, а која би можела да стане поевтина алтернатива на трансплантацијата на очна рожница од донатор кај потешки очни заболувања. Рожницата – проѕирниот преден слој на окото – тешко се обновува кога е сериозно оштетена бидејќи нема крвни садови и има ограничена способност за регенерација. ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан синоќа постави услови за евентуален крај на војната со Израел и САД, вклучувајќи „цврсти меѓународни гаранции“ што би обезбедиле траен прекин на сите напади. „Во разговорите со лидерите на Русија и Пакистан, ја потврдив посветеноста на Иран на мирот во регионот. Единствениот начин да се заврши оваа војна, која ја започнаа ционистичкиот режим и САД, е преку признавање на легитимните права на Иран, исплата ...

На ревијата на модната куќа „Луј Витон“, актерката ја евоцирала моќта на софистицираниот стил и, без голотија, ја поддржа елеганцијата по која е препознатлив брендот. Актерката Леа Сејду носеше модели од „Луј Витон“, многу оригинално одело, минијатурна чанта и неодоливи салонки на Неделата на модата во Париз. Црно-белите очила за сонце се неодолив класик. Во ова женско издание, Леа изгледа како вистинска светска ѕвезда, а повторно шармираше ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека САД ја добиле војната против Иран, но ќе останат во борбата за да ја завршат работата. „Никогаш не сакате да кажете дека сте победиле прерано. Ние победивме“, рече Трамп на митинг во стилот на предизборна кампања во Хеброн, Кентаки. „Сè беше готово во првиот час“. Тој рече дека САД уништиле 58 ирански воени бродови. Трамп го менува својот став за Иран, припишувајќи ѝ го на ...

Вчера во Еквадор почина актерот Кирил Поп Христов-Кили, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК пријател на семејството. Имаше 58 години. Поп-Христов се пресели во Еквадор во 2014 година. Иако често доаѓаше во Скопје, последната годинаипол ја поминал во Еквадор. Веста за смртта на актерот, на неговите браќа во Скопје им ја соопштила сопругата на Кили, кореографката Гордана Деан Поп-Христова. Кирил Поп Христов е роден на 30 јули 1967 во Скопје. Дипломира ...

Иранските напади на соседните земји во Заливот започнаа трка за воена опрема, особено за одбрана од балистички проектили и беспилотни летала од типот Шахед. Системите за воздушна одбрана како американскиот „Патриот“ чинат милиони долари, што ги прави неодржлив начин за соборување на масовно произведени, евтини дронови. Имајќи го тоа предвид, многу земји се свртуваат кон Украина. Украинската одбранбена индустрија потпиша договор за купување ...

Кога денес ќе се спомне Иран, првите асоцијации обично се геополитички превирања и нафтени и нуклеарни договори. Меѓутоа, зад острите политички наслови се крие секојдневниот живот на повеќе од 90 милиони луѓе кои живеат, работат и управуваат во економија што со децении функционира под строги меѓународни санкции. Земјата со богата историја и култура сега е дом на луѓе кои ја усовршиле уметноста на прилагодување. Поради долгогодишните ...

Актерката Марго Роби во понеделникот се појави на ревијата на „Chanel“ во рамките на Модната недела во Париз, а нејзиниот изглед, прилично поинаков од оној на неодамнешната премиера на филмот „Wuthering Heights“, предизвика многу коментари. Долгата коса и раскошниот фустан ги замени со боб фризура со тенки шишки, проѕирен топ без ракави и широки фармерки, што поттикна поделени реакции на социјалните мрежи. Ново издание како амбасадорка на ...

Програмата „SPRINT“, реализирана во соработка меѓу агенцијата „DARPA“ и Командата за специјални операции на САД, развива летало X-76 кое комбинира брзина на лет од 740 км/ч со можност за вертикално полетување без писта. Американската агенција за напредни одбранбени истражувачки проекти „DARPA“ официјално го откри името и првите скици на своето најново експериментално летало. Овој авион, наречен X-76, се развива во рамки на програмата „SPRINT“ ...

Српската инфлуенсерка открила како престојувала на Малдивите бесплатно со помош на волонтирање. Белиот песок, тиркизното море и луксузните бунгалови на вода, за многумина Малдивите е синоним за одмор од соништата, но и дестинација резервирана за оние со подлабок џеб. Сепак, српската инфлуенсерка и соло патничката Ружа Миливојевиќ покажала дека постои и друг начин. Ружа моментално поминува четири недели на Малдивите без никакви трошоци за ...

Новите климатски податоци покажуваат дека силен, дури и „супер Ел Нињо“ - редок климатски феномен што може да ги промени временските обрасци низ планетата, би можел да се развие подоцна оваа година. Научниците предупредуваат дека таков настан би можел да донесе рекордни глобални температури, посилни бури во Пацификот, суши во некои делови од светот и екстремна топлина во тропските региони, пишува „Вашингтон пост“. Што претставува „супер Ел ...

Доколку сакате да го подобрите здравјето на цревата, советите од гастроентеролозите можат да бидат од голема корист. Овие експерти се занимаваат со дијагностицирање и лекување проблеми со варењето – од киселини и запек до болки во стомакот – а на сето тоа значително влијае начинот на исхрана и намирниците што секојдневно ги консумирате. Тие не ги набљудуваат само симптомите, туку и тоа како вашите секојдневни навики, како нивото на стрес, ...

Тие се страв и трепет, тврдат странските медиуми и сите кои (не)имале можност да се уверат во тоа. Користат мечеви, стрели, нунчаки, ножеви, а пред сè раце и нозе. Веќе со години се најстрого чувана воена тајна на Иран, но овие денови, додека конфликтот на Блискиот Исток се разгорува, упатените се прашуваат дали е време и опасните куноичи-војнички, односно женските нинџи, да се вклучат во акција… Во јапонската боречка култура, „куноичи“ е ...

Земјите-членки на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) едногласно одлучија да започнат со најголемото ослободување на резерви за итни случаи во историјата на организацијата, објави извршниот директор на ИЕА, Фатих Бирол. „Земјите на ИЕА ќе ослободат 400 милиони барели нафта за да го надоместат изгубеното снабдување поради затворањето на Ормускиот теснец“, рече Бирол во обраќање во живо емитувано на веб-страницата на агенцијата. ИЕА ...

Играта „The Witcher 4“ ќе биде визуелно најнапредниот наслов во историјата на студиото „CD Projekt Red“. Благодарение на воведувањето на технологијата „Nvidia RTX Mega Geometry“, играчите ќе доживеат ниво на детали кое претходно беше технички невозможно. Оваа технологија овозможува рендерирање на неверојатно комплексни сцени со огромен број објекти без забавување на компјутерот. Тоа значи дека шумите, градовите и планинските предели во новата ...

Иако често се зборува за опасностите од недостиг на сон, поретко се споменува дека и премногу сон може да биде штетен. Во пресрет на Светскиот ден на спиењето, кој се одбележува во петок, на 13 март, со цел подигнување на свеста за важноста од здравите навики за спиење, експертите објаснија која е горната граница на здрав сон и како да се постигне идеална мерка за одмор. Додека многумина за време на викендот сакаат да се излежуваат и по ...

На прв поглед тоа била само стара и запуштена камп-приколка од 1989 година, која чинела 500 фунти. Меѓутоа, Хејли Рабери во неа видела потенцијал. Во главата на Хејли Рабери купувањето на камп-приколката значело предизвик и карта за бесплатни семејни патувања. Дотраената приколка ја купила речиси импулсивно. Денес, благодарение на сопствените раце, имагинацијата и бројните евтини трикови од светот на „направи сам“, нејзиното семејство ужива ...

Од три на две ипол години ѝ е намалена затворската казна на Гордана Филиповиќ, која со автомобил на пешачки премин и возење со поголема брзина од дозволената го усмрти 76-годишниот Слободан Ангеловски кај мостот „Гоце Делчев“, наспроти Македонскиот народен театар во Скопје. Несреќата се случи во 2022 година, а предметот се судеше по вторпат откако Апелацискиот суд ја укина претходната пресуда. Синот на загинатиот пешак, Столе Ангеловски, рече ...

Во старите манастири, рецептите се пренесувале од генерација на генерација, честопати запишувани во манастирските готвачи или чувани во сеќавањето на монасите кои подготвувале храна за братството и гостите. Еден од таквите едноставни, но исклучително вкусни посни деликатеси е питата со ореви, која, според традицијата, ја запишал јеромонахот Јеротеј уште во 19 век. Се подготвува од неколку основни состојки, но има богат и полн вкус. Била ...

Од исхрана до вежбање, бројни фактори можат да влијаат на тоа како нашето тело старее, но ново истражување сугерира дека уште еден важен фактор би можел да има влијание. Сè повеќе докази покажуваат дека хроничниот стрес што го предизвикуваат „напорни“ и токсични луѓе може да го забрза биолошкото стареење — односно промените во телото што ја одразуваат состојбата на организмот и нивото на клеточно пропаѓање, а не нужно нечија вистинска ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
46%
1013
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
56%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 8ᴼ
2.06
44%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
0.0
50%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.34
74%
1017
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
2.57
57%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
67%
1011
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
54%
1011
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
47%
1012
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
8.75
73%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
51%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
6.69
86%
1009
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Цинк

0.00

Рутениум

56199.51

Сребро

2179.44

Паладиум

44753.84

Злато

144593.23

Иридиум

258288.78

Алуминиум

3.19

Бакар

10.65

Платина

61858.04

Родиум

353658.21

Кобалт

3.86

Калај

43.91