
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Во Фоајето на НУ. Центар за култура во Битола, беше отворена ликовната изложба „Парчиња живот“ од Бојана Артиновска. Изложбата е составена од повеќе од 100 мали формати, изработени во различни техники цртеж, акрил на хартија, акрил на платно и масло на платно. Според ликовниот критичар Владо Ѓорески, секое дело е фрагмент од патот на самооткривање и раст, и преку нивното внимателно поставување во оваа изложба, се рефлектира сложеноста и ...
„Пустинско вино“ е насловот на најновата песна на Паркети. Уште една паркетска рокенролска приказна во огромната книга на рокенролот. Музиката, текстот и аранжманот се на Сашо Паркет. Видеото е снимено во Фушрекордс. Микс и мастер во студио „Подрумот“ – Анѓел Ќосев. Во спотот игра Ана Грамосли, режијата, камерата и монтажата се на Андреј Богатиноски. Дрон оператор и 2ра камера: Јосиф Трајкоски . Асистенти на сет: Анастасија Кутлешовска и Дора ...
Членови на Независниот синдикат за образование и наука доцна поладнево со протестен марш низ Широк Сокак го искажаа своето незадоволство што овој септември не се испочитувал колективниот договор и нема усогласување на нивните плати со порастот на животните трошоци. Протестот го започнаа кај Офицерски, со транспаренти и знамиња на Независниот синдикат прошетаа по Широк Сокак и на плоштадот Магнолија на јавноста и ги соопштија причините зошто се ...
Од Лас Вегас, преку Њујорк и Ибица, па сè до Струмица: Планетарните хитмејкери Meduza доаѓаат на големиот Get EXITed спектакл! Италијанско-шведското трио Meduza набрзина ги освои срцата на обожавателите ширум светот со своите хитови кои ја зазедоа светската музичка сцена и им ги отворија вратите на најголемите музички фестивали ширум планетата. Нивните енергични настапи на фестивалот Exit и Sea Dance ги создадоа најубавите спомени во сеќавањето ...
Со интонирање на химната на Македонија денес вкупно 744 првачиња седнаа во битолските училишни клупи. Заменик градоначалникот Бојан Бојкоски им посака успех и вети реализација на најавените инвестиции во образовниот процес посебно во делот на спортската инфраструктура. 744 првачиња ја започнуваат оваа учебна година на ниво на Општина Битола. Првиот час им започна со интонирање на химната по донесената одлука на битолскиот Совет. Заменик ...
Сите основни училишта од градот до Советот на општината доставија барање за дозвола да работат со паралелки под 20 ученици. Формирањето на паралелките го нормира законот за основно образование, а основачот и министерството за образование треба да дадат согласност. Денеска започна школската година за 744првачиња во градот. Вкупната бројка е далеку помала од пред педесетина години кога се формираа пралелки со по 37 до 42 ученика во битолските ...
Битола како град е свесна на проблемот во последните 9 години – секоја година се помал е бројот првачиња и се помал. Една од причините може да се лоцира во намалениот наталитет, а и во браковите и вонбрачните заедници без деца. Во продолжение статистиката што ја објави Државниот завод за статистика. Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2024 година, во април, мај и јуни во битола живородени се 170 деца. Од ...
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,57%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.08.2024 година и со тоа, ...
Во сите основни и средни училишта во Битола и државата започна утринава и ќе трае до 10 јуни со исклучок на учениците од завршните години во средно образование, кои ќе имаат настава до 16 мај. Зимскиот одмор за учениците започнува на 31 декември, а завршува на 19 јануари. Летниот пак, започнува на 11 јуни, а завршува на 31 август. Според најавите од Министерството за образование и наука, оваа учебна година учениците ќе ја почнат со навремено ...
На 15-то јубилејно Карпошово културно лето на плоштадот Делфина во Скопје, настапи аматерскиот женски хор „Фрида“, чиј диригент и уметнички раководител на хорот е битолчанката, водителката Сузана Турунџиева. Овој хор е формиран во октомври 2023 година. Ентузијазмот на хористките, талентот, креативноста, посветеноста и желбата за групно музицирање е причина повеќе хорот да постави високи цели и предизвици кои за релативно кратко време од неговото ...
Под слоганот „Немате оправдувања, покачете ги платите!“ СДСМ организираше собир на наставници пред Министерството за образование. Со ова политичката партија застанува зад барањето за покачување на платите за 12%.„ Никој не верува дека нема пари за покачување на платите на наставниците за 12%. Гледаме дека има пари за нови четири министерства и цела армија партиски вработувања, има пари за луксузирања со скапи авионски карти, има пари измислување ...
Српската влада минатата недела објави дека на трговците во државата им наложила да ги намалат производите за храна и дел од тие за хигиена за 26,82%. Веста вирално се прошири, одлуката се реализира од денеска, а српските и македонските медиуми од утринава ги „бројат“ возилата кои влегуваат од Македонија. Акцијта е насловенеа „Најдобрата цена“ којашто мора да биде пониска од сите промоции и акции што ги имале трговците. На листата се кафе, ...
Денеска се одржуваат регионалните избори за германските покраини Саксонија и Тирингија. Светот ги следи внимателно, дефинирани се како показател за јавното расположение кон владата на земјата. „Антимиграциското расположение во земјата се зголеми по неодамнешните екстремистички напади, како што е минатонеделниот смртоносен напад со нож во западниот германски град Солинген, за кој групата Исламска држава ја презеде одговорноста.“ – пишува ...
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Температура на воздухот во интервал од 14 до 29 степени Целзиусови. Во текот на следната недела не очекува период на претежно стабилно време, освен во планинските подрачја каде ќе има ретка појава на попладневен пороен дожд и ретки грмежи. Дневните температури ќе бидат ...
Денеска прекинува посебниот сообраќаен режим со кој на товарните возила со вкупна маса над 15 тони им беше забрането движењето на државните патишта. Секоја година во перидото од 1 јули до 31 август на државните патиште се воведува летен сообраќаен режим. Товарните возила не смеат да возат во времето на викенд, во петок од 17.00ч до 22.00ч, во сабота од 9.00ч до 18.00ч и во недела од 9.00ч до 22.00ч. Оваа забрана се воведува и во деновите со ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги пречека победниците на 37. Охридски пливачки маратон, чиј покровител е претседателот на државата. Во машка конкуренција прв до целта стигна бразилецот Матеус Еванжелиста за 5 часа, 45 минути и 5 секунди, а французинката Каролин Жуис е победничка во женска конкуренција, која патеката „Климе Савин“ ја исплива за 5 часа 46 минути и 51 секунда. Доделувајќи ги пехарите на годинашните победници на ...
Новите правила за носење багаж низ европските аеродроми се старите. Откако претставници на авионските компании, царинските служби и претставници на Европската комисија одржале неколкју работилници за стандардизиран багаж низ слободната европска зона, се вратиле на старите правила кои некаде веќе се применуваат, а некаде ќе бидат повторно воведени. Аеродромите од 2018 година требаше да воведат нова технологија – скенери на багаж, но и во ...
Затворени пет српски институции на Косово, Приштина критикувана од меѓународната заедница, а КФОР го зајакна присуството на Ибарскиот мост што ја дели Северна Митровица на српска и албанска. Косовската полиција затвори пет српски институции на северот на земјата, Затворањето доаѓа во време на зголемени тензии во односите меѓу Косово и Србија, и покрај 13-годишната нормализација на разговорите олеснети од Европската унија, кои не постигнаа ...
Се работи на изградба на асмосферска канализација на велзот во Битола од странта на Прилеп, информираат од Општина Битола. Проектот за Реконструкција со доградба на коловоз на дел од улица „8 Септември“ во Битола, од бензинска пумпа „Лукоил“ до граница на ГУП на Град Битола, се одвива согласно предвидената динамика. Деновиве изградена е атмосферска канализација со ПЕ канализациони цевки во должина од 350 метри и се врши ископ на земја за ...
По минатогодишниот незаборавен спектакл на кој повеќе од 20.000 луѓе танцуваа до зори, Get EXITed забавата е подготвена да се врати во Големиот парк во Струмица по трет пат по ред! Овогодинешното издание пристигнува на 6 септември за да го испрати летото низ разиграна атмосфера и разновидна музичка програма, а целосната програма ја предводат моќното дуо Agents of Time, динамичното електро трио Meduza, диџеј ѕвездата во подем Layla Benitez, икона ...
Утрово 11 степени во Маврови Анови, Попова Шапка, 12 Берово, 13 Крушево, Крива Паланка, 14 Претор, Битола, Охрид, Тетово, Прилеп, 16 Куманово, Скопје-Петровец, 17 Кавадарци, Струмица, Штип, 18 Скопје-Зајчев рид, Демир Капија, Виница, Гевгелија, 20 Велес. Вчера најмногу дожд 10 л/м2 наврнаа во Крушево, 8 Маврови Анови, 4 Попова Шапка, Тетово, 3 Битола, 1 Штип, Охрид, Крива Паланка. Преку ноќта имаше мала до умерена облачност и со слаб променлив ...
Битолчанката Марија Димовска е светски шампион во кик-бокс. Димовска во финалето на Светското првенство во кик бокс за кадети и јуниори во Будимпешта, Унгарија, славеше 2-1 против Израелката Мија Лијамичев. Марија го освои првото злато за Македонија на ова СП, а за второто ќе треба да ја почекаме борбата на Силвио Мировски, додека Лука Змејкоски пред неколку минути се закити со сребрен медал. „Марија победи проитив кикбоксерката од Израел, ...
Во рамките на 57-миот по ред Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура кој што се одржува во Охрид, за прв пат годинава се воведени и други дејности од македонската култура. Љубителите на филмската уметност имаа ретка можност да уживаат во дел од збирката на браќата Манаки, првите слиматели на Балканот. Оваа збирка е од исклучително значење и е дел од македонското филмско наследство. Филмскиот опус го презентираше Мими ...
Слаткаристика и Тони Зен по 14 години објавија заедничка песна, „Милион лета“, која Слаткаристика ја опиша како сериозна и зрела песна. Автор на музиката е Слаткар, додека текстот е дело и на двајцата пејачи. Спотот за песната е снимен на Охридското Езеро, а режијата е дело на Крсте Шупев, продукцијата на 20two.studio. Активното враќање на музиката Слаткаристика го најави на почетокот на годината. Тој во март одржа три последователни концерти во ...
Ректорот на битолскиот универзитет проф. д-р Игор Неделковски информира дека во првиот уписен рок пријавени се (поднесени документи) 856 кандидати, а минатата година биле 663. Ова е зголемување од ~ 30% во услови кога бројот на матуранти во државата е намален за ~ 5% (14.834 во 2024, а 15.620 во 2023). „Ова значи дека УКЛО реално успеал за ~ 1/3 да го зголеми бројот на пријавени кандидати во првиот уписен рок. Неспорниот квалитет и посветеноста ...
Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Ставановски соопшти дека и оваа година обезбедија по 10. 000 денари за секое прваче и оброк за сите ученици во основно образование во Општина Новаци. Тој вели дека исто така и оваа година како и изминатите три ќе набават таблети за четвртоодделенците со цел квалитетно следење на наставната програма и содржини. „Општина Новаци постојано вложува во образованието на децата и во подобрување на условите во ...
Директорот на кјп„Водовод“ Битола во перидот од 2017 до 2021 година, многупати бил, и вчера во дел од прилогот на оваа телевизиска куќа беше повикан да одговори на критиката дека проблемите во битолската водоводна мрежа се случуваат токму заради изградбата на управната зграда. Во продолжение неговата реакција на оваа тема. „Согласно нашата програма и годишните програми за развој, избалансиравме сопствени средства, значи Водовод во тие четири ...
Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Ставановски соопшти дека и оваа година обезбедија по 10. 000 денари за секое прваче и оброк за сите ученици во основно образование во Општина Новаци. Тој вели дека исто така и оваа година како и изминатите три ќе набават таблети за четвртоодделенците со цел квалитетно следење на наставната програма и содржини. „Општина Новаци постојано вложува во образованието на децата и во подобрување на условите во ...
Директорот на кјп„Водовод“ Битола во перидот од 2017 до 2021 година, многупати бил, и вчера во дел од прилогот на оваа телевизиска куќа беше повикан да одговори на критиката дека проблемите во битолската водоводна мрежа се случуваат токму заради изградбата на управната зграда. Во продолжение неговата реакција на оваа тема. „Согласно нашата програма и годишните програми за развој, избалансиравме сопствени средства, значи Водовод во тие четири ...
Општина Битола, покрај инфраструктурните активности во урбаниот дел на општината, продолжува и со континуирана грижа за руралните средини, се вели во соопштението од Општина Битола. На барање на жителите, а согласно склучениот договор со изведувачот „ЗИМАК” ДООЕЛ Битола, во вредност од 530.587 денари, општината започна со машинско чистење на каналската мрежа во селото Крклино. По завршувањето на чистењето на оваа мрежа во должина од 1700 ...