
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Утрово 10 степени во Лазарополе, Берово, 12 Маврови Анови, 14 Битола, Попова Шапка, Крива Паланка, Претор, Тетово, Прилеп, 15 Охрид, Крушево, Струмица, 16 Скопје-Петровец, Куманово, Велес, 17 Демир Капија, Гевгелија, Скопје-Зајчев Рид, 18 Кавадарци, Виница, Штип. Во текот на ноќта и утринава се задржа претежно тивко со мала облачност која утринава е во централните делови од земјата и на југозападот. Утринава дува слаб променлив ветер. Времето ...
Ракописот со наслов „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2024 година. Во најтесниот избор беа разгледани и романите: „И“ од Кристина Краличин, „Брчка или За болешливото здравје“ од Филип Љ. Трајковски и „73 денови“ од Иво Митев. На шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја доделува издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и ...
Излезе од печат книгата на режисерот Јани Бојаџи со наслов:Гледна точка. „Ете, и книгата дојде на ред. Долго време се мислев што ми треба ова работа, ама, нема како поинаку, работите треба да се запишат и да се објават, за да се паметат“, вели Бојаџи. „Гледна точка“ во суштина е научен труд, статии за филмот и уметноста на режијата објавени во научни списанија во странство и еден дел е неговата докторска дисертација. „Но, да не ве плашам, ...
„Трговците што се опфатени со одлуката на Владата за училиштен прибор имаат обврска да ги усогласат цените на производите. Од утре инспекторите ќе бидат на терен и ќе вршат контроли за да се утврди дали трговците постапиле во согласност со оваа одлука. Инспекторите ќе постапуваат во рамките на нивните надлежности, кои произлегуват од одлуката, а во согласност со тоа и според Законот за трговијата“. „Напоменувам дека Државниот пазарен инспекторат ...
Утринава сите објекти кадешто може да се набави школски прибор беа затворени за јавноста. Причината за тоа беше проектот на Владата „Помалку трошоци, повеќе за тебе“ за ограничени маржи и нејаснотијата кај сопствениците за кое време од набавката на приборот се однесува одлуката. Во текот на денот беа отворени, но цените останаа исти. Непријатно изненадување ги пречека родителите на деца кои посетуваат училиште, а во последен момент утринава ...
Здружението на пензионери го отвори третиот пензионерски клуб во Битола – место кадешто членовите на здружението, пензионерите генерално ќе може да одржуваат средби, да организираат најразлични активности. . Третиот пензионерски клуб се отвора во месниот огранок „Вељко Влаховиќ“, еден од поголемите во градот по број на членови – над 850. Ова е завршување на проектот за кој се зборувало на состаноците на ова здружение, а донесена била одлука на ...
Бизнисмени од Тиквешијата денеска беа запознати со можности за инвестиции и соработка на бизнис форумот кој се реализираше во Кавадарци. На форумот присуствуваа и градоначалникот Митко Јанчев и Андраш Клеин, амбасадор на Унгарија во Македонија. Главниот акцент бил ставен на плановите на Општината во искористување на средствата кои Македонија ги доби како заем од Унгарија и за можноста за соработка во областа на културата и образованието. ...
Македонскиот филм “М“ на режисерот Вардан Тозија, во продукција на “Фокус Покус“, освои две престижни награди на интернационалниот филмски фестивал “Макабро“ кој се одржува во главниот град на Мексико, Мексико Сити. Вардан Тозија ја понесе статуетката за Најдобра режија во официјалната селекција, а филмот ги освои и срцата на публиката и се здоби со признанието Награда на публиката, во земја каде остварувањата во полето на фантастиката и ...
Пожарникари од повеќе градови цел ден се на терен во Мариово да го стават под контрола и да го изгаснат големиот пожар кој е активен четврти ден. Според директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов кој беше на теренот во Мариово, делови од пожарот се изгаснати, но со топлото време се разгорува онаму каде преку нуќта огнот се стишил. фотографија: Поглед од хеликоптер на пожарот / сопственост ЦУК Интервенцијата од воздух, посебно во претпладневните ...
Министерот за земјоделсктво, шумарство и водостопанство Цветко Трипуновски денеска во просториите на Општина Новаци се сретна со земјоделци од Пелагонија. Ги информираше за мерките на владата во однос на директните плаќања кои се зголемија од 6.000 на 12.000 денари и дека дополнително со програмата за интервентниот фонд предвидедни се дополнителни 3 денари за предадена килограм пченица во откупни регистрирани центри. На средбата се разгледуваа ...
Здружението на пензионери од Битола денеска го отвори третиот пензионерски клуб. Овој е лоциран во населбата позната како „Областа“ , за месниот огранок „Вељко Влаховиќ“ на Здружението во кој членуваат преку 850 пензионери. Трите клубови се комплетно опремени и ставени на располагање на пензионерите, а нивното отворање значи дека парите од пензионерите – поточно членарината завршува во функција на пензионерите, рече денеска претседателката на ...
Министерот за земјоделсктво, шумарств о водостопанство Цветко Трипуновски денеска во просториите на Општина Новаци се сретна со земјоделци од Пелагонија. Ги информираше за мерките на владата во однос на директните плаќања кои се зголемија од 6.000 на 12.000 денари и дека дополнително со програмата за интервентниот фонд предвидедни се дополнителни 3 денари за предадена килограм пченица во откупни регистрирани центри. На средбата се разгледуваа ...
Во рамките на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво”, градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, претставници на општинската администрација и ЈП „Комуналец“, како и претставници на останатите општини учесници во проектот, престојуваат во работна посета на Шведска, во градовите Стокхолм и Јевле, каде што ќе добијат повеќе конкретни сознанија и практични примери на подобрување на услугите на општините и комуналните ...
Синоќа поради силниот ветер ескалираше пожарот во Мариово кој има веќе опфатено огнена линија долга повеќе од 20 километри и потребни се повеќе човечки ресурси и воздушна поддршка за гаснење на огнената стихија која е активна веќе четири дена и ги опфаќа мариовските села, беше констатирано на синоќешната седница на општинскиот кризен штаб во Прилеп на која присуствуваше и директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. ...
Полски воени авиони и авиони на нејзините сојузници беа активирани рано утрово за да го обезбедат воздушниот простор на Полска, земја која граничи со Украина, информираат полските вооружени сили. Ова се случува по третпат во последните осум дена. Нешто претходно, украинската армија соопшти за руски напад со дронови врз градот Лавов, кој се наоѓа близу полската граница. Украинските вооружени сили известија за руски ракетни напади врз Киев и ...
Битолските книжарници, самостојни дуќани за канцеларски и школски прибор дури и фотокопирници кадешто се продава било што од листата на Владата за проектот „Помалку трошоци, повеќе за тебе“. Вработените ставаат налепници со новата цена, намалена за 10%. Владата ја органичи највисоката трговска т.е. профитна маржа на училишниот прибор. Еве на кои производи: тетратки, ранци, боици, пластелин, подлоги, фломастери, маркери, мрсни боици, акрилни, ...
Утрово 10 степени во Лазарополе, 11 Берово, 13 Маврови Анови, Битола, 14 Попова Шапка, Крива Паланка, Претор, Тетово, 15 Скопје-Петровец, Охрид, 16 Прилеп, Демир Капија, Куманово, 17 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Велес, Крушево, 18 Кавадарци, Виница, Гевгелија, 20 Штип. Во текот на ноќта времето беше малку до умерено облачно. Изутринава во поголем дел од земјава е сончево, а само наместа во јужната половина има појава на мала до умерена ...
Министерството за транспорт обезбеди финансиски средства од над 53 милиони денари за изградба на водоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација во повеќе општини, соопшти министерот Александар Николоски. Имено Министерството за транспорт обезбеди финансиски средства во износ од 21 милион денари за изградба на атмосферска канализација на дел од улиците „Илија Алексов“, „крак на улица 8“, „улица 8“, „улица 9“ во УБ15, општина Радовиш. ...
Спортското новинарство е динамична професија, исполнета со многу комуникација, патувања, креирање на програма. Зоран Мишевски на 31 август одбележа 30 години работа во спортското новинарство. Цели три децении е дел од новинарскиот тим на Тера Телевизија. Трипати радосно „Гол-Гол-Гол“ за време на коментирање на фудбалски натпревар што се пренесуваше на Тера го вивнаа Зоран Мишевски во светот на најпопуларните спортски новинари во Макеодонија, а ...
Вечерва се одржува седница на Кризниот штаб во Општина Прилеп, предводен од началникот, Ирена Штерјоска Локвенец, заради големиот пожар што е активен во областа Мариово. На седницата присутен е и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Во зависност од временските услови имало можност да бидат загрозени селата во близина, но сепак истите се обезбедувани од професионални пожарникари на ТППЕ Прилеп и од околните населени ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели ветено-сторено, а се однесува на тоа дека гужвите за вадење на лични документи веќе се минато и апелира до граѓаните за промена на возачките дозволи до крајот на декември. „Ветено-сторено. Она што го најавивме пред два месеци, дека сето она што требаше да следи од аспект на издавање на лични документи е основно човеково право и право на македонските граѓани, дека ќе го вратиме во нормала се ...
На денешната Владина седница се донесени повеќе кадровски решенија, меѓу нив и тоа дека Зоран Пејковски, на предлог на министерот за култура е именуван за директор на Културно – информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, Република Бугарија, стои во владиното соопштение. Битолчанецот Пејковски е македонски драмски писател, драматург, поет, сценарист, прозаист, публицист, новинар, театролог и единствен натуралист во ...
Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп со претставата „Аудиција“ од Галин, во режија на Владимир Милчин, настапи на 11. Амбиентален театарски фестивал „Нови Тврдина Театар“, во Чортановци, во близина на Нови Сад. Прилепскиот театар настапи во вила „Станковиќ“, која од неодамна е промовирана како нова амбиентална театарска сцена, во конкуренција со други пет претстави на театри од регионот. Во претставата играат: Марија Спиркоска Илијеска, ...
Злато и две сребра – историски медали за карате клубот ЗАНШИН ДО„-БИТОЛА . После 57 години од кога постои федерацијата за првпат Битола добива шампиони и вицешампиони на државно првенство во кадети, јуниори и У21. Ката тимот жени во кадети и јуниори Елена Јончевска, Леона Алиловска и Емилија Илковска се закитија со златни медали и пехар со што се пласираа за светското првенство кое ќе се одржи од 9-13.10.2024 год во Венеција -Италија. Александар ...
Злато и две сребра – историски медали за карате клубот ЗАНШИН ДО„-БИТОЛА . После 57 години од кога постои федерацијата за првпат Битола добива шампиони и вицешампиони на државно првенство во кадети, јуниори и У21. Ката тимот жени во кадети и јуниори Елена Јончевска, Леона Алиловска и Емилија Илковска се закитија со златни медали и пехар со што се пласираа за светското првенство кое ќе се одржи од 9-13.10.2024 год во Венеција -Италија . ...
„Помалку трошоци, повеќе за тебе“ е мерката која денес ја донесе Владата, односно Владата, како што рече премиерот Христијан Мицкоски, донесе одлука за помош на сите семејства што имаат ученици со цел да се намалат трошоците за набавка на училишен прибор. „Оваа мерка е директно насочена кон подобрување на животниот стандард и економската состојба на илјадници македонски семејства. Со оваа одлука се ограничува највисоката трговска т.е. профитна ...
Тера телевизија дознава дека од Министерството за култура денеска во Битолскиот Народен Театар пристигнало решението со кое се назначува нов директор. На чело на оваа културна инстируција ќе биде актерот Васко Мавровски кој е познат на битолската публика по бројни улоги одиграни во театарот, но и како организатор на детскиот фестивал Битолино, основач на театарската школа Бабец. Во изминатиот период гласно и исклучително критички зборуваше за ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. АМСМ информира дека на граничните премини “Табановце” и ”Богородица” за влез и излез од државата се бележи ...
Под контрола е ставен пожарот во демирхисарското село Вардино. Во изминатото деноноќие на територија на цела држава имало 32 пожари на отворен простор, од кои 27 се изгаснати, еден е ставен под контрола, а четри се уште се активни – информира Центарот за управување со кризи. Во општина Чашка и денеска гори мешана шума на планината Мукос во атарот на селата Степанци, Оморани и Ораов Дол. Нискостеблеста вегетација гори кај прилепските села ...
Од синоќа во 20.00часот жителите на десет села во општините Новаци и Могила се нормализира водоснабдувањето информираат од ЈКП „Водовод“ Битола. Во текот на изведување на градежни работи челична цевка Ф400 била прекината што доведе до прекин на водоснабдувањето на корисниците од селата Крклино, Кукуречани, Црнобуки, Драгожани, Могила, Добрушево, Лопатица, Мусинци, Добромири и дел од Горно Оризари. Замената на оштетениот дел завршила нешто пред ...