
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Хезболах денеска објави дека бројот на загинати од пејџер експлозија во јужен Либан се искачи на 12, откако уште тројца оперативци на групата им подлегнаа на повредите, пишува „Тајмс оф Израел“. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ги осуди експлозиите на стотици пејџери во Либан, при што загинаа најмалку 11 лица, опишувајќи ги како „терористички акт“ за кој, според него, е виновен Израел, пренесува ДПА. Израелската армија ...
Утрово 6 степени на Попова Шапка, 8 Лазарополе, 10 Берово, Крушево, Маврови Анови, 12 Охрид, Претор, Битола, Прилеп, 13 Крива Паланка, Тетово, Дебар, 15 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Демир Капија, Виница, Струмица, Куманово, Велес, Кавадарци, 16 Гевгелија. Најмногу дожд 16 л/м2 наврна во Крушево, 14 Битола, Попова Шапка, 12 Тополчани, 11 Прилеп, 10 Претор, 9 Пожаране, Маврови Анови, 6 Охрид, Гевгелија, Дебар, 4 Тетово, Лазарополе, ...
Институтот за јавно здравје во последниот извештај информира дека во периодот од 09 до 15 септември тестирани се вкупно 285 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 36,5% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 57 нови позитивни случаи, со намалување од 48,6% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 10,0% до 45,0%, ...
Во 74 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви: 16, 18, 19, 21, 23, 29 и 30. Извлечено беше и црвеното топче кое што ги дуплираше добивките. Добивка со седум погодоци немаше, а извлечени беа три шестки, секоја од нив вредна по 211.692,00 денари. Фондот за седумка за следното коло изнесува 10.000.000 денари. Извлечен беше џокер бројот: 4, 8, 9, 1, 0, 1. На џокерот добивки со шест и пет погодоци немаше. Очекуваниот фонд за шестка на џокерот во ...
Дали уште неотворен фествалот „Браќа Манаки“ започнува скандалозно? На Широк Сокак се вадат гранитни плочки и се поставуваат нови – изрезбани. Се работи за иницијатива на организаторот на овој фестивал, но, дали за ова се испочитувани сите правила и процедури или иницијаторот прескокнал неколку институции ? Кршење на гранитни плочки и поставување на други, нови со плитка резба го привлече вниманието на граѓаните. Тоа по иницијатива на ...
Дали државата знае да ги препознае спортски талентираните деца до 14 години и да ги мотивира со финансиска поддршка и вклученост во сите активности дома и надвор од земјата и покрај специфичната возраст која уште помалку од кај возрасните обликувани карактери гарантира задржување на интресот или истрајност кон високи резултати кои би биле тројна добивка – промоција на градот, промоција на државата, пример за привлекување на нови млади ...
Баритонот Иван Наумовски и пијанистката Ана Гацева настапија во Њујорк, на концертот наречен „Љубов и смрт”. На овој настан тие изведоа дела од австриски и германски композитори за глас и пијано, соло пијано, како и циклусот “Песни од татковината” од македонската композиторка Дарија Андовска. Настанот се одржа во галерија на Менхетн. Дуото Наумовски и Гацева дебитираа заедно на сцената токму во Њујорк. Циклусот “Песни од татковината” од ...
Во Градската библиотека во Задар, Хрватска беше отворена изложбата „Дрвјата се движат величествено“, на која се прикажани уметничките слики на Емилија и Стојче Тоциновски. Организатори на изложбата беа Заедницата на Македонците во Република Хрватска и Македонското културно друштво „Билјана“ од Задар, а покровители се Советот за национални малцинства на Република Хрватска. Уметниците имаат одржано шеснаесет самостојни изложби, четири од нив на ...
Денеска во посета на Општина Новаци гости и како што велат, веќе долгогодишни пријатели од збратимената општина Хрпеље Козина, Р. Словенија. Делегацијата составена од пет члена, советници и администрација, предводена од градоначалничката Саша Ликавец Светелшек најпрво оствари средба со градоначалникот Стевче Стевановски, следуваше седница на Советот на Општина Новаци, а беа во посета и на детската градинка „Бамби“ и основното училиште ,,Славко ...
ЕСМ Продажба овој период објави отворен повик за рамковен договор за купопродажба на електрична енергија на слободниот пазар, поради затекната состојба во која се наоѓаат постојните домашни капацитети во државна сопственост, стои во соопштението од ЕСМ. „Новото раководство се соочува со ненавремено завршени летни ремонтни активности во РЕК Битола и РЕК Осломеј и ниската кота на хидропотенцијалите чии акумулации се под просекот за овој период од ...
Битолската зоолошка градина остана без една од двете кафеави европски мечки. Како што велат од зоолошката градина станува збор за мечка која имала над 35 години и дека од обдукцијата било констатирано дека причина за смртта е старост, а не болест. Во зоолошката градина има уште една мечка од истиот вид. Инаку од денеска зоолошката градина има нов директор. Именуван е Жарко Тренкоски за прв човек на зоолошката градина. Фото: ЗОО градина Битола, ...
На денешната седница на Собрание ќе се најде и предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Унгарската експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, и двата по скратена постапка. Според премиерот Христијан Мицкоски, се работи за законско решение со кое ќе се обезбедат средства што ќе се наменат за стопанството и за општините. ...
Утрово 2 степени во Лазарополе, 3 Попова Шапка, 4 Берово, 5 Маврови Анови, 6 Битола, 7 Тетово, Крушево, Претор, Прилеп, Охрид, 8 Дебар, Демир Капија, 9 Скопје-Петровец, Струмица, 10 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Велес, Кавадарци, 11 Виница, 12 Гевгелија. Во текот на ноќта времето беше променливо облачно, понекаде со слаб ветер од променлив правец. Утринава облачноста се зголемува во југозападните делови од земјата. Времето денеска променливо облачно ...
Над осум од девет Грци односно 85 отсто од анкетираните оценуваат дека цените на основните производи се зголемуваат, додека пак 48 проценти сметаат дека мерките што грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ги соопшти од Меѓународниот саем во Солун, воопшто нема да помогнат, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Алко“ за грчката телевизија „Алфа“, јави дописничката на МИА од Атина. На политичката сцена, Нова ...
Во неделата којашто измина Универзитетот „Св. Климент Охридски“ , со тоа и Битола, беше организатор и домаќин на 9 -от по ред Ректорски форум на кој учествуваа првите луѓе од 60тина европски универзитети. Форумот е уште еден показател од важноста на професионалното вмрежување на Академијата со напредни и малку побогати универзитети, затоа што корисноста ја има целата заедница, од најмалата – студентска во кабинет, до пошироката во регионот и ...
Советникот и координатор на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски вели дека добро е да се најде механизам и законско решение со кое градоначалниците ќе можат да бидат променети и пред истекот на мандатот доколку повеќе од половината регистрирани гласачи се незадоволни од нивната работа. Според него со сегашното, како што вели за жал несреќно решение кое со Законот за локална самоуправа од 2002 година, намерно или ненамерно градоначалниците се недопирливи ...
Преголема е моќта на градоначалниците и таа треба да се ограничи вели претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела вода Орце Ѓорѓиевски. Во ЗЕЛС се работи на составување тим кој ќе предложи измени во законот за локална самоуправа со цел механизам за смена на градоначалник. „Можете да смените градоначалник само на избори. Јас сметам дека треба да се ограничи моќта. Тогаш градоначалникот ќе знае дека може да почне, но нема да му заврши ...
Долготрајните аплаузи и стоечките овации беа дел од премиерата на „Галеб“, на Битолскиот театар после нејзината изведба. Имено со оваа претстава работена по делото на Чехов, а во режија на Багрјана Попов, започна новата театарска сезона во Битола. Да го работи „Галеб“ во Битолскиот театар, режисерката рече дека се одлучи заради езерата во Македонија. „Но, главната причина е бидејќи ја обожавам Битола, ја сакам Македонија, и се чувствувам многу ...
На првиот конкурс за необјавено литературно дело во 2024, распишан од Катедрата за креативно пишување при Универзитетот „Американ колеџ Скопје“ во соработка со издавачката куќа „Арс Ламина“, пристигнаа 23 ракописи (10 раскази, 11 поетски творби, еден есеј и еден драмски текст). Тринаесет ракописи се напишани на македонски, четири на албански и шест на англиски јазик. Ракописите ги оценуваше комисија составена од поетите Никола Маџиров и Арлинд ...
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,75%. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,50 ден/лит. ...
Здружението на пензионери-Битола ги известува пензионерите од општините Битола, Новаци и Могила – членови на Здружението на пензионери Битола, дека од 16.09.2024 година до крајот на октомври 2024 година ќе се организираат и реализираат планираните есенски екскурзии. Сите заинтересирани пензионери ќе можат да се пријавуваат кај претседателите на месните ограноци и да презентираат лична карта и талон од пензијата. Предност ќе имаат пензионерите од ...
Бројот на загинати во поплавите во централна Европа вчера се искачи на осум, откако илјадници луѓе беа евакуирани од своите домови во Полска, Чешка, Австрија и Романија. Циклонот „Борис“, донесе обилни дождови од Австрија до Романија, што доведе до најголемите поплави во речиси три децении во тешко погодените области на Чешка и Полска. Илјадници куќи беа оштетени за време на викендот, мостови беа однесени, а најмалку 250 000 домаќинства, главно ...
Утрово 2 степени на Попова Шапка, 5 Лазарополе, Маврови Анови, 6 Крушево, 7 Берово, 8 Крива Паланка, 9 Претор, Виница, Кавадарци, Демир Капија, 10 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Тетово, Куманово, Прилеп, Охрид, Битола, Велес, Струмица, 14 Гевгелија. 7 л/м2 наврна дожд на Попова Шапка, 4 Берово, Крива Паланка, Виница, Претор, 3 Скопје-Петровец, Маврови Анови, Лазарополе, Охрид, Велес, 1 Крушево, Куманово, Штип. Во текот на ноќта и ...
Од денеска граѓаните ќе можат да ги земаат новите лекови на позитивната листа од аптеките, за кои од Владата утрово преку соопштение рекоа дека за само 2 месеци од мандатот, Владата, Министерството за здравство и ФЗО ја проширија позитивната листа на лекови. На листата се додадоа девет нови генерици, односно 87 лекови во различни имиња, форми, јачина и пакување и тоа за крвен притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на ...
Бројот на загинати во Виетнам од тајфунот Јаги се искачи на 281, а 67 лица се уште се водат како исчезнати, соопштија властите, цитирани од ДПА. Јаги е најсилниот тајфун што го погодил Северен Виетнам во последните 30 години. Повеќе од 1.900 луѓе се повредени, се вели во извештајот на Виетнамската канцеларија за управување со катастрофи. Според Канцеларијата, тајфунот оштетил околу 235 илјади домови. Над 2,6 милиони животни главно живина и ...
Републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп е безбеден откако во негова близина имало истрели од огнено оружје, соопшти вечерва неговиот изборен штаб, објави Си Ен Ен. Њујорк пост, повикувајќи се на полициски извори, објави дека имало престрелка меѓу две лица пред неговиот голф клуб во Флорида. Весникот наведува дека Трамп не бил во опасност поради иницентот. – Претседателот Трамп е безбеден по истрелите во неговата близина. ...
Циклонот „Борис“ кој донесе обилни дождови и силни ветришта, предизвика поплави во Централна Европа, особено во Чешка, Полска и Австрија. Невремето однесе и седум човечки животи, пет во Романија и по еден во Австрија и Полска. Поплавени се градови, патишта и друга инфраструктура, населението од најзагрозените подрачја се евакуира, а има и заглавени луѓе до кои спасувачите не можат да стигнат. Романскиот Национален институт за хидрологија и ...
Општина Новаци во соработка со Министерство за транспорт и врски го реализира еден од најголемите и најзначајните проекти за економскиот развој на нашата општина, велат од Општина Новаци. Деновиве започна асфалтирањето на двете улици крак 1 и 2 т.н Златен клас кои водат до Индустриската зона во Новаци со вкупна должина од 1,2 км. Градежните активности вклучуваат асфалтирање, атмосферско одводнување, улично осветлување и изградба на тротоари. ...
Утрово најстудено со 3 степени беше на Попова Шапка, 4 Берово, Лазарополе, 5 Крива Паланка, 6 Маврови Анови, Крушево, 8 Скопје-Петровец, Прилеп, Куманово, 9 Скопје-Зајчев Рид, Претор, Штип, Демир Капија, Виница, Струмица, Кавадарци, Велес, 10 Тетово, Охрид, Битола, 11 Гевгелија. 7 л/м2 дожд наврнаа во Куманово, 6 Крива Паланка, 3 Лазарополе, 2 Маврови Анови, 1 Скопје-Зајчев Рид, Претор. Во текот на ноќта ведро, утрово е сончево со мала, во ...
СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе пет кривични пријави против четири лица и едно правно лице по член 288 од КЗ за пожари предизвикани во периодот од 15.06.2024 до 10.09.2024 година. Поднесена е кривична пријава против 70 годишно лице од Битола, заради постоење на основи на сомнение дека тој на 29.07.2024 запалил оган во нива, негова сопственост, во атарот на село Братиндол, битолско, со цел да уништи инсекти. Поради ...