„Дневно мора да се достигнат – 100 склекови за две минути“ – вели 21-годишниот Битолчанец Стефан Здравевски, прв кадет од Македонија на престижната воена академија Вест Поинт во сојузната држава Њујорк на Отсекот за одбранбена стратегија и науки. Деновите не се лесни, но предизвикот да биде со најдобрите на воената академија му ги олеснува задачите, за кои, вели дека ужива во совладувањето на професионалната обука и искуство. После напорни ...

Пред една недела територијата на Романија беше поплавена. Медиумите ја нарекоа „поплава од библиски размери”. Поплавата беше предизвикана од екстремни врнежи, при што за само 24 часа паднаа повеќе од 200 литри дожд на квадратен метар, што доведе до значителни оштетувања на национално ниво. Петруц Јакоб, новинар од Романија, Констанца, сподели повеќе детали со нас. „Последниот викенд од летото, навистина се случија сериозни настани, како ...

Споиред Автомото сојузот на Македонија на Македонија интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Богородица, Дојран и Табановце време на чекање за излез од државата е од 40 мин до 1 час, а на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Ваква е состојбата претпладнево на граничниот премин Меџитлија за влез во Грција, од видео ...

Утрово 10 степени во Лазарополе, 12 Маврови Анови, 13 Попова Шапка, 14 Битола, Крива Паланка, Тетово, 15 Охрид, Претор, Дебар, 15 Прилеп, Струмица, Крушево, 17 Скопје-Петровец, 18 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Куманово, Виница, 19 Велес, Кавадарци, Демир Капија, 20 Гевгелија. Дожд врнеше на Попова Шапка, во Битола и Тетово. Во текот на ноќта беше претежно ведро. Утрово во западните делови е сончево, а во источните со умерена, наместа и значителна ...

По Новаци каде земјоделците ги информираше за мерките на владата во однос на директните плаќања кои се зголемија од 6.000 на 12.000 денари и дека дополнително со програмата за интервентниот фонд предвидедни се дополнителни 3 денари за предадена килограм пченица во откупни регистрирани центри, министерот Трипуновски отиде и во Могила и Кривогаштани да се информира за откупот на пиперката од оваа реколта. А откупните цени како што може да се ...

Ниту едно дете – ученик не смее да остане дома. Сите ученици со попреченост мора да бидат примени во училиштата. Имаме наставници, инклузивни тимови и стручни служби и истите треба да бидат подготвени да ги примат децата, одговори министерката за образование и наука Весна Јаневска на новинарско прашање околу ангажирањето на образовни асистенти во основните училишта. „Децата со попреченост имаат и ќе имаат асистенти. Досега се обезбедени 815 ...

Македонскиот амбасадор во Шведска, Џенк Сејфула како и советникот во македонската амбасада Стојанче Китаноски, беа домаќини на македонската делегација која деновиве е во работна посета на Шведска, во чиј состав е и градоначалникот Тони Коњановски. На средбата во македонската амбасада во Стокхолм, тие разговараа за придобивките од проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво” и конкретните активности, кои ќе бидат преземени кај нас, ...

Во рамките на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво”, градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски беше дел од работната посета во Стокхолм и Јeвле во Шведска. Делегацијата од Македонија беше примена од амбасадорот на Македонија во Шведска Џенк Сејфула, со кој разговараа за можните начини за унапредување на релациите, зголемена комуникација со стопанството, можности за инвестиции и сл. „За време на шестдневната ...

ЕСМ топлификација во моментов работи на крстосницата кај новата болница во Нова Битола. Градежните работи од кружниот тек кај Веро се изведуваат на улицата „Партизанска“. Сообраќајот овде се регулира со семафори, но евидентни се долгите колони возила од двете страни кои чекаат на црвениот семафор, а со тоа и нервозата кај учесниците во сообраќајот. Од ЕСМ топификација велат дека вакво е регулирањето на сообраќајот, според одобреното сообраќајно ...

Mакедонската држава в недела ќе ја одбележи 33 годишнината од референдумот со кој и формално правно се одвои од југословенската заедница и го започна животот на независна и суверена држава. Оваа недела Македонија ќе одбележи 33 години независност. На 8 септември 1991 година преку 95% од граѓаните кои излегоа на референдум одлучија Македонија да биде демократска, модерна држава, во која суверенитетот го носат граѓаните, а нив ги претставуваат ...

Во Струмица пристигаат Agents Of Time, Meduza, Layla Benitez и Senidah, а влезот е слободен! Долгоочекуваното трето издание на Get EXITед спектаклот ќе се одржи денес на 6 септември, во големиот Струмички парк, а вратите се отвораат веќе од 17:30. На големата забава под отворено небо пристигаат популарното електро дуо Agents Of Time, Grammy номинираното техно трио Meduza, њујоршката afro-house дива Layla Benitez, најпознатата звезда на ...

Податоци за договорни органи, економски опертори, и постапки каде се забележани најголеми отстапувања или имаат најлоши резултати по однос на претходно утврдени параметри годишно објавува Бирото за јавни набавки. Со 40% просек на поништени постапки,Општина Битола е во органите и договорните страни кои биле блиску до црвено знаме. Врз основа на статистичките податоци од електронскиот систем за јавни набавки и базата на имплементирани извештаи ...

Финансиска стимулации за привлекување и задржување на лекарите во т.н. проблематични или непопуларни подрачја, воведува грчката Влада, а бонусот ќе биде меѓу 200 и 600 евра месечно, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку социјалните мрежи соопшти дека веќе е потпишана конкретната министерска одлука, објаснувајќи дека „новиот додаток, во зависност од категоријата на областа каде лекарот ќе работи, започнува од ...

Утрово 10 степени во Лазарополе, 11 Берово, 13 Попова Шапка, 14 Битола, Претор, Маврови Анови, 15 Крива Паланка, Тетово, Охрид, Прилеп, Дебар, 16 Крушево, 17 Скопје-Петровец, Струмица, 18 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Виница, Велес, 19 Кавадарци, 20 Демир Капија, 21 Гевгелија. Врнежи од дожд имаше во Дебар каде наврнаа 5 л/м2, 2 во Лазарополе, 1 во Берово. Во текот на ноќта во најголем дел од земјава времето беше ведро, утрово е сончево, во крајните ...

Нешто после полноќ дојде до прекин во снабдувањето со електрина енергија во поголем дел од градот, особено во делови од Нова Битола и населби во тој реон, како и кон центарот на градот. Од контакт центарот на ЕВН рекоа дека нивни екипи излегле на терен за санирање на дефектот (испад на далековод) и воспоставување на нормално снабдување со електрична енергија. Нешто после 1:40 часот почна да се нормализира снабдувањето со електрична енергија, ...

Пред да отпатува за Белград, министерот за транспорт Николоски во Собранието ја образложи потребата од Предлогот на закон за изменување на Законот за железничкиот систем кој по скратена постапка деновиве беше на пленарната седница и помина. Предлагачот рече дека со ова го спасуваат во пракса јавното претпријатие или акционерското друштво Македонски железници транспорт. „Таму работат голем број на луѓе кои што имаат свои семејства и кои што ...

Информациите на Институтот за јавно здравје говорат за присустѕво на КОВИД, Голема кашлица,Западно-Нилска треска во државава. Училишната сезона пак е сезона и на настинки,грип и некои заразни болести. Оттука, сите училишта мора во висок степен да ги применуваат принципите на добра хигиена на просторот и учениците. Школската година започна, а се побројни се информациите за „нови“ и „стари“ болести што доминираат во информациите на здравствените ...

Овие денови во тек е филмскиот фестивал во Венеција. Тоа е момент да се потсетиме на “Пред дождот” кој таму беше прикажан пред точно 30 години и освои “Златен лав”, да се потсетиме на премиерата на најуспешниот игран филм во македонска кинематографија и најзначаен културен производ на Македонија. Првенецот на Милчо Манчевски се појави во период кога домашната кинематографија се освестуваше од долг период на дезориентираност и креативна ...

Претставата “Мојот маж” на Драмскиот театар од Скопје, работена по раскази на Румена Бужаровска, драматизација Викторија Рангелова-Петровска, а во режија на Нела Витошевиќ, ја доби наградата за “Актерска бравура” на овогодинешниот театарски фестивал “Пургаторије 2024” кој се одржува во Тиват, Црна Гора. Натпреварувачкиот дел на 19-тото издание на Медитеранскиот театарски фестивал, според изборот на селекторот и режисер Борис Лијешевиќ, го ...

Согласно Програмата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски приходи во 2024 година, од денеска започнува доделувањето на ваучерите-потврди за одмор за работници со ниски приходи, објави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Министерството за економија и труд ја објави листата на лицата кои аплицирале и се добитници на ваучери согласно јавниот повик објавен на почетокот на годината. “Решенијата за граѓаните кои аплицирале, ...

Битолските книжарници денеска ги отворија вратите за сите на кои им беше потребен училишен прибор, но, останаа празни, без купувачи кои за некои работи веднаш се упатија кон маркетите во градот. Наместо претпоставената „жетва“, книжарниците во Битола деновиве ќе ја пресметуваат загубата. По најавата на првиот човек од Државниот пазарен инспекторат, еден пазарени инспектор денеска не можеше да се најде в канцеларија. Проверуваа дали трговците ...

Министерот за зермјоделие деновиве остварува средба со пелагониски земјоделци. Тој им дојде со информации за поволности, тие го пречекаа со информации и барања за сите сегменти од нивната работа. Мерката со која на пченицата интервентно ќе им се исплаќа по 3 денари повече од ланските дел од пелагонискиот земјоделци ја прифатија позитивно, но, сепак ниту тоа ниту парите кои ќе се користат преку мерката „зелена нафта“ не подразираат надминување на ...

Заменик градоначалникот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, денес изврши увид на на два инфраструктурни проекти кои се во тек на реализација. Како што информираат од Општина Битола, на улицата „Индустриска” во населбата Боримечка се врши асфалтирање со што се финализира проектот за реконструкција на улицата. Паралелно, на улица „Бурса”, продолжуваат работните активности со поставување на водоводната мрежа, по што продолжува работата на ...

Општина Прилеп упати итен апел до сограѓаните, сите кои што имаат имот во село Крушевица, се замолуваме итно да се упатите кон своите имоти опремени со соодветна облека и алат за гаснење (лопати, гребла)! „Пожарот за жал се доближува до селото, апелираме сите кои што се во можност да излезат и да помогнат“ стои во апелот на Општина Прилеп. А градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески кој не е во земјава преку фејзбук објава им се обрати на ...

Министерот за локална самоуправа Златко Пирински и премиерот Христијан Мицкоски соопштија дека е објавувен јавниот повик за финансирање на проекти од инфраструктурен карактер кој што е наменет за сите единици на локална самоуправа во висина од 6.000.000.000 денари, средства коишто се обезбедени согласно ребалансот на Буџетот. „Општините можат да аплицираат со еден или повеќе инфраструктурни проекти од областа на културата, спортот, животната ...

Битолски „Комуналец“ очекува 10 нови камиони за транспорт на комунален отпад. Ќе ги добие од министерството за животна средина, а со тоа како што велат од претпријатието предложените 60 милиони денари од Советот за оваа намера да бидат искористени за инфраструктура и други проекти. Се работи за како што велат најсовремени возила кои ке донеселе ревозлуција во справувањето со отпадот, што пак Битола тоа го заслужувала. „Набавката на нови камиони ...

Битолската полиција соопшти дека синоќа во 19:20 часот во с.Кременица, битолско, полициски службеници од Полициското одделение Велушина при СВР Битола лишиле од слобода 27 годишно лице од с.Кременица. Според соопштението на полиција, лицето било затекнато како пали оган во близина на фабрика за вода, при што настанал пожар на сува трева. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола. При преглед кај лицето била ...

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски за време на посетата на Белград рече дека нивната визија и изградба на брза пруга на Коридор 10 и изградба на слободни економски зони покрај пругата, е концепт кој на инвеститорите ќе им овозможи брз транспорт на нивните производи на европските и светски пазари. ” Се работи за една плодна посета, можам да кажам дека се гледаме со целиот државен врв. Имаме средба со премиерот Вучевиќ, имавме ...

Најмалку четири лица загинаа, а околу триесет се повредени во пукањето во средно училиште во американската држава Џорџија, јави Си-Ен-Ен. Некои од повредените луѓе во средното училиште Апалачи во Виндер, не настрадале само од пукањето, туку и од повредите здобиени при бегство. Канцеларијата на шерифот на округот Бароу соопшти дека осомничениот е уапсен. Ситуацијата сега е под контрола, а учениците се пуштени дома, соопшти кабинетот на локалниот ...

Според Центарот за управување со кризи во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои активни се 6, под контрола е 1 и изгаснати се 33. Од активните пожари критичен е тој во Општина Прилеп: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково, пожарот се шири на 3 крака: с.Бонче кон с.Крушевица, превој Слива кон с.Чумово и кон с.Пештани (нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума). ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1012
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
2.57
76%
1011
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
72%
1011
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
87%
1013
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
0.55
78%
1012
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.54
89%
1013
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
1.79
71%
1010
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
82%
1011
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
82%
1012
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
75%
1011
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 13ᴼ
0.68
79%
1011
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
5.14
71%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52