САД и Украина потпишаа договор за ретки минерали, а според Би-Би-Си, клучните точки на тој договор вклучуваат дека Киев нема да мора да враќа никаков долг кон Вашингтон, дека САД користат поостар тон кон Русија, а договорот вклучува и проекти поврзани со нафта и гас. Исто така, договорот не го спречува пристапувањето на Украина во Европската унија, американската воена помош е повторно на маса, додека САД можат да се повлечат во секое време, а ...

Средата од утриските часови сите патишта водеа кон Центарот за култура во Битола каде се одржуваше 29-то издание на детскиот музички фестивал Си-До. Две претстави претпладне, една после пладне, а гала вечерта од 19:30 часот. Вистинска музичка дружба со најмладите и новите ѕвездички на Си-До и зад сцената каде што се подготвува, но голема забава на сцената пред бројната публика која ја имаше на сите претстави. Освен децата таму беа и ...

Во вчерашното Актуел интервју на Тера телевизија со ректорот на битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола, проф. Д-р Игор Неделковски разговаравме за пораките кои беа испратени од неколку дневното одбележување на денот на основањето на универзитетот. „Клучните пораки беа дека универзитетот е многу ценет. Да не звучам и нескромно еден од најквалитетините партнери во Колорс алијансата. На настаните беше присутна претседателката на ...

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) претпладнево пред Работничкиот дом го почна протестот за повисоки плати и подобри услови за работа. На Меѓународниот ден на трудот 1 Мај, ССМ го актуализира барањето минималната плата да биде 500 евра, сите останати плати да бидат зголемени за 100 евра и да се почитуваат колективните договори и работничките права. Од зборното место, членовите на овој синдикат и претставници од други синдикати се ...

Во пресрет на сезоната на излети, од Националниот парк „Пелистер“ соопшти дека вчера работеа на уредување на просторот околу Ротинско езеро и Манастир „Св.Пророк Илија“ во село Ротино. „Во деновите кои претстојат на задоволство на сите љубители на природата согласно временските услови на терен, ќе продолжиме со уредување и на други познати излетнички места. Почитувани љубители на природата, не заборавајте дека најдоброто место за одлагање ...

Меѓународен ден на трудот — меѓународен празник кој се празнува на 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Овој празник се одбележува на 1 мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на осумчасовен работен ден, била употребена сила од страна на полицијата, при што имало и жртви. Подоцна, ...

Пентагон ги сведува на минимум активностите во рамки на програмата „Жени, мир и безбедност“, пишува весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се извори од администрацијата. Одлуката е донесена поради, како што се укажува „фокусирање на водење војна“ и долгогодишна критика од страна на военото раководство за прекумерната бирократска тежина на програмата. Оваа програма е нова и развиена со учество на министерката за внатрешна безбедност Кристи ...

Утрово 2 степени во Лазарополе, 4 Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, 5 Крива Паланка, 6 Битола, Куманово, 7 Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, Претор, Гевгелија, Крушево, 8 Штип, Демир Капија, Струмица, 10 Прилеп, Кавадарци, 11 Виница, 13 Скопје-Зајчев Рид, 14 Велес. Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има ...

Во 08:00 часот утринава, започна електронското аплицирање на јавниот повик на Општина Битола за субвенционирање на инвертер клима уреди за домаќинствата на територија на Општина Битола. Електронското аплицирање започна успешно, а првата апликација беше поднесена во 8 часот и 2 секунди, соопштија од Општина Битола. Понатаму во соопштението се вели дека до 8 часот и 45 минути, добиени се вкупно 612 апликации, за 570 корисници. Електронскиот ...

Денеска во Европската куќа во зградата на Европската делегација во Скопје, беа доделени наградите за најдобри новинарски стории и фотографија на тема „Факти и дезинформации за климатските промени“, што ги доделува Советот за етика во медиумите на Македонија. Нашата животна средина е загрозена – од човекот и од глобалните климатски промени. Во услови на опасно загадување на воздухот, водата и почвата, потиснувањето важни информации и ширењето ...

Во насока на зголемување на безбедноста и континуираната грижа за најмладите и највозрасните лица во општината, во заедничка соработка и консултација со Дирекцијата за заштита и спасување, направен е увид во детските градинки и старските домови, кои се под општинска надлежност. Во соопштението од Општина Битола се вели дека по извршениот увид во старскиот дом „Сју Рајдер“, донесен е заклучок дека се исполнети сите безбедносни мерки во однос ...

Три лица беа убиени во вооружен напад што се случи вчера во фризерски салон во центарот на шведскиот град Упсала, соопшти полицијата. Напаѓачот побегнал на скутер и сè уште не е пронајден. Инцидентот се случил во близина на плоштадот Ваксала, а полицијата постави кордон околу голем дел од градот и започна истрага за тројно убиство. Според информациите на шведската национална телевизија SVT, една од жртвите била под истрага поради сомнение за ...

Утрово -1 степен во Берово, 0 Лазарополе, 2 Маврови Анови, 3 Струмица, Попова Шапка, 4 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Тетово, Охрид, Битола, Демир Капија, 5 Штип, Гевгелија, Крушево, 6 Претор, Куманово, Кавадарци, 7 Велес, 8 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, 10 Виница. Времето денеска сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде ...

Еден од најголемите светски хитмејкери на сите времиња, Брајан Адамс, во неделата во Скопје одржа ексклузивен концерт за само 2.500 посетители во СЦ „Јане Сандански“, во организација на „Авалон”. Иако од страна на организаторот беше најавено дека концертот ќе трае 90 мин, но на крај испадна самиот концерт да трае речиси два часа. Од таборот на Авалон продукција за концертот на Брајан Адамс за Тера телевизија зборуваше Миа Милошеска. ...

Вакцинацијата ги искоренува болестите и спречува ширење и повторното појавување на опасни заразни болести, потсетуваат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) по повод Европската недела на имунизација којашто се одбележува од 27 април до 3 мај.. Ова е иницијатива предводена од Светската здравствена организација (СЗО), за подигање на свеста за виталната улога што ја игра имунизацијата во спречувањето на болести и заштитата на животот. „Достапни ...

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, директорот на КЈП „Нискоградба“ и дел од вработените во општинската администрација, задолжени за реализација на градежните проекти во населбата АРМ, денес извршија теренски увид во активностите за изградба на атмосферска и фекална канализација на улица СТУ 3 АРМ четврт 1, соопштија од Општина Битола. На оваа локација е предвидена канализациона мрежа за ...

Националниот парк „Пелистер“ ги усвои заклучоците за тоа како да се спаси моликата на Пелистер. Испратени се до сите надлежни институции,инспекторати, министерства и невладини организации, а за ревитализација на најстарата моликова шума на Балканот и моликата како бренд на Пелистер, потребно е да се вклучат сите сили и да се искористи сето знаење. 7 точки / заклучоци испрати НП „Пелистер“ до надлежните институции во државата по одржниот ...

Дел од неколкудневната програма за одбележување на 25 април-Денот на основањето на битолскиот универзитет, викендов беше УКЛО Вело/ УКЛО маршот до манастирот „Св. Атанас“ во Смолево. Ректорот Неделковски со соработниците, гостите и студентите ги промовираше набавените службени велосипеди за потребите и на вработените и на студентите. И упати апел институциите, но и фирмите повеќе да купуваат службени велосипеди отколку возила. Опремен за ...

Големиот прекин на електроснабдувањето што го парализираше Пиринејскиот Полуостров вчера, бил предизвикан од ненадејна загуба на 15 гигавати електрична енергија во шпанската мрежа во рок од само пет секунди, што доведе до дефект во меѓусекторската врска меѓу електропреносните мрежи на Шпанија и Франција. Според шпанскиот мрежен оператор РЕЕ, европските енергетски мрежи не се проектирани да издржат вакви нагли загуби, што резултираше со колапс ...

Денеска од Општина Битола информираат за поставување времен кружен тек во населбата Стрелиште. Во соопштението се вели дека во текот на вчерашниот ден, градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, секретарот Борче Димитровски и дел од вработените во општинската администрација, остварија средба со граѓаните на урбаната заедница „Гоце Делчев“, во населбата Стрелиште. На средбата со граѓаните, кои ги имаше во голем број, им беше ...

Утрово -1 степен во Берово, Лазарополе, 0 Попова Шапка, 2 Маврови Анови, 3 Крива Паланка, 4 Скопје-Петровец, Крушево, Струмица, 5 Штип, Тетово, Гевгелија, Куманово, Демир Капија, Велес, 6 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, 7 Охрид, Прилеп, 8 Виница. Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени. Во Битола до 19 ...

8-мина загинаа во Вејце, 4-ца припадници на македонската армија и 4-ца припадници на македонската полиција. На 24 годишнината од масакрот денеска оддадена почит и положено свежо цвеќе на споменикот на загинатите бранители во кругот на СВР Битола. Почит оддадоа членови на семејствата, но и бројни делегации на министерството за внатрешни работи, министерството за одбрана, делегација од Армијата на РМ, колеги на загинатите, претставници на ...

Според метеоролозите уште денеска со услови за дожд. Променливо облачно со подолги сончеви периоди во источните делови. Во западните и јужните делови ќе има услови за повремен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Веќе една недела сме под облаци, повремено и со дожд, не многу обилен, но непријатен за овој пролетен период, кога температурите стигнуават и до 20-23 степени. Од утре без многу облаци и без ...

Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,40%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V), се зголемуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.04.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ...

Управителот на „ЕСМ Молика“ Битола, Горан Исков, со дел од одговорните вработени лица изврши увид и технички прием на автокампот „Ливадишта“ во село Радожда, Струга. Во соработка со изведувачот на работните активности утврдено е дека проектот се наоѓа во завршна фаза, а целосната реконструкција на автокампот е предвидено да биде завршена во наредниот месец. Со ова, автокампот „Ливадишта“ ќе биде отворен за сите домашни и странски ...

Девет лица загинаа откако маж со автомобил влета во посетители на фестивалот Лапу Лапу во Ванкувер во саботата навечер, објави полицијата на мрежата Икс. Претходно, полицијата во Ванкувер соопшти дека верува оти инцидентот за време на уличниот фестивал во тој град не бил терористички чин. „Во овој момент, уверени сме дека овој инцидент не е терористички чин“, се вели во соопштението на полицијата во Ванкувер објавено на платформата Икс. Во ...

Девет лица загинаа откако маж со автомобил влета во посетители на фестивалот Лапу Лапу во Ванкувер во саботата навечер, објави полицијата на мрежата Икс. Претходно, полицијата во Ванкувер соопшти дека верува оти инцидентот за време на уличниот фестивал во тој град не бил терористички чин. „Во овој момент, уверени сме дека овој инцидент не е терористички чин“, се вели во соопштението на полицијата во Ванкувер објавено на платформата Икс. Во ...

По објавениот јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавена и монтирана нова ПВЦ или алуминиумска дограма за домаќинствата на подрачјето на Општина Битола за 2025 година, општината утрово ја објавуви листата на лицата кои добиле надомест за дограма. Согласно јавниот повик, незадоволните апликанти имаат право да поднесат приговор (во хартиена форма до приемните шалтери во Општина Битола со назнака „Приговор по јавен повик за ...

Во изминатите 24 часа најмногу дожд 16 л/м2 наврнаа во Прилеп, 15 Пожаране, 14 Тополчани, Пожар, 12 Виница, 11 Штип, 10 Гевгелија, 8 Скопје-Петровец, 7Велес, Берово, 6 Крушево, Тетово, 4 Кавадарци, Попова Шапка, 3 Струмица, Демир Капија, Маврови Анови, Охрид, Битола, 2 Претор, 1 Скопје-Зајчев Рид, Лазарополе. Денеска променливо облачно со сончеви периоди. Во западните и јужните делови ќе има повремен локален дожд и услови за појава на ретки ...

Во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот на Собранието Африм Гаши беше прашан дали смета дека заедно со локалните треба да се одржат и вонредни парламентарни избори? „Еве сме во Собрание и се трудам да бидам поапстрахиран од дневната политика и политичките партии. Мислам дека нема потреба од никаква паника, мнозинството е стабилно, мислам дека треба да се продолжи понатаму да се работи без разлика дали некој ќе влезе, ќе излезе. ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
58%
1016
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
3.6
31%
1016
weather icon

Загреб

17ᴼ / 16ᴼ
1.54
34%
1018
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
56%
1017
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.09
58%
1016
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
37%
1019
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
6.69
70%
1009
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
6.17
34%
1011
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
10.29
30%
1014
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 14ᴼ
4.63
39%
1014
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
6.17
33%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
5.66
81%
1010
Currency

61.6417

Currency

53.1915

Currency

71.2324

Currency

36.9682

Currency

38.6869

Currency

67.3099

Currency

7.73117

Currency

0.65765

Currency

0.33472

Currency

0.5249

Currency

1.19947

Currency

0.56705

Калај

43.61

Бакар

10.81

Цинк

3.04

Кобалт

964.52

Алуминиум

3.21

Паладиум

45107.50

Платина

61343.62

Иридиум

258288.78

Сребро

2840.84

Злато

141731.52

Рутениум

56199.51

Родиум

340797.91