Читањето на книги во зимските месеци може да стане не само навика, туку и доживотен обичај кој има бројни придобивки за здравјето и благосостојбата. Овој период, кога деновите се пократки и често поминуваме повеќе време дома, е совршен за да се посветиме на читање и да ги уживаме приказните што ни ги нудат книгите. Читањето е еден од најефикасните начини за намалување на стресот, што особено е корисно во зимските денови, кога многу луѓе се ...

Во денешното општество, вежбањето на критичкото размислување и рефлексивноста се од клучно значење. Не станува збор само за способноста да се анализираат и проценат различни идеи, туку и за способноста да се земе дистанца од нашите сопствени ставови и да се разликуваат фактите од емоциите. Кога размислуваме за насилен чин, на пример, ние не треба само да се потопуваме во човечката драма. Наместо тоа, треба да се запрашаме што претставува ...

Насловот на оваа вест е од поднасловот за Советот на Општина Битола на новата интернет страница на Општина Битола. Отакако ќе ги видите услугите, постапките и барања за граѓаните, па секрторите на општинската администрација и ред други содржини, следува за тоа кои се најновите информации, а потоа запознавање со градоначалникот, каде имате можноист да контактирате со него. Подолу и рубриката „Прашајте ги советниците“. Составот на Советот според ...

Големиот студентски протест во центарот на Белград, на кој се приклучија земјоделци и бројни граѓани, започна со скандирања „Вучиќ, оди си“ и „Рацете ви се крвави“. Десетици илјади луѓе го исполнија просторот околу плоштадот Славија и околните улици во центарот на Белград, јави Бета. Мобилните врски во центарот на Белград не функционираат, јави ТВН1. Протестот во Ниш започна и во 16 часот, со 16-минутно молчење за почит на жртвите во Нови Сад и ...

Битола подготвена го пречека 30-то поединечно Државно првенство во бокс, при што домашната публика во спортската сала „Боро Чурлевски“ и македонската јавност имаше можност да ги види најдобрите боксери од цела Македонија во сите возрасни и тежински категории. Ова беше празник на боксот каде ги добивме новите државни шампиони, а во исто време е возобновен големиот боксерски турнир „Битолски победник“, соопштија од Општина Битола. Државното ...

Под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север времето утре ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските места, а на планините и повисоките места од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните источни делови (над 25л/м2) каде на планините ќе се зголеми постојната снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од ...

Средствата од унгарскиот кредит се обезбедени, процесот е во финална фаза и веќе во јануари ќе можеме тоа да го постигнеме, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали се потпишани договорите со банките за унгарскиот кредит и кога компаниите ќе може да аплицираат. Мицкоски нагласи дека, иако дел од банките и сега ги промовираат, очекува веќе по Новогодишните празници банките да почнат активно да пренесуваат дел од средствата до компаниите ...

Франција го поврза нуклеарниот реактор Фламанвил-3 на својата електрична мрежа, објави француската државна енергетска компанија ЕДФ. Ова е прв ваков случај во западноевропската земја во последните 25 години. Реакторот, кој беше вклучен во септември пред да се приклучи на електричната мрежа, е пуштен во употреба 12 години задоцнет и по цена од околу 13 милијарди евра, четири пати повеќе од првично планираниот буџет. -Тимовите на ЕДФ го постигнаа ...

Утрово -8 степени на Попова Шапка, -7 Маврови Анови, -6 Крушево, -5 Битола, -4 Крива Паланка, Охрид, Прилеп, Претор, -3 Велес, Берово, -2 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Струмица, Виница, Тетово, -1 Штип, Демир Капија, 3 Гевгелија. Најмногу дожд 11 л/м2 Демир Капија, 9 Кавадарци, 7 Струмица, 5 Берово, 4 Прилеп, 2 Велес, Битола, Виница, 1 Гевгелија, Маврови Анови, Пожаране. Утрово беше студено, преку денот сончево со мала до умерена локална ...

На комисијата за финансии и буџет се најде и барањето на здружението на автотакси превозниците за зголемување на цената на такси превозот во Битола. Тринаесетта точка на оваа седница беше за измена и дополнување на тарифата. Беше кажано дека советниците материјалот од такси превозниците го имаат добиено, дека беше одржана и комисијата од телото кое што беше формирано од страна на Советот на Општина Битола. Прашања од членовите на комисиајта ...

Ќе се задржи ветровито, а облачноста и врнежите ќе се повлечат кон истокот и југоистокот од земјата. Преку ноќта облачноста ќе се намалува. Утрото ќе биде студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен до југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 9 ...

Наредната недела ќе бидат објавени 5 Јавни повици за распределба на земјоделско земјиште, соопшти министерот за земјоделие Цветан Трипуновски. „Јас во изминатиот период најавував дека ќе има распределба на земјоделско земјиште и веќе се завршени сите официјални процедури. Наредниот период односно идната недела ќе бидат објавени вкупно 5 Јавни повици за распределба на слободно земјоделско земјиште”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и ...

Утрово најстудено со-6 степени беше на Попова Шапка, -3 Лазарополе, -1 Маврови Анови, Крушево, 2 Тетово, Охрид, Претор, Прилеп, Дебар, 3 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Битола, Штип, Демир Капија, Виница, Берово, Куманово, Велес, Кавадарци, 4 Струмица, 6 Гевгелија. Најмногу дожд 28 л/м2 наврнаа во Пожаране, 24 Маврови Анови, 19 Дебар, Гевгелија, 18 Тетово, 16 Велес, 15 Охрид, 14 Лазарополе, Попова Шапка, 12 Струмица, Крушево, ...

Бројот на жртвите во нападот на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург се искачи на четири, а 41 лице се тешко повредени, објави весникот „Билд“, повикувајќи се на полицијата. Според полицијата, инцидентот се случил синпќа кога возило се забило директно во посетители на пазарот. Возачот на автомобилот е приведен, соопштуваат локалните медиуми. Сведоци изјавиле дека возилото се движело право во насобраната толпа, јави Би-Би-Си. Според ...

Во 101 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви: 3, 5, 11, 13, 19, 34, 35. Во ова коло извлечено беше и црвеното топче кое што ги дуплираше добивките. Добивка со седум погодоци немаше, а имаше две шестки, секоја од нив вредна по 331.825,50 денари. Фондот за седумка за следното коло изнесува 13.690.000 денари. На џокер беа следните броеви: 6, 8, 7, 9, 3, 6. Добивка со шест погодоци немаше. Имаше една петка вредна 29.628,00 денари. Очекуваниот ...

Верници и јавни личности, градоначалникот на Битола и свештеници од Пелагониско-Преспанската Епархија на 18 декември го одбележаа Св. Нектариј – патронот на градот. Традиционално, големиот празник се одбележува со литија со моштите на Св. Агатангел битолски. На денот на одбележувањето митрополитот Петар, јавно поабара од градоначалникот Тони Коњановски и политичарите да ја разгледаат идејата денот кога се празнува Светиот Нектариј да биде ...

Факултетот за информатички и комуникациски технологии – ФИКТ го одбележа 10 годишниот јбуилеј. По тој повод се одржа свечена академија, беа промовирани новите магистри на науки и новите дипломирани инженери по информатика и комуникациски технологии. Преку 60 нови инженери по информатика и комуникациски технологии и инженерство беа промовирани на Факултетот за информатички и комуникациски студии. Дипломците се „пандемиската генерација“ – тие кои ...

НУ „Завод и Музеј“ денеска организираше и изложба на тактилкни слики и копии за лица со попреченост во развојот и оштетен вид насловена „Допир“. Ова е мултимедијална изложба, вели Ирена Ружин од Завод и Музеј. Изложените предмети, музејски експонати се дело на неколку автори – Кире Арсовски, Гораст Николовски, Тони Николовски, и тимот експерти кои ги прилагодува истражуавањата на музејските кустоси од различните реферати за лицата со оштетен вид ...

„Крилеста дружина“ го „запоседна“ денеска битолскиот музеј. Mетафората во првава реченица од овој телевизиски прилог, како што е и џиновската сликовница којашто денеска за јавноста беше промовирана во НУ „Завод и Музеј“ во Битола. Ова е инклузивна музејска алатка што ја претставија ученици од училиштето „Димитар Валхов“ од Скопје, учениците од „Кочо Рацин“ во Битола, „Розета Стоун“ , гимназијата “Таки Даскало“- т.н специјална паралелка од ...

Денеска библиотекта „Св. Климент Охридски“ вршеше кастрење на боровите пред објектот кои надвиснати над улицата го попречуваа слободното и безбедно свижење на малиот тротоар пред објектот. Според информациите го кои дојдовме, со претходна дозвола од Општина Битола, кастрењето го реализира ЈКП „Коминалец“ . Еден од боровите во поодмината возраст, засаден непосредно пред стариот влез во Библиотеката беше целосно отстранет. Кастрење на дрвјата ...

На вонредната седница на Советот на Општина Битола пред советниците се најде и решението за давање на согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈКП „Водовод“ Битола за подигнување на банкарска гаранција обезбедена со солемнизација со извршни клаузули за потребите на ЈКП „Водовод“ Битола. „Согласно постигнатите договори за изведување на градежни работи помеѓу „Водовод“ и Општина Битола, јавното претпријатие побара банкарска гаранција за ...

Со кој кредибилитет новиот лидер на новинарскиот ДООЕЛ на СДС во Битола, Методија Куновски, држи прес конференции кога тој во ниту еден момент не се огради од криминалците, на кои цели седум години им слугуваше, праша денеска на прес конференција, портпаролката на ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола, Ангела Здравковска, додавајќи дека наместо одрекување, Куновски продолжува да им слугува на тие кои се недостапни за правдата. „Ама, толку многу е тешка и ...

РЕК е во алармантна и катастрофална ситуација поради сето она што се случувало во изминатите години, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски прашан за денешното исклучување на два блока од електроенергетската мрежа. „Видовте имаше и една голема акција, но тоа е само почеток. Таму ќе има уште многу од она што го располагам како информација. Но, се бориме. Денеска очекувам да се стабилизира таму состојбата и да продолжиме со редовно производство ...

Заршија работите кај кружниот тек кај „Безистенот“, сега се поставува топловодната мрежа кај Шехерезада. Таму сообраќајот се одвива во една насока, односно од правецот на некогашната стоковна куќа „Јавор“ кон „Безистенот“. Од пред неколку дена кај „Безистенот“ има измена на сообраќајниот режим, односно оние кои од кај градскиот часовник го минуваат мостот кај „Безистенот“ можат да се вижат само во лево нагоре кон булеварот „1 мај“, но не и кон ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври годинава, изнесувала 42.134 денари, и во однос на октомври лани е повисока за 8,5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквиот раст се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11,5 %), Информации и комуникации (10,7 %) и Образование (10,6 %). Просечната месечна исплатена бруто-плата ...

Термоелектраната „Битола 2“ утрово во 8:22 часот поради активирана заштита е исклучена од функција, соопштија од ЕСМ. Во соопштението понатаму се вели дека шест минути подоцна, од електроенергетската мрежа е исклучен и термоблокот „Битола 1“ поради активирање на заштитата на трансформаторот за сопствени потреби. „Благодарение на навременото активирање на заштитата, не е предизвикана штета врз ТЕ Битола 1. Согласно досега направените анализи, од ...

За тоа какво е загадувањето во Битола претпладнево, нема информација на интернет страницата на министерството за животна средина на порталот Клвалитет на воздухот. И станицата „Битола 1“ која е во индустрискиот дел на Битола и мерната станица „Битола 2“ која е лоцирана во центарот на градот не даваат податоци за квалитетот на воздухот. Инаку многу високо загадување во 10:00 часот е измерено во Кичево, а високо загадување во неколку скопски ...

Минимални температури (во °С) -3 Берово, Тетово, -2 Скопје-Петровец, Битола, Струмица, -1 Демир Капија, Куманово, Велес, Дебар, Маврови Анови, 0 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, Крива Паланка, Прилеп, Штип, Кавадарци, Гевгелија, 3 Виница, Крушево. Висина на снежна покривка во 07 часот (во сm) 34 Попова Шапка, 25 Маврови Анови. Времето во текот на ноќта – променливо облачно со слаб ветер од променлив правец. Утрово од север облачноста се ...

Хотелот ,,Молика,, претставува капацитет од трета категорија (3 звезди ***) , кој во целост е прилагоден и амбиентално е вклопен со својот надворешен и внатрешен изглед во околината што го опкружува. Самата местоположба на хотелот на североисточниот дел од Националниот парк, овозможува поглед на Пелагониската котлина, градот Битола и околината, кој ви го одзема здивот Сега е само еден дел од целото , ЕСМ МООЛИКА ДООЕЛ Битола – Друштво за ...

Битола, новата 2025 година на платото пред Офицерскиот дом ќе ја дочека со програмата „Ноќ на нови почетоци“ од 22:00 до 01:00 по полноќ, а ќе настапат Андријана Јаневска, Зуица Лазова, Сузана Спасовска, Димитар Андоновски, дувачкиот оркестар „Блезери“ и групата „Фонтана“. Градоначалникот Тони Коњановски ја објави програмата на „Зимска приказна“. Четврто издание, Битола е подготвена за новогодишна магија, програмата започнува утре, 18 дена ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
33%
1014
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
5.66
57%
1013
weather icon

Загреб

16ᴼ / 14ᴼ
4.12
73%
1011
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
5.66
55%
1015
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
3.35
66%
1015
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
1.03
93%
1012
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
4.02
53%
1014
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
48%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
77%
1017
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
8.23
60%
1016
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
6.69
86%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 15ᴼ
2.06
100%
1015
Currency

61.535

Currency

54.0881

Currency

71.7806

Currency

34.5717

Currency

39.1002

Currency

65.8687

Currency

7.42141

Currency

0.65923

Currency

0.37999

Currency

0.52523

Currency

1.42309

Currency

0.63428

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52