Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од северен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Според метео картата на Управата за хидрометеоролошки работи нестабилна облачност во западните, северните ...

По повод премиерата на претставата „Рибарски караници“ во режија на Јован Ристовски, која ќе биде изведена до Ротинското езеро, Битолскиот театар со поддршка од Општина Битола, започна со реконструкција на патот кој води до езерото, туристичка атракција на која за прв пат ќе се одигра театарска претстава. Од битолскиот театар велат дека ова е уште еден доказ дека театарот го менува светот. „Театарот не е професија, театарот е начин на живот. ...

Сирија ја осуди „опасната ескалација на тензиите“ од страна на Израел откако израелските сили го бомбардираа генералниот штаб на сириската армија и област во близина на претседателската палата во Дамаск и јужна Сирија. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги осуди израелските воздушни напади врз Сирија. Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека САД се загрижени поради нападите на Израел врз Сирија, додавајќи дека ...

Министерството за здравство попладнево преку соопштение соопшти дека најостро го осудува секој облик на коруптивно однесување во здравствениот систем. Во врска со случајот во ЈЗУ Клиничка болница „Др. Трифун Пановски” – Битола, каде што денес медицинско лице е затекнато при примање поткуп, Министерството веднаш иницира постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, согласно законските процедури. Реакцијата на Министерството е брза, ...

„Денес за утре“ е слоган и мото на најновото издание на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“- Битола – како аманет кој потсетува и поттикнува на собирање и пренесување на знаење за сопствениот народ и неговата култура во секој нејзин сегмент и облик. Годинава се навршуваат 55 години од постоењето на фестивалот по кој се препознава Битола. Програмата – стокмена, организаторот – возбуден. „Илинденски денови“ не е само ...

Сезона пролет-лето. Не зборуваме за модатата, туку за една случајност како во Советот на Општина Битола баш тогаш заглавуваат пари од Европа. 2023-то лето господово проблемот беа европските пари за велосипедските патеки и тие останаа тема до пред некое време, кога и по неколку обиди Советот на даде зелено светло, па Општината ги започна со свои, односно пари на граѓаните. Сега оваа пролет-лето како да ни се повторуваат нештата. Повторно ...

На седницата на Комисијата за спорт и млади, советникот и координатор на СДСМ, Петар Николовски остро реагираше на процедурата околу дневниот ред. Причина, како што рече доцна биле известени за една од точките која се најде на дневниот ред и бараше повлекување. После скоро четири минути кавга, односно расправија со претседателот на комисијата Зоран Петковски, координаторот на СДСМ, сепак гласаше за како што претходно рече спортниот дневен ред, ...

Од битолски „Водовод“ информираат дека поради работните активности кои што се спроведуваат од страна на фирмата изведувач „БВ Инженеринг“, со прекинато водоснабдување се повеќе населени места. Со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните, денес ќе биде поставена цистерна со питка вода, која ќе биде достапна на локацијата кај Стрежевска населба од 11:00 часот. Очекувањата се дека во попладневните часови, ќе се нормализира водознабдувањето. ...

Поради зачестените појави на девијантно однесување на поединци на територијата на општина Битола, како и сè побројните евидентирани прекршоци во областа на градежништвото, сообраќајот, услужните дејности, јавната чистота, несовесното постапување со јавните добра, за кои што постојано се поднесуваат пријави од граѓаните, Општина Битола донесе одлука – Секторот Општински инспекторат да биде целосно активен на терен и вон утврденото работно време, ...

На почетокот на месецот на барање на граѓанин направивме прилог во новиот пазар. Јавен, општински, со кој стопанисува ЈП Пазари. И денеска пазарџиите не упатија сами да видиме, не беа расположени за разговор пред микрофон. Нашата проверка продолжи на истите места како и пред две недели. Скалите кои водат од паркингот во објектот, освен на основата – ќе ја употребам фразата на пазарциите – видете сами. Контејнерите чисти, освен металната корпа ...

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски вчера откако беше изгласан ребалансот на буџетот на Општина Битола, преку својот фејзбук профил упати јавна благодарност до сите советници кои застанаа зад, како што вели, напредокот. И додава дека следуваат конкретни инвестиции во образованието, спортот, урбаниот развој и квалитетот на живот во Битола. Образование и спорт: Изградба на 3 типски спортски сали во: ОУ „Стив Наумов“ ОУ „Тодор Ангелевски“ ОУ ...

Како што веќе информиравме на онколошкото одделение во Клиничката болница во Битола доаѓаат специјалисти од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија од Скопје, кои тука веќе вршат прегледи за пациетните од овој регион. Од Клиничката болница Битола информираат дека овој петок на 18.07 2025 година прегледите ќе ги врши Д-р Симонида Црвенкова, а следниот петок на 25.07.2025 година прегледи ќе врши д-р Ленче Костадинова. Ова е врз ...

Ребалансот на буџетот изгласан со 17 гласови „за“, против беа од СДСМ, а воздржани од Поинаку. По ова советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата со заедничка фотографија, соопштија дека Советот го изгласа ребалансот, а координаторот на советничката група Бојан Бојкоски упати јавна благодарност до сите советници кои застанаа зад напредокот. Велат дека следуваат конкретни инвестиции во образованието, спортот, урбаниот развој и квалитетот на ...

Зголемен е бројот на странски туристи, а намален на домашните – вели Државна статистика за почеокот на летната туристичка сезона во Македонија. Според податоците Бројот на туристите во мај 2025 година изнесувал 130.739. Од 22.4 % се домашни, а 77.6 % странски туристи, Во мај биле евидентирани 231.313 ноќевања, од кои 28.8 % се од домашните туристи, а 71.2 % од странските. Во периодот јануари – мај 2025 година, во однос на истиот период од ...

Автоматизирани, полу-автоматизирани или механички, автомобилите уште од времето на Форд се произведуваат под одредени стандардни димензии. Така потоа и сообраќајните инженери ги планираат, а градежните ги градат патиштата, локалната самоуправа и паркинзите. Арно ама понудата некогаш е недоволна, а потребата за движење со возило низ тесни сокаци – голема. Тогаш ви треба тенок автомобил. Италијанскиот механичар и јутјубер Андреа Марачи „претвори“ ...

Откако Коњановски и го даде пехарот, за како што рече шампион во кочење на проекти од ЕУ, на говорницата реплицираше претседателата Габриела Илиевска која му кажа на Коњановски дека морала да му признае дека поголем глумец бил од еден друг. Дали не ви е срам? Па пехари ќе давате тука. Четири години како празна лента овде слушаме исто па исто. Ако можи од 31, еден можи да закочи овде, добро. И тука не ги знаете како одат законите. 16 треба за да ...

Коњановски и додели на Претседателката на Советот, Габриела Илиевска, пехар за како што рече, шампион за кочење на ЕУ проекти. „Додека за некој камењата се камен на сопнување, за мене камењата се градежен материјал.Камењата ги спојувале вековите. Со камења е изградена Виа Игнација, со камења се градат мостови кои треба да не сплотуваат. Мислам дека велосипедската патека е многу позначајна од пронајдениот камен. Пехарот се доделува за ...

За градоначалникот Коњановски денеска бил историски ден за Битола. Денес на разгледување беше измената и дополнувањето, односно ребалансот на буџетот за 2025 година. А, историски оти досега ниту една Влада не одвоила толку пари кажа тој. „Основна причина за да се изготви овој ребаланс се средствата од Владата во висина од 707 милиони денари како поддршка на проектите со кои нашата Општина аплицираше“ рече градоначалникот. Кога влезе на сите ...

Деновиве имаше мирен протест со блокада на улицата „8 Септември“ кај стадионот во Горно Оризари поради изведувањето на градежни работи на патот со кои како што велат трајно се оневозможува функционирањето на секодјевието на граѓаните од овој дел и деловната дејност на правни субјекти. На денешната седница на Советот на Општина Битола имаше и претставници на граѓаните кои што имаат предлог иницијатива до Советот на Општина Битола во врска со ...

Битолски „Водовод“ информира дека на ден 15/07/2025 (вторник), поради технички зафат од страна на фирмата изведувач БВ инжинеринг, се затвора регионалниот водовод, за да се изведе спој на старата челичната цевка Ф 400 со новоизведената ПЕ цевка ф 400 , со што со прекинато водоснабдување остануваат жителите на ул.„Кире Костадиновски“- Горно Оризари, Раштанска, Раштани,Крклино, Кукуречани, Црнобуки, Драгожани, Могила, Будаково, Трап, Алинци, ...

За денеска е закажана седницата на Советот на Општина Битола на која ќе се најде и ребалансот на буџетот за 2025 година. Станува збор за зголемување од некаде 2 милиони евра, а најголем дел од средствата се транфери од владата за проектите со пари од унгарскиот кредит. На комисијата за финансии претставничката на Одделнието за финансии кажа дека во приходниот дел има зголемување на буџетската рамка и е за 120.390.442 денари. Зголемувањето е ...

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,20%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од ...

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,20%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од ...

Интензивни дождови го погодија североисточниот дел на Шпанија, вклучувајќи ја и Каталонија, каде што железничкиот сообраќај беше целосно прекинат неколку часа, а властите пријавија и поплави. Според метеоролошката агенција „Аемет“, која попладне стави голем дел од Каталонија во црвена тревога, во некои области наврнале повеќе од 100 литри дожд на метар квадратен за неколку часа. Обилните дождови предизвикаа поплави, меѓу другото, и во болница во ...

Италијанската премиерка Џорџа Мелони синоќа предупреди на можноста за „трговска војна на Западот“, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави царинки од 30 проценти за производите на Европската унија (ЕУ). „Трговската војна на Западот би нè ослабнала сите пред глобалните предизвици со кои се соочуваме заедно“, рече Мелони. Според неа, Европа има економска и финансиска моќ да ја потврди својата позиција и да постигне фер и разумен ...

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски во обраќањеото до јавноста вели дека понеделник е историски ден за Битола. „На седницата на Советот како дел од ребалансот на буџетот предложени се капитални објекти значајни за развојот на градот какви Битола што не памети, дел од нив се: – ТРИ типски училишни спортски сали во: ОУ “Стив Наумов”, ОУ “Тодор Ангелевски” и ОУ “Даме Груев” – подрачно училиште во Долно Оризари ВРЕДНОСТ 144 милиони денари – ...

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во пристанишниот град Вонсан. Ким му рекол на Лавров дека „имаат исти ставови за сите стратешки прашања“ и оти Пјонгјанг е „подготвен безусловно да ги поддржи и охрабри сите мерки преземени од руското раководство во однос на справувањето со коренот на украинската криза“, пренесе ДПА повикувајќи се на КЦНА. Москва и Пјонгјанг потпишаа стратешко ...

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 30 отсто на увозот од Европската унија, кои ќе стапат во сила од 1 август. Новите царини се објавени во писмо што Трамп го објави на социјалната мрежа Трут Соушл. „Ве покануваме да учествувате во извонредната економија на Соединетите Држави, пазарот број еден во светот, далеку пред сите. Со години разговаравме за нашиот трговски однос со Европската унија и заклучивме дека мора да се ...

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место во куќа во центарот на Прилеп каде беа пронајдени безживотните тела на 12-годишно дете и двајца мажи на возраст од 43 и 63 години. Во соопштението од Јавното обвинителство се вели дека според првичните сознанија, 63-годишникот најпрво го лишил од живот својот внук од сестра и неговиот син, поради семејни недоразбирања и нерасчистени имотни прашања. По ...

Битолската полиција соопшти дека на 12.07.2025 во СВР Битола било пријавено дека во околу 02.05 часот, од страна на непознат сторител била фрлена експлозивна направа на ул.„Охридска” во Битола при што од самата експлозија направени биле оштетувања на патничко возило„ волксфаген” патничко возило „бмв”, патничко возило„тојота”, патничко возило„киа”,патничко возило„рено”, патничко возило„матиз”, патничко возило„тико” сите со битолски регистарски ...

Повик

1 ден - МРТ
weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1027
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1024
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
92%
1024
weather icon

Софија

2ᴼ / -3ᴼ
1.03
66%
1027
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.04
91%
1027
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
100%
1024
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.24
78%
1024
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
81%
1023
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
87%
1025
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
95%
1027
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
96%
1024
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
76%
1027
Currency

61.5417

Currency

52.3678

Currency

70.0914

Currency

34.7469

Currency

38.017

Currency

65.8137

Currency

7.42978

Currency

0.65936

Currency

0.33821

Currency

0.5247

Currency

1.22623

Currency

0.57482

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.88

Цинк

3.03

Калај

41.29

Родиум

255598.44

Паладиум

50830.33

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Злато

138322.05

Бакар

10.76

Сребро

2049.55

Платина

59937.34