Италијанската финансиска полиција заплени над 770 килограми кокаин со висока чистота во пристаништето Вадо Лигуре, на северозападот на земјата. Дрогата била пронајдена во 650 пакети, на кои било поставено српско знаме, а била сокриена меѓу палети со банани пристигнати од Еквадор. Надлежните не соопштија дали ознаките со српското знаме укажуваат на поврзаност со криминални групи од Србија, ниту дали во рамки на акцијата се уапсени српски ...

Забранет пристап до социјалните мрежи за деца до 15 години воведува Франција од јануари откако го донесе законот. Со тоа Франција станува првата европска земја што воведува целосна забрана за користење на тие платформи за деца, а сите корисници ќе мора да ја потврдат својата возраст. Одлуката е донесена поради зголемената загриженост за влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје на децата, во период кога и Обединетото Кралство и ...

Управата за хидрометеоролошки работи издаде метеоаларм, предупредувајќи дека денеска низ земјава се очекува нестабилно време со повремени врнежи од дожд и локална нестабилност. Според прогнозата, на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе се создадат услови за невреме проследено со појава на град. Ќе дува умерен северен ветер, додека долж Повардарието повремено ќе биде засилен и ќе достигнува брзина поголема од ...

Валбон Лимани, кандидатот на Филипче, Ахмети и Таравари, покажа дека за него најважно е да ја зачува функцијата, а не довербата на граѓаните. Наместо да излезе пред јавноста со чувство на одговорност и да признае дека како градоначалник ја носи најголемата одговорност за случувањата во Општина Гостивар, тој избра да се огради од скандалот со водата и да порача дека не чувствува никаква морална одговорност, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. ...

Две недели по инцидентот, Љубиша Каровиќ, Србинот кој беше повреден на летот од Солун кон Минхен, откако прозорец се скрши и поради декомпресија во авионот и силните воздушни струи му го повлече телото надвор ги опиша драматичните моменти што ги доживеал. –Спиев. По некое време ме разбуди многу силен тресок што звучеше како експлозија на бомба. Бев свесен само еден момент, а не се сеќавам на останатото. Кога повторно се освестив, бев облеан ...

На граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје е запленет накит „Сваровски“ во вредност од 333 илјади денари, откако царинските службеници го открија при детална контрола на патничка на влез во државата. –Станува збор за македонска државјанка која пристигнала со лет од Загреб, при што на влез во државата со намера да избегне плаќање увозни давачки, се упатила на зелениот наместо на црвениот канал. Патничката е селектирана за контрола од ...

Соединетите Американски Држави „воопшто не завршиле“ со Иран и предупреди дека следна цел може да биде тајниот подземен нуклеарен комплекс познат како „Пикакс маунтин“, ова го изјави американскиот претседател Доналд Трамп. – Веројатно многу наскоро ќе ја нападнеме таа зона. И тие ништо не можат да направат по тоа прашање – изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа. Според американските медиуми, меѓу кои „Вашингтон пост“ и „Њујорк тајмс“, ...

Најголеми последици од невремето се регистрирани на подрачјето на СВР Скопје, каде до 22 часот вчера се евидентирани 117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрвја, седум оштетени семафори, пет пожари и 10 повредени лица, информираат од МВР. На подрачјето на СВР Куманово се пријавени девет оштетени возила и три оштетени кровови, додека на подрачјето на СВР Тетово се евидентирани пет настани – три оштетувања на ...

По невремето проследено со силен ветер, дожд и локални поројни врнежи, на повеќе подрачја во државата се регистрирани материјални штети, паднати дрвја, оштетени кровни конструкции, прекини во електроснабдувањето и други последици. Во скопски регион по 17 часот, преку Единствениот број за итни повици 112 се примени над 9.000 повици од граѓани, при што најголемиот дел се однесуваат на последиците од невремето, информираат од ЦУК. Според ...

Случајот со труењето во Гостивар разоткрива опасен и неприфатлив преседан: Обвинителството и надлежните институции ја ставија бирократската процедура и наводната „тајност на истрагата“ над уставното право на граѓаните на безбедна животна средина и здравје, велат од СДСМ. Од опозициската партија посочуваат дека наместо веднаш да се регира, односно од 25 јуни кога се започнало, властите со недели молчеле. -Загадувањето на водата започнало уште ...

Петнаесет лица се повредени во силното невреме што го зафати Скопје, а деветмина се згрижени на торакална, додека шестмина се примени на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Двајца од повредените се со потешки повреди – една пациентка со повреда на главата е хоспитализирана на Неврохирургија, а друга има скршена рака. Останатите се со полесни повреди и се во стабилна состојба. Од Центарот за управување со кризи информира дека до ...

Краткото, но силно невреме што го зафати Скопје предизвика значителни материјални штети и повреди. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, до 22 часот биле евидентирани 117 оштетени возила, 35 оштетени кровови, 189 паднати дрвја, седум оштетени семафори, пет пожари и 15 повредени лица. Оштетени се и повеќе државни институции и објекти од витално значење, меѓу кои ОЈО ГОКК, комплексот „Вила Водно“, Министерството за финансии, ...

Само неколку минути силен ветер беа доволни Скопје да се претвори во град на паднати дрвја, откорнати покриви, оштетени автомобили, паднати билборди и повредени граѓани. Повеќе од илјада повици на бројот 112, урнат јарбол висок околу 60 метри, десетици интервенции на службите и најмалку 11 повредени лица. Зошто Македонија сè уште нема масовен мобилен систем што за неколку секунди би испратил предупредување до сите граѓани во загрозеното ...

Барал чанта на 86-годишна повредена жена врз која паднало дрво во Карпош, нашол бомба. Граѓанин го пријавил случајот во полиција, а експлозивната направата подоцна била безбедно подигната од посочената локација. „На 20.7.2026 година во 20:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош паднало дрво и со тешка телесна повреда се здобила К.М. (86) од Скопје, по што била пренесена во Јавна здравствена установа „Св.Наум ...

Силното невреме предизвика хаос и во Штип, каде најголемите проблеми ги предизвика во комплексот на Клиничката болница во овој град. Оштетен е дел од кровната конструкција на оваа здравствена институција, каде што се одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување, поради што дел од пациентите ќе бидат преместени на други одделенија. Според заменик директорката на КБ во Штип, Билјана Ефтимова, станува збор за околу 15 до 20 пациенти од ...

Девет повредени лица во невремето во Скопје се примени во Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) во Скопје, изјави директорот на Клиниката, проф. д-р Игор Мерџаноски. Од нив две се со потешки повреди, една жена со повреда на глава е на Неврохирургија, а друга е со скршена рака, додаде д-р Мерџаноски. Девет повредени лица во невремето во Скопје ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД „наскоро ќе го погодат“ подземниот нуклеарен комплекс „Копач“ (или „Пикакс“) во Иран. Силно утврдениот подземен објект се наоѓа на околу 1,6 километри јужно од Натанз, во централниот дел на Иран. Иран го пријави објектот во 2020 година до Меѓународната агенција за атомска енергија при Обединетите нации како идна постројка за склопување центрифуги што се користат за производство на ...

Невремето што попладнево го зафати Скопје предизвика голема материјална штета на ГОБ „8 Септември“, изјави директорот на болницата, доктор Синиша Стојаноски. Посочи дека чекаат комплетен увид за да се утврди обемот на штетата. „Тоа ние денеска нема да го знаеме прецизно додека не излезе проценител на терен и не се направи официјален записник за штета од надлежните институции. Засега најголема штета имаме на кровот и кровната конструкција. Тоа ...

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар, каде анализите потврдија загадување на водата. Експертски тимови на скопското ЈП „Водовод и Канализација“ прават испитувања за квалитетот на водата и ќе предложат конкретни мерки. Првично предложиле хиперхлорирање на водоводниот систем, рече министерот за внатрешни работи кој најави повеќе информации за утре. Централната власт очекува соработка од локалната за време на кризната состојба. ...

Шест повредени лица во невремето во Скопје со посекотини и набиеници се префрлени на Универзитетската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски”, изјави директорот на клиниката, доктор Небојша Настов за МИА. Тројца од повредените по амбулантскиот преглед, се пуштени дома, а тројца се во фаза на испитување. „Сите се во стабилна состојба. Првично не оддаваат впечаток дека ќе бидат задржани на натамошно лекување. Еден пациент е повреден при ...

Големо невреме ја зафати Црна Гора кое се движи кон Македонија, информира вечерва Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица зафати повеќе делови од државава попладнево по 17 часот, предизвикувајќи штети во Скопје, во Куманово, во Штип, во Кочани, во Виница, во Струмичко, итн. Големо невреме ја зафати Црна Гора кое се движи кон Македонија, информира вечерва Управата за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за воведување дополнителни царини за Канада поради шумските пожари, тврдејќи дека земјата очигледно не е способна да се справи со проблемот. „Тие не управуваат правилно со своите шуми. А ветерот има навика да го носи чадот право над Њујорк“, рече Трамп, кој долго време живееше во овој град, пред да стане претседател. Запрашан за ова прашање за време на средба во Овалната соба со ...

Во Гостивар е нарушен редовниот живот на граѓаните и економското работење и тоа би требало да биде појдовна основа од каде треба да тргне Јавното обвинителство, вели адвокатот и поранешпен судија Владимир Туфегџиќ во денешното Телма интервју на ТВ Телма. „Ова што го говорам е содржано во член 291 од Кривичниот законик, дека тоа уништување или оштетување на јавни инсталации. Овде е направено токму тоа. Причина е измената, односно правење на ...

Над 1.000 јавувања од граѓани се регистрирани преку бројот на итни повици 112 поради невремето проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). соопштија од ЦУК Во Куманово е пријавена падната кровна конструкција на булевар „Октомвриска револуција“. додаваат од ЦУК Над 1.000 јавувања од граѓани се регистрирани преку бројот на итни повици 112 поради невремето проследено со ...

Судири избувнаа на маргините на протестите во Италија по смртта на маж роден во Мароко, кој починал додека двајца полицајци насилно го совладувале во северниот град Болоња. Неколку илјади луѓе излегоа на улиците на овој град синоќа, под мотото –„правда за Абдерахим Факир “. Подоцна, помала група демонстранти се одвоила од главниот протест и се судрила со полицијата. Обвинителството соопшти дека во немирите биле повредени 64 полицајци. ...

По 30 дена притвор добија тројца раководители на „Комуналец“ од Гостивар, осомничени за загадување на водата за пиење. Вршителката на должност директорка Артана Асани, техничкиот раководител на сектор за технички работи, Леон Нуредини и раководителот на одделението за водовод Вадедин Дервиши претпладнево со лисици беа донесени пред судија на претходна постапка во Судот во Гостивар, а по неколку часа беа однесени во притвор во Шутка, откако ...

Подобра економска соработка, растечка трговска размена и инвестиции, соработка во науката, образованието, здравството е тоа за што се договориле претседателките на Македонија, Гордана Силјановска Давкова и претседателката на Индија, Друпади Мурму, како прв претседаѕел на Индија кој ја посетил Македонија. Двете претседателки се заложиле трговската размена меѓу двете земји која сега изнесува 133 милиони долари, за пет години да достигне 500 ...

Еден ден откако Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Тетово доставил извештај до АХВ дека водата за пиење во Гостивар е исправна почнал напливот на пациенти со стомачни тегоби во гостиварската болница „Ферид Мурад“ и во здравствениот дом во Гостивар. „Согласно договорот меѓу ЦЈЗ Тетово и ЈП „Комуналец Водовод“ мостри се земаат еднаш месечно од осум мерни места. Последниот пат ние како АХВ што имаме добиено како резултат од ЦЈЗ е од 13 јули и ...

Обвинителството побара, а судија на претходна постапка одобри мерка притвор во траење од 30 дена за тројцата осомничени во случајот со загадената вода за пиење во Гостивар, изјави Драгослава Веселина, судијка во Основниот суд во Гостивар. Притворот, додаде таа, осомничените ќе ја исдржат во КПУ „Затвор Скопје“ во Скопје. „ОЈО Гостивар спроведе истражна постапка против осомничените Артана Асани, Леон Нуредини и Вадедин Дервиши под сомнение ...

Ќе ги снајде ли истата судбина и пациентите со трансплантиран бубрег како пациентите со ХОББ и астма? Лекот Мифортик повеќе не е бесплатен. Од овој месец пациентите ги дочека непријатно изненадување на аптекарските шалтери – наместо терапија без доплата, сега ќе треба да издвојуваат по 3.450 денари месечно. „Заменскиот лек се уште не е пристигнат во аптеките. Всушност промената настанува на 16-ти претходниот месец кога фондот за здравство ги ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
0.26
34%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
3.58
51%
1016
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
0.55
54%
1016
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
0.28
43%
1020
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
0.84
44%
1017
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.28
76%
1016
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
4.92
55%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
0.6
40%
1015
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.31
38%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
0.89
59%
1017
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
58%
1016
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
2.32
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3307

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.19

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Родиум

265243.66

Злато

130712.08

Калај

54.92

Бакар

13.13

Сребро

1873.42

Платина

52920.13

Паладиум

40863.60