Безживотни тела на две лица биле пронајдени за време на гаснење на пожарот што избувна на грчкиот остров Саламина и брзо се прошири поради силниот ветер, а девет лица со изгореници се префрлени во болница, додека пак превентивно беа евакуирани шест населени места. Во период од 15 минути избувнаа два пожари на две различни локации, едниот во јужниот, другиот во источниот дел на островот, а безживотните тела биле пронајдени на улица во близина ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека ноќеска експлозивна направа била фрлена кон куќа во Бардовци и предизвикала штета. Како што соопшти полицијата, околу 02:35 часот, К.Б.(70) од Скопје пријавил дека во скопското село Бардовци, кон домот бил фрлен предмет кој предизвикал експлозија и направил оштетување на скалите од влезот на куќата. Направил оштетување на скалите од влезот на куќата, бил скршен прозорец, потоа оштетено било ...

Полицијата во Гостивар привела 45-годишен маж по пријава за физички напад врз неговата 35-годишна сопруга, а дополнително биле пријавени и други форми на насилство што, според пријавата, траеле подолг период. МВР соопшти дека денеска полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода И.Т. (45) од Гостивар. По пријавата за физички напад врз сопругата, кај него било измерено присуство на 1,01 промил алкохол во крвта. Во ...

Четири лица се уапсени под сомнение дека предизвикале пожари на подрачјето на Задарската жупанија во Хрватска, соопшти денеска задарската полиција. Како што е наведено во полициското соопштение, лицата биле уапсени откако граѓани пријавиле сомнително возило и однесување. Четворицата се приведени синоќа на поширокото подрачје на Бенковац, а полицијата спроведува криминалистичка истрага за нивната можна поврзаност со предизвикувањето пожари во ...

Убавото неделно сонце ги намами скопјани, домашните и странските туристи да го поминат денот на Матка – едно од најпознатите рекретивни места во близина на Скопје. Уште на самиот влез се забележуваа голем број возила, а полициски службеници ги насочуваа посетителите кон паркинзите во завнисност од нивната пополнетост. Дел од гостите пристигнаа и со организиран превоз, па на терен затекнавме голем број автобуси. Првите впечатоци кај сите ...

Премиерот Христијан Мицкоски најави засилена градежна активност, најавувајќи изградба на шест автопатски делници низ државата во претстојниот период. Рече дека во Македонија денес на повеќе од 1200 места се гради и оти за Владата тоа е многу значајано затоа што се ангажира домашната оператва, што е сериозен индикатор за подобра економска актовност, а воедно се решаваат и децениски проблеми и им се обезбедува поквалитетн живот на граѓаните. ...

Еден ден траеше асфалтот на новата улица „СТУ 3“ во битолската касарна. Во петокот додека се асфалтираше, градоначалникот Тони Коњановски објави видео снимено со дрон, со кое соопшти дека се работи за сообраќајница долга 421 метар, а вкупната вредност на проектот е над 300 илјади евра. Но, веќе следниот ден дел од новопоставениот асфалт беше отстранет. Реагираше опозициската СДСМ. Само еден ден по вчерашното асфалтирање, денес асфалтот се ...

За 4 и пол години државата собрала скоро 2,4 милиони евра од надоместокот за користење биоразградливи кеси за пазарење, а парите ги потрошила за канти и контејнери, како и за кампања за зголемување на свеста за селектирање отпад. Од Министерството за животна средина во одговор за Телма велат дека од воведувањето на законот со кој што за употреба на пластични кеси се плаќа соодветен надоместок, заклучно со 10 јули собрани се 2,37 милиони евра. ...

Власта и опозицијата конечно се сложија околу една работа во случајот со загадената вода во Гостивар а тоа е документот со анализата на водата која покажува дека е исправна за пиење да се објави и да биде јавно достапен. За се останато партиите продолжија со препукувањата и меѓусебни обвинувања на дневна база. За премиерот Мицкоски не е спорно што СДСМ бара и тој да биде повикан на распит во рамките на истрагата за загадувањето на водата во ...

Иселувањето ги празни училиштата. Пред шест години се родиле за околу 2000 деца повеќе од што се запишале минатата година во прво одделение. Во најголема мера тоа значи дека од кога се родиле додека стигнало време за училиште, нивните родители ја напуштиле Македонија и ги запишале на школо во странство. Бројот на родени деца се намалува од година во година, но бројот на ученици се намалува со уште побрзо темпо. Наталитетот не е клучната ...

Најмалку пет лица загинаа во силните бури и поплави што ја зафатија американската сојузна држава Индијана во текот на изминатата недела, соопштија локалните власти. Спасувачките екипи продолжија со операциите и вчера, користејќи чамци за евакуација на луѓето од поплавените населби долж реката Вајт во Индијанаполис. Обилните врнежи во изминатите денови го подигнаа нивото на реките до рекордни вредности и ги принудија жителите да ги напуштат ...

Шпански ловец Ф-18, кој учествува во мисија на НАТО за воздушно патролирање, утрово собори дрон што го наруши воздушниот простор на Романија – соопшти романското Министерство за одбрана. Ова е четвртиот беспилотен летачки апарат соборен над Романија од почетокот на годината. Романските радари го регистрираа дронот како влегува во воздушниот простор на земјата од соседна Молдавија, на околу 24 километри северно од југоисточниот романски град ...

Австралија во ноември ќе почне голема програма за откуп на огнено оружје по нападот на плажата Бонди во Сиднеј, во кој во декември минатата година беа убиени 15 лица, соопшти сојузната влада. Програмата најпрво ќе започне во сојузната држава Нов Јужен Велс на 2 ноември, соопштија австралискиот премиер Ентони Албанезе и премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс. Сопствениците коишто ќе предадат пушки или пиштоли ќе можат да добијат надомест до ...

Ноќва околу 2 часот по полноќ избил пожар на отворен простор веднаш над последните куќи во Зелениково, кој благодарение на локалното население и нивната брза превентивна реакција, како и брзата реакција на градоначалникот на Општина Зелениково и пожарникарите спречена е катастрофа и огнот е сопрен на неколку метри од последните куќи, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Ангелов, во видео од терен, ...

Кандидатите коишто ќе се борат за претседателската номинација на Демократската партија на САД во 2028 година ќе мора уште на самиот почеток да се докажат во сојузните држави каде што Афроамериканците, Латиноамериканците и членовите на синдикатите се клучни гласачки групи, покажува календарот за внатрепартиските избори одобрен од партијата. Новиот распоред ја отстранува Ајова од традиционалното прво место и на чело ја поставува Јужна Каролина, ...

Дванаесет лица загинаа а десетици други се повредени откако автобус кој превезувал полски туристи излетал од патот во Унгарија. Несреќата се случија еден час по полноќ, кога автобусот излетал и се превртел во ендекот покрај патот. Унгарската полиција го приведе возачот, под сомнение дека заспал на воланот. 35 од вкупно 57-те патници и двајца возачи досега се спасени од автобусот. Унгарските спасувачи првично безуспешно се обидуваа да ја ...

Албанскиот премиер, Еди Рама, за британскиот „UnHerd“, изјави дека протестите што се одржаа во последните месеци во Албанија повеќе не се исти како оние од јуни. Според него, во неодамнешните протести биле вклучени повеќе политички партии и опозициски групи, вклучувајќи ги и екстремните левичарски и десничарски сили. Рама вели дека, и покрај тензиите, е „многу горд“ што протестите се одржуваат со денови на претежно мирен начин. Фактот што ...

Две жени загинаа во поплави и одрон во северозападниот дел на Шпанија, додека две бебиња се повредени, соопштија спасувачките служби во автономната област Кастилја и Леон. Жртвите се две жени на возраст од околу 60 и 80 години, соопштија локалните власти. Маж кој првично бил пријавен за исчезнат по поплавите во селото Мансанедо де Валдуеса, подоцна бил пронајден неповреден. На местото на несреќата биле испратени екипи на противпожарната ...

Надежите за пронаоѓање преживеани по силниот земјотрес во западна Колумбија згаснуваат, откако спасувачките екипи и петтиот ден по катастрофата продолжуваат да извлекуваат тела од под урнатините. Најмалку 294 лица загинаа, 320 и натаму се водат како исчезнати, а речиси 4.000 се повредени, покажуваат најновите податоци на колумбиската служба за управување со катастрофи. Повеќе од две третини од жртвите се регистрирани во градовите Кали и ...

Најмалку пет лица се повредени, од кои едно е во критична состојба, во пукање што денеска се случи на Државниот универзитет во американската сојузна држава Вирџинија. Во соопштението на полицијата и универзитетските власти се наведува дека инцидентот, во кој учествувале повеќе лица, се случил ноќеска во 1:28 часот по локално време во близина на студентскиот станбен комплекс „Квад анекси“ (Quad Annexes). Сите повредени веднаш се пренесени во ...

Украинската војска го погоди рускиот ракетен и вселенски центар во Самара, како и воен аеродром што служел како база за руските борбени авиони – изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Toj преку платформата Телеграм додаде дека украинските сили извршиле успешен напад и врз руски нафтен објект во балтичкото пристаниште Уст-Луга, каде што е предизвикана материјална штета. Локалните власти во Самара потврдија дека Украина ...

Руските сили зазедоа 19 населени места во Днепропетровската и Запорошката област во југоисточна Украина во текот на летната офанзива – соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Министерството се повика на извештајот на Пјотр Болгарев, командант на источната група руски сили, но не ги именуваше сите заземени населени места. Одделно, руската армија соопшти дека неодамна ја презела контролата врз местото Рибалское во Запорошката област. ...

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 16 часот и 10 минути беше почувствуван земјотрес, чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 47 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.5, соопштија попладнево од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ. Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Гостивар и ...

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“. Од нив, седум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник, а еден од возачите бил под дејство на алкохол. Дополнително, тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол, додека двајца управувале возило со активна забрана за ...

Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш завчера на магистралниот пат Радовиш–Штип, кај крстосницата за село Бучим, го лишиле од слобода М.В.(35) од село Бучим, радовишко, откако при преглед на возило биле пронајдени 14.440 евра, информираат од Министерството за внатрешни работи. Имено, полициски службеници на магистралниот пат кај крстосницата за Неготино, забележале патничко возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, ...

Полициски службеници денеска уапсиле лице од Германија, кое возело со брзина од 203 километри на час на автопатот А1 кај Гевгелија, информираат од Министерството за внатрешни работи. Денеска во 08:00 часот, на автопатот „Пријателство“, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода М.Ф.(46) од Германија. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале ...

Мароканските безбедносни сили денеска спречија неколку стотици мигранти, претежно од подсахарска Африка, нелегално да ја преминат границата во шпанската енклава Сеута. Благодарение на интервенцијата на мароканските безбедносни сили, ситуацијата остана мирна на шпанската граница помеѓу Сеута и Мароко, која е во состојба на зголемена готовност со силно присуство на безбедносните сили, јавија шпанскиите медиуми. Марокански безбедносни извори ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Н. (18) од Куманово и 16 годишно лице од Република Австрија поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, верска и друга дискриминаторска основа“. На 26.97.2026 на објектот каде што е сместено едно културно уметничко друштво во Куманово, пријавените испишале графити со навредлива содржина. Вандализирано српското ...

Билтенот на МВР повторно се полни со случаи на семејно насилство. Во Тетово, 50-годишен маж е осомничен дека физички ја нападнал ќерката и сериозно им се заканувал на сопругата и ќерката дека ќе ги запали доколку го пријават во полиција. Поради тоа Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка за загрозување на сигурноста и неизвршување судска одлука, бидејќи, покрај заканите и насилството, ги прекршил и претходно изречените мерки за ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Н. (18) од Куманово и 16 годишно лице од Република Австрија поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, верска и друга дискриминаторска основа“. На 26.97.2026 на објектот каде што е сместено едно културно уметничко друштво во Куманово, пријавените испишале графити со навредлива содржина. Вандализирано српското ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42