Уставни измени со одложено дејство, што како опција за откочување на пристапниот процес на Македонија неодамна на маса ги врати претседателката на државата, денеска ги повтори и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцуски. Според во преговарачката рамка на земјава со ЕУ е наведено дека ќе се отвори првиот кластер од преговорите кога ќе бидат донесени уставните измени, а барањето преговорите да продолжат откако ...

Со гаранција од над милион евра поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини излегува на слобода. Сејдини во април заврши во притвор и се гони во два случаи, за проневера и злоупотреба на околу 700.000 евра од УЕФА наменети за изградба на трибина на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, како и за незаконски исплати на фирми од речиси 900.000 евра. „Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ...

Нови царини за 60 од најголемите трговски партнери на Соединетите држави беа објавени денеска, предизвикувајќи бран глобално незадоволство и реакција на светските берзи. Администрацијата на Доналд Трамп трагаше по правно издржан нов начин повторно да ги воведе царините, откако во февруари американскиот Врховен суд ги прогласи за неуставни, одлука која неизмерно го разлути претседателот, особено затоа што Вашингтон беше приморан да исплати ...

Опозициската СДСМ реагира на изборот на унгарската компанија „Икарус“ на тендерот за електрични автобуси во Скопје. Од партијата велат дека во споредба со претходниот тендер, компанијата сега понудила повисока цена за околу 8.000 евра по парче во споредба со претходниот тендер. Наведуваат и дека сопственик на фиимата е подржувач на поранешниот унгарски премиер Орбан. „Зад „Икарус“ стои Габор Селеш – долгогодишен и отворен поддржувач на Виктор ...

СДС и Венко Филипче повторно ја злоупотребуваат кризата за ширење паника, дезинформации и конструкции, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштение од владејачката партија велат дека СДСМ ликува на случајот со водата во Гостивар исто како што тоа го правел и минатата година со пожарите. „СДС и Филипче собираат политички поени врз грбот на граѓаните во Гостивар. СДС и Филипче немаат одговорност, не нудат решенија туку креираат страв и вознемиреност ...

Полицијата го уапси 32 годишниот М.Д од Кавадарци кој бил фатен со обележани 2000 евра на Градскиот плоштад. Тој е приведен поради измама на кумановка, на која ѝ ветувал дека ќе посредува за добивање странски пасош за 400 евра. Потоа почнал да ѝ бара дополнителни парични средства, па за кратко време таа му дала вкупно 9.000 евра. И покрај тоа, тој продолжил да бара уште пари. По преземените мерки, кај него биле пронајдени 2 000 евра, кои ги ...

Тест модел на OpenAI излезе од својата изолирана средина и пристапи до сервери на друга компанија додека траеше внатрешна проверка на сајбер-безбедноста. Експертите предупредуваат дека ваквите инциденти ќе се повторуваат доколку компаниите што развиваат вештачка интелигенција не ги заострат безбедносните мерки за време на тестирањето, вклучително и обука на моделите за етичко извршување на задачите, пренесува „Си-Ен-Ен“. Претседателот на ...

Дваесет и четиригодишен жител на виничкото село Градец е лишен од слобода откако, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна несреќа на регионалниот пат Грдовци – Зрновци, во која едно лице е тешко повредено, а две се здобиле со полесни повреди. Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), несреќата се случила вчера околу 3:30 часот, кога Д.Н. (24), управувајќи патничко ...

Тест модел на OpenAI излезе од својата изолирана средина и пристапи до сервери на друга компанија додека траеше внатрешна проверка на сајбер-безбедноста. Експертите предупредуваат дека ваквите инциденти ќе се повторуваат доколку компаниите што развиваат вештачка интелигенција не ги заострат безбедносните мерки за време на тестирањето, вклучително и обука на моделите за етичко извршување на задачите, пренесува „Си-Ен-Ен“. Претседателот на ...

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на годишната Сесија што се одржува во јужнокорејскиот град Бусан донесе одлука да го одложи впишувањето на Охридскиот Регион на Листата на светски културни и историски наследства во опасност. На државата ѝ е даден дополнителен рок од пет години за да ги спроведе препораките поврзани со заштитата на природното и културното наследство. Со одлуката се дава можност државава да ги реализира мерките што ...

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Мухамед Сејдини ќе се брани од слобода, откако судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ја прифатил понудената гаранција од преку еден милион и 150.000 евра врз основа на хипотека и ја укина мерката притвор. Истовремено, Судот наложи одземање на патната исправа на Сејдини како мерка на претпазливост за негово обезбедување во натамошниот тек на ...

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Мухамед Сејдини е пуштен да се брани од слобода по 92 дена минати во истражниот затвор „Скопје“. Веста ја сподели неговиот адвокат Шкодран Алили на социјалните мрежи. „Драги пријатели, кои во секој момент ја изразувавте својата солидарност и подготвеност во текот на сите овие 92 дена, денеска сакам да ја споделам оваа радост со вас, исто како што заедно ги споделувавме и ...

Кој и зошто не ги плаќа општинските даноци? Ревизијата на Државниот завод за ревизија покажува дека општините во последните пет години не успеале да наплатат речиси 48 милиони евра, а најголемиот дел од долгот за данок на имот е постар од пет години. Кој и зошто не ги плаќа општинските даноци? Кој ги должи милионите на општините? АНКЕТА: Каде е одговорноста за ненаплатените општински даноци? А) Кај неплаќачите или Б) Кај институциите Кој и ...

Над 20.000 жители и туристи се евакуирани поради голем шумски пожар што избувна во близина на туристичкото место Леж-Кап Фере, југозападно од Бордо. Огнот зафатил повеќе од 31 квадратен километар шумска површина, а властите соопштија дека засега нема повредени. Во гаснењето се ангажирани околу 700 пожарникари, авиони за гаснење пожари и дополнителни екипи испратени од парискиот регион. Пожарот се доближил на околу 300 метри до првите куќи, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека посетата на воздухопловната база Довер, каде им беше оддадена почит на четворица загинати американски војници, била „многу тажен ден“. Тој нагласи дека досега во двата актуелни конфликтa загинале 18 американски војници, додавајќи дека „и една жртва е премногу“, но спореди дека бројот е значително помал во однос на претходните војни. Трамп повтори дека САД, според него, „се движат многу добро“ ...

Маж облечен во костим на „Спајдермен“ стана хит на социјалните мрежи, откако му помогна на лице во инвалидска количка безбедно да мине прометна улица во Џонсборо, во американската сојузна држава Арканзас. Настанот бил снимен од сообраќајна камера и објавен од локалната полиција. На снимката се гледа како лицето во инвалидска количка има потешкотии да ја премине улицата, по што „Спајдермен“ излегува од возило во близина и го придружува до ...

Соединетите Американски Држави воведоа нови царини од 10 до 12,5 проценти за увоз од 60 свои трговски партнери, обвинувајќи ги дека не презеле доволно мерки за спречување на увоз на производи изработени со присилна работна сила. Мерката ги опфаќа Велика Британија, Кина, Европската Унија, Канада, Јапонија, Индија и други земји, а стапува во сила од денеска. Американската администрација соопшти дека земјите кои прифатиле и спровеле забрана за ...

Унгарскиот производител „Икарус“ повторно е избран на тендерот за набавка на 150 електрични автобуси од кои 100 се наменети за Скопје. Во повторената тендерска постапка, цената на еден автобус е зголемена за околу 8.000 евра во однос на првичната понуда. Заедничката понуда на „Икарус“ и ЕВН изнесува околу 51 милион евра без ДДВ, со цена од околу 322.000 евра за еден автобус и 33.000 евра за полнач. На претходниот тендер, кој беше поништен, ...

Ирак и Иран денеска потпишаа неколку договори поврзани со надворешни работи, транспорт, финансии и енергетика, на првиот ден од дводневната посета на ирачкиот премиер на Техеран. Церемонијата на потпишување на договорите ја предводеа ирачкиот премиер Али ал-Заиди и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. Претходно, Пезешкијан и министерот за надворешни работи Абас Арагчи се сретнаа со ал-Заиди. Ал-Заиди беше во Техеран во дводневна државна ...

Европската централна банка ги остави каматните стапки непроменети во четврток, поради неизвесноста за тоа како нестабилните цени на енергијата ќе влијаат врз инфлацијата. Централната банка на 21-та земја што ја користат евровалутата ја остави својата референтна стапка непроменета на 2,25% по зголемувањето од четвртина поен на претходниот состанок на 11 јуни. Тоа зголемување имаше за цел да го ублажи влијанието врз потрошувачките цени од ...

Пожарот кој е над селото Копаница во Општина Сарај го гаснат два авиони „ер трактор“ и две теренски возила „пинцгауер“, кои обезбедуваат воздушна и копнена поддршка во справувањето со огнената стихија. Во гаснењето на пожарот се вклучени и екипите на скопската Бригада за противпожарна заштита. Екипите продолжуваат со интензивни активности за локализирање и ставање под контрола на пожарот, со цел да се спречи неговото понатамошно ширење. ...

Водата во Гостивар никако да не се користи за пиење, а не треба да се користи ни како техничка вода, затоа што сè уште е и хемиски и микробиолошки неисправна, вели министерот за внатрешни работи и раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Панче Тошковски по состанокот на Централниот кризен штаб во Гостивар попладнево. Тошковски соопшти дека со помош на експертите од скопски Водовод е ...

Во време кога неколку градови низ Македонија, како Струмица, Гостивар и Валандово, се соочуваат со сериозни проблеми во водоснабдувањето и небезбедна вода за пиење, состојбата во главниот град останува стабилна и под строга контрола. Емилија Аневска, раководител на Секторот за санитарна контрола во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, во интервју за Телма детално ги објасни механизмите кои гарантираат дека водата што стигнува до скопските ...

Унгарскиот премиер, Петер Маѓар, на денешниот брифинг со новинарите, најави дека во рамките на испитувањето на работата на претходната влада на државата, предводена од Виктор Орбан, под лупа ќе се најде и заемот од 1 милијарда евра кој државната Ексимбанка и го одобрила на нашата држава. Маѓар тврди дека кредитот бил со каматна стапка која била многу поповолна од таа која ја добивале унгарските граѓани и компании , но и од стапката под која ...

Демократската унија за интеграција уште еднаш го повикува градоначалникот на Град Скопје веднаш да го отстрани незаконскиот билборд за добредојде и да го замени со билборд што целосно ги почитува законските обврски за употреба на албанскиот јазик. И покрај бројните реакции на граѓаните и јавноста, Град Скопје продолжува да ја игнорира двојазичноста и мултиетничкиот карактер на главниот град. Исклучувањето на албанскиот јазик од официјален ...

Денеска, во Старата чаршија во Скопје, официјално започна првото издание на Интернационалниот фестивал на музика „Чаршија“, иницијатива на Општина Чаир чија цел е да прерасне во годишна традиција и да стане една од најзначајните културни манифестации во градот. На прес-конференцијата, организаторите ги претставија визијата и значењето на овој фестивал за културниот живот на Скопје. На настанот учествуваа министерот за култура и туризам, г. ...

Венко Филипче е последниот што има кредибилитет да зборува за состојбите во здравството. СДС нема право да зборува за здравството, СДС за нивните 7 години власт направи скандали кои граѓаните ги плаќаа со своите животи, велат од ВМРО – ДПМНЕ. Граѓаните добро паметат во каква состојба го остави здравствениот систем по неговиот мандат со наталожени проблеми, недостиг на кадар, долги листи на чекање и нарушена доверба во институциите. Венко ...

„Сакав да се чуе гласот на жртвите, на преживеаните и на оние што ги спасувале унесреќените од дискотеката „Пулс“ во Кочани, вели режисерот Милчо Манчевски за неговиот прв долгометражен документарен филм „ Добри луѓе“. Неговата светска премиера ќе се одржи на 16 август , во официјалната програма на престојниот филмски фестивал во Сараево. Филмот е реализиран низ минималистичка форма, а Манчевски го снимал со мала екипа и од сопствени ...

Една седмица валандовското комунално претпријатие не ја известило јавноста за забраната за пиење на водата од водоснабдителниот систем. Решението за забрана, велат од АХВ им го доставиле на 16.07.2026, но во јавноста излезе дури вчера, на официјалната веб страница на комуналното претпријатие, како и на неговата фејсбук страницата, од каде го презедоа останатите медиуми. Првичната анализа на водата е направена од страна на Институтот за јавно ...

100 долари за барел надмина цената на суровата нафта, поттикната од заканите за нарушување на испораките преку Ормуска Теснина и теснината Баб ел-Мандеб, како и од стравувањата од нови напади врз енергетската инфраструктура на Блискиот Исток. Меѓународниот репер „брент“ се тргуваше по цена од 100,17 долари за барел во 16:16 часот по локално време (13:16 по ГМТ), што е раст од околу 6,5 проценти во однос на претходното затворање од 94,07 ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.49
52%
1016
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
3.13
58%
1014
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.14
71%
1015
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.86
63%
1017
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.02
54%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.63
87%
1016
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.47
53%
1011
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.69
27%
1013
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.31
37%
1013
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
0.89
74%
1016
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 23ᴼ
0.45
54%
1014
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
4.68
100%
1013
Currency

61.5217

Currency

53.3279

Currency

71.8876

Currency

37.4195

Currency

38.0079

Currency

66.0429

Currency

7.89933

Currency

0.67283

Currency

0.33875

Currency

0.52369

Currency

1.12246

Currency

0.55908

Алуминиум

3.19

Сребро

1853.71

Родиум

265243.66

Бакар

13.08

Злато

129943.67

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Паладиум

40381.34

Платина

52855.83

Калај

54.92

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50