Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
По успешниот настап на Европското првенство и освоеното 9. место, денес машката кадетска репрезентација на Македонија беше пречекана во просториите на Ракометната федерација на Македонија. Претседателот на РФМ, Александар Стефанов, им честиташе на ракометарите и стручниот штаб за постигнатиот резултат, борбеноста и залагањето во текот на целиот шампионат, посакувајќи им многу успех во понатамошниот развој и во следните репрезентативни ...
По вчерашниот дебакл на дербито против Шкендија, во рамките од второто коло од ПМФЛ шампионатот, првакот на Македонија, тимот на Вардар остана без тренер. Аргентинецот Кристијан Фабијани си заминува, објави предмалку клубот преку социјалните мрежи. Фабијани вчера го предводеше Вардар во еден од најтешките порази во последните неколку години против ривалот Шкендија, а и комплетно шампионот летово под негово водство се обрука на сите полиња. ...
Македонската машка кадетска репрезентација успешно ја заврши својата мисија на Европското првенство. Нашите ракометари завршија на деветото место во конкуренција на 24 екипи. Со биланс од пет победи и три порази обезбедија пласман на Светското првенство следната година и на Европското првенство 2028 година. Избраниците на Горан Кузманоски испратија порака дека македонскиот ракомет има светла иднина која во изминатиот период воодушеви со ...
Херој на Шкендија на вчерашното дерби со Вардар секако дека е Фабрис Тамба, напаѓачот на тетовци. И не само поради двата гола за 0:2, туку и за тоа како го одигра овој натпревар интернационалецот од Сенегал. Тамба беше предводникот на извонредниот настап на Шкендија која просто играчки го прегази својот голем ривал: „Можам да кажам дека беше тежок натпревар поради климатските услови, бидејќи беше многу жешко. Но, се снајдовме добро, влеговме ...
Летниот преоден рок веќе ни донесе неколку познати трансфери, но се чини дека најдоброто допрва доаѓа. Со недели се шпекулираше за судбината на Хари Кејн, кој официјално влезе во последната година од договорот со Баерн, каде што игра фантастично, но се појавија информации дека би можел да се врати во Англија. Кејн пристигна во Баерн пред три години од Тотенхем, што беше совршено решение бидејќи имаше три фантастични сезони во Минхен. Сепак, ...
Арда Ѓулер се најде во центарот на вниманието откако се појавија информации од Франција за огромна понуда за турскиот репрезентативец. Според информациите објавени од угледниот француски весник „Л’Екип“, Ѓулер прифатил понуда од Пари Сен Жермен вредна 18 милиони евра. Оваа вест претставува голем пресврт во приказната околу иднината на талентираниот играч од средниот ред, чие име долго време го привлекува вниманието на најголемите европски ...
Пари Сен Жермен објави дека го ангажирал францускиот репрезентативец Лукас Дињ (33), кој пристигнува во Париз од Астон Вила. Искусниот лев бек потпиша договор со актуелниот француски и европски шампион до летото 2029 година, откако го напушти лондонскиот клуб со активирана клаузула за отпуштање. Вредноста на трансферот се проценува помеѓу 7.000.000 и 8.000.000 евра. Дињ имаше уште две години од договорот со Астон Вила, но можноста за ...
Пред извесно време имаше најави, ама тоа денеска се чини дека е потврдено, а тоа е дека Македонија, заедно со Србија и Словенија ќе биде кандидат за домаќин на ЕП 2034 во ракомет. И има големи шанси да успее во тоа. Ова денеска го потврди претседателот на РСС Божидар Ѓурковиќ на Собранието на Ракометниот сојуз на Србија: „Претходните денови имавме три средби со претставниците на Федерацијата на Македонија и Словенија, начелно се договоривме ...
Без голови на ФФМ по првото полувреме на дуелот Скопје – Струга ТЛ, во меч од 2.коло во ПМФЛ. Гостите далеку подобри, имаа неколку изгледни шанси, дури и 3-4 зицери. Просто несфатливо е како Струга ТЛ не успеа барем еднаш да ја затресе мрежата на „Пиратите“. Малески, Радески, Бојку во два наврати, Хамза, Воша двапати, па Диако, имаа шанси уште по првото полувреме го решат победникот на овој меч. Сепак искусниот Кристијан Наумовски, кој ...
Прегазен, понижен, патосиран… Жалната слика на еден првак, на еден клуб, на еден титан која попладнево љубителите на фудбалот ја видоа во Скопје, на големото дерби, на големата пресметка на големите Вардар и Шкендија. Клубот од Тетово му одржа многу лекции на Вардар во само 90 минути. Скапи лекции, фудбалски, машки и директни. Конечните 0:2 на крајот се и награда за ФК Вардар АД Скопје на Миленко Неделковски (можеше и 0:5 да заврши). Нели, ...
Откако постигна два гола во двата европски натпревари за Шкендија, против Браво и Хиберниан, Марко Ѓорѓиевски беше најавен како стартер заедно со Ибраими во нападот на тетовските “црвено – црни“. Сепак Марко не настапи на денешното дерби од причина што се повредо на загревање. Штета за него, секако и за Шкендија, а среќа за Вардар. Првичните најави беа дека Ѓорѓиевски го поврдил зглобот, сепак официјално од Шкендија велат дека станува збор ...
Легендарниот американски кошаркар и тренер Дон Нелсон почина на 87-годишна возраст, потврди неговото семејство. „Во неделата, нашиот сакан сопруг, татко, дедо и прадедо Дон Нелсон мирно почина кај Господ, опкружен со своето семејство. Во текот на претходната недела, семејството и пријателите го опкружуваа со љубов, споделувајќи го благословот на неговото пријателство и прекрасни спомени“, се наведува во соопштението на семејството. Нелсон ...
Секако дека шефот на струката на Шкендија, Артим Положани, беше и тоа како задоволен од изданието на своите избраници на дербито со Вардар попладнево во Скопје, кое го добија со 0:2. Иако не можеше да смета на неколку свои стандарни играчи, Положани сепак успеа заедно со својот тим да го победи Вардар. „Мислам дека ова беше целосно заслужена победа и ова е исто така заслуга на момците, бидејќи одиграа исклучително добар натпревар. Првото ...
Откако со 0:2 го победија Вардар во дербито на 2.коло во ПМФЛ, а и поради тоа што играчки просто го уништија шампионот, играчите на Шкендија беа пречекани еуфорично од своите фанови дома, под Шара откако се вратија во Тетово. Јасно е дека вечерва во градот под Шар гори, и не само поради победата туку и поради начинот на кој Шкендија успеа да го победи големиот ривал. Токму затоа најверните фанови на Шкендија имаат право да бидат еуфорични. ...
Борусија Дортмунд го победи англискиот шампион Арсенал со 3-2 на домашен терен во пријателски натпревар и со тоа го освои Емирати Купот. Натпреварот на стадионот „Емирати“ започна подобро за гостите, кои поведоа со гол во 7-та минута кога Феликс Нмеча му асистираше на Самуеле Инасио лево од голот на Кепа Аризабалага, а тој ја испрати топката во мрежата. Непосредно пред половина час, Даниел Свенсон го пронајде Константинос Карецас, кој се ...
Најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер, го откажа учеството на Мастерсот во Синсинати. Шампионот на Вимблдон нема да игра на вториот турнир од американската турнеја, а причината се проблеми со коленото. Италијанецот неодамна посети клиника во Милано, се чинеше дека е рутински преглед, но се покажа дека нема да го видиме во САД, исто како Карлос Алкараз. Синер не одигра ниту еден официјален натпревар од финалето во Лондон. Отсуството на ...
Она што требаше денеска да биде големо дерби на стартот од новиот шампионат на Македонија помеѓу екипите на Вардар и Шкендија на Арената во Скопје, се претвори во показна вежба на гостите како треба да се одигра еден важен меч. Тотална доминација на Шкендија и победа од 0:2 во наптревар во кој тимот од Тетово создаде пет, шест зицер ситуации, а реализираше две од нив. Фабрис Тамба, инаку резерва на овој меч, на два пати го матираше Талески. ...
“Македонското“ дерби во Хрватска заврши со победа на Марио Младеновски и неговиот Вараждин кој славеше со 1:4 на гостувањето кај Славен Белупо, за кого настапи Илија Несторовски. Инаку треба веднаш да кажеме дека Нестор беше стрелецот на единствениот гол за домашните во таа 71.минута за 1:3, сепак на крајот Славен Белупо на крајот беше убедливо поразен. Интересно е тоа што Вараждин успеа да победи и на вториот меч на стартот од сезоната во ...
Шкендија го прегази Вардар со 0:2 среде Скопје и во супер атмосфера ќе го пречека реваншот со Хиберниан од 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Да потсеиме дека на првиот меч во Шкотска, беше 2:1 за домашниот состав, но реваншот се игра во Скопје на Арената во четврток. Победи Шкендија попладнево, ама во исто време играше и Хиберниан во шампионатот на Шкотска, исто на гости, исто во меч од 2.коло, и успеа исто да победи, но со 1:2 ...
Арда Ѓулер во ПСЖ? Па, и не е така невозможно. Имено, барем според медиумите во Франција и Шпанија, актуелниот европски првак веќе испратил понуда до Реал Мадрид за турскиот репрезентативец, вредна 115 милиони евра.Доколку трансферот се реализира, Ѓулер би бил еден од најскапите излезни трансфери во историјата на мадридскиот клуб. Турчинот пристигна во Реал Мадрид од Фенербахче, а шпанскиот гигант го препозна огромниот потенцијал кај младиот ...
Скопје – Струга ТЛ 1:1 е исходот од попладневниот меч на ФФМ од 2.коло. Секако дека овој резултат е изненадувачки, посебно ако се знае што гостите промашија во првиот дел кога можеа уште тогаш да го решат победникот. Голем бод за Скопје и тоа благодарение на Наумовски, кој правеше чуда на својот гол. Струга ТЛ сепак поведе со голот на Малески во 55.минута, а домашните израмнија во 63.минута преку Беровиќ. Многу шанси, многу зицери за Струга ...
Малку треба за голем проблем, а тоа на своја кожа најдобро го почувствува капитенот на Коритиба, Јаси Маранјао, тимот од Бразил во дуелот со Чапекоенсе. Тој постигна гол пред полувремето, и во еуфорија да го прослави истиот ја прескокна рекламната ограда до теренот. Несвесен дека зад неа има дупка, односно почнува тунелот од каде што играчите излегуваат на терено. Секако, играчот не беше подготвен за таков скок, па се повреди при ...
✍️Марија Ковачева Македонската кадетска репрезентација го освои 9-тото место на Европското првенство кое денеска завршува во Белград. Избраниците на селекторот, Горан Кузманоски токму од главниот град на Србија испратија порака дека Македонија има светла иднина. Денеска, нашите надежи славеа против Израел со убедливи 39-29 благодарение на фуриозната игра во второто полувреме, период во кој кадетите блескаа. Ова беше петти триумф во низа ...
Во моментов на Арената Тодор Проески во Скопје во рамките од второто коло од новиот ПМФЛ шампионат, се игра големото дерби помеѓу Вардар и Шкендија. Уште не беше започнат мечот, а веќе забележавме несакан момент. При интонирањето на химната на Република Македонија, стандардна процедура пред стартот на секој меч од ПМФЛ шампионатот, интернационалецот од Косово, и член на Шкендија Дрилон Ислами, се дрзна да си ја поправа опремата наместо да ...
Македонскиот ПМФЛ шампионат го има на програмата своето второ коло, а во него на Аренаат попладнево се среќаваат Вардар и Шкендија во првото големо дерби сезонава. На полувреме резутатот е 0:0, во дуел во кој и двата тима немаа стопроцентна шанса, туку спорадични обиди, кои или завршија со удар околу голот или со сигурна интервенција на чуварите на мрежата. Родригез и Омерагиќ кај домаќинот на стартот се најдоа во поедини ситуации, Ибраими ...
Македонската машка кадетска репрезентација го освои деветото место на Европското првенство, откако на последниот натпревар го победи Израел со 39-29. До триумфот нашите момци дојдоа благодарение на одличната игра во второто полувреме. Избраниците на селекторот, Горан Кузманоски по вторпат во само неколку месеци потврдија дека се класа за Израел, претходно оваа земја ја победија во финалето на Светското училишно првенство во ракомет. Првото ...
Ханси Флик направи анализа на настапот на Барселона во двата натпревари од пријателскиот трипартитен турнир „Куп Фриули Венеција Џулија“. Каталонците го победија Нотингем со голот на Рафиња, но веднаш загубија од Удинезе, по што Италијанците го кренаа трофејот пред локалната публика во нивниот роден град Удине. Германскиот специјалист коментираше и за моменталната состојба на трансфер пазарот во клубот, кој пред околу 24 часа направи ...
Семејството Бас, кое ги води Лос Анџелес Лејкерс речиси пет децении, е во преговори за преземање на францускиот тим од Евролигата, Асвел. Францускиот медиум BeBasket тврди дека двете страни веќе некое време се во преговори и дека договор би можел да се постигне најдоцна до крајот на 2026 година. Главната поента на преговорите се однесува на износот на обештетувањето, со оглед на тоа што двете страни наводно разгледуваат износ помеѓу 60 и 80 ...
Во последниот натпревар од групата „Е“ за пласман од 17. до 20. место, нашите јуниорки загубија од селекцијата на Естонија со 64:76. Естонките подобро го отворија натпреварот и уште во првата четвртина создадоа предност од осум поени (23:15). Во вториот период нашите млади кошаркарки одиграа далеку подобро, ја намалија негативата и на полувремето заминаа со достижни 35:40. Клучна за конечниот исход беше третата четвртина, во која Македонија ...
И покрај поразот од Хрватска, селекторот на македонската репрезентација до 16 години, Дејан Стојановски, ги пофали своите кошаркари за пристапот, борбеноста и начинот на кој одиграа во првото полувреме. „Имавме добро прво полувреме, играчите го оставија срцето на теренот, а тоа ни беше најважно. Од кошаркарските елементи повторно ни недостигаше дисциплина и подобро делење на топката. Премногу влегувавме во ситуации еден на еден. Сепак, ...