До утре сите заинтересирани фирми можат да се пријават на јавниот оглас на Град Скопје за да изготват План за управување со заштитен предел Водно. За оваа намена Градот планира да потроши повеќе од 2.118.644 денари односно нешто повече од 34 илјади евра без пресметан ДДВ. Според јавниот оглас планот ќе биде со важност од десет години и ќе содржи и оперативен план. За успешна реализација на планот за управување, потребен е интердисциплинарен ...

По успешниот настап на Европското првенство и освоеното деветто место, македонската кадетска репрезентација денеска беше пречекана во просториите на Ракометната федерација на Македонија. Првиот човек на македонскиот ракомет Александар Стефанов им честиташе на ракометарите и стручниот штаб за борбеноста и резултатот, кој на младите ракометари им донесе и пласман на Светското првенство за кадети во 2027 година. Македонија тргнува по ...

Вчера во близина на селото Крокмаз во јужна Молдавија експлодирал дрон, предизвикувајќи пожар кој брзо бил изгаснат, јави „Киев пост“. Немало жртви или повредени, а молдавската претседателка Маја Санду и премиерот Василе Тофан го поврзаа инцидентот со војната на Русија против Украина. Инцидентот се случил околу 13:20 часот во округот Штефан Вода. Дронот удрил во дрво во појас од вегетација надвор од населбата и експлодирал. „Среќа е што ...

Најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер, нема да настапи на Мастерсот во Синсинати поради проблеми со коленото. Италијанецот, кој последен пат играше во финалето на Вимблдон, по консултациите со лекарскиот тим одлучи да не ризикува пред Отвореното првенство на САД. „Коленото ме мачи и морам да прифатам дека сè уште не сум подготвен. Многу сум разочаран што нема да можам да играм во Синсинати“, порача Синер. Со неговото отсуство, како и со ...

Женската јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија со пораз го заврши настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Тулчеа, Романија. Во последниот натпревар од групата „Е“ за пласман од 17 до 20 место, нашите јуниорки загубија од селекцијата на Естонија со 64:76. Естонките подобро го отворија натпреварот и уште во првата четвртина создадоа предност од осум поени (23:15). Во вториот период нашите млади кошаркарки одиграа ...

Симеон Атанасов, еден од синовите на легендарната Есма Реџепова-Теодосиевска, се огласи со емотивна и остра порака на 8 август, денот кога Кралицата на ромската музика ќе го прославеше својот 83. роденден. Атанасов јавно праша што се случува со наследството што зад себе го остави големата македонска пејачка и хуманитарка и упати критики до институциите поради, како што вели, долгогодишното молчење и негрижа. „Денес не одбележуваме само ...

Американската актерка Ен Хатавеј (43), која го очекува своето трето дете со сопругот Адам Шулман, привлече големо внимание со модното издание на светската премиера на нејзиниот нов филм „Крајот на Оук Стрит“ (The End of Oak Street), која се одржа во неделата, на 9 август, во Лос Анџелес. Оскаровката се појави на црвениот тепих во несекојдневна комбинација од гламурозен свилен топ и широки фармерки со низок струк, притоа гордо покажувајќи го ...

Железничката пруга Загреб-Риека беше целосно отворена за сообраќај денеска попладне откако беше затвоена кога во близина на Шкрљево товарен воз помина на црвено светло, објави хрватската Железница, пренесува Индекс.хр. ХЖ Инфраструктура претходно објави дека во 13:06 часот, помеѓу станиците Шкрљево и Меја, товарниот воз ХЖ Карго поминал на црвено светло на сигналниот уред во станицата Шкрљево и не застанал како што било планирано поради ...

Осумнаесетгодишна девојка вчера по полноќ во центарот на Белград била нападната и ранета со нож од страна на две помали девојчиња, кои откако ја изболе ја оставиле да крвави на улица и избегале, пренесе „Телеграф“. Полицијата веднаш по дојавата започнала истрага. Припадници на полициската станица Савски венец, во соработка со Одделот за криминалистичка полиција, брзо го расветлиле случајот преку оперативна работа на терен. Истражителите биле ...

„Гугл“ започнува со постепено повлекување на својот гласовен асистент „Гугл Асистент“ (Google Assistant) од телефоните со оперативниот систем Андроид. Од 4 септември корисниците ќе почнат да преминуваат на „Џемини“ (Gemini), кој ќе стане главен асистент на мобилните уреди, пишува „Бизнис стандард“. Компанијата веќе започнала да испраќа известувања до корисниците за промената, а информацијата прв ја објави технолошкиот портал „Арс Техника“ ...

Најмалку 13 луѓе се убиени во украински напад со дронови врз руската република Татарстан, соопштија официјални лица, објави Би-би-си. Руските власти соопштија дека меѓу жртвите има и дете, а уште 39 лица се повредени, во еден од најсмртоносните поединечни напади врз Русија од почетокот на целокупната војна на Москва во Украина. Киев сè уште не го коментирал нападот врз градот Нижнекамск, кој е оддалечен повеќе од 1.100 километри (680 метри) ...

Зголемувањето на водостојот на Дунав ѝ овозможи на Унгарија да почне со рестартирање на втората турбина во нуклеарната централа „Пакш“, откако ниското ниво на реката претходно сериозно го ограничи работењето на централата. Унгарскиот премиер Петер Маѓар соопшти дека процесот на рестартирање започнал откако нивото на Дунав се зголемило за 19 сантиметри во однос на најниското измерено ниво минатата недела. Се очекува турбината да почне со ...

Властите во Еквадор вчера изјавија дека биле пронајдени обезглавените тела на седум мажи и на една жена во близина на нелегален рудник во областа Ел Карбон, објави „Ел комерсио“. Според началникот на локалната судска полиција, Пабло Инга, телата биле закопани на длабочина од околу два метра, со врзани раце и со видливи траги на насилство. Се верува дека најмалку четворица од жртвите биле жители на околината, каде што во последните години се ...

Повеќе од еден месец по случајот со загадената вода во Гостивар, СДСМ поднесе кривична пријава против четворица директори и функционери, обвинувајќи ги за пропусти и непостапување на надлежните институции. Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на денешната прес-конференција рече дека и по повеќе од еден месец од случајот сè уште нема одговорност од надлежните институции. Кривичната пријава е поднесена против министерот за ...

Ивица Илкоски од Гостивар не знае зошто неговиот син не продолжил понатаму при селекцијата за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ при Полициската академија на МВР. Иако, како што тврди, ги исполнил сите услови наведени во јавниот повик и ја доставил целокупната документација, неговиот син без образложение не бил повикан во следната фаза од селекцијата – проверката на моторичките способности. Од МВР за „Слободен печат“ потврдуваат ...

Музичкиот караван „Силно светнал ден“, организиран по повод 35-годишнината од независноста на Македонија, започна со концерт на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Во музичко-сценскиот проект, во режија на Дејан Пројковски, учествуваа повеќе од 120 уметници – пејачи, музичари и танчари, а кореографијата е на Олга Панго. Водители на програмата беа актерите Игор Џамбазов и Драгана Левенска. На сцената настапија голем број познати македонски ...

Пожар зафатил плевна во селото Глоѓи, во Општина Теарце, а во огнената стихија изгореле земјоделски алат и опрема. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пожарот бил пријавен вчера околу 15 часот во СВР Тетово. Плевната се наоѓала во двор од куќа и била сопственост на 63-годишниот Д.И. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. По гаснењето на огнот, увид на местото ...

Мајкл Бери, инвеститорот кој се прослави со тоа што навреме го препозна ризикот од колапсот на американскиот пазар на недвижности пред финансиската криза во 2008 година, повторно испраќа предупредување до Волстрит. Додека индексот S&P 500 достигнува нови рекордни нивоа, Бери смета дека токму еуфоријата на пазарот може да биде причина за загриженост. Според него, постои можност берзата да се приближува до „голем врв“, по што би можел да ...

„Уживај во летото, создавај убави спомени и грижи се за своето здравје“. „Ова е пораката што денеска ја упатија од Институтот за јавно здравје, споделувајќи информации за препознавање, превенција и заштита од сексуално преносливи инфекции. „Сексуално преносливите инфекции (СПИ) се инфекции кои најчесто се пренесуваат преку незаштитен сексуален контакт – вагинален, анален или орален. Тие можат да бидат предизвикани од бактерии, вируси или ...

Покрај вечерите на класична музика и програмата со театарски претстави, фестивалот „Охридско лето“ оваа година го проширува полето на програмски содржини со првото издание на „Ох џез“, џез-вечери во рамките на „Охридско лето“. Првото издание на „Џез вечери“, нова програма во рамките на фестивалот „Охридско лето“, ќе се одржи од 13 до 16 август во организација на Џез ФМ – Скопје и НУ „Охридско лето“. – Како радиостаница што го негува ...

Германија го заострува ставот кон враќањето на мигрантите и бара повторно да започнат трансферите во Италија и во Грција, по стапувањето во сила на Пактот на ЕУ за миграција и азил, објави агенцијата „АНСА“. Пактот стапи во сила на 12 јуни, а портпарол на германското Министерство за внатрешни работи изјави дека функционирањето на Даблинскиот систем е „неопходен услов“ за успешно функционирање на Заедничкиот европски систем за азил. Берлин ...

Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас повторно удри по Џани Инфантино и смета дека ерата на првиот човек на ФИФА е завршена. Тебас верува дека Инфантино нема да добие нов мандат на изборите следниот март и очекува промени во начинот на кој се управува со светскиот фудбал. Тебас оцени дека актуелните случувања во ФИФА се само „врвот на ледениот брег“ и дека проблемот не е само во Инфантино, туку во целиот систем. Според него, дел ...

Вардар остана без тренер по болниот пораз од Шкендија. Кристијан Фабијани повеќе не е шеф на стручниот штаб на „црвено-црните“, откако клубот и аргентинскиот стратег спогодбено ја прекинаа соработката. Фабијани заминува по лошиот старт на сезоната, откако Вардар претрпе пораз од 0-2 на домашен терен од Шкендија. Тетовци со двата гола на Франсис Тамба стигнаа до голем триумф, додека скопските „црвено-црни“ не успеаја да одговорат и беа ...

Три деца и една жена се повредени во сообраќајната несреќа што се случи утрово на патот кон Стража, а во која учествувале четири автомобили и еден камион, соопштија од тетовската полиција. Голема колона кон Маврово — се судриле четири коли меѓу кои и камион со дрва Според СВР Тетово, несреќата се случила на магистралниот пат во близина на каменоломот „Прогрес 98“, утрово околу 07:40 часот. Повредените се наоѓале во едно од возилата, а по ...

Дваесет и четиригодишниот Џ.Ш. од Тетово е задржан во полициска станица откако неговата 26-годишна поранешна сопруга пријавила дека подолг период добивала закани преку социјалните мрежи, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). Според пријавата, заканите не биле насочени само кон нејзиниот живот, туку и кон животот на членовите на нејзиното семејство. Жената во полиција пријавила и дека на 6 август, околу 21 часот, додека била ...

Англискиот репрезентативец Хари Кејн, чиј договор со Баерн Минхен влегува во последната година, стави крај на шпекулациите за неговата иднина и го информираше раководството на клубот на „Алијанц Арена“ за својата конечна одлука. Иако летниот преоден рок веќе донесе неколку значајни трансфери, се чини дека највозбудливото допрва доаѓа. Судбината на Кејн е во центарот на вниманието со недели, а информациите за можно враќање во Англија ...

Од главен лик во хорор филмот „Ајкула“ до филмовите како „Шаркнадо“, ајкулите со децении се претставуваат како едни од најголемите водни „чудовишта“. Сепак, научниците пронајдоа сосема поинаква улога за нив, овие морски предатори би можеле да им помогнат на луѓето навреме да откријат колку ќе биде силен ураганот што се приближува кон брегот, пишува „Ројтерс“. Истражувачите на Универзитетот во Делавер во САД ја истражуваат можноста ајкулите ...

Она што на прв поглед изгледало како место на тешко злосторство, на крајот се покажало како необична забуна. Австралиската полиција започнала истрага за можно убиство по пронаоѓањето торба бидејќи се сомневала дека во неа има човечки останки, но форензичката анализа покажала дека станува збор за исклучително реалистична кукла, пренесе Ројтерс. Полицајците биле повикани во Оален, град на околу 200 километри југозападно од Сиднеј. По ...

Грчките цариници во петокот заплениле вкупно 1.296 боци нелегален фреон при контрола на два камиона на граничните премини кон Македонија и кон Турција, објави „Прото тема“. Според грчката Независна управа за јавни приходи (ААДЕ), цариниците извршиле контрола на камион со турски регистарски таблички и неговата приколка на граничниот премин „Кипи“, кон Турција. При проверката, под товарот од гипс-картонски плочи биле пронајдени 1.000 боци со ...

Руби Стјуарт, 39-годишната ќерка на легендарниот британски музичар Род Стјуарт, стана мајка по вторпат. Таа и нејзиниот свршеник Џејк Калик на 4 август го добија вториот син, на кого му го дадоа името Леви Роудс Калик. Убавата вест Руби ја сподели на Инстаграм, каде што објави неколку фотографии од емотивните моменти по породувањето и првата средба на новороденчето со неговиот постар брат Отис. „Го дочекавме нашето мало (големо) момче Леви ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
1.9
26%
1015
weather icon

Белград

33ᴼ / 33ᴼ
2.3
36%
1016
weather icon

Загреб

32ᴼ / 32ᴼ
2.08
42%
1017
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
1.45
32%
1017
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
0.89
28%
1016
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 30ᴼ
0.57
56%
1018
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
6.26
28%
1012
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
3.18
22%
1014
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
1.04
26%
1014
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
2.24
44%
1015
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 32ᴼ
2.68
30%
1016
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
4.49
56%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.2555

Currency

71.8889

Currency

37.5912

Currency

38.2403

Currency

65.7872

Currency

7.89886

Currency

0.64604

Currency

0.33463

Currency

0.52413

Currency

1.11649

Currency

0.55857

Алуминиум

3.34

Платина

56328.11

Бакар

13.36

Рутениум

53852.50

Паладиум

43853.62

Родиум

278103.96

Сребро

2102.98

Калај

56.16

Злато

141498.65

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36